Посета на високи претставници на Меѓународната иницијатива Партнерство за отворена власт

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Африм Фидани на ден 03.09.2025 година, оствари средба со високи претставници на Меѓународната иницијатива Партнерство за отворена власт г-динот Аидан Ејакуза, извршен директор на Партнерство за отворена власт, Сандра Пернар, Виш регионален координатор за Европа и Гордана Гапиќ Димитровска, национален координатор, Министерство за јавна администрација. На средбата присуствуваше и Жарко Хаџи Зафиров – Ко-претседател на Советот за отворено судство.

На почеток на средбата Претседателот на Врховен суд на Република Северна Македонија Африм Фидани, ги запозна присутните со досега преземените активности од страна на Советот за отворено судство, по чие конституирање и потпишување на Декларацијата за Отворено судство, станавме една од првите држави во која концептот на глобалната иницијатива на партнерството за отворена власт, ја инкорпорира и судската власт.

За време на средбата, се разговараше за состојбата со исполнување на заложбите од Акцискиот план за отворено судство 2024-2026 година кој е подготвен во инклузивен процес со вклученост на претставници од судските институции но и пртставници на невладиниот сектор, за следните чекори и за напорите кои се прават во изнаоѓање и обезбедување на финансиска помош и поддршка за нивна реализација. Претседателот Фидани потенцираше дека активностите на Советот за отворено судство како дел од Партнерството за отворена власт се значајни за подобрување на услугите кон граѓаните чии глас е индикатор за довербата во судството.

 На крајот на средбата, присутните заклучија дека ваквата посета претставува значаен чекор во зајакнување на соработката во насока на унапредување на принципите на Партнерството за отворена власт, врз кои принципи треба да функционира секоја власт.

Одржан состанок на претставници од институциите и граѓанскиот сектор со извршниот директор на Партнерството за отворена власт г-дин Аидан Ејакуза

Скопје, 2 септември 2025 година

Во рамките на тридневната посета на извршниот директор на Партнерството за отворена власт г-дин Аидан Ејакуза на Република Северна Македонија, во просториите на Министерството за јавна администрација се одржа состанок со претставници на институциите и граѓанскиот сектор вклучени во овој процес. На состанокот беа споделени досегашните активности, тековните предизвици како и можностите за понатамошен напредок во областа на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество како темелни принципи на Партнерството за отворена власт.

Националната координаторка за Партнерството за отворена власт во Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Гапиќ Димитровска, истакна дека во срцето на Партнерството за отворена власт не е само ко-креацијата туку тоа е и процес на заедничко одлучување и претставува уникатен пристап што се издвојува од начинот на креирање на останатите владини документи.

„Оваа иницијатива не учи како работите да се прават поразлично од традиционалниот начин на работа во институциите – не само да ги препознаеме предизвиците туку и да најдеме взаемно решение за истите“ – нагласи г-ѓа Димитровска.

Извршниот директор на Партнерството за отворена власт, г-дин Аидан Ејакуза, се осврна на потенцијалот што го нуди оваа иницијатива, нагласувајќи ја важноста на заедничката соработка и споделената одговорност за ко-имплементација на заложбите, со цел да се исполнат очекувањата и потребите на граѓаните. Тој посочи дека сите чинители вклучени во оваа иницијатива го претставуваат тимот кој треба да ја смени културата на работење на Владата совладувајќи ги сите препреки на патот кон отворена власт.

Г-ѓа Сандра Пернар,  виш регионален координатор за Европа за Партнерството за отворена власт, истакна дека Република Северна Македонија е една од ретките земји што процесот на Партнерство за отворена власт го спроведува паралелно во извршната, законодавната, судската и локалната власт, со што се позиционира како лидер не само во регионот туку и во Европа. Таа најави дека токму затоа нашата земја ќе биде домаќин на регионалниот состанок на Западен Балкан во 2026 година, на кој ќе се претстави Република Северна Македонија како позитивен пример што може да ги мотивира другите држави да го следат истиот модел.

Г-ѓа Данче Даниловска Бајдевска од Фондацијата „Метаморфозис“, се осврна на улогата на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт, формирана со цел да го мобилизира и координира застапувањето на граѓанското општество во овој процес. Таа нагласи дека преку Мрежата која брои повеќе од 70 организации членки, се врши транспарентен избор на претставници на невладините организации во Советот за Партнерство за отворена власт, со што се обезбедува независност и заштита од политички влијанија.

