Nap Proposal Type: Angazhim
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Славица Жерајиќ, Државен службеник SlavicaZerajik@mjustice.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
29 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 9
Arritjet e arritura: 1/9
Arritjet në pritje: 2/9
Arritjet e parealizuara: 1/9
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 5/9
4.3.1 Организирање на работни средби за дополнување на судскиот деловник од страна на МП
- Известување на РГ за Судскиот деловник
- Одржани повеќе работни средби во март 2022 на ангажирани експерти од МТСП за подготовка на подзаконските акти во надлежност на МП за семејно насилство (Судски совет, Работно тело во Врховен суд, МП)
- Во текот на месеците април, мај и јуни 2022 година по извршените консултации со сите засегнати страни (судови, јавни обвинителства, надлежни институции, граѓански организации, работни групи формирани во МТСП за спроведување на законот) беа подготвени подзаконските акти за собирање на податоци за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства заедно со прилог – Список на податоци за случаите на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство. Овие предлог – правилници се доставени до: Советот за ИКТ во правосудниот сектор, РГ за Судскиот деловник и Работното тело за стандардизација, од каде се очекува да бидат разгледани и одобрени во текот на месеците јули, август и септември 2022 година.
- Во месеците јули, август и септември 2022 година предлог – подзаконските акти беа одобрени од Советот за ИКТ и усогласени со мислењето на Секретаријатот за законодавство. Воедно, предлог-правилниците беа доставени на мислење до Врховниот суд на Република Северна Македонија.
- Во месец ноември 2022 Врховниот суд даде позитивно мислење за двата правилници и го поздрави воведувањето на посебна евиденција за семејно насилство.
- Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.
-
%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%98%d0%bd%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%b8
%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%98%d0%bd%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%b8-2
4.3.2 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за судски предмети на семејно насилство
1. Со донесувањето на правилниците со кои се уредува начинот и собирањето на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства ќе започне редовното објавување на податоците за семејно насилство.
2. Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.
3. Согласно правилниците, податоците се објавуваат на веб страницата на судот/јавното обвинителство на квартално ниво, почнувајќи од првиот квартал 2023 година.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на кривични и граѓански предмети; Број и вид на пресуди.
-
%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%98%d0%bd%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%b8-2
%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%98%d0%bd%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%b8
4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови
1. Во судовите согласно Годишниот распоред за работа се спроведува пракса на назначување на дежурни судии кои работат и на предмети од оваа област, но нема законска обврска за назначување на посебен дежурен судија кој ќе постапува исклучиво на предмети од семејно насилство. Во кривичниот оддел на овие предмети им се дава приоритет во постапувањето. Во граѓанскиот оддел нема посебно назначени дежурни судии за овој вид предмети, но вообичаено судиите кои постапуваат по вонпарнични предмети постапуваат по истите како итни предмети.
2. Со цел да се мотивира во секој суд да се обезбеди најмалку еден дежурен судија и судски службеник кои ќе одговорат на потребите, Министерството за правда со допис во месец јули 2022 година до судовите достави известување за заложбата 4.3. Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство и достигнувањето 4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови. Со дописот исто така се бараше известување на постојната пракса во судовите за ова прашање во последните 3 години.
3. Согласно доставените одговори може да се заклучи дека во судовите редовно се назначуваат дежурни кривични судии согласно Годишниот распоред за работа согласно закон, кои покрај постапувањето по други предмети, постапуваат и по овој вид на предмети. Посебно назначени судии во граѓанска постапка за овој вид предмети нема, бидејќи нема посебна законска обврска, а по предметите постапуваат дежурни судии кои постапуваат по вонпарнични предмети и овие предмети ги земаат во работа како итни согласно предвидените кратки рокови во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјното насилство.
