Get involved

Граѓанското учество во процесот на креирање на политиките е уредно со неколку документи на ниво на Владата и Собранието. Овие документи ги опфаќаат „Уставот на Република Македонија“, Законот за референдум и други облици на директно изјаснување на граѓаните, Законот за Владата, Законот за организација иработа на органите на државната управа. Постојат исто така многу подзаконски акти со кои се уредува ова прашање, како: Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија, Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики, Методологијатаза проценка на влијанието на регулативата и насоките за министерствата.
Од аспект на НВОи, при конципирање на идните реформи треба повеќе да се вклучат наоди од истражувања и истражувачки проекти во текот на самиот процес, како и во фазата на планирање. Потенцијалот на НВОи во областа на истражувањето треба да се смета за почетна основа во градењето јавни политики. Истражувањата кои ќе ги предводат НВОи ја пополнуваат празнината помеѓу теренското и академското ниво. Целта треба да биде поврзување на теориските концепти, рамки и наоди од истражувањата со секојдневната реалност и практики.

Како што е предвидено со јавно-приватниот дијалог(ЈПД), редовните, отворени, транспарентни и одржливи консултации со јавноста треба да се користат како стратешка алатка на државните органи којаштоќе им овозможи да идентификуваат и да соберат корисни информации и да изготват квалитетни и делотворни прописи. Ова е начин да се подобрат јавните услуги и да се зголеми отчетноста на јавните институции. Некои НВОи споменаа позитивни примери, како во случајот на изготвување измени и дополнување на Законот за азил и меѓународна заштита (април 2016) кога повеќето од коментарите на НВОи беа внесени34, како и Законот за спречување и заштита од дискриминацијата кој беше изменет во 201635. Сепак, во голем дел партиципативниот процес е мошне фрагментиран и нередовен и зависи од секторот и министерството кое го покрива. Процесот треба да биде предвидливи одговорен, така што по завршување на консултациите државните органи треба да дадат повратен одговор (feedback) во однос на содржината, процесот и конечната одлука што е донесена.

Па така, доколку сте загрижен граѓанин или НВО или претставник на граѓанска организација или хуманитарна организација или стопаснка комора, преку овој портал индивидуално или како организација, ви ја нудиме можноста и Вие да се вклучите во процесот на креирање и контрола на спроведувањето на договорените политики од страна на управните тела на државата.

Вклучете се денес ….