На 21 мај, за време на седмицата за отворена власт (OpenGovWeek), Собранието на Република Северна Македонија ќе го вклучи граѓанското општество преку јавнa консултацija за ко-креираниот нацрт Акционен план на Собранието 2021-2023 година. Хибридниот настан е отворен за сите граѓански организации од Северна Македонија, обезбедувајќи можност да се информира и вклучи граѓанското општество во понатамошниот развој на Акцискиот план на Собранието за 2021-2023 година како и да се потврдат заложбите на Собранието.
Во рамки на редовната седница на Владата на Република Северна Македонија, којашто се одржа на 13ти април 2021 година, посебна точка беше посветена на концептот на Отворено владино партнерство (ОВП). Со таа цел на седницата се приклучи и генералниот директор на ОВП, од канцеларијата во Њујорк, Санџај Прадхан.
Во своето воведно обраќање, премиерот Зоран Заев зборуваше за посветеноста на Владата во следење на принципите кои се темел на Отвореното владино партнерство. Тој се осврна на проширувањето на опфатот на ОВП во нашата земја, односно успехот да се вметне и локалниот елемент, Собранието како законодавна институција (познат по иницијативата Отворен парламент) и судската власт (Отворено судство). Северна Македонија е меѓу првите држави кои го проширија опфатот со заложби наменети скоро кон сите институции. Со ова само покажуваме дека отвореноста и транспарентноста се главни стожери на работата на оваа Влада и за тоа ќе се залагаме и во идните акциски планови. Премиерот Заев ја истакна и важноста од вклучување на сите засегнати страни во овој процес, особено граѓанскиот сектор кои се активни чинители како во создавањето така и во мониторингот на активностите. Преку оваа соработка со граѓанското општество, координирана од Фондацијата отворено општество Македонија, беше воспоставен Советот за координација и следење на процесот на ОВП, што претставува прв модел на партнерство и еднаквост во одлучувањето во нашата држава.
Во своето обраќање, директорот на ОВП Санџај Прадхан, се осврна на главните цели кои треба да се постигнат со новиот петти Национален акциски план за ОВП во Северна Македонија за периодот од 2021 до 2023 година. Директорот Прадхан, го поздрави пристапувањето на Северна Македонија во Коалицијата за слобода на медиумите, каде членуваат 35 земји членки. Дополнително, тој ги поздрави заложбите за следење на ОВП и во реформите во правосудството.
„Вие во Северна Македонија бевте инспиративни лидери како прва земја од Западен Балкан што го искористи својот Акционен план за ОВП за унапредување на пристапот до реформите во правосудството. Би било важно да се спроведе вашата претходна заложба за подобрување на пристапот до правда за маргинализираните групи, особено за ромската заедница. Целосно спроведено, ова може да се сфати како примерна на глобалната практика. Исто така, ги поздравувам вашите нацрт заложби на ОВП за подобрување на пристапот до правда за социјално загрозените граѓани и жртвите на семејно насилство, како и за отворање на судските податоци и институциите пред граѓаните“, рече Прадхан.
По завршувањето на официјалниот дел, беше отворена дискусија каде останатите членови на Владата имаа можност да претстават дел од активностите кои произлегуваат од концептот на ОВП.
Во своето обраќање, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири зборуваше за соработката помеѓу МИОА и граѓанскиот сектор. Министерот Шаќири истакна дека во срцето на овој процес е партнерството, кое е неопходно во процесот на ко-креирање но, и во самата имплементација, следење и известување, за што е пуштен е во употреба порталот за Отворено владино партнерство.
Во дискусијата се вклучи и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој напомена дека со промената на законската рамка, ефективниот пристап до правдата е знaчително подобрен со тоа што механизмот за бесплатна правна помош стана подостапен за различни категории на граѓани, особено за ранливите групи.
Министерката Радмила Шекеринска рече дека иако на агендата на Министерството на одбрана приоритет беше влезот во НАТО и политичка и оперативна подготовка за пристапување кон Алијансата, второто прашање на кое се посвети внимание беа транспарентноста и интегритетот.
Министерката Шахпаска, во својата презентација го истакна Проектот за подобрување на социјалните услуги, што претставува значаен чекор напред во приближување на социјалните услуги во местото на живеење на оние на кои помошта им е неопходна.
Заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, се осврна на новиот Национален регистар на вистински сопственици, подготвен во соработка со Централниот регистар.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во своето обраќање истакна дека фискалната транспарентност е највисоко ниво на фискална контрола. Тој потсети и на дел од алатките за транспарентност како што се: Отворени финансии, Фискален бројач, Јавен долг, Граѓански буџет и Календар на даночна регулатива.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ја претстави единствената точка за контакт за информации за државна помош.
Министерот за здравство, Венко Филипче се осврна на неопходноста од редовно информирање и транспарентност за време на пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19.
Директорот на ОВП Прадхан, ги поздрави заложбите на сите институции вклучени во процесот на Отворено владино партнерство и Владата на Северна Македонија ја посочи како пример којшто ќе го презентира и пред останатите држави кои се дел од ОВП.
„Ова е една од најинспиративните работилници на кои сум присуствувал. Особено затоа што имам можност да разговарам со сите министри на седница на Влада. Со Ваша дозвола би го споделил овој пример како мотивација за останатите влади“, заклучи Прадхан.
На 28 декември се одржа седмата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (ОВП) и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020 (Совет).
На седницата присуствуваа членовите: Маја Петковска Лесес – Кабинет на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност; Мартин Тодевски – Центар за управување со промени; Герман Филков – Центар за граѓански комуникации; Маја Коневска – Државна комисија за спречување на корупцијата; Миша Поповиќ – Институт за демократија „Социетас Цивилис“; Горан Мојаноски – Министерство за финансии; Надица Јосифовски – Министерство за информатичко општество и администрација; Благица Димитровска – Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Ивона Сталевска – Фондација Отворено општество – Македонија. На седмата седница на Советот присуствуваа и Гордана Гапиќ Димитровска – Национална координаторка за Отворено владино партнерство, Адриан Абази, Станислав Василевски – Министерство за информатичко општество и администрација и Даниел Кипријановски – Интелигента.
Седмата седница на Советот се одржа по електронски пат преку нововостпоставената ОВП платформа https://ovp.gov.mk/ која официјално е во употреба од 9 декември 2020 година.
Согласно дневниот ред, покрај усвоениот записник од претходната седница на Совет одржана на 02.11.2020, беше усвоена и Информацијата за резултатите на работната група за спроведување на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година со финален извештај за самооценување.
Дополнително фацилитаторите на тематските работни групи информираа за досегашната работа во процесот на ко-креирање на новиот акциски план за Оворено владино партнерство 2021-2023 за секоја приоритетна област каде досега се имаат одржано по три редовни консултативни состаноци и 20 поединечните состаноци помеѓу преставници на граѓанскиот сектор и јавниот сектор со цел подетално и посуштинско дообрајснување и формулирање на идентификуваните проблеми.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири се обрати на е-конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог за Националниот акциски план 2021-2023“. Целта на настанот беше да се промовира иницијативата ОВП меѓу граѓанските организации, подетално да ги информира за придобивките и остварениот прогрес и да создаде простор за дискусија за следните чекори во ко-креирањето на новиот акциски план.
„Во изминатите неколку години Република Северна Македонија постигна напредок во областите кои придонесуваат кон остварување на основните принципи на Отвореното владино партнерство. Преземени беа голем број активности за градење на партнерски однос со граѓаните и компаниите во обликување на националните политики и креирање на националното законодавство, стратегии и инцијативи. Ваквиот пристап секогаш придонесува за постигнување на добри резултати и поквалитетно законодавство, а висок приоритет останува подобрување на сите механизми кои ја гарантираат вклученоста и партнерскиот однос помеѓу институциите и граѓанскиот сектор како основа за градење на демократско општество“, рече министерот Шаќири.
Министерот истакна дека во изминатиот период е постигнат успех за проширување на оваа иницијатива и во рамките на Собранието. Овој успех е очекувано да биде надополнет во текот на следниот период со приклучување на судството, со новиот Акциски план за следните две години.
На е-конференцијата се разговараше за темите: Кои се придобивките од процесот на ОВП и зошто е важна вклученоста во овој процес, кои се чекорите за подготовка на АП за ОВП 2021 – 2023 и на кои приоритетни области ќе се работи?.