Г-дин Стојан Мишев од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените нагласи дека Партнерството за отворена власт обезбедува суштинско учество на сите засегнати страни. Истовремено посочи дека, и покрај постигнатите резултати, процесот се соочува со предизвици, како што се ограничените финансиски ресурси и потребата од понатамошно институционално зајакнување кои се дел  од пошироките системски слабости во државата, за чие надминување е неопходен посилен политички ангажман.

Г-дин Герман Филков од Центар за граѓански комуникации, истакна дека во изминатите години преку Партнерството за отворена власт се реализирани значајни заложби во областа на јавните набавки, пристапот до информации и антикорупцијата. Тој додаде дека токму преку оваа иницијатива беше воведена активната транспарентност, која денес претставува клучен механизам за мерење на отвореноста и отчетноста на институциите.

 

Заменик претседателот на Владата Фетаи оствари средба со Аидан Ејакуза, извршен директор на Партнерството за отворено власт

Заменик престедателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, оствари средба со г. Аидан Ејакуза, Извршен директор на Партнерството за отворено власт (ПОВ), на која присуствуваа и г-ѓа Сандра Парнар, регионална координаторка на ПОВ, и г-ѓа Гордана Гапиќ Димитровска, национална координаторка на ПОВ. Средбата се фокусираше на приоритетите на иницијативата „Отворена Северна Македонија“, со посебен акцент на борбата против корупцијата, дигиталната трансформација, соработката со граѓанското општество и судските реформи, кои ќе бидат вклучени во Акцискиот план на ПОВ за 2026 година.

Во основата на разговорот беа реформите поврзани со членството во Европската Унија, особено транспарентноста на крајната сопственост и отвореното правосудство, како клучни обврски за исполнување на стандардите од Поглавјата 23 и 24 на ЕУ. Исто така, беше нагласена улогата на Северна Македонија како регионален пионер во отвореното владеење, како и можноста за организирање на Регионалната средба на Западен Балкан 2026 во Скопје.

Посебен акцент беше ставен на дијалогот со граѓанското општество, што е приоритет на кабинетот на вицепремиерот. Кабинетот ја обнови соработката преку три сесии на Советот за соработка со граѓанското општество, каде во јуни беше усвоена предложената владина стратегија. Во јули 2025, Владата ја усвои Стратегијата за соработка и развој на граѓанското општество (2025–2028). За да се обезбеди континуитет, ќе се организираат редовни месечни средби со Платформата на НВО против корупција и ќе се создаде механизам за јавни консултации, за да се промовира транспарентност и одржлива соработка.

Оваа средба претставува важен чекор кон зајакнување на отвореното и одговорно владеење, одразувајќи го ангажманот на Владата за градење на потранспарентна и праведна иднина за сите граѓани на Северна Македонија.

Преземено од : https://vlada.mk

 

Средба Минчев–Ејакуза: Отворена власт и квалитетна администрација за подобри услуги кон граѓаните

 

Скопје, 1 септември 2025 година 

Преземено од: https://mja.gov.mk/

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со извршниот директор на Партнерството за отворена власт (ПОВ), Аидан Ејакуза, во пресрет на тематскиот регионален состанок посветен на иницијативата Партнерство за отворена власт.

На средбата се разговараше за тековната имплементација на Националниот акциски план 2024–2026, како и за стратешките активности кои Министерството за јавна администрација ги презема во насока на унапредување на транспарентноста, отчетноста, дигитализацијата и граѓанското учество во институциите.

Министерот Минчев истакна дека Македонија останува целосно посветена на принципите на отворено владеење и дека ПОВ е клучна рамка за подобрување на квалитетот на јавните услуги и довербата на граѓаните во институциите.

„Нашата крајна цел е да изградиме јавна администрација која е професионална, отворена, достапна и во служба на граѓаните. Партнерството за отворена власт ни овозможува да ги зајакнеме механизмите за транспарентност и отчетност, но и да создадеме услови за поефикасни, квалитетни и правични јавни услуги. За нас, ова не е само меѓународна обврска, туку реална можност за подобрување на секојдневието на граѓаните“, изјави министерот Минчев.

