Kontakt personi

Билјана Стојкоска, Државен службеник biljana.stojkoska@av.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

26 January 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4

Arritjet e arritura: 1/4

Arritjet në pritje: 1/4

Arritjet e parealizuara: 2/4

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4

Завршено

3.1.1 Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите и тоа: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво), еден претставник од секторот труд во рамки на Министерството за труд и социјална политика и еден претставник на Агенцијата за вработување.

Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите и тоа: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво), еден претставник од секторот труд во рамки на Министерството за труд и социјална политика и еден претставник на Агенцијата за вработување.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Воспоставено координативно тело (да/не)
Ограничено

3.1.2 Развиена електронска платформа за информирање, следење, вклучување на граѓани во активните политики и услуги за вработување и задолжително предвидување на механизам за прибирање, разгледување и обезбедување на одговор на секој од прибраните предлози од граѓаните.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на објавени документи/извештаи за спроведување на активните политики и услугите за вработување Број на доставени предлози за активни политики и услуги од страна на граѓаните Број на пријави за недоследности и неправилности на активните мерки и услуги Број на позитивни коментари/пофалби за активните мерки Број на предлози на граѓани земени како основа за унапредување на политиките/праксата (таргет: најмалку 25%)
Незапочнато

3.1.3 Спроведена кампања за информирање на јавноста за можностите кои ги нуди платформата, преку развој и спроведување на комуникациска стратегија.

Treguesit e qëllimit të propozimit: % на активности предвидени во Стратегијата за комуникација кои се спроведени
Незапочнато

3.1.4 Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на невработените нерегистрирани граѓани и граѓаните од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на граѓаните со нивните правата кои произлегуваат од активните политики и услуги за вработување преку користење на мултидисциплинарен пристап, како и фацилитирање на процесот на искажување на мислењата и предлозите на граѓаните пред надлежните институции со користење на развиената платформа.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на мапирани домаќинства за идентификување на невработени и нерегистрирани граѓани во евиденцијата на АВРСМ (Таргет: 250 по општина) Број на реализирани средби со идентификуваните домаќинства (Таргет: 1 средба по домаќинство) Број на анкетирани граѓани (Таргет: 1000) Број на подготвени планови за адресирање на идентификуваните проблеми помеѓу граѓаните (таргет 1).

3.1 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на вработувањето

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, oдносно зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.

Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу институциите и граѓаните  кај Агенцијата за вработување и нејзините подрачни единици придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини.

Main goal of the proposal

Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на политиките за вработување.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и  локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои се утврдени како целни групи на активните политики и услуги за вработување (невработени лица и компании).

Заложбата ќе се фокусира на: 1) следење и спроведување на активните политики и услуги за вработување и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, обезбедување на одговор на предлозите на граѓаните, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба и вклученост на граѓаните во процесите на планирање, следење и оценување на услугите од областа предмет на оваа заложба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Оваа заложба во себе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на вработувањето. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 1. Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место.  ЦОР 8 Следен чекор:  Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкуреноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Агенција за вработување на Република Северна Македонија

Organizatat

  • Shoqata forumi i Gruas Tetovë
  • Shoqata për emancipim, solidaritet dhe barazi të grave
  • Shoqata për zhvillim dhe promovim të komunitetit Rom
  • Shoqata për edukimin e drejtësisë dhe transparencën e STATIENCA P.E.T.
  • Хуманитарното здружение „Мајка“


Kontakt personi

Маја Петковска Лесес, Државен советник maja.petkovska@gs.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

05 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2

Arritjet e arritura: 1/2

Arritjet në pritje: 0/2

Arritjet e parealizuara: 0/2

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 1/2

Завршено

2.3.1 Подготовка на листа на стандардни и дополнителни документи за објава во еден предмет.

На 29.03.2022 година одржана е работна средба  со засегнатите страни во рамки на оваа заложба, на којашто е  утврдена листа на документи и податоци кои треба да се објават на веб локацијата влада.мк. Согласно оваа листа, документи и податоци за изборот на избрани/именувани лица ќе се објават ретроактивно од 03.01.2022 година и понатаму во континуитет ќе се објавуваат квартално.

Во насока на исполнување на оваа заложба, од страна на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за политики за добро владеење, подготвена е информација која е во владина процедура.

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Листата на информации и документи ги вклучува сите потребни документи за објава во еден предмет (да/не) 2. Листата на информации и документи кои ќе се објавуваат е донесена како Одлука на Влада (да/не)
Значително

2.3.2 Објавување на предметите за именување на избраните/именуваните лица на порталот отворени податоци

Документот е во владина процедура.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Процент на објавени предмети за именување на избраните/именуваните лица (се пресметува како сооднос од 1.б/1.а 1.а Број на предмети за именување на избраните/именуваните лица 1.б Број на објавени предмети за именување на избрените/именуваните лица

2.3 Јавно објавување на предметите за изборот на избрани / именувани лица од Владата на РСМ како раководители на институции

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Избраните/именуваните лица од Владата на РСМ како раководители на институции претставува највисокиот меритократски слој во државната управа. Врз основа на позитивното законодавство, како и стандардите на доброто управување, овој кадар треба да се одликува со висок професионализам, стручност и управувачки способности.

Меѓутоа, веќе долги години праксата се разликува од стандардите. Изборот на кадар останува во голем дел неформален, со назначување вршители на должност или пак со ниско ниво на компетитивност, односно огласи со само еден кандидат.

Информациите за нивниот избор се оскудни, исто како и нивните професионални биографии, како и документацијата, барем формално, треба да постои придружена на нивниот избор.

Оваа состојба придонесува кон перцепцијата на граѓаните дека не се бираат најдобрите кадри и дека партиската припадност или коалициски договор игра клучна улога во процесот.

Паралелно на оваа перцепција, ротациите или промените по избори, при иста влада, ја потврдува неесенцијалноста на персоналното решение, односно ниската додадена вредност во работата на институцијата што ги прави овие лица заменливи.

Ваквата состојба негативно влијае на развојот на институциите а со тоа и испорака на услуги кон граѓаните. Најпрво, нестручниот раководен кадар не придонесува кон развојот на институцијата бидејќи не знае да го одбере и управува решението на проблеми со кои таа се соочува. Меѓутоа, како второ, ваквиот избор ги демотивира стручните кадри во самите институции, но и надворешни стручњаци да се надеваат дека може да успеат на јавен оглас да добијат шанса да раководат со јавна институцијата.

Main goal of the proposal

Заложбата е во функција на транспарентност на процесот. Целта на заложбата не е да го реши целокупниот проблем, туку преку подобрување на транспарентноста да придонесе кон состојба во која ќе се стесни просторот за неформално одлучување за избор на раководни лица.

