Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

Предвидена постапка во планот за јавни набавки за 2021 година и обезбедени средства од донација

Предвидена постапка во планот за јавни набавки за 2021 година и обезбедени средства од донација

Индикатори: Подготовка на технички спецификации и тендерска документација Објавена постапка за јавна набавка
Незапочнато

Имплементација на софтверско решение

Имплементација на софтверско решение

Индикатори: Избран економски оператор, склучен и спроведен договор
Незапочнато

Полнење на системот со податочни сетови

Полнење на системот со податочни сетови

Индикатори: Број на креирани податочни сетови Количина на информации обработени во соодветен формат и ставени во системот

Изработка на on-Line портал за отворени податоци за полесен пристап до информации за граѓаните

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Собранието препознава дека отворените податоци можат да придонесат за транспарентноста, отвореноста и учество на јавноста во работата на закондавната власт.

За таа цел Собранието ќе креира софтверска алатка за податочни сетови.

Главна цел на заложбата

Системски онлајн пристап до податочни сетови од законодавната власт, за подобар пристап и пребарување од јавноста.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Софтверската алатка ќе овозможи:

 -отворање на податочните сетови во компјутерски читливи формати;

-продуцирање податочните сетови во своето секојдневно работење и хронолошки информации

-објавување на метаподатоци за податочните сетови;

-зголемување на вклученоста на корисниците преку повторно користење на податоците (re-usage)

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

Финансиско спроведување на заложбата

Финансиско спроведување на заложбата

Индикатори: Предвидување на средства во буџетскиот циркулар Донесен буџет за 2022 година Донесен план за јавни набавки за 2022 година со предвидената постапка
Незапочнато

Административно спроведување на заложбата

Административно спроведување на заложбата

Индикатори: Објавени постапки за јавни набавки Спроведен договор со економски оператор
Незапочнато

Учество на граѓаните и организациите на граѓанското општество во законодавниот процес

Учество на граѓаните и организациите на граѓанското општество во законодавниот процес

Индикатори: Број на поднесени иницијативи преку системите Број на иницијативи разгледани од пратениците Број и вид на граѓански организации кои учествувале во работни тела, надзорни и јавни расправи.

Платформа за предлози и иницијативи од граѓаните до законодавната власт и регистар на граѓански организации

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Собранието има своја веб страна за информирање на јавноста. За директно вклучување на граѓани на следниов линк постои можност да се контактира со претседателот на Собранието. https://www.sobranie.mk/kontaktiraj-so-pretsedatelot.nspx

Дополнително, за комуницирање со пратениците граѓаните можат да го користат следниов линк од веб страната на Собранието

https://www.sobranie.mk/prashaj-go-pratenikot.nspx

Предвидувањето на оваа заложба е системски да се подобри пристапот со прием и достава до пратениците на идеите од граѓаните и НВО. Во вториот дел за регистарот на граѓански организации ќе се адресира проблемот на поканување на НВО на настаните од законодавниот процес, без политички влијанија на изборот на НВО-та, и со подеднакво информирање на сите НВО што се во системот за настан, закон и слично на кој може да учествуваат.

Главна цел на заложбата

Да се генерира системски онлајн пристап за граѓаните да доставуваат идеи до нивните претставници.

Системски пристап на НВО во законодавниот процес.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Активноста за изработка на платформа за предлози и иницијативи вклучува надградба на постоечките (претходно опишани) можности за контакт и комуникација со пратениците, промовирање на можностите за јавноста, администраторски решенија за прибирање на предлозите, доставување и водење евиденција на процеси по преЗаложбата се предлага за изработка на алатка за учество на граѓани во законодавниот процес.

За регистарот на граѓански организации, идејата е да се дефинира процес на преглед и избор на нво за учество на работните тела, јавни и надзорни расправи.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Програмирани средства во буџетот на Собранието од 2.000.000 денари за софтверска надградба

Проектирана вредност од 840.000 денари за регистар на граѓани обезбедни од донација на ПСП

Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

Донесување на измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи

Донесување на измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи

Индикатори: Прашање на политички договор и консензус меѓу партиите
Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Индикатори: Објавена постапка за јавна набавка
Незапочнато

Олеснување на користењето и обезбедување континуитет на употреба

Олеснување на користењето и обезбедување континуитет на употреба

Индикатори: Инсталирање и обука

Дигитална безбедност преку дигитални потписи за пратеници и собраниската служба

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Прашањето за работа од далечина беше наментнато од корона пандемијата. За таков тип на работа освен потребната ИКТ опрема, за процесните дејствија согласно деловникот се појави потребата за дигитална авторизација. Ова е регулирано со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и освен набавката на дигиталните сертификати опфаќа и софтверски прилагодувања и други барања кои произлегуваат од законот заедно со обука за целните групи.