4. За поздравување се одговорите од претседателите на судовите и позитивниот став и одговор кон ова прашање, за предметите секогаш да има дежурен судија, а таму каде што има услови во судот ќе бидат определени дежурни судии кои ќе постапуваат само по овие предмети.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на назначени дежурни судии. Согласно одговорите од основните судови, во секој суд во Република Северна Македонија со Годишниот распоред за работа е распределен најмалку еден дежурен судија кој постапува по овој вид предмети. Оттука, бројот на дежурни судии е најмалку 27.4.3.4 Формирање на работна група и организирање на работни средби за ревидирање и дополнување на образци (кривични дела, прекршоци и поплаки) за собирање на податоци од страна на полиција
- Во февруари 2022 година формирана е мултисекторска работна група. Постојните податоци во системот (вид и број на кд, подрачје каде е сторено кд, пол, род, сродство и број на жртви; кај прекршоците и начинот на извршување и дејството ) се очекува да се надоградат со други податоци согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
- Правилник за формата, содржината и начинот на интегрирано прибирање на статистички и административни податоци за состојбата со родово базирано насилство врз жените и семејно насилство ќе биде основа за ревидирање и дополнување на обрасците.
-
За ова ангажирани се двајца консултанти од страна на UNFPA (United Nations Population Found). Работната група има одржано еден on-line состанок во врска со ревидирање на податоците на кој се договорени обврските за изготвување на Правилникот, како и начинот на комуницирање кој ќе се одвива и преку електронска пошта. Следен состанок е закажан на 04.10.2022година. Исто така, од страна на министерот за внатрешни работи формирана е работна група, во која вклучени се академски професори од Факултетот за безбедност, за изработка на документите кои произлегуваат од предметниот Законот. Досега работната група на МВР за ревидирање на обрасците за податоците има одржано два состаноци во изминатиов период, на кои изработен е текстуалниот дел за обврските на МВР согласно член 28 став 6 од Законот, а ќе биде содржан во Нацрт-Правилникот.
- Работната група продолжува со натамошни средби и консултации за финално изготвување на текстот за ревидирање на обрасците за собирање на податоци.
- Во месец декември 2022 година завршниот предлог текст на правилникот е доставен на разгледување.
4.3.5 Посебна евиденција и објавување на податоци за поднесени и повлечени предлози за кривичното дело телесна повреда (чл.130 ст.2); Посебна евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување“
1. Министерството за внатрешни работи согласно најавата, во месец мај 2022 година започна повторно да објавува податоци за семејно насилство, започнувајќи од периодот јануари – март 2022 година. Објавените податоци се водат согласно постојните правилници на локацијата https://www.data.gov.mk/dataset/https-mvr-gov-mk, каде се достапни до јавноста.
2. Во насока на реализација на ова активност, надлежната организациска единица на МВР започна со објавување на податоците за семејно насилство и на интернет страната на МВР (и на https://www.data.gov.mk.). Објавените податоци се водат согласно постојните обрасци се додека не се ревидираат обрасците за собирање на податоци.
За првата половина на 2022 година МВР ги бележи следените податоци :
- 502 кривични дела, (вкупен број сторители 515 и вкупен број на жртви 530) од кои 319 кривични дела телесна повреда(чл.130 ст.2)
- 208 прекршок (вкупен број сторители 226 и вкупен број на жртви 130) и
- 1928 поплаки (вкупен број сторители 1950 и вкупен број на жртви 1946)
Со ова, заложбата делумно е постигната, активностите на работната група за подготовка на новите подзаконски акти со кои се зголемува обемот на овие податоци согласно потребите и законот продолжуваат до нивното донесување.
Посебна евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана на приближување“ се уште не е воспоставена во рамки на министерството. |
4.3.6 Организирање на работни средби и координација со МВР, МП и МЗ за подготовка на образец за собирање и квартално објавување на разделени податоци за семејното насилство од страна на ЦСР, вклучително и детални податоци за бројот на случаи каде што имало потреба, број на поднесени предлози за ПМЗ, број на предлози за изменување, укинување или продолжување на ПМЗ.
- Формирана е широка работна група и 3 подгрупи со претставници од надлежни институции , граѓанскиот сектор, МТСП како носител на законот е координатор на активностите кои се преземаат со цел усогласување на начинот на собирање на податоците.