Заложбата вклучува објавување на предметот за избор на избраното  или именуваното лице  (објавениот оглас доколку го има, предлогот на Комисијата за именување, Одлуката на Влада, CV на избаното или именуваното лице , матрица за самоевалуација, мотивационо писмо и програма за работа). Објавувањето би било на порталот на Влада.мк или алтернативно, оној за отворени податоци. Заложбата важи и за случаите кога се именуваат вршители на должност, со исклучок на документите кои кандидатот не ги поднесува, како програма за работа.

Објавување на табела со подотаци: објавениот оглас, број на примени пријави (уредни и неуредни, навремени и ненавремени), број на избрани кандидати. Кај случаите кога е именуван вршител на должност, се објавуваат информации за именуваното лице.

Со ова ќе се зголеми транспарентноста и ќе се воспостават нови стандарди за транспарентност како алатка за борба против корупцијата.

Зголемената транспарентност ќе влијае во постепено враќање на доверба во процесот помеѓу граѓаните и заинтересираните кандидати.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Транспарентноста се смета за значајна алатка во подобрување на управувањето и борбата против корупцијата. Со објавувањето на досиејата на избраните/именуваните лица од страна на Владата на РСМ како раководители на инситуции, на јавноста и се даваат на увид професионалните компетенции на избраниот кандидат.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон  превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Shoqërisë së Informacionit dhe Administratës

Organizatat

  • Instituti për Demokraci "Societas Civilis" Shkup


Kontakt personi

Борче Стојановски, Виш соработник и овластен за водење на Одделение за слeдење на имотна состојба и интереси s.borce@dksk.org.mk

Azhurnimi i fundit në

05 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2

Arritjet e arritura: 0/2

Arritjet në pritje: 0/2

Arritjet e parealizuara: 2/2

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2

Незапочнато

2.2.1 Комплетирање на софтверско решение за регистар и анкетни листови

Treguesit e qëllimit të propozimit: Софтверското решение е комплетирано, и вклучува модул за лесно пријавување на анкетна состојба и транспарентност на промена на имотната состојба низ време
Незапочнато

2.2.2 Иницијална фаза на прибирање податоци

Treguesit e qëllimit të propozimit: Во првите три месеци од иницирање на новиот начин на пријавување, сите регистрирани лица со обврска за пријавување успешно ги пополниле податоците

2.2 Унапреден механизам за следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Еден од начините за намалување и спречување на нелегалното богатење на избраните и именуваните лица и несразмерно зголемување на нивниот имот, како резултат на злоупотреба на  функцијата, е функционален механизам за евидентирање и следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица. Во Македонија овој систем е релативно неефикасен, пред се од технички причини, што остава простор за недоволна транспарентност во делот на објавувањето на имотната состојба на функционерите и недоволна ефикасност во следење на нивната имотна состојба. ДКСК е ограничена во евидентирањето и следењето на имотната состојба на функционерите, во текот на вршењето на нивната функција. Истовремено, ДКСК нема целосен увид за вкупниот број функционери во Република Северна Македонија како и дали сите лица кои согласно член 82 од ЗСКСИ се обврзани да достават Изјава за имотна состојба и интереси ја исполниле својата обврска, бидејќи регистарот на именувани и избрани лица се уште не ја остварил функцијата за која е востановен.

Накратко, покрај на институциите, и на граѓаните им е ускратена можноста да имаат целосен увид во тоа кои се избраните и именуваните лица во државата, и која е и како се менува имотната состојба во периодот додека ја извршуваат  јавната функција.

Main goal of the proposal

Воспоставување на функционален систем кој ќе ја поедностави проверката на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица и ќе им обезбеди на граѓаните соодветен увид на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица и преглед во промените на истите во периодот додека ја извршуваат функцијата.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Декларирањето на интересите и имотот е светски признаена алатка на транспарентност, која на граѓаните и на институциите им дава можност за поголем увид во имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица со што се придонесува за спречување на злоупотребата на службената положба за зголемување на имотната состојба и остварување на приватни интереси.

Историското следење на имотот е основа за контрола на ризикот од материјално богатење за време на јавната служба, додека контролата на интерес помага во набљудување како лицето одлучувало во текот на својата работа, и дали го довело приватниот пред јавниот интерес. Објавувањето на овие податоци во јасен, структуриран и отворен формат ќе овозможи изградба на лесни алатки кои на многу јасен начин ќе им ги покажуваат овие информации.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

За спроведување на оваа заложба потребен е буџет кој веќе е обезбеден за потребите на ДКСК (од централен буџет и меѓународна помош)

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија

Organizatat

  • Instituti për Demokraci "Societas Civilis" Shkup


Kontakt personi

Билјана Ристевски , Советник во секторот за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН biljana.drijovska@bjn.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

31 January 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2

Arritjet e arritura: 2/2

Arritjet në pritje: 0/2

Arritjet e parealizuara: 0/2

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2

Завршено

2.1.1 Подготовка на план за објавување кој претставува структурата на податочниот сет и избор на информации кои ќе се објавуваат за секоја јавна набавка.

Подобрување на отчетноста на јавните набаваки, односно објавувавње на известувањата за склучени договори во машински читлив и обработлив формат со цел зголемување на транспарентноста и олеснување на пристапот до постоечките информации за склучени договори за јавни набаваки.

За реализација на заложбата Бирото изготви план и решение, односно развиена е функционалност на Електронскиот систем за јавни набавки, така што сите податоци во модулот „Склучени договори“ заинтересираните страни ќе може со единствен клик да ги презвземаат во обработлив формат.

Првично, по јавното објавување на техничкото решение на ЕСЈН, ќе биде поставен линк на порталот за отворени податоци што ќе редиректира на локацијата за преземање на податоците.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Планот за објавување е подготвен (да)
Завршено

2.1.2 Објавување на базата на порталот отворени податоци

На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), во делот Склучени договори и Склучени договори од квартални евиденции додадена е можност за генерирање на податоците кои се дадени во табела на приказ во обработлив формат.

На приказ на веб формата дадена е табела со сите склучени договри. Постои можност да се направи пребарување и филтрирање на договорите по повеќе критериуми. Со кликнување на копчето „Преземи во CSV“ податоците од табелата се преземаат во CSV фајл и истите може да се конвертираат во .xls за полесна обработка за што е објавено и корисничко упатство.

Линковите од склучените договори се достапни на веб страницата на ЕСЈН

Склучени договори

Склучени договори од квартални евиденции

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на објави за јавни набавки кои ги задоволуваат критериумите содржани во планот за објавување на порталот отворени податоци
Referencat

2.1 Јавните набавки како отворени податоци

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Јавните набавки, на светско ниво, се типично место каде може да се сретне корупција. Постојат многу начини како јавните набавки се инструмент за најразлични трансакции против јавниот интерес а со цел материјално богатење или трговија со влијание.

