Institucion i emëruar

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4

Arritjet e arritura: 0/4

Arritjet në pritje: 0/4

Arritjet e parealizuara: 4/4

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4

Незапочнато

Дефинирање на каталогот на податоци согласно претходната пракса, историјат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и одржаните консултации

Дефинирање на каталогот на податоци согласно претходната пракса, историјат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и одржаните консултации

Treguesit e qëllimit të propozimit:
Незапочнато

Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет

Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет

Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на РСМ
Незапочнато

Подготовка на водич и воспоставување на алатка за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ

Подготовка на водич и воспоставување на алатка за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ

Treguesit e qëllimit të propozimit: Зголемен број на поднесени претставки од граѓаните на РСМ преку веб страната на Судскиот совет на РСМ и намален број на отфрлени претставки поднесени од страна на граѓаните
Незапочнато

Имплементација на идентификувани потребни софтверски подобрувања на веб-страницата на Судски совет на РСМ

Имплементација на идентификувани потребни софтверски подобрувања на веб-страницата на Судски совет на РСМ

Treguesit e qëllimit të propozimit: Нов простор на веб страната со повеќе информации за медиумите и за начините на поднесување претставки до ССРСМ

Подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за функционирање на Судскиот совет

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Судскиот совет на РСМ има двојна улога кога станува збор за транспарентноста на правосудниот систем. Од една страна тој има активна улога, односно треба да ја мониторира транспарентноста и отвореноста на судството. Од друга страна тој се јавува како пасивен субјект кој треба да исполни законски обврски со цел да постигне транспарентност.

Законот за Судскиот совет на РСМ предвидува обврски за Советот на својата веб-страница задолжително да објави податоци околу: изборот на неговите членови (член 14 и член 25), обработените квартални и годишни извештаи за работата на судството (член 36, ст. 1, точка 14), записници од своите седници (член 39), одлуките донесени во повторената постапка (член 72, ст. 5), своите годишни извештаи.

Според некои понови анализи, достапноста на Судскиот совет на РСМ се оценува слабо, односно се констатира дека Судскиот совет нема добри канали за комуникација со граѓаните и со медиумите. Не постои водич за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб порталот и не постои водич за медиумите. Обврските на Судскиот совет кои произлегуваат од претставките од граѓаните се регулирани со Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Сепак на веб страната на Судскиот совет не можат да се најдат никакви информации за поднесување или одговор по претставки од граѓаните на РСМ.

Принципот на транспарентност е исто така на ниско ниво бидејќи освен добри оценки во поглед на достапните информации за организациската структура, се оценува дека не постојат политики за јавни набавки и не се објавуваат информациите поврзани со спроведените јавни набавки.

Судскиот совет е имател на информации согласно Законот за слободен пристап. Тоа значи дека тој е должен да ги исполнува обврските кои произлегуваат од тој Закон.

Main goal of the proposal
  • Зголемена достапност и квалитет на информациите со кои располага Судскиот совет, и олеснување на пристапот на граѓаните за поднесување претставки до Советот.
  • Стандардизирање на квалитетот и обемот на податоците кои задолжително треба да ги објават судовите.
  • Воспоставување на стандарди и начин на објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет.
  • Полесен пристап за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
  • Подобрување на функционалноста на веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Заложбата директно влијае на пристапот до информации, отчетноста на институциите но и на учеството на јавноста во работата на судовите преку овозможување на стандарди и процедури за објавување на податоци и воспоставување алатки за поднесување на поплаки и претставки од страна на граѓаните на РСМ.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на Судскиот совет на РСМ преко подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за неговото работење.



Leave a Reply