Работен состанок на Министерството за јавна администрација и УНДП за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Публикувано на

Денес, 14.07.2026 година, во просториите на УНДП, се одржа работен состанок посветен на процесот на Партнерството за отворена власт (ПОВ), на кој беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и за зајакнување на поддршката за спроведување на иницијативите за отворено владеење во Република Северна Македонија.

На состанокот, Гордана Гапиќ Димитровска, Национална координаторка за Партнерството за отворена власт, го презентираше процесот за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028, при што беа претставени планираната временска рамка, клучните чекори и приоритетните области за новиот акциски план.

Посебен акцент беше ставен на Меморандумот за соработка помеѓу УНДП и Партнерството за отворена власт на глобално ниво, како можност за понатамошно унапредување на соработката и обезбедување програмска и експертска поддршка во процесот на подготовка и спроведување на реформите за отворено владеење.

Со проектните менаџери и раководителите на секторите во УНДП беа разгледани приоритетните тематски области на Националниот акциски план 2026–2028, меѓу кои: борба против корупцијата, граѓански простор, клима и животна средина, дигитално управување, фискална транспарентност, инклузија, пристап до правда, јавно учество,  како и отворено судство и отворен парламент. Воедно, се разговараше и за можниот придонес на УНДП во подготовката и имплементацијата на идните заложби.

Министерството за јавна администрација продолжува активно да ја координира подготовката на новиот Национален акциски план во партнерство со институциите, граѓанските организации, меѓународните партнери и сите засегнати страни, со цел креирање политики засновани на транспарентност, отчетност, интегритет и активно учество на јавноста.

 

Одржана осма седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026

Публикувано на

Скопје, 19 јуни 2026 година

На 19 јуни 2026 година се одржа осмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026, на која беа разгледани, дискутирани и ставени на гласање клучни прашања од значење за работата на Советот и процесот на Партнерството за отворена власт.

На седницата активно учествуваа седум членови и четири заменик-членови на Советот, како и претставници на Собранието на Република Северна Македонија и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во својство на гости. Седницата се одржа во просториите на Министерството за јавна администрација.

Согласно усвоениот дневен ред, Советот го усвои Записникот од седмата седница, одржана на 26 февруари 2026 година.

Во рамки на седницата беа разгледани и дискутирани вкупно 22 иницијални заложби подготвени од работните групи формирани за ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2026–2028 година. Заложбите се однесуваат на четирите приоритетни тематски области утврдени во процесот на ко-креирање: Антикорупција, интегритет, одговорност и отчетност; Граѓански простор, учество и слободи; Дигитално управување; и Клима и животна средина.

Дискусијата беше насочена кон оценување на усогласеноста на иницијалните заложби со критериумите и вредностите на Партнерството за отворена власт, како основа за подготовка на новиот Национален акциски план за периодот 2026–2028 година. Во рамки на седницата беше споделена и информација за тековниот развој на заложбите во рамките на акциските планови за Отворен парламент и Отворено судство.

Советот заклучи активностите да продолжат во насока на финална разработка на иницијалните заложби, со цел подготовка на првиот нацрт на Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2026–2028 година, кој е предвидено да биде ставен на јавна консултација во текот на месец јули 2026 година.

Ваквиот пристап придонесува кон воспоставување структуриран, координиран и инклузивен процес на планирање и спроведување на консултациите, обезбедувајќи навремено и транспарентно учество на сите засегнати страни во ко-креирањето на Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2026–2028 година.

Советот и понатаму останува клучен механизам за обезбедување партнерски пристап и континуиран дијалог помеѓу институциите и граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување на реформите за отворено владеење.

***

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.

Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.

Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за јавна администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.

Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за јавна администрација.

Недела на отворена власт 2026: ТВ дебата „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“

Публикувано на

Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година, денес на Собранискиот канал се одржа телевизиска дебата на тема „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“, посветена на отвореното владеење, партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор, учеството на граѓаните и градењето доверба во институциите.

На дебатата учествуваа: Гордана Гапиќ-Димитровска, државен советник во Министерството за јавна администрација и Национален координатор за Партнерство за отворена власт, Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации и ко-претседавач со Советот за Партнерство за отворена власт, Данче Даниловска-Бајдевска, програмски директор во Фондацијата Метаморфозис и координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт и Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија.

Во рамки на дискусијата беше истакнато дека отвореното владеење претставува континуиран процес што бара активна соработка, транспарентност, отчетност и реално учество на граѓаните во процесите на креирање политики.