Во Националната стратегија за борба против корупцијата, јавните набавки се идентификувани како значаен ризик фактор, присутен во повеќето области каде делуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации, во најновиот бран на набљудување забележува дека во првите шест месеци од 2021, само 1% од јавните набавки биле контролирани а забележани се неправилности кај секоја петта контролирана набавка.

Во набљудувањето на јавните набавки, од страна на ЦГК, постојано провејува забелешката за ниски стапки на натпревар во јавните набавки. Малата конкурентност кај набавките во економски сектори каде постои конкуренција е значаен индикатор на ризик од корупција.

Република Северна Македонија одржува систем на електронски јавни набавки, кој е јавен и заинтересираните граѓани може да видат податоци за огласи и склучени договори.

Меѓутоа, набљудувањето на јавните набавки од надворешни лица, во прва смисла, медиумите и граѓанските организации е отежнато бидејќи прибирањето на податоци е рачно. Ова значи дека надворешното набљудување е обременето со ангажирање на ресурси и време кое инаку би можело да се посвети на анализа наместо на прибирање податоци.

Main goal of the proposal

Целта на заложбата е подобрување на отчетноста на јавните набавки преку зголемена можност за надворешен надзор од медиуми и граѓански организации.

Заложбата предвидува објавување на јавните набавки во машински читлив формат, како отворени податоци на владиниот портал за таа намена.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Транспарентноста на податоците значително делува во намалување на ризиците од корупција. Ослободувањето на информациите кон заинтересираната јавност овозможува подлабоки анализи, и алармирање. Ова во суштина значи дека институциите, со својата транспарентност, овозможуваат поквалитетно вклучување на надворешни актери, како граѓанското општество во ефикасно набљудување, преку партнерски однос на двете страни.

Анализите базирани на удел, обем, вмрежување на договорни органи и економски оператори се современа фаза на алатки за борба против корупцијата и навремено обезбедуваат аларм кој понатаму може да се процесира и од други јавни институции како ДКСК со цел подобрување на политиките и законската рамка. Со базата на јавни набавки во отворен формат, се обезбедуваат услови за развој на такви алатки и подобрување на борбата против корупцијата.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и одговорноста на избраните и именуваните лица кон граѓаните.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Shoqërisë së Informacionit dhe Administratës

Organizatat

  • Instituti për Demokraci "Societas Civilis" Shkup
  • Fondacioni për internet dhe shoqëri Metamorfozis


Kontakt personi

Ели Чакар, државен советник elicakar@gmail.com

Azhurnimi i fundit në

05 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3

Arritjet e arritura: 0/3

Arritjet në pritje: 2/3

Arritjet e parealizuara: 0/3

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 1/3

Значително

1.6.1 Воспоставување и ставање во функција на електронски табли во 20 општини на кои автоматски ќе бидат објавувани кварталните извештаи за реализација на Буџетот на општината, обработени на разбирлив начин и пристапни за граѓаните

Вкупно 16 единици на локалната самоуправа (Илинден, Дебар, Василево, Дојран, Виница, Ресен, Кисела Вода, Аеродром, Градско, Град Скопје, Крива Паланка, Македонски Брод, Босилово, Старо Нагоричане, Радовиш и Пробиштип) започнаа да ги објавуваат финансиските извештаи за реализација на буџетот на контролната табла со финансиски индикатори (www.indikatori.opstinskisoveti.mk), и во наредниот период се очекува истите општини да ги постават електронските табли (веб банери) на своите официјални веб страни.

Вклучително со 24-те ЕЛС (Велес, Охрид, Свети Николе, Чаир, Валандово, Струмица, Желино, Куманово, Центар, Брвеница, Струга, Могила, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Тетово, Ѓорче Петров, Чашка, Битола, Богданци, Вевчани, Берово, Зрновци и Крушево) кои претходно ги воспоставија електронските табли со финансиски податоци, досега вкупно 40 ЕЛС ги објавуваат финансиските извештаи на веб платформата (контролната табла).

Во моментот, во тек е интеграција на електронските контролни табли во дополнителни 8 општини (Карпош, Арачиново, Боговиње, Дебрца, Прилеп, Неготино, Ново Село и Штип) со што, до крајот на годината, електронските табли ќе бидат воспоставени во дополнителни 24 општини

 

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на општини во кои се ставени во функција електронски табли - Степен на задоволство на граѓаните од запознаеноста со трошењето на општинскиот буџет (средна оцена 2.4 во 2020 година)
Referencat
Ограничено

1.6.2 Креирање и воспоставување на иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните во 20 општини

Во моментот, во тек е јавен повик за избор на првите 10 општини кои ќе бидат дел од проектот преку кој ќе се  воспостават  иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните. Општините ќе бидат селектирани во текот на месец август, а реализацијата на активностите поврзани со воведувањето на иновативни алатки во овие општини ќе започне во месец септември.

Во моментот, во тек е постапка за креирање и воспоставување на иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните во 10 општини

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на воспоставени иновативни алатки (минимум 20 алатки во 20 општини)
Ограничено

1.6.3 Воспоставување на механизам за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките и дефинирањето на локалните приоритети, преку соодветна претставеност со акцент на ранливите и маргинализирани групи, во 20 општини

Во моментот, во тек е јавен повик за избор на првите 10 општини кои ќе бидат дел од проектот преку кој ќе се  воспостават  механизми за учество на граѓаните во донесувањето  одлуки и дефинирањето на локалните приоритети. Општините ќе бидат селектирани во текот на месец август, а реализацијата на активностите поврзани со воведувањето на механизми за учество на граѓаните во донесувањето  одлуки во овие општини ќе започне кон крајот на 2022/почетокот на 2023.

 

Во моментот, започнати се иницијални активности за воспоставување на механизам за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките и дефинирањето на локалните приоритети во 10 избрани општини. Механизмите за учество во овие општини ќе бидат воспоставени во првиот квартал на 2023.

Treguesit e qëllimit të propozimit: - Број на општини со воспоставен механизам за учество на граѓаните - Број на спроведени консултации со соодветна претставеност на граѓаните (минимум 80) - Број на прифатени и спроведени проекти од страна на локалните власти предложени од граѓаните преку механизмите за учество (минимум 20)

1.6 Фискална транспарентност и отчетност на локално ниво и подобрување на вклученоста на граѓаните преку иновативни механизми и алатки

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Доброто владеење на локално ниво подразбира подобрување на процесите во функција на поефективно и поекономично испорачување на јавните услуги, со обезбедување на целосна транспарентност и отчетност, како и вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките. Притоа секогаш треба да се внимава процесите да гарантираат инклузивност. Имајќи ги предвид новите трендови и документи на Советот на Европа, на Европската Унија и на ООН, овие заложби можат да се постигнат со користење на иновации и нови технологии кои што го олеснуваат пристапот до информациите и ги сензибилизираат граѓаните.

