Azhurnimi i fundit në

23 August 2024

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4

Arritjet e arritura: 0/4

Arritjet në pritje: 0/4

Arritjet e parealizuara: 4/4

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4

Незапочнато

1.1.1 Дефинирање на каталогот на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите согласно претходната пракса на објавување на информации на судскиот портал, барањата за пристап до информации од јавен карактер и веќе достапни анализи за транспарентност и отвореност на судство

Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМ
Незапочнато

1.1.2 Подготовка на индивидуални проценки за усогласеност со дефинираниот каталог на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите за секој суд

Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМ
Незапочнато

1.1.3 Спроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно

Treguesit e qëllimit të propozimit: Веб-портал со стандардизирани информации и податоци за јавноста
Незапочнато

1.1.4 Подобрување и прилагодување на содржината на судскиот портал за користење на лица со оштетен вид, со овозможување на аудио верзија на начелни правни мислења, правни мислења и сентенци на Врховен суд на РСМ.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Воспоставена text-to-speech(текст-во-глас) алатка на веб-страницата на Врховен суд на РСМ

1.1. Подобрување на електронскиот судски портал на РСМ (www.sud.mk)

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Воведувањето на електронскиот Судски портал на РСМ (www.sud.mk) во 2017 година се очекуваше да придонесе за поголема транспарентност на судовите, но сѐ уште постојат големи разлики помеѓу квалитетот и обемот на податоците достапни за судовите.  Информациите кои што се објавуваат на веб-страници за секој суд не се унифицирани, не се објавуваат и ажурираат редовно и не сите податоци се објавуваат во отворен формат. На пример извештаите на судовите и биографиите на судиите не се унифицирани, ниту сите може да се најдат на веб-страниците, а во некои случаи се и нејасни. Неконзистентноста при селективната објава на податоците доведува до сомнеж за прикривање на самите податоци што се објавуваат, што директно влијае на довербата на граѓаните во судството како трета гранка на власт во државата. Дополнително,  судовите не се проактивни во споделување на информации поврзани со имотната состојба на судиите, па кај биографиите на судиите не се достапни линкови до страната на ДКСК каде што се објавени имотните состојби за секој судија. Не сите судови имаат објавени податоци за информациите од јавен карактер што треба да се достапни (лице за информации од јавен карактер, меил/телефон), а нема ниту редовна пракса на објавување на податоци којшто некој веќе ги побарал со пристап до информации од јавен карактер. Отвореноста е неопходна за подигнување на довербата на јавноста во судиите, судовите и целиот правосуден систем како и за сфаќањето на јавноста за тоа кој и на кој начинот се  спроведува правдата од страна на судовите. Притоа, отвореноста е една од главните компоненти на легитимноста на судскиот процес и причина поради која јавноста има доверба во работата и одлуките на судовите. Судскиот портал не e прилагоден за користење од страна на корисниците со оштетување на видот.

Main goal of the proposal
  • Овозможување стандардизирани и унифицирани информации и податоци за судовите и судската пракса и зголемување на бројот на податоците во отворен формат поврзани со судството.
  • Проширување на обемот на податоците достапни во отворен формат на порталот.
  • Зголемување на обемот и подобрување на квалитетот на податоците и информациите кои се објавуваат.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Како заложбата ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?

  • Овозможување стандардизирани и унифицирани информации и податоци за судовите и судската пракса и зголемување на бројот на податоците во отворен формат поврзани со судството.
  • Проширување на обемот на податоците достапни во отворен формат на порталот.
  • Зголемување на обемот и подобрување на квалитетот на податоците и информациите кои се објавуваат.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата овозможува пристап до повеќе информации, го подобрува квалитетот на податоците и ја подобрува пристапноста до информации за јавноста што означува дека заложбата е важна за транспарентноста.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за подобрување на јавната одговорност на сите чинители во судство преку подобрување и зголемување на обемот и квалитетот на податоците на судскиот портал.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Судски совет на РСМ
  • Сите судови во РСМ
  • Центар за правни истражувања и анализи

Organizatat

  • Shoqata për promovimin dhe zhvillimin e shoqërisë gjithëpërfshirëse INKLUZIVA
  • Здружение на судии
  • Здружение на судска администрација


Leave a Reply