Информации за Мрежата

Мрежата ќе учествува во подготовката на новиот акциски план, како и во креирањето на моделот, формирањето и работата на формалнo тело за координација и мониторинг согласно насоките и стандардите на ОВП (т.н. Форум на повеќе засегнати страни, Управен комитет или Совет за ПОВ), т.е. организиран и востановен модел за координација и вклученост на граѓанското општество, институциите и другите засегнати страни во процесот на развој и имплементација на ПОВ. Мрежата ќе придонесе да се создаде структура за консултација и координација во граѓанското општество и помеѓу владата, граѓанските организации, граѓаните и другите заинтересирани страни за дизајнирање, спроведување, поддршка, промоција и мониторинг на приоритетите и иницијативите на ПОВ.

Мрежата ќе овозможи размена на идеи, знаења и искуства на граѓанските организации за градење на пофункционални јавни институции. Со своето делување и развој, мрежата ќе им овозможи на членките меѓусебно поврзување и надградување на поединечните иницијативи за отворени власти (како на локално, така и на национално ниво), како и креирање на нови проекти преку мрежата како платформа.