Свои излагања имаа учесниците: Мики Милковски- Заменик на Генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Paul Maassen- Генерален секретар Отворено владино партнерство, Гордана Гапиќ Димитровска Национална координаторка за ОВП-МИОА, Мартин Тодевски Ко-претседател на Советот за координација и следење на процесот на ОВП и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020 година, Ивона Сталевска, Фондација Отворено Општество-Македонија, Мрежа на граѓански организации за ОВП, Златко Атанасов, Парламентарен институт Собрание на РСМ-Отворен парламент, Жарко Хаџи-Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализа-Oтворено судство, Даниела Арсенова Лазарова- координатор во ЛЕР во општина Св. Николе- ОВП на Локално ниво, Герман Филков, член на Советот за координација и следење на процесот на ОВП и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020 година, како и Сандра Пернар, регионална координаторка за Европа од ОВП и Марија Николовска Арсовска од фондацијата Метаморфозис.
Инаку, нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и досега има усвоени четири национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016 и 2018 година). Координатор на владините активности за ОВП е Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Министерство за информатичко општество и администрација
На 21 септември се одржа петтата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.
Седницата ја организираше и претседаваше г-дин Мартин Тодевски, ко-претседател на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (Совет) и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 годин (НАП).
На седницата учествуваа 9 членови на Советот, како и Гордана Гапиќ Димитровска – Национална координаторка за Отворено владино партнерство при Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Адриан Абази и Станислав Василковски – МИОА.
По усвојувањето на предлог-дневниот ред, членовите на Советот ги разгледаа, дискутираа и усвоија следните предлог-документи: Нацрт-Записник од четвртата седница на Советот за координација и следење на процесот на ОВП одржана на 29.07.2020 година, Едукативен материјал за Отворено владино партнерство и Нацрт-Приоротетните области и работни групи за ко-креирање согласно доставените пријави за учество во процесот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023.
Ивона Сталевска, во име на Работната група (формирана од Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година во состав: Дарко Антиќ од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Надица Јософовски од МИОА, Ели Чакар од Министерство за локална самоуправа и Ивона Сталевска од Фондација Отворено општество – Македонија), задолжена за подготовка на Едукативниот материјал, ја презентираше динамиката на работа на Групата и содржината на подготвениот материјал.
Гордана Гапиќ Димитровска даде осврт на Нацрт-Приоротетните области и работни групи за ко-креирање согласно доставените пријави за учество во процесот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023, чија содржина беше креирана врз основа на Постапката за спроведување на консултации со јавноста за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.
Гласањето по точките на дневен ред се одвиваше електронски од страна на секој присутен член на Советот.
Двајца претставници од стручно-административната служба на МИОА и Ивона Сталевска (членка на Советот и координаторка на Мрежата на граѓански организации за ОВП) обезбедија административна и логистичка поддршка за подготовка и организација на седницата.
Министерството за информатичко општество и администрација и Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество спроведоа две дводневни онлајн обуки за отворени податоци.
На обуките, кои се одржаа во периодот од 31 август до 03 септември 2020 година, учествуваа офицерите за отворени податоци и лица кои работат во областа на отворени податоци од 22 државни институции.
Обуките за отворени податоци имаат за цел да го унапредат знаењето и вештините на лицата кои работат на отворање на податоците во државните институции.
Во рамките на дводневните обуки, учесниците имаа можност да се стекнат со познавања за концептот и придобивките на отворени податоци и за техничките аспекти, вклучувајќи формати на отворени податоци, платформи за отворени податоци, структура на податочни сетови, димензии на квалитет на податоци и техники за филтрирање и анонимизација на податочни сетови.
Учесниците се здобија со напредни познавања за процесот на идентификација, каталогизација и приоритизација на податочни сетови, како и практично знаење за процесот на објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk
Во рамките на овој проект, до сега се спроведени вкупно три обуки за отворени податоци од овој вид на кои присуствуваа 63 учесници од 28 државни институции.
Министерство за информатичко општество и администрација
Врз основа на член 3 став (2) алинеја (5) и (6) од решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година бр. 03-1550/1 од 14.04.2020, Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година, на седницата одржана на 29.07.2020 година објавува
Јавен повик
за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година
Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година, на седницата одржана на 29.07.2020 година утврди Постапка за спроведување на консултации со јавноста за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.
