Kontakt personi

Ели Чакар, државен советник elicakar@gmail.com

Azhurnimi i fundit në

13 July 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3

Arritjet e arritura: 0/3

Arritjet në pritje: 0/3

Arritjet e parealizuara: 2/3

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 1/3

Значително

Воспоставување и ставање во функција на електронски табли во 20 општини на кои автоматски ќе бидат објавувани кварталните извештаи за реализација на Буџетот на општината, обработени на разбирлив начин и пристапни за граѓаните

Воспоставување и ставање во функција на електронски табли во 20 општини на кои автоматски ќе бидат објавувани кварталните извештаи за реализација на Буџетот на општината, обработени на разбирлив начин и пристапни за граѓаните

 

Вкупно 16 единици на локалната самоуправа (Илинден, Дебар, Василево, Дојран, Виница, Ресен, Кисела Вода, Аеродром, Градско, Град Скопје, Крива Паланка, Македонски Брод, Босилово, Старо Нагоричане, Радовиш и Пробиштип) започнаа да ги објавуваат финансиските извештаи за реализација на буџетот на контролната табла со финансиски индикатори (www.indikatori.opstinskisoveti.mk), и во наредниот период се очекува истите општини да ги постават електронските табли (веб банери) на своите официјални веб страни.

Вклучително со 24-те ЕЛС (Велес, Охрид, Свети Николе, Чаир, Валандово, Струмица, Желино, Куманово, Центар, Брвеница, Струга, Могила, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Тетово, Ѓорче Петров, Чашка, Битола, Богданци, Вевчани, Берово, Зрновци и Крушево) кои претходно ги воспоставија електронските табли со финансиски податоци, досега вкупно 40 ЕЛС ги објавуваат финансиските извештаи на веб платформата (контролната табла).

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на општини во кои се ставени во функција електронски табли - Степен на задоволство на граѓаните од запознаеноста со трошењето на општинскиот буџет (средна оцена 2.4 во 2020 година)
Referencat
Незапочнато

Креирање и воспоставување на иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните во 20 општини

Креирање и воспоставување на иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните во 20 општини

 

Во моментот, во тек е јавен повик за избор на првите 10 општини кои ќе бидат дел од проектот преку кој ќе се  воспостават  иновативни алатки за полесен пристап до информации и поттикнување на вклученоста на граѓаните. Општините ќе бидат селектирани во текот на месец август, а реализацијата на активностите поврзани со воведувањето на иновативни алатки во овие општини ќе започне во месец септември.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на воспоставени иновативни алатки (минимум 20 алатки во 20 општини)
Незапочнато

Воспоставување на механизам за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките и дефинирањето на локалните приоритети, преку соодветна претставеност со акцент на ранливите и маргинализирани групи, во 20 општини

Воспоставување на механизам за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките и дефинирањето на локалните приоритети, преку соодветна претставеност со акцент на ранливите и маргинализирани групи, во 20 општини

 

Во моментот, во тек е јавен повик за избор на првите 10 општини кои ќе бидат дел од проектот преку кој ќе се  воспостават  механизми за учество на граѓаните во донесувањето  одлуки и дефинирањето на локалните приоритети. Општините ќе бидат селектирани во текот на месец август, а реализацијата на активностите поврзани со воведувањето на механизми за учество на граѓаните во донесувањето  одлуки во овие општини ќе започне кон крајот на 2022/почетокот на 2023.

Treguesit e qëllimit të propozimit: - Број на општини со воспоставен механизам за учество на граѓаните - Број на спроведени консултации со соодветна претставеност на граѓаните (минимум 80) - Број на прифатени и спроведени проекти од страна на локалните власти предложени од граѓаните преку механизмите за учество (минимум 20)

Фискална транспарентност и отчетност на локално ниво и подобрување на вклученоста на граѓаните преку иновативни механизми и алатки

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Доброто владеење на локално ниво подразбира подобрување на процесите во функција на поефективно и поекономично испорачување на јавните услуги, со обезбедување на целосна транспарентност и отчетност, како и вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките. Притоа секогаш треба да се внимава процесите да гарантираат инклузивност. Имајќи ги предвид новите трендови и документи на Советот на Европа, на Европската Унија и на ООН, овие заложби можат да се постигнат со користење на иновации и нови технологии кои што го олеснуваат пристапот до информациите и ги сензибилизираат граѓаните.