- Ангажирани се експерти преку проект поддржан од UNPFA со цел зајакнување со управување со податоците https://www.mtsp.gov.mk/
4.3.7 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за бројот на случаи на семејно насилство, како и детални податоци за бројот на предлози за изрекување, менување или укинување на ПМЗ
- МТСП води интерна квартална збирна статистика со следните белези: новоевидентирани жртви на СН, пол, возраст, тип на насилство, доставени барања за ПНЗ до суд, изречени ПНЗ од суд, кои ќе бидат разгледани и за новите евиденции согласно новите подзаконски акти
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на предмети за семејно насилство 2. Број на предмети во кои имало изрекување, менување или укинување на ПМЗ
4.3.8 Донесување на насоки за задолжително редовно објавување на податоци за семејното насилство од страна на полиција и ЦСР
- Процесот е поврзан со донесување на подзаконските акти согласно активностите од 4.3.4, 4.3.6 и 4.3.1
- Подготвен е протокол, кој во месец декември 2022 е во фаза пред донесување.
4.3.9 Креирање на електронски систем за собирање и размена на податоци од страна на ЦСР, судови, полиција и здравствени установи, во однос на привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Електронскиот систем треба да се овозможи откако ќе заврши процесот на претходните активностите од заложбата. По донесувањето на подзаконските акти и воспоставувањето и спроведувањето на евиденциите во соодветни обрасци преку кои се собираат исти податоци во повеќе институции, со цел нивна размена треба да се креира решение со кое ќе се овозможи лесно и ефикасно електронско собирање на податоците.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на тестирања 2. Број на технички измени и дополнувања 3. Број на предмети во кои биле изречени, сменети или укинати ПМЗ4.3 Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Недостаток на транспарентност и отчетност кај надлежните институции кои се вклучени во системот за заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство, што придонесува за неефективна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство во подолг временски период.
Немањето на посебна и соодветна евиденција за случаите народово базирано насилство врз жени семејно насилство е системски проблем кој оневозможува тековно следење на состојбите, утврдување на трендови и соодветно планирање на политики и закони за превенција и заштита на жените кои претрпеле семејно насилство. Отсуството на ваков систем оневоможува идентификување на специфичните проблеми со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство во нивниот пристап до правда, што резултира во усвојување и применување на закони и политики кои не овозможуваат ефективна заштита од семејно насилство.
Иако семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година и надлежните институции имаат законска обврска за водење на посебна евиденција за случаите на семејно насилство, во пракса изостанува редовното водење на посебна евиденција и информирање на јавноста за состојбите со семејното насилство.
Во Глава 4, чл. 28 од Законот заспречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство е наведена обврската за воспоставување на посебна евиденција за предметите на родово базирано насилство врз жени и семејно насилство од страна на надлежните министерства, институции и ЕЛС. Законот предвидува и обврска за МТСП за пропишување на форма и содржина на образец за собирање на информации помеѓу надлежнисте институции во согласност со Министерот за внатрешни работи, Министерот за правда и Министерот за здравство. И покрај ваквите законски обврски, во пракса изостанува соодветен систем за собирање на податоци и нивно редовно објавување од страна на наведените институции.
Судовите и ЈО не водат посебна евиденција за граѓанските и кривични предмети за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство во постоечкиот АКМИС систем, ниту пак редовно објавуваат податоци за предметите од ваков вид и постапувањето од страна на судиите. Постои и различна пракса на заведување на граѓанските постапки за привремени мерки за заштита по различен основ од страна на судовите. При распределувањето на предмети за семејно насилство кај одреден судија, постоечкиот АКМИС систем не овозможува судијата да биде информиран за останатите судски постапки кои се водат за истиот случај (што е потребно за донесување на соодветна пресуда). Истовремено, не постои можност за пребарување на судски пресуди по основ на семејно насилство на веб страната суд.мк Во новиот Закон[1]е предвидена обврска за судовите и ЈО за водење на посебна евиденција за родово-засновано насилство врз жените и семејно насилство, врз основа на претходно подготвен образец од страна на Министерот за правда.
МВР не објавува податоци за предметите на семејно насилство регистрирани како кривични дела, поплаки и прекршоци. Значајно е да се напомене дека пред 10тина години МВР имаше позитивна пракса на квартално објавување на податоци за предметите на семејно насилство (за период од три месеци) на ниво на сектори за внатрешни работи. Паралелно, не постои регистер за сторители на семејно насилство кој би ги информирал стручните лица од институциите кои се вклучени во постапувањето во предметите за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство.