Директорот Ејакуза го поздрави напредокот на државата и ја потенцираше важноста на активната вклученост на граѓанското општество и користењето на дигитални алатки како клучни двигатели на промените во рамките на иницијативата ПОВ. Тој ја охрабри земјата да продолжи со амбициозниот пристап и да ја зајакне улогата на Советот за ПОВ како форум за конструктивен дијалог и следење на имплементацијата.

Министерството за јавна администрација ќе продолжи со проактивен пристап и партнерска соработка со домашни и меѓународни учесници, со цел натамошно унапредување на транспарентноста, интегритетот и ефикасноста на јавните институции во Република Македонија.

Средба Минчев–Ејакуза: Отворена власт и квалитетна администрација за подобри услуги кон граѓаните

Потранспарентно Собрание преку Партнерството за отворена власт

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, остварија средба со извршниот директор на Партнерството за отворена власт (ПОВ), Ајдан Ејакузе.

На средбата учествуваа и Сандра Пернар, виша регионална директорка за ПОВ за Европа; Гордана Гапиќ-Димитровска, национална координаторка за ПОВ од Министерството за јавна администрација и Златко Атанасов, државен советник и раководител на Парламентарниот институт на Собранието.

Претседателот Гаши ги истакна силните напори и максималната натпартиска посветеност на Собранието на Партнерството за отворена власт. Како претседател, тој стави акцент на два елемента: отворено собрание и дигитализација. Во овој контекст го нагласи ангажманот во подобрувањето на отвореноста на законодавниот дом, преку носењето стратешки и акциски планови, инсталирањето Е-регистар, воспоставувањето пракса на неделни брифинзи со новинарите, давање извештаи за сработеното. Максималната отвореност и транспарентност, како што рече Гаши, донесе и резултати во подобрувањето на перцепцијата на граѓаните за Собранието.

Генералната Димовска истакна дека за Собранието, кое е срцето на демократијата и Собраниската служба, која е институционалната меморија на Собранието, важно е да бидат дел од ваква иницијатива. Таа ги наведе спроведените конкретни активности, како Регистарот, Отворените податоци, Собранискиот канал, Парламентарниот караван и претстојната надзорна расправа за Акцискиот план. Собранието и понатаму останува посветено на транспарентноста, отчетноста и вклученоста на граѓанското општество – рече Димовска.

Атанасов, пак, потсети на самите почетоци на пристапување кон ПОВ од 2017 година, со реформски напредок низ годините до ден денеска.

Извршниот директор на ПОВ изрази пофални зборови за работата и амбициозноста на Собранието, како пример за други земји. Тој даде охрабрување за следни активности за уште попристапно Собрание до граѓаните и остави отворена врата за помош во оставрување на новите амбиции.

Вишата регионална директорка за ПОВ за Европа ја оцени како одличен чекор седницата за дебата за Акцискиот план, додека координаторката за ПОВ изрази задоволство од работата на Собранието од почетоците до денеска кога ќе бидеме сведоци на надзорна расправа за еден Акциски план кој прави резултати.

Претстојниот Шпански самит на ПОВ ќе биде можност за реализирање на нови идеи за зајакнување на јавната вклученост во Собранието, за меѓународно искуство и размена на позитивни практики.

ПРОДОЛЖЕН РОК: ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

04.06.2025

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 1 (еден) претставник од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година при процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година

Продолжениот рок за поднесување на пријавите е 13 јуни 2025 година.

Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk

Погледнете го целиот повик, образецот за пријавување и потребните документи на следниот линк.

ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Преземи документ

Партнерство за отворена власт (ПОВ)[1] претставува доброволна меѓународна иницијатива која цели кон креирање и спроведување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Граѓанскиот сектор акумулира огромна креативна енергија која треба да се користи п(р)оактивно во јавниот сектор преку подобрување и негување на културата на вклученост и почитување на правата на сите граѓани во процесот на креирање политики и носење одлуки, закони и пристап до информации.

Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт (во натамошниот текст Мрежа за ПОВ) се залага за воспоставување структура за координација на процесот на ПОВ во Северна Македонија соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите. Мрежата за ПОВ континуирано учествува и придонесува за воспоставување структура за координација и мониторинг на развојот и спроведувањето на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (во натамошниот текст: НАП за ПОВ 2024-2026 година).

 

Оттука, врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 6/19 и 110/19), а во врска со Насоките за управување и учество во иницијативата за Партнерство за отворена власт и Стандардите за ко-креирање и дизајнирање на форум со повеќе засегнати страни, Министерот за информатичко општество и администрација донесе Упатство за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-4844/1, 20.12.2021 година и Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-1335/1 од 11.03.2024 година.

