Institucion i emëruar
Azhurnimi i fundit në
22 August 2024
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2
Arritjet e arritura: 0/2
Arritjet në pritje: 0/2
Arritjet e parealizuara: 2/2
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2
4.2.1. Автоматизиран систем на агрегирање на податоци од МПИН кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на УЈП (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа).
4.2.2 Автоматизиран систем на агрегирање на податоци од постоечката база кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на АВРСМ (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа) или препратени до соодветните институции како ДЗС
4.2 Дигитализација на податоци за унапредување на локалните економски политики
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Централизирањето на јавните политики на Северна Македонија ги продлабочија регионалните разлики. Децентрализација преку паметна регионална специјализација, базирана на опсерватории за локални податоци, може да ги намали овие разлики. Сепак, бариерите за пристап и празнините во дигиталните компетенции на службениците за користење на овие податоци ја ограничуваат трансформацијата.
Целта на заложбата е забрзување на процесот на децентрализација преку промовирање на систем за градење на регионални и локални развојните политики базирани на податоци. Ова ќе биде постигнато преку зголемување на квалитетот и достапноста на општински податоци како и преку воведување на модерни алатки за нивна анализа и толкување.
Оваа заложба цели кон соработка со три јавни институции во насока на подобрување и објавување на локалните економски податоци кои тие ги поседуваат Агенцијата за вработување и Управата за јавни приходи. Со тоа, оваа заложба ќе ја зголеми достапноста и корисноста на економските податоци во надлежност на јавните институции.
На пример Управата за јавни приходи поседува податоци за ДДВ и доход на поединци по дејности и општини, меѓутоа тие се објавуваат на агрегирано ниво. Со слични податоци располага и Агенцијата за вработување: состојбата на вработеност се може да се мери на општинско и секторско ниво. Доколку овие податоци се презентирани со пониска агрегација (на ниво на општина), тогаш можностите за вкрстување на податоците и градење на јавни политики засновани на докази ќе биде поедноставено и поефикасно.
Дигитализирањето и отворањето на овие податоци до пошироката јавност може да го поттикне локалниот економски раст управуван од податоци, охрабрувајќи ја секоја институција на централно и локално ниво да гради информирани, ефективни и одржливи стратегии за развој.
Main goal of the proposal
- Каков проблем адресира заложбата?
Колку изнесува платата на програмерите во Битола? Кои се половите разлики во платите? Која е доходовната нееднаквост во текстилната индустрија?
Колку вработувања имало во ИКТ индустријата во Битола? Кои се половите разлики во вработувањата во текстилната индустрија? Кој е степенот на образование на вработувањата во банкарскиот сектор? Одговорите на овие прашања се неопходни за да се обезбеди креирање на јавни политики врз база на докази и информации. Истовремено, овие прашања често се поставувани и анализирани во академските кругови за научни истражувања и од граѓанските организации за активистички, експертски или застапувачки потреби. Меѓутоа, секој поединец кој сака да добие пристап до:
- „локални доходовни податоци”, неопходно е да поднесе барање до Управата за јавни приходи (УЈП)
- „локални податоци за вработеноста”, неопходно е да поднесе барање до АВРСМ.
УЈП, за да ги достави овие податоци до поединецот врши услуга на агрегирање на микро податоци прибрани од МПИН образецот. АВРСМ, за да ги достави овие податоци до поединецот, врши мануелен процес на агрегирање и анонимизирање на микро податоци прибрани од базата на Агенцијата.
За да се надмине овој проблем, оваа заложба има за цел да го дигитализира процесот на објавување на јавни податоци произведени од УЈП, АВРСМ преку изработка на методологија и алатка за систематизирање, агрегирање и објавување. Алатката ќе биде ставена на располагање на УЈП за непречено користење. Дигитализирањето на доходовни податоци до ниво на општина е и дел и од заложбите на ЕУ за подобро информирање при градење на јавни политики и нови закони. Овој став беше нагласен и во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија каде во делот „Креирање на политики и координација“ се нотира „Многу институции сѐ уште не ги имаат дигитализирано своите регистри. Споделувањето на административни податоци треба да се прошири и податоците треба да бидат поедноставени со цел подобро да ги информираат креирањето на политики и нова легислатива.“[1]. Истовремено, сѐ поголем број на држави во ЕУ[2],[3], но и надвор од ЕУ[4],[5] користат дигитални алатки за објавување на доходовни податоци на ниво на општина, односно локална самоуправа.