Јавниот повик треба да овозможи консултации со јавноста и пријавување на засегнати страни за учество во процесот на консултација и креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година и вклучување во работни средби за една или повеќе приоритетни области од тековниот Акциски план 2018-2020 (Пристап до информации, Интегритет и добро управување, Фискална транспарентност, Отворени податоци, Транспарентност на локално ниво, Пристап до правда и Климатски промени), во периодот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021 – 2023.
Во процесот на консултации и ко-креирање на новиот акциски план, пријавените учесници ќе можат да дадат свој придонес во идентификување и приоретизирање на клучните проблеми во горенаведените приоритетни области и предлагање на решенија за нивно надминување.
Учесниците, својот придонес можат да го дадат преку учество во работни групи за консултација, по претходно утврден начин и динамика на работа. Учесниците ќе учествуваат на сите пет состаноци Временската рамка и активностите се достапни на следниот ЛИНК и ќе имаат можност подобро да се едуцираат и информираат за Отворено владино партнерство во земјата и светот.
Учесниците потребно е да осигураат дека ставовите и потребите на локално ниво ќе бидат соодветно презентирани и застапени.
Со цел поттикнување на консултации со засегнати страни, во услови кога физичкото присуство на состаноци за консултации е ограничено поради КОВИД-19, ќе се користат електронски платформи за консултација со засегнати страни. На таков начин ќе се овозможи двонасочна консултација и интеракција со засегнатите страни за резултатите добиени од работата на групите за консултација преку предлагање и приоретизирање на проблеми и решенија.
Пријавувањето за учество во процесот на консултација и ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година се врши по електронски пат, преку следниот ЛИНК или со доставување на пополнет ОБРАЗЕЦ на следната електронска адреса: ovp@mioa.gov.mk
Рокот за поднесување на пријавите е 31.08.2020 година.
Министерство за информатичко општество и администрација
На 29 јули се одржа четвртата дописна седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.
На четвртата седницата учествуваа: На 4-та дописна седницата учествуваа: Маја Петковска Лесес – Кабинет на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност; Герман Филков – Центар за граѓански комуникации; Маја Коневска – Државна комисија за спречување на корупцијата; Миша Поповиќ – Институт за демократија „Социетас Цивилис“; Горан Мојаноски – Министерство за финансии; Дарко Антиќ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените; Надица Јосифовски – Министерство за информатичко општество и администрација; Мартин Тодевски – Центар за управување со промени; Ели Чакар – Министерство за локална самоуправа; Благица Димитровска – Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“; Душан Томшиќ – Министерство за труд и социјална политика; Ивона Сталевска – Фондација Отворено општество–Македонија; Теодора Обрадовиќ Грнчаровска – Министерство за животна средина и просторно планирање и Наташа Марковска – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.
МИОА обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на седницата.
Во пресрет на отпочнување на процесот на ко-креирање на петтиот акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023, Советот на оваа седница ги усвои следните документи: Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство” со временска рамка, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година со Пријава и Насоки за спроведување на прашалник за оценка на имплементацијата на мерките од Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 и потребата од нивно вклучување во новиот акциски план.
На оваа седница Советот, од редот на своите членови формираше Работна група за подготовка на материјали кои произлегуваат од Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Отворено владино партнерство”: План за промовирање на јавниот повик, Едукативен материјал и Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста со начената на ОВП, во состав: Маја Петковска Лесес, Герман Филков, Миша Поповиќ, Дарко Антиќ, Надица Јосифовски, Мартин Тодевски, Ели Чакар, Благица Димитровска и Ивона Сталевска.
Со ваков пристап е очекувано е да се обезбеди систематизиран начин на планирање и спроведување на процесот на консултација, кој ќе осигура навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-реирање на новиот акцискиот план за Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.
Министерство за информатичко општество и администрација
На 20 јули се одржа третата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020.
Седницата ја организираше и претседаваше г-ѓа Маја Петковска Лесес, ко-претседателка на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (Совет) и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 годин (НАП).