 

Согласно член 13 од Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт, врз чија основа Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт отпочнува постапка за објавување повик за избор на нов член и заменик на испразнетото место:

 

 

 

 

 

ОТВОРЕН ПОВИК

за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

 

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 1 (еден)[2] претставник од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (во натамошниот текст: Советот за ПОВ) при процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година.

 

Советот за ПОВ 2024-2026 година е советодавно тело за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови. Членувањето во Советот за ПОВ е доброволно и без надомест. Советот за ПОВ има клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на ПОВ, низ циклусот на планирање, во развојот на НАП и во спроведувањето, следењето и известувањето за НАП. Совет за ПОВ се формира за да се поттикне транспарентноста и отвореноста на работата на органите на државна управа, како и други институции на државната власт и да се поттикне учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата ПОВ во Република Северна Македонија; да се обезбеди меѓусекторска соработка и да се воспостават јасни, структурирани и трајни механизми за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество; да се зголеми учеството на граѓанското општество во процесите на ПОВ и во подготовката на акциските планови за ПОВ и за поддршка, поттикнување и следење на спроведувањето на тековниот акциски план.

 

Преку членство во Советот за ПОВ пријавените учесници ќе можат да обезбедат свој придонес при спроведување и следење на заложбите во состав на петте приоритетни области од НАП за ПОВ 2024-2026: Борба против корупцијата; Партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество; Правно зајакнување и пристап до правда; Развој и користење на дигитални технологии; Унапредување на активностите за климатски промени и да влијаат во процесот за нивна навремена, непречена и успешна реализација, како и на заложбите во состав на Акциските планови на Отворено судство и Отворен парламент 2024-2026 година.

Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 52/10, 135/11 55/16 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/22) да се пријават преку доставување на приложената пријава и потребните документи* со кои се докажува исполнувањето на критериумите.

Рокот за поднесување на пријавите е 27 мај (вторник) 2025 година.

 

 

Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи* на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk

 

Отворениот повик се објавува на веб страницата www.ovp.gov.mk.

 

Јавниот повик се објавува најдоцна седум дена по добивање на информацијата за испразнети места, а изборот на членовите на Советот за ПОВ за пополнување на испразнетите места на претставници на граѓанските организации се врши од страна на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт најдоцна 40 дена од објавување на повикот. По разгледување на пријавите од страна на Мрежата за ПОВ, организациите кои изразиле интерес за членство во Советот за ПОВ ќе бидат информирани за процесот и избраниот член и заменик член.

 

 

ПРИЈАВА

за изразување интерес за членство во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

I Основни податоци за организацијата:

 

Назив на организацијата: …………………………………………………………………..

Скратен назив: ………………………………………………

Адреса/општина: ………………………………………………………………………………

Контакт информации (телефон, е-адреса): ………………………………………………………………………

Интернет страница:  …………………………………………

 

II Претставници на вашата организација во Советот за ПОВ

 

Претставник/претставничка на организацијата во Советот за ПОВ

Име и презиме: ……………………………………………………………….

Функција/позиција: ……………………………………………………………….         

Телефон: ……………………………………………………………….

Е-пошта: ……………………………………………………………….

Накратко дадете опис на Вашето искуството во областа (наведете референца или линк од некој документ или веб-страна, референца од конкретен извештај, анализа или слично)

 

Која е вашата мотивација за членство во Советот за ПОВ?

 

Што очекувате дека можете да добиете како член на Советот за ПОВ, а што можете да понудите?

(до 200 збора)

…………………………………………………………………………………….

 

Заменик претставник/претставничка на организацијата во Советот за ПОВ

Име и презиме: ……………………………………………………………….

Функција/позиција: ……………………………………………………………….        

Телефон: ……………………………………………………………….

Е-пошта: ……………………………………………………………….

Накратко дадете опис на Вашето искуството во областа (наведете референца или линк од некој документ или веб-страна, референца од конкретен извештај, анализа или слично)

 

Која е вашата мотивација за членство во Советот за ПОВ?

 

Што очекувате дека можете да добиете како член на Советот за ПОВ, а што можете да понудите?

(до 200 збора)

…………………………………………………………………………………….