[1]https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2023-11/SWD_2023_693%20North%20Macedonia%20report.pdf
[2]https://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php?title=Regional_household_income_statistics
[3] https://juhtimislauad.stat.ee/en
[5] https://www.economia.gob.mx/datamexico/
- Кои се причините за проблемот?
Пристап до “локални доходовни податоци”, речиси секогаш претставува долг бирократски процес кој бара огромен ангажман од двете засегнати страни. Имено, од една страна, секој пат кога има потреба од податоци, поединецот треба да поднесе барање (макар и за обновување на пристапот до истите податоци). Од друга страна, вработените во институциите секој пат треба да постапат по тоа барање и да ги агрегираат податоците. Ваквиот пристап ја усложнува работата на јавните службеници и го забавува процесот на креирање на јавни политики, а особено тоа е случај со економските политики.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
1. Што е досега направено за да се реши проблемот?
Досегашната пракса покажува дека најголем број на институции кои произведуваат или прибираат економски податоци, во моментот ги собираат истите во нестандардна форма и како сирови податоци ги споделуваат со ДЗС. Потоа, ДЗС ги стандардизира податоците и истите ги објавува на агрегирано ниво во базата МАКСтат на ДЗС. Вака поставениот систем го бирократизира процесот на собирање и обработка на податоци и целиот товар за податоците го става кај ДЗС. Напротив, европските практики покажуваат дека институциите се тие кои имаат сопствеништво врз податоците и го стандардизираат нивното собирање, обработка и објавување/споделување на тие податоци. Затоа, во Северна Македонија често се случува доцнење при објавувањето на дел од клучните економски податоци.
2. Какво решение предлагате?
УЈП
Преку оваа заложба, ќе се направи автоматизиран систем на агрегирање на податоци од МПИН кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на УЈП (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа). Податоците кои УЈП ќе ги објавува јавно се износите на просечната плата, вкупно исплатените плати, и платите по квинтили (најниски 20 %, па сè до највисоки 80 %) поделени по општина, пол, дејност и возрасна група. Пример за вакви податоци се:
- Просечна плата на жени на возраст од 20 до 30 години, во дејност адвокатски услуги во општина Центар.
- Вкупно исплатени плати на лица на возраст 40-50 години во општина Тетово.
- Просечен доход на најниско платените 20 % вработени во општина Охрид.
Преку спроведување на оваа заложба ќе се поттикне регионалниот раст управуван од податоци, охрабрувајќи го градењето на информирани, ефективни и одржливи стратегии за развој.
АВРСМ
Преку оваа заложба, ќе се направи автоматизиран систем на агрегирање на податоци од постоечката база кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на АВРСМ (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа) или препратени до соодветните институции како ДЗС. Податоците кои АВРСМ би ќе ги објавува јавно се бројки на вкупни вработувања во одредена дејност, во одредена општина, во одредена временска точка. Дополнително, овие податоци ќе бидат поделени по општина, пол, дејност и возрасна група. Пример за вакви податоци се:
- Број на вработувања на жени на возраст од 20 до 30 години, во дејност адвокатски услуги во општина Центар.
- Вкупно број на вработувања и на невработени лица на возраст 40-50 години во општина Тетово.
- Распоред на степен на образование на вработувања во секторот земјоделие во општина Охрид.
Притоа, важно е да се напомене, дека при објавувањето на податоците ќе биде целосно запазено правото на обезбедување на приватност на податоците и заштита на личните податоци. Односно, во ниту еден чекор од постапката за објавување нема да се објават лични податоци на физички или правни лица.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Преку оваа заложба, ќе се направат автоматизирани систем на агрегирање на податоци од постоечките бази на АВРСМи Управата за јавни приходи кои потоа сами ќе бидат објавувани на веб-страницата на трите институции (истите ќе бидат ревидирани на редовна основа).
