Institucion i emëruar
Azhurnimi i fundit në
22 August 2024
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2
Arritjet e arritura: 0/2
Arritjet në pritje: 0/2
Arritjet e parealizuara: 2/2
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2
Квартално известување на координација за истекување на мандати или за рокови за назначување на нови мандати во тела кои ги основа Собранието.
Создавање на работна група за опис на сите тела и органи кои ги основа Собранието како и други назначувања.
1. Регистар на регулаторни тела основани од Собранието
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Освен законодавната, надзорната и претставничката функција, Собранието има и голема улога во формирање на разни регулаторни тела, агенции и органи, кои директно се одговорни за својата работа пред законодавецот. Почнувајќи од основањето, до именувањето на раководни лица во нив, членови на надзорни и/или управни одбори и слично, одобрување на нивните годишни програми за работа, годишните финансиски планови па се до следење на нивната работа и усвојување на годишните извештаи за работа, Собранието има своја улога во работењето на овие органи. Актите и документите што овие органи ги доставуваат до Собранието во моментот се достапни како точки, односно примени материјали во соодветни работни тела и се достапни на системот е-парламент и веб-страницата www.sobranie.mk. Со заложбата сакаме да се направи исцрпна листа на овие тела, кои сега се водат од службеници како локално зачувани листи во Комисијата за прашања на избори и именувања. Заради тоа, Собранието ја препознава важноста да направи целосно достапен инвентар на овие органи, областите на дејствување, мандатите на раковoдните лица и сите придружни документи кои влегуваат и по соодветна постапка излегуваат од Собранието во форма која е јавна, достапна, пребарлива, дигитализирана за користење и информирање на граѓаните, граѓанските организации, академските институции итн.
Main goal of the proposal
- Каков проблем адресира заложбата?
Процесот на приближување кон законодавството на Европската унија донесе многу сфери каде што експлицитно се бара органи и тела кои во својата работа би дејствувале независно од извршната власт. Ова е важно за тие сектори и дејности да се ослободат од влијание во нивното работење, и води кон формирање на една цела регулаторна сфера во многу области кои директно се под авторитетот на законодавната власт, каде и мнозинството и опозицијата имаат улога да ги следат и контролираат во нивното работење. Спроведувањето на заложбата како што е опишана ќе даде проактивно информации за јавноста во дигитална форма, кои се тие органи и тела, кои се именуваните раководни лица, со какви мандати со целокупен сет на податоци за нив. Со тоа се очекува да се намали перцепцијата на јавноста за начинот на нивното работење, на разбирањето дека независно работење се однесува на функционирањето и давање на услуги и дека сите се дел од единствениот административен простор во државата кои одговараат пред суверената законодавна власт и граѓаните. Дополнително ќе даде навремени информации за оние раководни места за кои е задолжително објавување на оглас од Собранието за граѓаните да знаат и евентуално заинтересираните да аплицираат. И на крајот, уредување на ваква листа, ќе ги намали барањата за пристап до јавни информации согласно закон, од оваа сфера до Собранието, со оглед на тоа што проактивно ќе бидат достапни тие информации.
Во подолг временски период, во јавноста има недостиг на информации за работењето на разни органи, комисии, агенции, регулатори и слично. Недостигот на информации често е поврзан со јавен настан каде медиумите ги повикуваат овие органи и се развива јавен дискурс за нивното работење дека се независни и имплицитно со тоа дека не одговараат никому.
Значи засегнати страни се граѓаните во најширока смисла но и посебно професионални организации кога бараат информации. Индиректно цело тоа е поврзано и со надзорната улога на Собранието над овие тела и органи каде се јавува како основач.
- Кои се причините за проблемот?
Причините за проблемот се поврзуваат во комуникација на ново усвоено законодавство во последните две децении, кое што резултираше со многу тела и органи со различни надлежности. Јавноста сака да знае за овие тела, назначувањето на нивните раководни лица итн.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
- Што е досега направено за да се реши проблемот?
Информациите за точките на дневниот ред за седниците на Собранието се достапни на веб-страницата www.sobranie.mk. Доколку се бара нешто од аспект на регулаторните тела, се бара по седниците и точките на дневен ред, или во полињата за пребарувања, но не може да се идентификува единствена листа на сите нив, и информации за сите нив на едно место. Дополнително, Собранието има портал за отворени податоци каде како податочни сетови има многу информации но, овие конкретно од заложбата не се дел од истиот.
- Какво решение предлагате?
Достапноста на овие информации дефинирани во заложбата може да биде предмет на посебен регистар на такви податоци каде детално би се опишале и би биле достапни на www.sobranie.mk. Алтернативно, може да биде дел од податочен сет во порталот за отворени податоци https://data.sobranie.mk/en/. Зборуваме за дигитални форми на податоци заради тоа што сега и да има исцрпна листа не е јавна и не е на едно место. Проблемот ќе се реши целосно, затоа што ќе биде дадена исцрпна листа на се што постои. Податоците ќе може да се пристапуваат од веб-страница директно, не мора да се бара пристап до јавни информации.
- Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Постоењето на детален регистар како прво ќе овозможи полесно следење на мандатите на именуваните лица, и Собранието ќе можи во рок да објавува повици за именување на местата кои истекуваат. Тоа ќе ја подобри предвидливоста и ефикасноста.
Дополнително, граѓаните ќе добијат преглед во реално време што се постои, дали од аспект на задолженијата на Собранието е преземено дејство, потоа што се како информација и извештај се нуди од регулаторните тела.
Пратениците во реално време би имале информација докoлку во јавноста и медиумите се појави некаква состојба дали конкретно надлежен е орган кој е директно одговорен пред Собранието а не пред извршната власт итн.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Спроведувањето на заложбата ќе значи обработка на информации за кои граѓаните ќе ги знаат во реално време, кои ќе бидат достапни електронски, пребарливи и ќе се објавуваат на проактивна основа без потреба од барање за пристап до информации или обраќања до Собранието.
2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Со објавувањето на податоците, индиректно се подобрува предвидливоста, особено од аспект на истекување на мандатите, постапка и рокови за нови назначувања итн.
Со регистарот директно се обезбедуваат информации за пратениците за вршење на нивните уставни права и должности.
3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Спроведувањето на заложбата ќе вклучи професионални организации кои имаат претходни анализи на темата. Дополнително во процесот на ко креација и консултација индиректно се информира за другите можности од веб-страници или други софтвери за други информации. Со јавноста на регистарот очекуваме и повеќе интерес кај граѓаните во форма на законодавна идеја или прашање до овластен предлагач (пратениците).
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Јавен сектор
Organizatat
- Невладин сектор