ЦСР нема соодветен систем за собирање на податоци и нивно објавување во јавноста. На веб страната на МТСП можат да се најдат податоци само за пријавените случаи во месец мај и јуни 2020 година, меѓутоа податоците се доста општи и не овозможуваат подетален приказ на состојбите со семејното насилство во државата и преземените дејствија за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство од страна на ЦСР. Дополнително, последните извештаи за работата на ЦСР објавени од Заводот за социјални дејности беа од 2015 година. Дотолку повеќе, што самиот Завод имаше констатирано дека ЦСР не води соодветна евиденција на предметите на семејно насилство, односно постои раликапомеќу податоците кои се добиени преку базата ЛИРИКУС и прашалниците за постапување доставени од ЦСР.
Дополнително на ова, јавноста нема пристап до информации за изречените и спроведените привремени мерки за заштита од семејно насилство, кои претставуваат превентивен механизам кој директно влијае на намалувањето на стапката на семејно насилство во општеството.
Заради наведените проблеми, неопходно е подигнување на транспарентноста и отчетноста на надлежните институции, преку воспоставување на соодветен систем за собирање на податоци, размена на податоци помеѓу стручните лица и редовно информирање на јавноста за состојбите и трендовите во однос на родово базирано насилство врз жени и семејното насилство
[1]Чл.29 и чл. 30 од Закон за спречување и заштита на насилство врз жените и семејно насилство, Сл. Весник бр. 08-524 /1 од 27.01.2021 година.
Main goal of the proposal
Основна цел е воспоставување на посебна евиденција за предметите на семејно насилство од страна на сите надлежни министерства и институции вклучени во системот на заштита.
Покрај зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите, оваа заложба суштински ќе придонесе за зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, со оглед на тоа што континуираното собирање на унифицирани податоци ќе овозможи утврдување на специфичните правни потреби на жртвите, односно ќе послужи како основа за идно планирање, имплементарирање, следење и проценување на политиките, законите и практиките на ова поле.
Притоа, значајно е да се нагласи дека предлозите за подобрување на системот за собирање и објавување на податоци за семејно насилство се подготвени врз основа на искуството на жените кои претрпеле семејно насилство, како и искуството на практичарите од надлежните институции.
Во делот кој следи образложени се заложбите и очекуваните резултати.
- Дополнен е АКМИС системот во судовите со воведување на посебна евиденција за случаите на семејно насилство, со разделени податоци за жртвите на семејно насилство со цел:
- редовно објавување на податоци за бројот и видот на предмети, податоци за жртвите по регион (град/село), етничка припадност;
- информирање на судиите за различните судски постапки поврзани со ист случај на семејно насилство кои се водат или воделе пред надлежниот суд (на пр. судија кој постапува во граѓанска судска постапка за изрекување на ПМЗ да добие информација за паралелното водење на кривична постапка за истиот случај);
- доделување на сите граѓански постапки поврзани со семејното насилство кај ист судија, на пр. постапката за развод на брак, доделување на деца и постапката за изрекување на ПМЗ;
- редовно објавување на кривичните и граѓански пресуди за заштита од семејно насилство и воведување на можност за пребарување по клучен збор „семејно насилство“;
- редовно објавување на јавно достапни податоци за бројот и видот на поднесени барања за ослободување од судски такси и трошоци во постапката; број и вид на одобрени ослободувања; висина на ослободување од судски такси и трошоци во постапките.
- Зголемена е отвореноста на судот преку назначување на дежурен судија (и дактилограф) за изрекување на ПМЗ за време на викенди и празници.
- Унапреден е постоечкиот систем за собирање на податоци за семејното насилство во ЦСР и полиција, со разделена статистика за жртвите и редовно обезбедување на јавно достапни податоци за семејно насилство.