Преку спроведување на оваа заложба ќе се поттикне регионалниот раст управуван од податоци, охрабрувајќи го градењето на информирани, ефективни и одржливи стратегии за развој.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Автоматизирањето и усовршувањето на системите за бази на податоци и дигиталната инфраструктура во јавните институции, значително ја промовира транспарентноста на централната и локалната власт.
Дигиталните решенија на процесите поврзани со економски податоци ја намалуваат веројатноста од човечка грешка, обезбедувајќи точност и конзистентност на податоците. Точноста и конзистентноста ја поткрепуваат веродостојноста на информациите од јавен карактер која е значајна за довербата и кредибилитетот на јавните институции. (кои учествуваат во прибирање и обработка на економски податоци.)
Понатаму, веродостојните податоци се клучни за ефективно управување и развој на политики, бидејќи обезбедуваат неопходна основа за анализа, планирање и спроведување на јавните услуги и бизнис потребите. Активностите во оваа заложба водат кон точно, навремено и транспарентното објавување на економски податоци соодветни за потребите на бизнис операторите, локалните самоуправи, академската заедница и граѓаните. Достапноста на податоците во агрегации кои одговараат на потребите на граѓаните ја зголемуваат корисноста на економските податоци, а со тоа и нивната употреба и видливост.
Со оваа заложба се промовира и транспарентноста на локалната власт. Овозможувањето на податоци за економски индикатори на општинско ниво ја зголемува видливоста на локалните економски потреби и резултати.
Истовремено, активностите во оваа заложба допринесуваат кон намалување на корупцијата, како закана за транспарентноста на јавните институции. Автоматизацијата на процесите поврзани со собирање, складирање, обработка и објавување на економските податоци ги минимизира можностите за корупција преку намалување на човечкото влијание во процесите. Дополнително, ефективното искористување на изворните економски податоци од страна на јавните институции е значајна алатка во изолирање на проблематичните економски активности и разоткривањето на корупција.
2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Оваа заложба поттикнува одговорност на јавните институции и локалната самоуправа пред граѓаните преку зголемување на достапноста на податоци кои ги следат и оценуваат економските активности и нивните промени. Зголемувањето на достапноста до корисни економски податоци е значаен механизам за мониторинг и евалуација на различните национални и локални иницијативи. Различните агрегации на изворните податоци на овие три институции (на пример, невработеноста, растот на извозот на стоки и најчестата професија во општина Битола) ќе овозможи мерење на исходите на различни локални политики и национални политики за регионален развој. Овозможувањето на податоци во соодветно агрегирана форма е клучен механизам за евалуација на јавните политики и нивните исходи. Дополнително, навремено и континуирано објавување на овие податоци ќе овозможи мониторинг на клучни процеси низ времето.
Националните статистики поврзани со економски активности често содржат значајни регионални разлики. Отсуството на податоци за клучните економски активности на општинско ниво преставува бариера кон мерење и следење на регионалните економски разлики како и на ефектот од различните национални и локални политики врз истите. Тоа го отежнува процесот на утврдување на одговорност за причините кои допринесуваат кон националните статистики. Со оваа заложба, се намалуваат бариерите до пристап до релевантни економски податоци кои се користат за евалуирање на ефектот на јавните политики и утврдување на одговорност за истите.
3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Автоматизирањето и усовршувањето на системите за бази на податоци и дигиталната инфраструктура во јавните институции, значително ќе го олесни пристапот до информациите на јавноста.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Агенција за вработување на Република Северна Македонија
- Управа за јавни приходи
Organizatat
- Shoqata për emancipim, solidaritet dhe barazi të grave
- Shoqata për hulumtime dhe analiza - ZMAI Shkup
- Nisma për zhvillim dhe përfshirje të komuniteteve - IRIZ, Shkup