Потребата од подигнување на нивото на транспарентност и отчетност на локално ниво е адресирана во речиси сите извештаи и стратешки документи на националните институции, додека пак напредокот во овие аспекти, меѓу другото, се  следи и преку анализи и анкети кои се спроведуваат на годишно ниво. Во истражувањата на јавното мислење за задоволството од услугите на локално ниво спроведени во изминатите четири години, се забележува извесно подобрување на оценката која ја даваат граѓаните за достапноста до информациите за општините (од 3.0 во 2017 на 3.1 во 2020), учеството на граѓаните при донесувањето одлуки од локално значење (од 2.3 во 2017 на 2.6 во 2020), како и за запознавањето на граѓаните со начинот на кој се трошат буџетските средства во нивната општина (од 2.2 во 2017 на 2.4 во 2020). Сепак, и покрај релативниот напредок во овој правец, постои голема потреба од вложување дополнителни напори за подобрување на вкупната транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа, како и за поголемо вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки на локално ниво.

Кога се зборува за подобро управување со јавните финансии секогаш акцентот е ставен на подобрување на транспарентноста и отчетноста. Потребата од поголема финансиска транспарентност и отчетност беше адресирана и при донесувањето на Законот  за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа и единки корисници основани од единиците на локална самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски во октомври 2018 година, со цел преку поголема финансиска дисциплина и отчетност да се подобри управувањето со јавните финансии.

Во декември 2020 година Владата донесе Заклучок со кој што ги задолжи министерствата, а на општините им препорача да ја подобрат активната транспарентност, со акцент на финансиската транспарентност, особено во реализацијата на средствата од централниот буџет.

Main goal of the proposal

Преку воведување на иновативни механизми и алатки да се подобри финансиската транспарентност и отчетност во единиците на локалната самоуправа и вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуките на локално ниво.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Воспоставување на електронски табли во општините како многу достапен начин за информирање на членовите на советите и воопшто на граѓаните за клучните финансиски податоци од работењето на општината и јавните служби, преку автоматско преземање на кварталните извештаи за реализацијата на буџетот подготвени од странана општинската администрација и нивна преработка во многу поразбирлив и повидлив формат. Податоците се објавуваат на начин кој што ќе биде разбирлив за членовите на советите кои што не се финансиски експерти, како и за граѓаните. Целта е со поголема информираност и разбирање на процесот на подготовка и реализација на буџетот, членовите на советите да можат поодговорно да ја вршат контролната функција, како и да донесуваат одлуки врз основа на информации и во тесна соработка и во консултација со граѓаните.

Во општините ќе се поддржи креирањето и ставањето во функција на иновативни алатки за полесен пристап до информациите и поттикнување на вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуките при креирањето на локалните политики и услуги.

Третиот аспект е воспоставување на единствен механизам за вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки и дефинирање на локалните приоритети кој што ќе обезбеди соодветна застапеност на сите граѓани, со акцент на социјално ранливите и маргинализирани групи.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Заложбата продолжува од НАП 4 со цел механизмите и алатките за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност и вклученоста на граѓаните да се воспостават во сите општини и да извршат поголемо влијание на подобрување на управувањето на локално ниво.

Во рамките на НАП4 вакви механизми и алатки се воспоставени во 24 општини.

Заложбата придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите на Програмата на Владата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 како и на одржливите цели на ООН, особено на Целта 16: „Промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа“, а конкретно на целите 16.6: „Да се развијат ефикасни, одговорни и транспарентни институции на сите нивоа“ и  16.7:  „Да  се  осигура одговорно, инклузивно, партиципативно и репрезентативно  донесување на одлуки, на сите нивоа“.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Vetëqeverisjes Lokale

Organizatat



Kontakt personi

Владимир Наумовски, Советник на директорот за информатички развој vladimir.naumovski@crm.org.mk

Azhurnimi i fundit në

07 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 6

Arritjet e arritura: 2/6

Arritjet në pritje: 1/6

Arritjet e parealizuara: 1/6

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 2/6

Значително

1.5.1 Објава на податоци за граѓанските организации во отворен формат на порталот на Централен регистар, владиниот портал за отворени податоци

Објавени се податоци за граѓанските организации во отворен формат на порталот на Централен регистар. Бројот на регистрирани здруженија според Централен регистер со состојба од 20.2.2022 г. е 14260.

Објавени се податоци за граѓанските организации во отворен формат на владиниот портал за отворени податоци.

Број на преземања на отворените податоци од:

  • порталот на ЦР: 954 до 7.12.2022 г.
  • владиниот портал за отворени податоци: 13 до 7.12.2022 г.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на регистрирани здруженија на граѓани и фондации за кои се објавени податоци во отворен формат (Бројот на регистрирани здруженија според Централен регистер со состојба од 20.2.2022 г. е 14260) Број на преземања на отворените податоци од порталот на ЦР и владиниот портал за отворени податоци
Referencat
Значително

1.5.2 Редовно ажурирање на отворените податоци од претходната точка

Редовно се ажурираат отворените податоци на порталот на ЦР. Фреквенција на ажурирање на отворените податоци: на секои 2 седмици.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Фреквенција на ажурирање на отворените податоци: на секои 2 седмици на порталот на ЦР. (Утврдена цел: најмалку еднаш на месечно ниво)
Завршено

1.5.3 Креирање на работна група за утврдување на влезни критериуми и излезните податоци граѓанските организации што ќе ги содржат динамичките извештаи

Утврдени се критериумите за пребарување и излезните податоци (содржината на динамичките извештаи).

Treguesit e qëllimit të propozimit: Утврдени критериуми и излезни податоци (да)
Завршено

1.5.4 Овозможување на пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)

Овозможен е пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт).

Развојот е завршен во јуни 2022, интерното тестирање и отстранување на грешки е завршено во месец август 2022. Динамичките извештаи се поставени на продукциска околина во октомври 2022 и се спремни за користење, по барање од корисниците на буџетот (централна и локална власт).

Treguesit e qëllimit të propozimit: Развојот е завршен во јуни 2022, интерното тестирање и отстранување на грешки е завршено во месец август 2022. Динамичките извештаи се поставени на продукциска околина во октомври 2022 и се спремни за користење, по барање од корисниците на буџетот (централна и локална власт). (Утврдена цел: Овозможен пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт))
Ограничено

1.5.5 Обука и писмени инструкции за корисниците на буџетот (централна и локална власт) за користење на динамичките извештаи

Организирана и извршена обука на 29.9. Број на поканети службеници: 38 од 18 државни органи на централно ниво. Број на службеници учесници на обуката: 9 од 5 државни органи на централно ниво.