- МВР да ги ревидира и дополни постоечките образци (кривични дела, прекршоци и поплаки), со цел собирање на подетални податоци за семејно насилство и квартално објавување податоци во однос на: бројот на кривични дела прекршоци и поплаки; основните информации за жртвата (место на живеење град/село; ниво на образование; работен статус; етничка припадност); основни информации за сторителите на семејно насилство. Да се воведе посебна евиденција и објавување на податоци за трендовите во однос на повлечените и повторно поднесените предлози за кривично гонење за кривичното дело „телесна повреда“, чл. 130, ст. 2 од КЗ. Исто така да се воведе посебна евиденција и објавување на податоци за бројот на спроведени итни мерки за заштита од страна на полиција „отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување на домот“
- Да се воведе регистер на сторители на семејно насилство со цел информирање на стручните лица од институциите кои постапуваат во случаите на семејно насилство;
- ЦСР квартално да објавува податоци за случаите на семејно насилство, разделени податоци за жртвите, бројот и видот на обезбедени мерки за заштита по региони (град/село) и етничка припадност;
- ЦСР да воведе посебна евиденција за случаите каде има потреба од изрекување на ПМЗ и редовно да објавува податоци за бројот на овие случаи, бројот на поднесени предлози до судот и изречените ПМЗ; да издава потврда дека има потврда за изрекување на мерките за жртвата да може сама да поднесе предлог до судот.
5. Воспоставен е електронски систем за собирање и размена на податоци од страна на ЦСР, судови, полиција и здравствени установи, во однос на предложените, изречените, укинатите, сменетите или продолжените привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Воспоставувањето на посебна евиденција за случаите на семејно насилство во секоја надлежна институција директно ќе придонесе за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите. Воспоставениот систем за собирање на податоците ќе овозможи редовно следење на состојбите, соодветно утврдување на потребите на жртвите и планирање на државните политики и закони базирано на докази.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Потребен/обезбеден буџет за спроведување на заложбата
Значајно е да се нагласи дека за реализирање на предложената заложба не се потребни буџетски средства.
Имено, за надоградувањето на постоечкиот систем за собирање на податоци во ЦСР, полицијата и судовите (заложба 1,3 и 4) потребно е иницирање на внатрешни процеси во надлежните министерства, односно утврдување на образците и нивно користење во пракса.
Реализирањето на заложба 2, односно назначувањето на дежурен судија за постапување во случаи на семејно насилство за време на викенд или празници е веќе воспоставена пракса во дел од основните судови и потребно е истата да се примени од страна на останатите.
Врска со други владини програми, Националниот развоен план или други секторски / локални планови
Заложбата е целосно во согласност со националните стратегии и програми кои ја регулираат родовата еднаквост на меѓународно и регионално ниво. Во согласност е со акциониот план за имплементацијата на ратификуваната Конвенција на Совет на Европа за превенција и заштита од насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска Конвенција).
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите.
Врска со Стратегија за борба против корупција, Целите за одржливиот развој на ОН и друго.
Водењето на посебна евиденција и редовното објавување на податоци за семејното насилство директно придонесува за имплементацијата на Цел 16 Таргет 16.3. Владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите. Имено, за следење на имплементацијата на оваа одржлива разавојна цел во државата неопходно е редовно водење на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани, вклучително и жените кои претрпеле семејно насилство. Овие податоци треба да послужат за подготовка на национален план за имплементацијата на Цел 16.3., односно план за унапредување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани.