Учесниците се осврнаа и на значењето на Партнерството за отворена власт како механизам за унапредување на отвореноста, инклузивноста и отчетноста на институциите, како и на потребата од континуиран дијалог и партнерски пристап во подготовката и спроведувањето на јавните политики.

Дебатата уште еднаш ја потврди важноста од заедничко делување на институциите, граѓанскиот сектор и јавноста во насока на градење поотворени, поинклузивни и поодговорни институции.

Дебатата може да ја погледнете на следниот линк.

Недела на отворена власт 2026 ,,Република Македонија, дел од глобалното движење за отворено владеење“ | Интервју за Собраниски канал , г-дин Горан Минчев, министер за јавна администрација

Публикувано на
Министерот за јавна администрација, г-дин Горан Минчев, денес гостуваше во интервју на Собранискиот канал во рамки на одбележувањето на Неделата на отворена власт 2026.
Во интервјуто, министерот Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува важен процес преку кој се градат поотворени и подостапни институции што подобро одговараат на потребите на граѓаните и учеството во креирањето политики. Тој посочи дека Министерството за јавна администрација е посветено на јакнење на механизмите за јавни консултации, развој на дигитални алатки и создавање поотворени, потранспарентни и по инклузивни институции, со посебен фокус на подготовката на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година.
„Транспарентноста, отчетноста и учеството не треба да бидат исклучок, туку стандард во функционирањето на институциите“, порача министерот Минчев.
Интервјуто е дел од програмата на Собранискиот канал по повод Неделата на отворена власт 2026, која оваа година се одржува под мотото „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“.

НЕДЕЛА НА ОТВОРЕНА ВЛАСТ 2026 година „ОТВОРЕНО ВЛАДЕЕЊЕ ВО ПРАКСА: ПАРТНЕРСТВО, УЧЕСТВО И ДОВЕРБА “

Публикувано на

Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година, Собранискиот канал ќе реализира еднонеделна програма посветена на промоција на отворено, транспарентно и отчетно владеење. Програмата се организира во контекст на спроведувањето на Шестиот национален акциски план за Партнерство за отворена власт и Третиот акциски план за Отворен парламент на Собранието на Република Северна Македонија.

Во текот на неделата ќе бидат емитувани изјави, интервјуа и дебатни содржини посветени на темите поврзани со отвореното владеење, институционалната транспарентност, учеството на граѓаните и градењето доверба.

Програмата започнува во понеделник (18 мај), кога пратеници ќе дадат изјави за отвореното владеење во рамки на Парламентарниот караван, кој ќе посети повеќе универзитети во различни градови низ државата.

Во вторник (19 мај), генералната секретарка на Собранието, г-ѓа Марина Димовска, ќе се обрати по повод Неделата на отворена власт и ќе се осврне на заложбите на Собранието во насока на унапредување на отвореноста и транспарентноста.

Во среда (20 мај), министерот за јавна администрација, г-дин Горан Минчев, ќе даде интервју за Собранискиот канал во врска со заложбите на Владата за унапредување на отвореното владеење, додека во четврток (21 мај) е предвидено обраќање на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши.

Неделата ќе биде заокружена во петок (22 мај) со телевизиска дебата на тема „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба “, на која ќе учествуваат:

  • Гордана Гапиќ-Димитровска, државен советник во Министерството за јавна администрација и Национален координатор за Партнерство за отворена власт
  • Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации и ко-претседавач со Советот за Партнерство за отворена власт
  • Данче Даниловска-Бајдевска, програмски директор во Фондацијата Метаморфозис и координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт и
  • Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија

Во рамки на дебатата ќе се разговара за партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор, учеството на граѓаните во процесите на креирање политики, градењето доверба, научените лекции и идните приоритети за унапредување на отвореното и инклузивно владеење.

Програмата за поддршка на Собранието обезбедува континуирана поддршка за унапредување на отвореноста, транспарентноста, учеството на граѓаните и институционалната отчетност, вклучително и преку активности насочени кон поголема видливост и достапност на работата на Собранието за граѓаните.

Програма

Ден Активност
18 мај, понеделник (14:35 часот) Изјави на пратеници во рамки на Собранискиот караван
19 мај, вторник (14:35 часот) Обраќање на г-ѓа Марина Димовска, генерален секретар на Собранието
20 мај, среда (14:35 часот) Интервју со министерот за јавна администрација, г. Горан Минчев
21 мај, четврток (14:35 часот) Обраќање на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши
22 мај, петок (14:35 часот) ТВ дебата: „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“

Содржините ќе бидат достапни преку:

 

 

Одржана средба на работните групи за подготовка на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Публикувано на

Скопје, 08 мај 2026

Денеска во Клубот на органите на управата се одржа состанок на работните групи за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7), како продолжение на процесот на ко-креација започнат со конференцијата организирана на почетокот на април оваа година. Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација, во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Центарот за граѓански комуникации.