 

 

III Критериуми за членство

 

Изјави за интерес и поддршка

Организацијата изразува интерес за учество во Советот за ПОВ;

Организацијата е формален субјект регистриран во земјата согласно Законот за здруженија и фондации, на …………………………………… (датум на регистрација);

Организацијата ја поддржува Декларацијата за Партнерство за отворена власт;

Организацијата ги споделува основните вредности на Партнерство за отворена власт:

  • партиципативност
  • отвореност и
  • отчетност

и истите ги применува во својата работа и се залага да бидат применети од страна на соработниците, партнерите, донаторите, грантистите и институциите на локално и централно ниво.

 

Области

Организацијата активно работи, со фокус на следните области: ……………………………………………… (области на дејствување).

Организацијата изразува интерес за вклученост во активности на Советот во следните области на ПОВ, во кои има знаење и искуство:

 

граѓанско учество во креирање на јавните политики;

застапување за транспарентост на властите (на локално или централно ниво);

застапување за отчетност на властите (на локално или централно ниво).

 

 

Кандидатите за членови и заменици на Советот за ПОВ кои ги претставуваат граѓанските организации треба да:

 

се дел од организација која е регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/10, 135/11 55/16 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/22) најмалку пет години, а која делувала најмалку пет години во барем една од областите кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт;

имаат лично искуство од најмалку пет години во барем една од областите (примарна област за кандидатот) кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт;

учествувале во барем еден циклус на креирање на Националниот акциски план за ПОВ преку работните групи за ПОВ;

не се членови на органи на политичка партија;

не се избрани или именувани лица, и

не се вработени во институциите на државната власт.

 

Се смета за предност доколку кандидатот има лично искуство од најмалку три години во повеќе од една од областите кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт за кој се формира Советот за ПОВ, односно доколку кандидатот има најмалку три години искуство во секундарна област опфатена со заложбите.

 

*Потребни документи со кои се докажува исполнувањето на критериумите и кои треба да бидат доставени заедно со пријавата за членство во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година:

  • Годишен извештај за работата на граѓанската организација од минатата година (2024г.);
  • Тековна состојба на граѓанската организација (не постара од 6 месеци);
  • Статут на граѓанската организација;
  • Кратка биографија на кандидатите за членови и заменици на Советот за ПОВ;
  • Изјава од кандидатите за членови и заменици на Советот за ПОВ дека не се членови на органи на политичка партија, не се избрани или именувани лица и не се вработени во институциите на државната власт.

 

За спроведениот отворен повик, Координаторот на Мрежата за ПОВ доставува информација, придружена со записник од постапката за избор и кандидирање на членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации до Националниот координатор за ПОВ, како и избрани членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации. Информација за избраниот член и заменик член на Советот за ПОВ што ќе ги претставуваат граѓанските организации се објавува на веб страницата www.ovp.gov.mk

Доколку по спроведување на отворениот повик не се пополни 1 (едно) место за член и заменик член на Советот за ПОВ, Мрежата за ПОВ повторно распишува повик за избор на членови и за тоа го известува Националниот координатор за ПОВ.

 

[1] Со прифаќање на НАП5 2021-2023 г. од страна на Владата на Република Северна Македонија, Отвореното владино партнерство (ОВП) се преименува во Партнерство за отворена власт (ПОВ).

 

[2] Согласно член 5 од Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-4844/1 од 20.12.2021 година и Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-1335/1 од 11.03.2024 г, Советот за ПОВ е составен од 16  члена со еднаков број членови од институциите и од граѓанското општество.

 

Министерот за јавна администрација: Отвореното владеење е нашата најсилна алатка за демократија и европска трансформација

Денес, по повод одржувањето на Петтата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, им се обрати на присутните членови на Советот и претставниците на меѓународниот Секретаријат на Партнерството за отворена власт, кои се во официјална посета на Република Македонија.

Во своето обраќање, министерот Минчев потенцираше дека симболиката на 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот – е силна потврда за вредностите кои ги делиме: демократија, транспарентност, човекови права и отпор кон сите форми на угнетување.

„Овие вредности се темел на нашата заложба за отворено владеење и се нераскинливо поврзани со нашата европска определба“ – изјави Минчев.

Министерот истакна дека Владата останува цврсто определена кон европскиот пат, не само како геополитичка ориентација, туку како суштинска трансформација на општеството, при што отвореното владеење е клучниот механизам за зголемување на довербата и одговорноста на институциите.