Потребата од подигнување на нивото на транспарентност и отчетност на локално ниво е адресирана во речиси сите извештаи и стратешки документи на националните институции, додека пак напредокот во овие аспекти, меѓу другото, се  следи и преку анализи и анкети кои се спроведуваат на годишно ниво. Во истражувањата на јавното мислење за задоволството од услугите на локално ниво спроведени во изминатите четири години, се забележува извесно подобрување на оценката која ја даваат граѓаните за достапноста до информациите за општините (од 3.0 во 2017 на 3.1 во 2020), учеството на граѓаните при донесувањето одлуки од локално значење (од 2.3 во 2017 на 2.6 во 2020), како и за запознавањето на граѓаните со начинот на кој се трошат буџетските средства во нивната општина (од 2.2 во 2017 на 2.4 во 2020). Сепак, и покрај релативниот напредок во овој правец, постои голема потреба од вложување дополнителни напори за подобрување на вкупната транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа, како и за поголемо вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки на локално ниво.

Кога се зборува за подобро управување со јавните финансии секогаш акцентот е ставен на подобрување на транспарентноста и отчетноста. Потребата од поголема финансиска транспарентност и отчетност беше адресирана и при донесувањето на Законот  за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа и единки корисници основани од единиците на локална самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски во октомври 2018 година, со цел преку поголема финансиска дисциплина и отчетност да се подобри управувањето со јавните финансии.

Во декември 2020 година Владата донесе Заклучок со кој што ги задолжи министерствата, а на општините им препорача да ја подобрат активната транспарентност, со акцент на финансиската транспарентност, особено во реализацијата на средствата од централниот буџет.

Main goal of the proposal

Преку воведување на иновативни механизми и алатки да се подобри финансиската транспарентност и отчетност во единиците на локалната самоуправа и вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуките на локално ниво.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Воспоставување на електронски табли во општините како многу достапен начин за информирање на членовите на советите и воопшто на граѓаните за клучните финансиски податоци од работењето на општината и јавните служби, преку автоматско преземање на кварталните извештаи за реализацијата на буџетот подготвени од странана општинската администрација и нивна преработка во многу поразбирлив и повидлив формат. Податоците се објавуваат на начин кој што ќе биде разбирлив за членовите на советите кои што не се финансиски експерти, како и за граѓаните. Целта е со поголема информираност и разбирање на процесот на подготовка и реализација на буџетот, членовите на советите да можат поодговорно да ја вршат контролната функција, како и да донесуваат одлуки врз основа на информации и во тесна соработка и во консултација со граѓаните.

Во општините ќе се поддржи креирањето и ставањето во функција на иновативни алатки за полесен пристап до информациите и поттикнување на вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуките при креирањето на локалните политики и услуги.

Третиот аспект е воспоставување на единствен механизам за вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки и дефинирање на локалните приоритети кој што ќе обезбеди соодветна застапеност на сите граѓани, со акцент на социјално ранливите и маргинализирани групи.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Заложбата продолжува од НАП 4 со цел механизмите и алатките за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност и вклученоста на граѓаните да се воспостават во сите општини и да извршат поголемо влијание на подобрување на управувањето на локално ниво.

Во рамките на НАП4 вакви механизми и алатки се воспоставени во 24 општини.

Заложбата придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите на Програмата на Владата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 како и на одржливите цели на ООН, особено на Целта 16: „Промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа“, а конкретно на целите 16.6: „Да се развијат ефикасни, одговорни и транспарентни институции на сите нивоа“ и  16.7:  „Да  се  осигура одговорно, инклузивно, партиципативно и репрезентативно  донесување на одлуки, на сите нивоа“.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Vetëqeverisjes Lokale

Organizatat



Leave a Reply