Работниот состанок го отвори Националната координаторка на ПОВ во државата, г-ѓа Гордана Гапиќ-Димитровска која ги истакна придобивките од процесот на ко-креација на Националниот акциски план пред претставниците на институциите, граѓанските организации и експертската јавност. Целта на денешниот настан беше заедничко дефинирање на приоритетите и идните заложби во рамки на новиот акциски план.

Учесниците работеа во пет тематски области:

  • антикорупција, интегритет, одговорност и отчетност;
  • граѓански простор, учество и слободи;
  • дигитално управување;
  • клима и животна средина;
  • отворен парламент и отворено судство.

Тематските области ги координираат претставници од граѓанското општество, што е додадена вредност на ко-креацискиот процес. Работниот состанок претставува важен чекор во инклузивниот ко-креациски процес на подготовка на новиот Национален акциски план, кој треба да придонесе кон поотворени, поотчетни и подостапни институции, во партнерство со граѓанското општество и другите засегнати страни.

Процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 продолжува во наредниот период преку дополнителни консултации и тематски дискусии со сите релевантни чинители.

Соопштение за одржана Конференција за отпочнување на процесот на ко-креирање на НАП за ПОВ 2026–2028

Публикувано на

Отпочна процесот на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028
На 2 април 2026 година, во Скопје се одржа Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7), во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со Фондацијата „Метаморфозис” и Центарот за граѓански комуникации. На настанот учествуваа претставници на институциите и граѓанските организации, обединети од заедничката цел — да изградат поотворена, потранспарентна и поодговорна јавна администрација во служба на граѓаните. Конференцијата го означи формалниот почеток на новиот циклус на ко-креација и отвори простор за широк, инклузивен дијалог за реформските приоритети во периодот што следи.
Гордана Гапиќ-Димитровска, национална координаторка за Партнерство за отворена власт, го означи почетокот на новиот циклус нагласувајќи дека процесот претставува уникатна можност за заедничко утврдување на приоритетите. „Партнерството за отворена власт е повеќе од иницијатива, тоа е платформа каде институциите и граѓанското општество заеднички ги дефинираат реформите. Работевме на отворените податоци, зголемување на процесот на консултации, пристапот до правда, транспарентноста на локално ниво и имаме примери дека процесот прави промени во нашето општество”, рече Гапиќ-Димитровска, нагласувајќи дека резултатите од претходните акциски планови јасно покажуваат дека партнерскиот пристап носи конкретни придобивки за граѓаните.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека Партнерството за отворена власт е важен инструмент за унапредување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во креирањето политики. „Отворената власт не е цел сама по себе. Таа е средство за подобро управување, за поквалитетни политики и за институции кои работат во интерес на граѓаните. Нашата заедничка цел е да изградиме систем во кој транспарентноста, отчетноста и учеството ќе бидат стандард во работењето на институциите, а не исклучок”, рече Минчев. Тој дополнително информираше дека е подготвен нов, унапреден дизајн на онлајн платформата за Партнерство за отворена власт, преку која ќе се овозможи континуиран онлајн придонес, доставување предлози и активно вклучување на сите засегнати страни во текот на целиот процес на ко-креација.
Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, ја нагласи посебната одговорност на Собранието во овој процес. „Нашата улога не е само да донесуваме закони, туку и да обезбедиме ефективен надзор, транспарентност во работењето и вистинско учество на јавноста. Наша должност е информациите кои произлегуваат од работата на Собранието да ги обезбедиме на проактивен, транспарентен и дигитално достапен начин за граѓаните”, истакна Димовска. Таа нагласи дека Собранието е активен партнер во овој процес уште од 2017 година a концептот на отворен парламент останува дел од стратешките приоритети за периодот 2026–2030 година, заедно со дигитализацијата, ефикасноста и зајакнувањето на институционалните капацитети.
Данче Даниловска-Бајдевска, координаторка на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт при Фондацијата Метаморфозис, ја нагласи суштинската вредност на партнерскиот модел. „Партнерството за отворена власт не е само процес, тоа е модел на работа кој покажува дека кога институциите и граѓанското општество работат заедно, резултатите се подобри, поконкретни и покорисни за граѓаните”, рече Даниловска-Бајдевска. Таа ги посочи конкретните достигнувања — воспоставувањето на Отворен трезор, Регистарот на вистински сопственици и дигитализирањето на финансиското известување на политичките партии — но и примерот со отворените податоци каде поставената цел од 30 општини со минимум пет збирки податоци беше надмината со вклучување на 61 општина и над 300 збирки.
Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации ги потенцираше конкретните резултати остварени преку соработката во рамки на претходните акциски планови — од платформата data.gov.mk и алатките за консултации при донесување прописи, до Законот за укажувачи, системот за интегритет на институциите, електронското доставување на изјави за имотна состојба и јавното објавување на имињата на вистинските сопственици кои склучуваат договори преку Бирото за јавни набавки.
Процесот на ко-креација продолжува инклузивно, со активно учество на институциите, граѓанските организации и сите засегнати страни. Во текот на наредните месеци ќе се одржуваат тематски консултации, работилници и јавни дебати, а првиот нацрт на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 се очекува во четвртиот квартал од 2026 година.