На седницата учествуваа 11 членови на Советот, како и Гордана Гапиќ Димитровска – Национална координаторка за Отворено владино партнерство при Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Адриан Абази и Станислав Василевски – МИОА; Александра Цветковска – НДИ; Бојан Василевски – Собранието на Република Северна Македонија; Златко Атанасов – Парламентарен институт – Собранието на Република Северна Македонија; Александра Јовевска Ѓорѓовска – Институт за демократија „Социетас Цивилис“; Горица Наџинска – ЦПИА; Марија Николовска Арсовска иЌендреса Сулејмани – Фондација Метаморфозис.
Двајца претставници од стручно-административната служба на МИОА и Ивона Сталевска од Фондацијата Отворено општество – Македонија (членка на Советот и координаторка на Мрежата на граѓански организации за ОВП) обезбедија административна и логистичка поддршка за подготовка и организација на седницата.
По усвојувањето на предлог-дневниот ред, Работната група формирана од Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година на седницата одржана на 9.06.2020 година во состав: Дарко Антиќ од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Ивона Сталевска од Фондација Отворено општество – Македонија, Ели Чакар од Министерство за локална самоуправа, Гордана Гапиќ Димитровска од Министерство за информатичко општество и администрација, Сунчица Костовска-Петровска од Фондација Отворено општество – Македонија, Ќендреса Сулејмани и Марија Николовска Арсовска од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис задолжена за подготовка на предлог Временска рамка и начин на спроведување на процесот на ко-креирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2020-2022 година, ги извести членовите на Советот за предлог-динамиката и постапка на спроведување на процесот на ко-креирање и изврши презентација на предлог документите: Предлог-постапка за спроведување на консултации со јавноста за креирање на нови приоритети и заложби во рамки на процесот „Отворено владино партнерство”; документи кои произлегоа од предлог-постапката (Временска рамка за подготовка на НАП, Обрасци за пополнување-дел од постапка за ко-креирање, Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на НАП за Отворено владино партнерство 2020 – 2022 година), како и Предлог-насоките за спроведување прашалник за оценка на имплементацијата на мерките од НАП за Отворено владино партнерство и потребата од нивно вклучување во новиот акциски план
Членовите на Советот ги разгледаа и дискутираа и врз основа на предлог документите заклучија по внесени измени и дополнувања во содржината истите да ќе бидат усвоени на дописна седница на Советот на 29.07.2020 година. Гласањето ќе се одвива електронски по внесување на индвидуални креденцијали на секој член на Советот.
Во продолжение на седницата на Советот, од страна на Александра Цветковска од НДИ беа презентирани тековните активности во процесот на ко-креирање на заложби за Отворен парламент, додека Горица Наџинска од ЦПИА ги презентираше за тековните активности во процесот на ко-креирање на заложби за Отворено судство.
Министерство за информатичко општество и администрација
Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, спроведе дводневна онлајн обука за отворени податоци. Обуката се одржа на 29 и 30 јуни 2020 година.
На обуката учествуваа членовите на тимовите за отворање на податоците од Министерството за локална самоуправа, Државната комисија за спречување на корупција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности и Државниот пазарен инспекторат.
Обуката за отворени податоци имаше за цел да го унапреди знаењето и вештините на лицата кои ќе работат на отворање на податоците во нивните институции.
Во рамките на дводневната обука учесниците имаа можност да се стекнат со напредни познавања за концептот и придобивките на отворени податоци и за техничките аспекти за отворени податоци, вклучувајќи формати на отворени податоци, платформи за отворени податоци, структура на податочни сетови, димензии на квалитет на податоци и техники за филтрирање и анонимизација на податочни сетови. Во текот на обуката членовите на тимовите за отворање на податоците од државните институции се здобија со напредни познавања за процесот на идентификација, каталогизација и приорeтизација на податочни сетови, како и практично знаење за процесот на објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk.
Обуката за отворени податоци е дел од активностите кои се спроведуваат за обезбедување на техничка поддршка на определени институции во процесот на отворање на нивните податоци.
Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива, со буџет од 9.4 милиони долари, и претставува водечка програма на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија за зајакнување на дијалогот помеѓу граѓаните и власта во однос на значајни прашања од јавен интерес.
Министерство за информатичко општество и адмиистрација