Institucion i emëruar
Azhurnimi i fundit në
21 August 2024
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3
Arritjet e arritura: 0/3
Arritjet në pritje: 0/3
Arritjet e parealizuara: 3/3
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3
5.1.1 Дефинирани составни делови, функции, изглед на платформа како составен дел на веб-страницата на МЖСПП
5.1.2 Редовно и навремено објавување на сите документи поврзани со дозволите за водно право на изработената платформа и зајакнување на ефективноста на информирањето на граѓаните и ГО преку промовирање на информациите за објавени документи на каналите за комуникација на МЖСПП
5.1.3 Изменување на членот 24 од Закон за животната средина
5.1 Ефикасно учество на јавноста во донесување одлуки во областа на водно право
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Заложбата цели кон олеснување и зголемување на учество на јавноста во донесувањето одлуки во областа на животната средина или кои влијаат врз животната средина.
Main goal of the proposal
1. Каков проблем адресира заложбата?
Транспарентноста, пристапот до информации и учеството на јавноста во донесувањето одлуки поврзани со животната средина е предизвик со кој се соочува државата, а кој во континуитет го констатира Европската комисија во извештаите за напредокот на државата за 2020, 2021 и 2022 година. Предизвиците во однос на учеството на јавноста се идентификувани и од македонските ГОи. Учеството на јавноста во областа на животната средина зафаќа важно место во меѓународното право, па еден од столбовите на Архуската конвенција, ратификувана од Северна Македонија во 1999 година, е токму задолжителноста на учеството на јавноста во донесување одлуки најмалку за процеси и активности кои самата Конвенција ги предвидела. Истовремено Европската унија пристапила кон Архуската конвенција, а и самата ЕУ со свои директиви предвидува задолжително учество на јавноста во одлуки и процеси поврзани со животната средина. Јавноста (граѓани, ГОи и слично), а особено засегнатата јавност (граѓаните кои во моментот и/или во иднина може да бидат засегнати или имаат интерес со донесувањето одлука за животната средина и/или кои постои голема веројатност да ги почувствуваат последиците од донесувањето одлуката, вклучително и граѓанските организации формирани за заштита и унапредување на животната средина) се соочуваат со потешкотии, а во одредени случаи и оневозможување до правото за учество во донесувањето одлуки поврзани со животната средина. Имајќи ги предвид извештаите на ЕК, ваквиот предизвик во државата постои најмалку 4 години, а неговото опстојување не и овозможува на јавноста и засегнатата јавност ефективно да се вклучи и да влијае врз донесувањето одлуки во областа на животната средина, на начин што би се спречило или намалило негативно влијание врз животната средина.
Заложбата се однесува пред се на важноста на учеството на јавноста во постапките за подготвување и спроведување на: 1) елаборати за заштита на животната средина и 2) дозволи за водно право. Во голем дел во постапките поврзани со давање дозвола за водно право, претходно треба да се одобри елаборат за заштита на животната средина, па поради тоа, а во насока на реформирање на системот за управување со водите и активно вклучување на јавноста во целиот процес, заложбата се фокусира и на елаборатите за заштита на животната средина, како претходен дел од давањето дозвола за користење на водите или испуштање во водите.
2. Кои се причините за проблемот?
Причините за учество на јавноста во процесите би можело да се групираат во три групи:
- Законски – Законот за животната средина во членот 24 не предвидува 1) објавување на елаборатите за заштита на животната средина, 2) можност и рокови за учество на јавноста преку поднесување писмени коментари и забелешки, 3) обврска за земање на мислењата од јавноста при одобрувањето на елаборатите, 4) правна заштита за јавноста и засегнатата јавност. Прашањето е разработено во анализи од македонскиГОи. Истовремено, иако Законот за водите предвидува дека содржината на објавата на барањето за дозвола за водно право во дневен весник и на интернет страницата на МЖСПП се дефинира со подзаконски акт, кој сè уште не е донесен, а објавувањето се заснова на практика на Секторот за води во Управата за животна средина во состав на МЖСПП. Последното барање за дозвола за водно право е од 2016 година, при што не е објавено барањето, туку придружното писмо кое барателот го доставил до МЖСПП.
- Технички – во државата не постои централно место каде се објавуваат сите документи и известувања на кои јавноста има право на поднесување коментари и мислења. Ваквите документи се објавуваат на различни места на интернет страницата на МЖСПП и на портали развиени од МЖСПП. Така на пример: 1) информациите за поднесени барања за дозволи за водно право се објавуваат на делот од интернет страницата на МЖСПП наменет за Секторот за води во делот „Објави“; 2) информациите поврзани со оцена на влијание врз животна средина се објавуваат во делот „Сервиси“ поддел „Студии за оцена на влијание врз животна средина“ на интернет страницата на МЖСПП; 3) информациите поврзани со интегрираните еколошки дозволи се објавуваат во делот „Сервиси“ поддел „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето-ИСКЗ“ на интернет страницата на МЖСПП и истовремено на порталот РЕГИСТАР, а одделни информации се објавуваат и на порталот РЕГИСТАР НА СУБЈЕКТИ НА НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ ИЗВЕШТАИ на Државниот инспекторат за животна средина. Со оглед на тоа што учеството на јавност е врзано со рокови, на сите овие портали нема автоматско генерирање на датуми кога е објавен документот, па може да настане предизвик во однос на сметање на роковите за поднесување на коментари, а потоа и во однос на роковите за правна заштита, каде истата е предвидена.