Се планира обука за службеници од локална власт.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Организирана и извршена обука на 29.9. Број на поканети службеници: 38 од 18 државни органи на централно ниво. Број на службеници учесници на обуката: 9 од 5 државни органи на централно ниво. Број на службеници до кои се проследени писмени инструкции за користење на динамичките извештаи
Незапочнато

1.5.6 Користење на динамичките извештаи за граѓанските организации

Сеуште нема користење на динамичките извештаи со податоци за граѓанските организации.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на преземени извештаи со податоци за граѓанските организации

1.5 Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Според Централниот регистар во РСМ има 15.581 регистрирани здруженија и фондации, согласно Законот за здруженија и фондации. Централен регистар согласно член 47 од Законот за здруженија и фондации, а во врска со приоритетот „Граѓанско општество“ од Планот 3-6-9 на Владата на РСМ, објавува листа на граѓански организации во отворен формат (excel), достапна на следниот линк: https://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/gragjanski-organizatsii.

Моментално, информациите кои се објавуваат во рамки на оваа листа се: име на организација, матичен број и контакт меил адреса.

Преку можноста за индивидуално пребарување по име на субјект или матичен број https://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/osnoven-profil-na-registriran-subjekt, за секој субјект може да се добијат и следните информации, без дополнителен финансиски надоместок: ЕМБС; ЕДБ; Целосен назив; Скратен назив; Датум на основање; Правна форма; Правен статус; Адреса; Дополнителни информации (во стечај/во ликвидација); Претежна дејност; Големина.

Согласно член 47 од Законот за Здруженија и фондации, дефинирано е дека во овие регистри се запишуваат: полното име на организацијата и скратеното име ако го има; седиштето; актот за основање; датум на основање; име, презиме и единствен матичен број на граѓанинот и единствен матичен број на основачите; датум на донесување, односно изменување и дополнување на статутот; предвиденото време за кое организацијата се основа; цели и дејности; име, презиме и единствен матичен број на застапникот по закон; податоци за организациски единици (подружници, канцеларија и слично); податоци за статус на организација од јавен интерес; податоци за статусните измени; податоци за стечај и ликвидација; забелешка за започнување постапка за забрана на вршење на дејност; престанок на работа и; број и датум на решение за запишување, за промена на податоци и решение за бришење на уписот во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој Закон.

Можеме да заклучиме, дека во овој момент, без надоместок, меѓу другото не се достапни: актот за основање, информации за основачи и овластени лица, цели и дејности, статус на организација од јавен интерес.

Во рамки на процесите на креирање политики, учеството на граѓанските организации се смета за демократски минимум. За таа цел институциите користат различни методи, меѓу кои и креираат посебни регистри, како на пример Секретаријатот за европски прашања https://www.sep.gov.mk/post/?id=706 или Советот за соработка со и развој на граѓанското општество https://www.nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/4.%D0%9Ebrazec_Registar_GO_0.pdf .

И недржавните актери, кои имаат потреба од пошироки консултации, комуникација и вмрежување користат регистри кои сами ги креираат, на пример Дијалог кон ЕУ https://bit.ly/3wnsQ1O или ЦивикаМобилитас https://civicamobilitas.mk/adresar/.

И меѓународни и меѓудржавни организации често се впуштаат во активности кои имаат за цел да мапираат организации од различни области, на пример УНИЦЕФ https://www.unicef.org/northmacedonia/media/3541/file/MK_MappingCSOsCWD_Report_MK.pdf.

Потребата од создавање посебни регистри (односно бази на податоци за здруженија и фондации), се јавува поради недостаток на пристап до отворени податоци за граѓанските организации кои се евидентирани во Централниот регистар согласно Законот за здруженија и фондации, кои редовно се ажурираат и кои корисниците може да ги пребаруваат по различни основи, за различни цели. Постојните горенаведени регистри што се водат надвор од Централниот регистар тоа не го овозможуваат, се парцијални и непотребно се трошат средства за иста намена.

Дополнително, моментално на листата на граѓански организации, евидентирани се разновидни форми на граѓанско здружување, од здруженија, комори, спортски друштва, навивачки групи, здруженија на возачи, здруженија на пензионери, жени и сл. Без дополнителни информации за секој од субјектите не е возможно да се направи проценка на структурата на граѓанското општество.

Main goal of the proposal

1. Унапредување на транспарентноста на граѓанското општество;

2. Унапредување на инклузивноста во процесите на креирање и следење на јавните политики, преку можноста за тематско, географско или друг тип на таргетирање на граѓанските организации;

3. Соодветно дизајнирање на политики за развој на граѓанското општество, имајќи ги предвид спецификите на субјектите регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации;

Намалување на административниот товар врз здруженијата во процесите на аплицирање за финансиска поддршка кај јавни и приватни донатори.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

1. Проширување на отворените податоци за граѓанските организации со податоците достапни од индивидуалното пребарување достапни како постојни услуги

Проширување на податоците што Централниот регистар ги објавува за граѓанските организации во отворен формат (Листа на граѓански организации) бесплатно на веб локацијата http://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/gragjanski-organizatsii со сите податоци кои се јавно и бесплатно достапни преку услугата Основен профил на регистриран субјект (http://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/osnoven-profil-na-registriran-subjekt).

Податоците ќе се добиваат од тековната – моментална состојба на Регистарот на здруженија и сојузи, Регистарот на фондации и Регистарот на организациони облици на странските организации (3-те дефинирани во Законот за здруженија и фондации) и ќе се ажурираат најмалку еднаш месечно.

Со проширување на податоците ќе се  овозможи филтрирање преку пребарување по различни основи, на пример според седиштето, правна форма, големина и др., односно по секој од достапните податоци, што ќе ја зголеми нивната употребна вредност. Имајќи предвид дека за податоците е одговорен Централниот регистар, истите ќе бидат ажурирани и комплетни. Регистрите кои моментално ги водат другите државни институции и недржавни актери, се парцијални (само со информации за организации кои се регистрирале за нивните потреби) и без одржливи механизми за ажурирање на податоците.

Овие информации ќе послужат на самото граѓанско општество, на донаторите и меѓународните организации, кога тие организираат консултативни процеси или имаат потреба да дисеминираат информации. Исто така, поради јавната достапност на овие информации, процесот на аплицирање за финансиска поддршка (јавна и приватна), ќе може во одредена мера да се олесни административно.