Главна цел на заложбата

Активноста се предлага со цел да се придонесе кон дигитализација на аспекти од работата на Собранието кои барат физичко присуство за авторизација/потпишување документи. Наместо тоа со предложената активност се става можност за користење на дигитален потпис.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата се предлага за обезбедување и користење на дигитални токени за електронски потписи за пратениците и собраниската служба. Доколку не може да се учествува физички на пленарна или на седница на работно тело, процесно дејствие пратеникот да може да прави од далечина.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Активноста ќе се спроведе имајќи ги во предвид, и условено со, соодветни измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи.

Проектирана вредност од 1.800.000 денари со средства од донација.

Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на претседателите на судовите од страна на ССРСМ
Незапочнато

Квалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето

Квалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на веб страните на судовите од страна на ССРСМ
Незапочнато

Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за вршење на мониторирање на веб-страниците на судовите, односно за оценување на работата на претседателите во делот за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Зајакнување на надзорната улога на Судскиот совет врз транспарентноста на судовите

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Во Законот за Судскиот совет член 92, ст. 1, точка 5 е новина во македонската правна рамка, согласно кој, Судскиот совет цени дали претседателите на судовите доследно се грижат за односите со јавноста. Судскиот совет тоа треба да го врши преку увид во веб-страницата на судовите, односно преку проверка на соопштенијата, одлуките, анализите и извештаите кои се објавени. Судскиот совет, исто така, треба да оценува дали претседателот на судот се грижи за соодветно постапување по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

На крај од 2019 година, Судскиот совет донесе и усвои нов Деловник за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија, меѓутоа сѐ уште не е започнато со вршење на надзор над веб-страниците на судовите. За Судскиот совет да ги мониторира веб-страниците на судовите, односно да ја оценува работата на претседателите, треба да се воспостават конкретни процесни правила за таа намена (кој вработен или која организациска единица во рамки на Судскиот совет на РСМ ќе го врши увидот во веб-страниците на судовите, како тоа лице / таа организациска единица ќе го известува Судскиот совет за наодите, како членовите на Судскиот совет ќе оценувааат дали претседателот на конкретниот суд постапил согласно законот или не и слично).

Главна цел на заложбата
  • Зајакнување на активната улога на Судскиот совет во следење на обезбедување на транспарентост од страна на претседателите на судовите во односите со јавноста,
  • Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно новиот Деловник за работа на Судскиот совет на РСМ
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата предвидува активности што се целосно во насока на зголемување на транспарентноста на судовите преку воведување на систем на мониторинг на работата на претседателите на судовите во РСМ преку веб страните на судовите.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на Судскиот совет на Република Северна Македонија преку подобрување на правилата и механизмите со кои ќе се обезбеди одговорност на членови на Судскиот совет и вработените во спроведување на активна улога во обезбедување на транспарентност на судовите.

Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи

Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМ
Незапочнато

Подготовка на урнек на извештаи за судовите

Подготовка на урнек на извештаи за судовите

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМ
Незапочнато

Упатство за пополнување на извештаи за судовите

Упатство за пополнување на извештаи за судовите

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМ

Подобрување/унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Во Стратегија за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) се констатира дека формата на годишните извештаи на работа на судовите, Судскиот совет и на Врховниот суд се нееднакви, што создава проблеми во однос на јасноста, разбирливоста на извештаите, особено во делот на статистичките податоци поради несинхронизираност на податоците. Најголем дел од судовите водат статистика за бројот на примени, решени и предмети во работа која во значителна мера се разликува од статистиката на Судскиот совет за овие судови. Затоа, неопходно е да се униформираат и стандардизираат сите извештаи (месечни и годишни) што ги подготвуваат судовите и судските институции.

Иако рокот за надминување на оваа состојба согласно акцискиот план за спроведување на Стратегијата беше јануари 2018 г. истите наоди може да се најдат и во независните анализи направени во 2020 г.

