Партнерство за отворена власт

Партнерството за отворена власт (ПОВ) e доброволна меѓународна иницијатива започната од осум земји (Бразил, Индонезија, Мексико, Норвешка, Филипини, Јужна Африка, Велика Британија и САД) во 2011 година.

Република Северна Македонија веднаш по започнувањето стана  дел од оваа глобалната инцијатива во рамките на која Владите и граѓанските организации се залагаат за Влади кои се поотворени и поодговорни кон граѓаните.

Денес во иницијативата учествуваат 78 земји членки и голем број граѓански организации.

Со приклучувањето кон иницијативата, Владата на РСМ потпиша Декларација со која се обврза заедно со граѓанските организации и граѓаните во најмалку двогодишен период да подготовува и спроведува конкретни заложби за промовирање на транспарентноста, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористување на новите технологии во јавната администрација и надвор од неа за поддршка на иновациите, итн.

Покрај процесот на ПОВ од извршната власт, во нашата земја се спроведуваат исти процеси и од страна на законодавната (Отворен парламент) и судската власт (Отворено судство).

Основната цел на ПОВ e да обезбеди конкретни заложби од владите за промовирање на транспарентност, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористување на новите технологии во јавната администрација и надвор од неа со поддршка на иновациите.

Движечката сила на ОВП е давањето примарно значење на граѓаните.  Односно, ГРАЃАНИТЕ СЕ ТИЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ КРЕИРААТ ПОЛИТИКИТЕ И УСЛУГИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ НИВНИОТ ЖИВОТ.