2. Овозможување пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)

Иако Централен регистар нуди бесплатен пристап до информации за државните институции, видно е дека дел од институциите не се информирани за можноста, а на дел од нив не им е од корист форматот во кој се достапни информациите за граѓанските организации, па затоа тие се одлучуваат за креирање и користење на свои регистри на здруженија и фондации, често креирани на основа на тематска определба на организациите, како што е погоре дадениот пример од СЕП и Советот за соработка со и развој на граѓанското општество.

Со овозможување на пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за здруженијата и фондациите на институциите корисници на државниот буџет (централна и локална власт) ќе им се овозможи директен и авторизиран пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци.  Податоците во извештаите ќе се добиваат од тековната – моментална состојба на Регистарот на здруженија и сојузи, Регистарот на фондации и Регистарот на организациони облици на странските организации (3-те дефинирани во Закон за здруженија и фондации) врз основа на определени влезни критериуми (филтри), како на пример: географски по седиштето на субјектот, организационен облик, големина, по клучен збор од целите и сл.

Конечното утврдување на влезните критериуми и излезните податоци ќе се одлучи во инклузивен процес, во работна група составена од претставници на ФООМ како предлагач на заложбата, претставници на ЦР, Влада – Одделението за соработка со граѓанските организации, Совет за соработка со и развој на граѓанското општество. Со можноста за пристап до ажурирани податоци, кои може да се обработуваат согласно интересот на институцијата која ги користи, институциите ќе можат да го зголемат опфатот на организации со кои комуницираат, да ги информираат и да ги вклучуваат во тековните консултативни процеси.

Конечно, развојот на политиките за граѓанско општество е цел сама по себе. Владата има оформено Совет за соработка со и развој на граѓанското општество и има донесено, односно подготвува нова Стратегија за развој на граѓанското општество. Меѓутоа дизајнирањето на квалитетни политики, зависи од достапноста на квалитетни податоци. Моменталниот формат во кои се достапни податоците за здруженија на граѓани не се доволно употребливи и корисни при креирањето на политики.Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации  значително ќе ја олесни работата и на Советот во овој аспект.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Врска со Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020:

Во Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 е предвидена МЕРКА 12: Зголемување на достапноста и дисеминацијата на јавните податоци за регистрираните граѓански организации во Централниот регистар на Република Македонија.

Во рамки на оваа мерка, предвидени се две активности 12.1.Подобрување на базата на регистрирани граѓански организации во Централниот регистар,  каде треба да бидат проширени јавно достапните информации за регистрираните граѓански организации 12.2. Подобрување на правната рамка за постапките за добивање на потребните информации од Централниот регистар со цел јавно финансирање на проектите и програмите на граѓанските организации.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Генерален секретаријат на Владата на Република Северна макеонија - Одделението за соработка со граѓанските организации

Organizatat

  • Fondacioni Shoqërisa e Hapur - Maqedoni
  • Qendra për komunikime qytetare


Kontakt personi

Ели Чакар, Државен советник elicakar@gmail.com

Azhurnimi i fundit në

05 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3

Arritjet e arritura: 3/3

Arritjet në pritje: 0/3

Arritjet e parealizuara: 0/3

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3

Завршено

1.4.1 Единиците на локалната самоуправа учествуваат во спроведувањето на мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност

Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2021 година (да) линк

Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2022 година (да) линк

Индикаторите се остварени

Treguesit e qëllimit të propozimit: Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2021 година (да/не) Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2022 година (да/не)
Завршено

1.4.2 Унапредени знаења за транспарентност и отворени податоци преку одржување на обуки со претставници на општините

Број на одржани обуки за претставници на општините (две обуки) прва обука линк и втора обука линк)

Број на претставници на општините кои учествуваат на обуките (61 претставник)

Индикаторите се остварени 

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на одржани обуки за претставници на општините (Таргет; најмалку 2 обуки) Број на претставници на општините кои учествуваат на обуките (Таргет: најмалку 20 учесници)
Завршено

1.4.3 Обезбедување на директна поддршка на 30 ЕЛС (преку фасилитатори) за унапредување на нивната транспарентност и отвореност

Број на објавени податочни сетови во отворен формат од 30 ЕЛС (Таргет: 5 податочни сетови од секоја општина) – таргетот е надминат, објавени се по 6 податочни сетови од општина) – над 280 податочни сетови објавени од 50 општини https://data.gov.mk/organization/

 

Индикаторите се остварени

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на објавени податочни сетови во отворен формат од 30 ЕЛС (Таргет: 5 податочни сетови од секоја општина)

1.4 Унапредување на пристапот до информации и бројот на објавени отворени податоци во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Транспарентноста и отвореноста на ЕЛС сеуште е на ниско ниво. Повеќето ЕЛС во Република Северна Македонија не ги објавуваат сите податоци и информации кои се нивна законска обврска. Исто така, повеќето општини не објавуваат податоци во отворен формат. ЕЛС немаат информации точно со кои податочни сетови од отворен карактер располагаат. Знаењето и свесноста за отворените податоци, како и бенефитите кои тие ги носат, е на многу ниско ниво кај локалните службеници но и кај граѓаните и кај локалните граѓански организации. Потребно е да се зголеми свесноста за отворените податоци кај сите чинители во процесот.

Истражувањето преку Индексот на отвореност за 2020 година, спроведено од Фондацијата Метаморфозис, покажа дека локалната власт исполнува  40% од индикаторите за отвореност. Оваа просечна оцена укажува на ниско ниво на посветеност на општините на исполнување на принципите на отвореност.

Постои потреба од обезбедување на полесен пристап до информации за работењето на локалната власт, поттикнување на инклузивниот пристап во донесувањето на одлуките и објавување на поголем број на податочни сетови во отворен формат.

Main goal of the proposal

Подобрени услови и зголемени капацитети за поголема транспарентност и отвореност на локалната власт. Објавени минимум по 5 податочни сетови во отворен формат во секоја од 30 ЕЛС.

Подобро разбирање на концептот на отворени податоци на локално ниво од страна на сите чинители во процесот, како и зголемување на нивната свесност за придобивките од отворените податоци.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Со цел да се добие информација за нивото на отвореност на ЕЛС ќе се спроведе мерење на работата на сите единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија во однос на принципите на транспарентност, пристапност, ефикасност и интегритет, преку Индексот на отвореност. Врз основа на направената проценка ќе бидат дадени препораки за подобрување на транспарентноста и отвореноста во работењето на ЕЛС.

Со цел да се подобри знаењето за концептот на отворени податоци и да се унапреди транспарентноста на локално ниво ќе бидат спроведени обуки за претставници на општините и за граѓански организации.