Главна цел на заложбата
  • Извештаите на судовите се унифицирани и даваат целосна квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите
  • Потребно е да се подготви и донесе Методологија за воедначени обрасци за годишни извештаи, за потоа да се подготви соодветен образец на извештаи за судовите кој што ќе биде следен со детално упатство за нивното пополнување.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Воведувањето на методологија на униформирани образци за воедначено пласирање на информации и податоци во јавноста пред се ќе доведе до конечна синхронизација на податоците со кои располагаат правосудните институции. Досегашната пракса на прибирање и систематизација на различни статистички податоци за судовите во РСМ ќе се замени со воедначен пристап и образец за собирање и објавување на овие податоци.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на судовите на Република Северна Македонија преку подобрување и унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците, со што на јавноста ќе и се овозможи целосна  квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите.

Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5

Остварени Достигнувања: 0/5

Достигнувања кои се на чекање: 0/5

Неостварени достигнувања: 5/5

Достигнувања со значителен прогрес: 0/5

Незапочнато

Развивање на онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning) и подготовка на електронски едукативни материјали и пристап до онлајн бази.

Развивање на онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning) и подготовка на електронски едукативни материјали и пристап до онлајн бази.

Индикатори: Број на одржани обуки преку Платформата за е-учење на АСЈО
Незапочнато

Систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса на веб страната на АСЈО

Систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса на веб страната на АСЈО

Индикатори: Број на објавени заклучоци, правни мислења и ставови на веб страната на АСЈО
Незапочнато

Јакнење на капацитетите на судиите за користење на е-learning платформата за континуирано учење

Јакнење на капацитетите на судиите за користење на  е-learning платформата за континуирано учење

Индикатори: Број на судии и јавни обвинители кои посетувале обука преку платформата за е-учење на АСЈО
Незапочнато

Објавување на статистички извештаи за активности на судиите во e-learning платформата за континуирано учење

Објавување на статистички извештаи за активности на судиите во e-learning платформата за континуирано учење

Индикатори: Број на објавени извештаи
Незапочнато

Воспоставување модерна е-библиотека и е-архива.

Воспоставување модерна е-библиотека и е-архива.

Индикатори: Број на е-книги достапни во е-библиотеката на АСЈО

Подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Новата веб-страница на Академијата за судии и јавни обвинители е пуштена во употреба во септември 2019 година, меѓутоа се уште има простор и потреба од овозможување за модернизирање на работата на АСЈО преку овозможување на модерна платформа е-учење како за кандидати за судии и јавни обвинители така и за постојните судии и јавни обвинители, преку овозможување на вебинари и учење преку софистицирано пребарување низ документи достапни на модерна е-библиотека и е-архива. Надоградбата на е-библиотеката и архивата на АСЈО е неопходна, со цел да се обезбедат соодветни материјали за континуирана едукација на (идните) судии и јавни обвинители.

Главна цел на заложбата
  • Овозможување на полесен пристап до содржините за почетно и континуирано учење на судиите
  • Преку онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning), модерна е-библиотека и е-архива ќе се овозможи полесен пристап до материјали за стручно усовршување на судиите
  • Со систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса ќе се придонесе кон зголемување на квалитетна и еднаква правда за сите.
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Преку заложбата за модернизирање на системот за основна и континуирана обука на судии и јавни обвинители, ќе се овозможи целосна достапност на основната и континуираната обука за слушателите, во услови кога учењето на далечина е единствената можност за доусовршување на капацитетите на судиите и обвинителите.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа

Оваа заложба е важна за подобрување на квалитетот на судските одлуки во Република Северна Македонија преку  подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите на Академијата за судии и јавни обвинители до којашто имаат пристап сите судии во РСМ.

Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 3/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Индикатори: Обезбедени средства од ПСП и објавена јавна набавка
Незапочнато

Оперативно спроведување на заложбата

Оперативно спроведување на заложбата

Индикатори: Спроведување на договор за надградба на веб страната
Незапочнато

Функционална веб страна

Функционална веб страна

Индикатори: Број на отварања на веб страната Број на симнатаи информации и документи

Изработка на нова интернет страница на собранието за подобро информирање на граѓаните

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Собранието има своја веб страна, која има податоци за проактивно информирање на јавноста. Од анализите правени и со технолошкиот развој Собранеито смета дека веб страната треба да се надгради да може да биде полесно пребралива, поорганизирана и да нуди повеќе информации за граќаните.