Тој ја поздрави посетата на претставниците од меѓународниот Секретаријат како значаен сигнал за довербата што Република Македонија ја ужива во рамките на глобалната иницијатива. На средбите со нив, како што посочи, се разговараше за предизвиците и идните насоки на реформскиот процес, вклучително и за иницијативата за одржување посебна владина седница посветена на Партнерството за отворена власт – јасен доказ за политичката волја за отчетност.

Во рамките на седницата се разгледуваше имплементацијата на Акцискиот план 2024–2026 и се отворија прашања за понатамошно унапредување на јавната администрација, јакнење на граѓанскиот простор и борба против корупцијата. Министерот Минчев посебно го поздрави ангажманот на работната група за транспарентност во јавните набавки и ја нагласи важноста од споделување добри практики на претстојниот Глобален самит на Партнерството.

Во тој контекст, беше истакнато и вклучувањето на пратеници од Собранието на Република Македонија во активностите за унапредување на отвореноста, преку одржувањето на парламентарниот караван во Ресен – како една од веќе реализираните активности предвидени во Акцискиот план за отворен парламент. Оваа иницијатива претставува конкретен пример за доближување на пратениците до граѓаните и зголемување на отчетноста на законодавната власт.

„Отвореното владеење не е само обврска – тоа е одлука, цел и вредност што ја споделуваме. Денешната седница ја гледам како уште една мала победа – победа на отвореноста, дијалогот и демократијата“ – заклучи министерот Минчев.

 

Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт

ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити на ден 07.05.2025 година оствари средба со претставници на Секретаријатот за ПОВ г-дин Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа, Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа-, Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување и Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација. На средбата присуствуваше и Жарко Хаџи -Зафиров, ко-претседател, претставник на граѓанските организации во Советот за отворено судство.

          

На средбата, ВД Претседателот говореше за активностите на Врховниот суд на Република Северна Македонија кои обезбедуваат отвореност на судот, подобрување на електронскиот судски портал, подобрување на односите со јавноста, квалитетот и достапноста на податоците и информациите, како дел од заложбите на Советот за отворено судство во согласност со Декларацијата за отворено судство. Беа споделени информации за состојбата во исполнување на заложбите од Акцискиот план на Советот за отворено судство 2024-2026 година, потребата од дефинирање на приоритети, но и за потребата од финансиска поддршка во остварување на зацртаните цели и заложби на Советот.

         

На крајот на средбата беше нагласено значењето за вклученоста на судската власт во глобалната иницијатива на Партнерството за отворена власт, со цел обезбедување квалитетни јавни услуги за граѓаните, во чија служба е судството.

            

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Денес во Собранието се одржа средба на потпретседателот Антонијо Милошоски со  г. Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа- од Партнерството за отворена власт (ПОВ), г-а Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа од ПОВ и г. Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување, Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација, г. Бобан Стојаноски – заменик генерален секретар на Собранието и Златко Атанасов – раководител на Парламентарниот институт.

Средбата е во врска со спроведувањето на ПОВ процесот во државата и на Акцискиот план на Собранието кон Партнерството за отворена власт https://www.sobranie.mk/akciski-plan-pov.nspx .

На состанокот се нагласи значењето за транспарентноста и пристапноста на институциите, и беа позитивно оценети континуитетот и напорите на државата во спроведување на националниот план.

Собранието останува посветено на преземените заложби во својот Акциски план кои подразбираат:

  • Развој на електронски регистар на регулаторни тела и други именувања и назначувања од Собранието, јавен, доста и пребарлива за користење и информирање на граѓаните, граѓанските организации, академските институции и други;
  • Информирање на јавноста со нови содржини на Собранискиот ТВ канал, што ќе овозможи подобри и повеќе информации за јавноста за законодавната власт;
  • Собранието во својата надзорна надлежност да спроведе надзорна расправа за спроведувањето на Националниот план на државата кон Партнерството за отворена власт;
  • Спроведување на Парламентарен караван во општините каде се избрани пратениците, со цел да се овозможи директна комуникација со граѓаните.

Партнерството за отворена власт нуди модел за планирање на мерки и заложби од институциите за реформи, во две годишни акциски планови, заедно со граѓаните и организациите во општеството, со надворешен механизам за следење на спроведување на активностите на законодавната, извршната и судската власт.