Со цел да се објават повеќе информации, документи и отворени податоци од страна на ЕЛС, ќе бидат ангажирани фасилитатори за поддршка на општините за објавување на повеќе информации и подготовка и објавување на податочни сетови во отворен формат.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Активностите ќе се спроведат во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество имплементиран од Фондацијата Метаморфозис, во соработка со МЛС и ЕЛС.

Заложбата е поврзана со остварување на целите од Стратегијата на отворени податоци.

За успешна реализација на активностите потребна е блиска соработка со ЕЛС.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво. Со оваа заложба ќе се подобри пристапот, употребата и искористеноста на информациите и податоците од јавен карактер.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Shoqërisë së Informacionit dhe Administratës

Organizatat

  • Fondacioni për internet dhe shoqëri Metamorfozis


Kontakt personi

Маја Петковска Лесес, Државен советник maja.petkovska@gs.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

05 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2

Arritjet e arritura: 0/2

Arritjet në pritje: 0/2

Arritjet e parealizuara: 0/2

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 2/2

Значително

1.3.1 Креиран посебен дел (таб) за „јавни набавки“ на веб-страниците на институциите (договорните органи)

Во насока на исполнување на оваа заложба, Владата на РСМ на Четириесеттата седница одржана на 19.04.2022 година,  ги задолжи сите буџетски корисници и им укажа на јавните претпријатија основани од државата, и на акционерските друштва во државна сопственост, а им препорача на единиците на локалната самоуправа , да креираат посебен дел (таб) на своите веб страници за „ јавни набавки” и да ги објават документите наведени во заложбата.

 

Treguesit e qëllimit të propozimit: Процент од институциите имаат креирано посебен дел на своите веб-страници за „јавни набавки“ (Таргет 50%) (Според последниот извештај на МИОА од регистарот на вработените во јавниот сектор, во земјата се активни 1332 јавни институции)
Значително

1.3.2 Се објавуваат на веб-страницата на секоја институција (во делот за „јавни набавки“) следниве информации и документи: - годишен план за јавни набавки (со сите измени и дополнувања); - огласи за јавни набавки (линкови од објавите од ЕСЈН); - известувања за склучени договори (линк од објавите од ЕСЈН); - склучените договори за јавни набавки и - известувања за реализирани договори (линкови од објавите од ЕСЈН).

Од извршениот мониторинг до сега ваков таб креирале 120 институции. Процесот е тековен и ќе продолжи во континуитет.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Процент од институциите кои ги објавуваат редовно основните податоци за своите јавни набавки (Таргет: 50%)

1.3 Објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Основните податоци за трошењето на јавните пари преку тендерите се достапни на владиниот портал Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Основната намена на овој портал е спроведување на јавните набавки меѓу државните институции и фирмите. Порталот е наменет за лицата за јавни набавки во институциите и фирмите, кои се претходно обучени за негово користење. Оттука, транспарентноста на податоците за јавните набавки не е првенствена функција на овој портал. Со тоа, основните податоци за трошењето на парите на граѓаните преку јавните набавки остануваат тешко достапни за поширокиот круг на граѓани и други заинтересирани страни и за разлика од други земји, граѓаните немаат брз, едноставен, лесен и разбирлив увид во начинот на трошење на јавните пари.

Две последователни истражувања на Центарот за граѓански комуникации за степенот на информираност на граѓаните за трошењето на јавните пари преку јавните набавки спроведени меѓу 400 испитаници од целата земја, во 2017 и 2019 година, покажуваат дека со преземање одредени слични мерки, процентот на граѓани кои сметаат дека имаат доволно информации за начинот на кој институциите ги трошат јавните пари преку тендери се зголемил од 6% на 20%, само за три години. И во двете истражувања дури по 98% од граѓаните одговориле дека информациите што сега  ги имаат за овие трошења ги добиваат од веб-страниците на институциите и од медиумите. Оттука, неопходно е институциите да мораат да објавуваат повеќе информации за овие трошења на своите веб-страници, како места на кои граѓаните најчесто ги бараат и очекуваат да ги добијат овие информации.

Во претходните два акциски планови од ОВП беа спроведени заложби и активности како предуслови за оваа заложба. Прво беше изработена листа на информации како минимум стандард за транспарентноста во јавните набавки, а потоа Бирото за јавни набавки овозможи нова функционалност на ЕСЈН со која се креираат кратки линкови од објавите на ЕСЈН кои можат да се искористат за објавување на тие информации и на сајтовите на институциите. На овој начин секоја институција објавите на ЕСЈН може брзо, лесно и едноставно да ги објави на својата веб-страница каде на едно место ќе бидат достапни сите основни информации за нејзините јавни набавки. Имено, во профилот на секој локален администратор регистриран на ЕСЈН се додадени “HTML” тагови за “iFrame” кој ги содржи  информациите за планираните набавки, огласите, известувањата за склучен договор и известувањата за реализиран договор за тој договорен орган. Овие “HTML” тагови потребно е да се копираат и да се вметнат во веб сајтот на институцијата.

Main goal of the proposal

Заложбата опфаќа обврска за институциите/договорните органи утврдени во  член 9 од  Законот за јавни набавки да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници за „јавни набавки“ и таму, на едно место, да ги објавуваат следниве информации и документи: годишен план за јавни набавки, огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН), известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН), склучените договори и известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).

Целта е граѓаните да имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат парите преку јавни набавки (околу 900 милиони евра годишно) така што институциите ќе ги објавуваат овие информации на своите веб-страници кои, пак, се првата точка на која граѓаните ѝ пристапуваат кога сакаат да се информираат за некоја конкретна институција.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ги зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи да разберат како и за што се трошат нивните пари и да влијаат за користење на јавните средства за нивните потреби.

Со тоа што објавувањето на овие информации е брзо и крајно симплифицирано и може да се направи само со копирање на “HTML” таговите од ЕСЈН и нивно вметнување во веб сајтот на институцијата ќе се надминат и сегашните проблеми на немање доволно стручен ИКТ кадар во институциите и преоптовареност на лицата за јавни набавки бидејќи за објавување на информациите не е потребна посебна стручност и не одзема време.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

За спроведување на ова заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи потребната функционалност на ЕСЈН за креирање и брзо и лесно преземање на линковите од објавените информации и нивно поставување на сајтовите на институциите веќе постои. Кај другите институции треба само креирање на посебен таб (тие што немаат) за што не се потребни посебни финансиски средства. Единствено ќе бидат потребни дополнителни буџетски средства кај оние институции кои сега немаат свои веб-страници за да ги креираат.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Биро за јавни набавки

Organizatat

  • Qendra për komunikime qytetare


Kontakt personi

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2

Arritjet e arritura: 0/2

Arritjet në pritje: 0/2

Arritjet e parealizuara: 2/2

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Treguesit e qëllimit të propozimit: Обезбедени средства Спроведена постапка за јавна набавка Склучен договор со економски оператор
Незапочнато

Обезбедување на административни капацитети

Обезбедување на административни капацитети

Treguesit e qëllimit të propozimit: Објава на оглас за ангажирање на 7 собраниски службеници

Целосно функционален собраниски тв канал

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Собранието има сопствен телевизиски канал на кој може да ја информира јавноста проактивно за тековните процеси во живо или со снимки. Работењето на собранискиот канал има институционална организација преку функционирањето на Советот на собранискиот канал. Собранието смета дека каналот е ресурс преку кој може подобро да ја запознае јавноста за својата работа и да ја зголеми гледаноста.