 

Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година

Публикувано на

Скопје, 4 март 2026 година

Врз основа на член 3 став (2) алинеја (5) и (6) од Решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година бр. 16-1662/1 од 02.05.2024 година и Решението за измена на решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година 13-3697/2 од 29.09.2025 и 13-3697/3 од 3.12.2025 година, Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година, согласно одлука на седницата одржана на 26.02.2026 година објавува

Јавен повик

за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година

 

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година, на седницата одржана на 26.02.2026 година утврди Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Партнерство за отворена власт” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.

Јавниот повик треба да овозможи консултации со јавноста и пријавување на засегнати страни за учество во процесот на консултација и креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година и вклучување во работни средби за една или повеќе приоритетни области (антикорупција, граѓански простор, клима и животна средина, дигитално управување, фискална отвореност, инклузија, пристап до правда, јавно учество, право на информации, отворено судство и отворен парламент), во периодот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.

Во процесот на консултации и ко-креирање на новиот акциски план, пријавените учесници ќе можат да дадат свој придонес во идентификување и приоретизирање на клучните проблеми во горенаведените приоритетни области и предлагање на решенија за нивно надминување.

Учесниците својот придонес можат да го дадат преку учество во работни групи за консултација, по претходно утврден начин и динамика на работа.

Временската рамка и активностите се достапни на следниот линк (2. Vremenska_ramka_za_podgotovka_NAP_2026-2028)

Учесниците потребно е да осигураат дека ставовите и потребите на локално ниво ќе бидат соодветно презентирани и застапени.

Пријавувањето за учество во процесот на консултација и ко-креирање на Националниот акциски  план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година се врши по електронски пат, преку следниот линк.

Рокот за поднесување на пријавите е 20.03.2026 година.

 

 

 

 

 

Министерство за јавна администрација

Одржана седма седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година

Публикувано на

Скопје, 26.02 2026 година

 

На 26 февруари 2026 година се одржа седмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026 на која беа разгледани, дискутирани и ставени на гласање клучни прашања од интерес за Советот и Партнерството.

На седницата активно учествуваа 12 членови и 4 заменик-членови на Светот.

Министертвото за јавана администрација обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на видео седницата преку порталот www.ovp.gov.mk.

Во пресрет на отпочнување на процесот на ко-креирање на седмиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година, Советот на оваа седница ги усвои следните документи:  Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „ПАРТНЕРТСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ” со  временска рамка, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028година со Пријава, Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста на заложбите од процесот на  ко-креирање на акциски план за Партнерство за отворена власт со начелата на Партнерството за отворена власт и Едукативен материјал за Партнерство за отворена власт.

Со ваков пристап е очекувано е да се обезбеди систематизиран начин на планирање и спроведување  на процесот на консултација, кој ќе осигура навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-реирање на новиот Национален акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.

***

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.

Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.

Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за јавна администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.

Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.

Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за јавна администрација.

 

Одржани работни средби со работните подгрупи од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Министерството за јавна администрација, во рамки на редовните активности во процесот на координација на иницијативата за Партнерство за отворена власт (ПОВ) и посветената поддршка на институциите и организациите вклучени во овој процес, во периодот 14-15.10.2025 година одржа работни средби по приоритетни области од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

 

На работните средби активно учество земаа претставниците на институциите и граѓанските организации во петте приоритетни области: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени.

 

Целта на работните средби беше разгледување на тековната состојба со имплементацијата на заложбите, унапредување на координацијата и динамиката на спроведување на достигнувањата и планирање на наредните активности. Во текот на состаноците се оствари дискусија по поединечните заложби од акцискиот план и степенот на нивната реализација, се идентификуваа предизвиците и се дефинираа конкретни чекори за засилување на активностите во наредниот период.