Во Програмата за парламентарна поддршка е испланирано и буџетирано изработка на нова веб страна

Главна цел на заложбата

Активноста се предлага со цел да се придонесе кон реорганизација на податоците, начинот на полнење и навремено внесување, системи на пребарување по документи.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата се предлага за изработка на нова интернетска страна на Собранието.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Проектирана вредност од 5.082.219 денари со средства обезбедни од Швајцарската конфедерација

Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Индикатори: Обезбеден буџет во 2022 година и предвидена постапка во план за јавни набавки или алтернативно опфатено како модул за надградба на постојна јавна набавка за надградба на е парламент.
Незапочнато

Обезбедување на континуитет на употреба и одржување

Обезбедување на континуитет на употреба и одржување

Индикатори: Број на предлози кои се видливи на ваков начин Број на отвара на веб страната за увид во законите

Изработка на софтверско решение за следење на законодавниот процес од јавноста

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Текот на законодавната постапка може да се следи преку интернетската страна на Собранието. Пребарувањето не оди според документ (предлог закон), туку по работно тело и потребни се неколку чекори и искуство во пребарувањето за да се најдат информациите.

Главна цел на заложбата

Активноста се предлага со цел јавноста да може во реално време да следи во која фаза се предлог законите и какви се роковите во псотапката од денот на приемот се до донесувањето и потпишувањето на указот.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Со ова решение, точно ќе се гледаат фазите од законодавната постапка, приемот на предлогот, прво и второ читање, пленарните седници, времето на поднесување амандмани и расправа, се до донесување на предлог законот. Повеќе информации проактивно за јавноста и точен преглед кога мооже да се поднесуваат амандмани.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Индикатори: Обезбедни средства во буџетот и спроведена јавна набавка
Незапочнато

Обезбедување на континуитет на употреба и одржување

Обезбедување на континуитет на употреба и одржување

Индикатори: Број на корисници на системот од јавноста и број на симнати документи како и број на внесени и индексирани документи од Собранието за мандатите кои не се во системот

Отворање на Е-Архива софтверот за пребарување од јавноста

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Парламентарниот институт во Собранието креираше софтверско решение за Е-архива во 2016 година. Ова решение овозможува електронски пристап на податоци од законодавната архива (се што влегува и во соодветна постапка излегло од пленарна седница). Базата ги опфаќа сите документи креирани по една точка.

Податоците се кодифицирани почнувајќи од 1986 година со над 1.2 милиони страни документи.

До сега оваа база се користеше интранет по барање на служба и пратениците.

Главна цел на заложбата

Активноста се предлага со цел базата да се направи достапна и за јавноста и граѓаните да можат да ги користат документите кои се дел од базата на Е-архива.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Ова решение овозможува електронски пристап на податоци од законодавната архива (се што влегува и во соодветна постапка излегло од пленарна седница). Базата ги опфаќа сите документи креирани по една точка.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 1

Остварени Достигнувања: 0/1

Достигнувања кои се на чекање: 0/1

Неостварени достигнувања: 1/1

Достигнувања со значителен прогрес: 0/1

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Индикатори: Спроведена постапка за јавна набавка на камери и пропратна опрема за вршење на директен онлајн пренос на седници

НАБАВКА НА КАМЕРИ СО ПРОПРАТНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРНЕТ ПРЕНОС НА СЕДНИЦИ

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

На интернет страната на Собранието се емитува сигналот од Собранискиот ТВ канал. Салите во Собранието не се опремени со потребната опрема за вршење на интернет пренос од седниците на работните тела за јавноста да следи во реално време седници на работни тела наместо снимки на Собранискиот канал.

Главна цел на заложбата

Активноста се предлага со цел обезбедување зголемен пристап на јавноста во работата на Собранието. Освен преку собранискиот канал се обезбедува пристап и преку директен пренос на интернет.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Се зголемува пристапот на јавноста во работата на Собранието. Освен преку собранискиот канал се обезбедува пристап и преку директен пренос на интернет.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Проектирана вредност од 3.000.000 денари обезбедени од донација.