Main goal of the proposal

Активноста се предлага со цел да се зголеми гледаноста на Собранискиот ТВ канал преку реформа на каналот,  преку содржините што ќе ги нуди од работата на Собранието и преку дефинирана програмска шема со модерна опрема и обучени луѓе.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Заложбата се предлага за реформирање на Собранискиот ТВ канал.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Проектирана вредност од 15.529.000 денари со средства обезбедни од Швајцарската конфедерација.



Kontakt personi

Владимир Наумовски, Советник на директорот за информатички развој vladimir.naumovski@crm.org.mk

Azhurnimi i fundit në

07 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2

Arritjet e arritura: 0/2

Arritjet në pritje: 1/2

Arritjet e parealizuara: 1/2

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2

Ограничено

1.1.1 Договорен е критериумот за објавување на вистинските сопственици за договорите за јавни набавки, за начинот на спроведување на заложбата и за потребните законски и технички предуслови за тоа

ИНДИКАТОРИ:

Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки. Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста.

Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови.

Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки (да, без вредносен праг). Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста. Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови. Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.
Незапочнато

1.1.2 Објавени се имињата на вистинските сопственици на субјектите кои се носители на договорите за јавни набавки

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на склучени договори според договорениот критериум (вредносен праг на договорот) за кои се објавуваат вистинските сопственици

1.1 Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

На 27 јануари 2021 година и во Република Северна Македонија се воспостави Регистар на вистински сопственици за да се зголеми транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и да се исполнат меѓународните и стандардите на ЕУ за борба со перење пари и финансирање тероризам. Правните лица имаа рок до 27 април 2021 година, без надомест, да ги пријават податоците за вистинските сопственици.

Како дел од засилените мерки за отчетност и одговорност за кризната помош што им ја доделуваат на земјите за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, ММФ побара од земјите на кои им доделува помош (меѓу кои и РСМ) да спроведат неколку заштитни механизми, меѓу кои и јавни информации за вистинските сопственици на фирмите кои добиле тендери од државата. Иако барањето за овие информации дојде како резултат на одговор на корона-кризата и зголемените ризици од корупција, сепак, тоа станува стандард во јавните набавки на многу земји во светот.

Досега, воспоставување на ваков механизам во РСМ не беше можен, поради непостоењето на Регистарот на вистински сопственици. Од друга страна, јавните набавки во земјата постојано се поврзуваат со широко распространета корупција и  злоупотреби, сомнежи за договарање на фирмите и создавање вештачка конкуренција со што не може да се гарантира дека се добива најдобра вредност за потрошените пари. И во последниот извештај на Стејт департментот за Климата за инвестирање во Република Северна Македонија се наведува корупцијата (и непотизмот) во јавните набавки како проблем за инвеститорите.

Транспарентноста на податоците од овој регистар овозможува поврзување на податоците за тоа кој го поседува правното лице, кој го контролира и кој има крајна корист од него. Ова помага да се сузбие корупцијата, да се намалат инвестициските ризици и да се зголеми доброто управување.

Main goal of the proposal

Заложбата вклучува јавно објавување на информација за вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки, во делот каде што се објавуваат Известувањето за склучен договор и Договорот за јавна набавка.

На овој начин дополнително ќе се спречи корупцијата, односно јавни пари да завршуваат во приватни џебови на функционери; ќе се открие и спречи незаконско договарање на фирмите во јавните набавки и ќе се спречи привидна конкуренција на тендерите од фирми на исти вистински сопственици. Од друга страна ќе ѝ се овозможи на јавноста да ја следи рационалноста во трошењето на јавни пари; детектирање на т.н. црвени светла за корупција и ќе се поддржи одговорноста во трошењето јавни пари.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Транспарентноста во јавните набавки се смета за главна алатка за намалување на корупцијата и за овозможување на фер и конкурентен натпревар меѓу фирмите. Транспарентноста значи јавно достапни информации за целиот циклус на јавните набавки за да ги направи набавките одговорни. Меѓу овие информации спаѓаат и информациите за тоа кој стои зад компаниите што добиваат државни тендери. Притоа, не се мисли само на директорите и одговорните лица, туку на вистинските сопственици кои се крајни корисници и кои ја контролираат фирмата. Овие информации досега не беа познати, ниту расположливи не само за фирмите кои добиваат јавни тендери, туку воопшто за сите фирми во земјава. Со креирањето на Регистарот на вистински сопственици и со јавното објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите, се овозможува оваа информација да биде позната и за економските оператори кои добиле тендери, односно склучиле договори за јавни набавки. На тај начин ќе се делува пред сè превентивно во спречувањето на корупцијата, но исто така ќе може да се откријат и спречат коруптивни зделки во јавните набавки. Иако е задолжително лицата кои се вклучени во доделување договори за јавни набавки да изјават немање интерес во секоја постапка или ако имаат да се повлечат од одлучувањето, сепак тоа се прави само во однос на познатите лица на компаниите (директор, сопственик и сл.). Но, надвор од оваа превентивна мерка остануваат вистинските сопственици кои до сега не беа ни познати. Со оваа мерка ќе се спречи компаниите кои имаат вакви судири на интереси воопшто да конкурираат на тендерите, но и доколку тоа се случи, полесно да се открие постоењето на тој судир и да се спречи коруптивното дејство. Се очекува оваа заложба да влијае позитивно и врз зголемување на конкуренцијата, односно да овозможи влез и на други фирми во јавните набавки што неминовно доведува до зголемување на квалитетот на набавките и подобрување на јавните услуги. Истовремено, на овој начин се поддржуваат отчетноста и доброто владеење на институциите бијдеќи јавно се објавуваат податоците и за вистинските сопственци на добитниците на тендерите.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи станува збор за автоматско преземање на постојни информации од ЦРРСМ и нивно објавување на владиниот сајт за јавни набавки ЕСЈН каде што веќе постои таква техничка можност.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори и Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Financave
  • Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија

Organizatat

  • Qendra për komunikime qytetare