- Кадровски – МЖСПП се соочува со недостаток на вработени за ефикасно спроведување на сите, многубројни, надлежности кои ги има.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
- Што е досега направено за да се реши проблемот?
Она што досега е направено е дека најголемиот број од документите во Секторот за води се донесени, но истите не се соодветно систематизирани и не се достапни јавно за да може граѓаните да имаат пристап до нив и да се вклучат во процесот на консултации во секое време. Ваквите објави не се прават можеби затоа што и не се задолжителни согласно Законот за животна средина (член 24) но во рамките на зголемувањето на транспарентноста, отвореноста и отчетноста за сработеното тоа е многу потребно да се направи и на таков начин сите претходно донесени решенија и документација да бидат успешни и во делот на задоволувањето на критериумите за ПОВ.
2. Какво решение предлагате?
Унапредување на достапноста и информациите поврзани со водните регистри кои што се изготвуваат и уредуваат на веб-страницата на МЖСПП по следниот принцип:
- Можност за коментари на документи кои што се веќе поставени на веб-страницата;
- Објавување на сите документи поврзани со предметот
- На пр. Кога Секторот за води треба да објави барање за добивање дозвола самиот софтвер ќе предвиди поле во кое треба да се прикачи целиот формулар на барањето, поле во кое ќе треба да се прикачи решението за одобрениот елаборат за заштита на животната средина или студијата за оцена на влијанието врз животната средина и слично. Овие полиња ќе бидат задолжително да се пополнат со фајлови, пред да се премине во следната фаза од објавување на информацијата на порталот.
Спроведувањето на овие активности ќе 1) овозможат предуслови за учество на јавноста во сите постапки за донесување одлуки поврзани со користењето на водите, 2) ќе го олесни пристапот на јавноста до информации кои ќе водат до ефективно вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки и можност за суштинско влијание врз управувањето со водите. Оттука спроведувањето на овие активности очекувано ќе ги реши во целост законските и техничките проблеми идентификувани погоре, но ќе придонесе и за доследно спроведување пред се на македонското законодавство од областа на животната средина, но и исполнување на целта на меѓународните документи за учество на јавноста во одлуки поврзани со животната средина во делот на водното право.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Унапредувањето на постоечките регистри на МЖСПП во делот на водно право преку која ќе се предвиди како задолжително објавување конкретни документи од определените процеси, пред да се премине кон следната фаза од постапката регулирана со закон, ќе придонесе кон потполно спроведување на македонското законодавство и ќе влијае на промена на забелешките на Европската комисија во однос на учеството на јавноста во процесите поврзани со животната средина. Обврската на вработените во МЖСПП најпрво да ги објават сите документи на платформата пред да продолжат со следната фаза од законската постапка ќе придонесе кон менување на евентуалните негативни практики.
Од друга страна, јавноста и засегнатата јавност ќе има олеснет пристап до вклучување во донесувањето одлуки поврзани со управувањето со водите, а воспоставената платформа на начин опишан претходно ќе служи и како патоказ за нивно успешно учество во процесите. Имањето пристап до сите документи неопходни за ефективно вклучување во донесувањето одлуки, ќе го зголеми влијанието и партиципативноста на јавноста во заштитата на животната средина. На тој начин ќе се зајакнат знаењата, вештините и капацитетите на јавноста и засегнатата јавност во донесувањето одлуки поврзани со животната средина, преку дигитализација и користење на ИКТ алатки.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Реализацијата на заложбата ќе овозможи директно да се зголеми транспарентноста на МЖСПП со тоа што сите документи кои што се од интерес за јавноста ќе бидат достапни на едно место, организирани и средини, а секој граѓанин кој што ќе има интерес ќе може да ги прочита и да достави свои коментари или забелешки.
2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Со самото објавување на документите од интерес за граѓаните на веб-страницата на МЖСПП многу ќе се влијае и за зголемувањето на одговорноста на институцијата како за консултации со граѓаните, така и во делот на спроведувањето на законските обврски или обврските кои што произлегуваат од стратешките документи.
3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Како проактивно ќе ги вклучи граѓаните и граѓанските групи?
Низ самиот процес на достапност и можности за преглед на процесите и документите ќе се овозможи и активно вклучување на граѓаните во процесите на јавни консултации, граѓаните ќе имаат можност навремено да бидат информирани и да реагираат таму каде што е потребно, а низ стратешките процеси, пак, ќе имаат и можност директно да се вклучат и во спроведувањето на мерки и активности, но и да го следат спроведувањето.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Mjedisit dhe Planifikimit Hapësinor
Organizatat
- Македонско здружение на млади правници