Здружение ЕСЕ и Коалиција Маргини со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) во изминатите неколку години активно работат на забрзување на процесот на имплементација на 16 Таргет 16.3 од страна на Владата. Во оваа насока, дел од активностите за застапување се насочени кон воспоставувањето на систем за собирање на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Shoqërisë së Informacionit dhe Administratës
Organizatat
- Shoqata për emancipim, solidaritet dhe barazi të grave
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Душан Томшиќ, Државен службеник dusan.tomsic@mtsp.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 6
Arritjet e arritura: 0/6
Arritjet në pritje: 0/6
Arritjet e parealizuara: 6/6
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/6
4.2.1 Изготвување интерно циркуларно упатство за користење на законска можност од член 269 став 1 од Закон за социјална заштита за прибавување податоци за материјална финансиска и имотна состојба на членовите на семејство/домаќинството
4.2.2 Зајакнати капацитети на ЦСР за користење на законска можност од член 298 од Закон за социјална заштита
4.2.3 Изготвување на прирачник врз основа на активност бр. 2 со содржани теркови за иницијални поднесоци и други насоки за текот на судска постапка од интерес на ЦСР и споделен со ЦСР
4.2.4 Креирање на дата база од страна ГО за прекршени права со блокирање на Социјалниот број
4.2.5 Снимање на видеа со лица на кои им се блокирани сметките и ќе зборуваат за прекршено право и ќе бараат одговорност и ќе нудат решенија
4.2.6 Креирање на софтверско решение за сметките на приматели на ГМП и останати приходи, кои се поврзани со социјалниот број како би се оневозможило блокирање на средства од страна на институциите
4.2 Унапредување на пристап до правда на социјално загрозени и граѓани во социјален ризик
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
За користење на правото Гарантирана минимална помош (ГМП) како парично право од социјална заштита, или за преобразба на правото на постојана парична помош во ГМП, постои потреба од докажување дека барателот (или корисникот) не може да обезбеди издршка за себе по ниту еден основ. Тоа практично значи дека потребно е барателот/корисникот да поднесе тужба против член на неговото семејство или домаќинство за издршка. Во пракса, поднесување тужба значи иницирање судска постапка, која: е непознат процес за овие категории граѓани; е скапа постапка за слабоимотни и социјални категории граѓани (целата постапка би чинела околу 2.000,00 денари што е многу висок износ за поединец или домаќинство без приходи, за што и да бара БПП доколку го изгуби спорот ќе треба да ги врати средствата добиени по овој основ); влијае на нарушување на и така кревките односи меѓу барателот и останатите роднини со обврска за меѓусебно издржување. Уште повеќе, постои можност за поведување ваква постапка во име и за сметка на барателот од страна на надлежниот центар за социјална работа (ЦСР) доколу е старо, немоќно, неспособно, инвалидно лице и дете но во пракса ова скоро и да не се користи.
Од друга страна, постојат голем број на граѓани кои се корисници на ГМП, а средствата кои ги добиваат по тој основ им се блокираат од страна на Извршители заради неплатен долг. Законот за извршување ги изема од блокирање корисниците на ГМП, на хуманитарна помош, социјални надоместоци и др, со цел да се обезбеди минимален приход за семејството да егзистира. Но во суштина, голем број од корисниците на ГМП не знаат дека се изземени од извршување. Во секој случај и да се ослободат од извршителот со доставување потврда од Центарот за социјални работи, сепак за да се одблокира веќе блокираната сметка од банката би требало корисникот да ја плати банкарската провизија која изнесува околу 1400 денари.
Во секој случај корисниците на ГМП се со пониско образование, најчесто неуки странки и го прифаќаат блокирањето на сметката, па дури и повлекувањето на пари без приговор. Од ова имаат штета тие самите и нивните семејства, при што се оддаваат на просење, собирање по канти а можни се криминални активности како што е дрвокрадството, кражби и сл.
Во 2018 година се потпиша и Меморандум помеѓу МТСП и Комората на Извршители за да не се блокира социјалниот број. Но тоа видно не ја промени состојбата и се уште постојат низа пропусти. Социјалниот број не е видлив за извршителите, локалните самоуправи и банките. Додека да се „докаже“ дека станува збор за средства добиени од областа на социјална заштита, корисниците на ГМП остануваат без средства и по 6 месеци. Ваквата состојба ги обесхрабрува голем број од корисниците на ГМП да аплицираат за мерки од АВРМ поради стравот дека извршителите ќе им ги земат средствата.
Main goal of the proposal
Главната цел на оваа заложба е да овозможи пристап до постапка за остварување права од социјална заштита за социјално загрозени категории граѓани без водење скапи постапки со што на долг рок ќе се влијае кон враќање на довербата во системот за социјална заштита.
По примерот на прибавување податоци од ЦСР за имотна состојба на членовите на домаќинството/семејството може да се создаде пракса на прибавување податоци за утврдување материјална и финансиска состојба на членовите на семејството со кои барателот не живее во заедничко домаќинство а кои имаат законска обврска за негова/нејзина издршка. На најлесен начин, ќе може да се утврди и процени дали роднината имал доволен приход во текот на годината за да одвои за издршка за барателот. Со тоа, би се зајакнала функцијата на прибавување податоци по службена должност врз основа на кои ЦСР ќе можат да проценат дали корисниците/потенцијалните корисници можат да обезбедат издржување па потоа да се упатат на судски спор; или да се заштитат од впуштање во за нив скапи и долготрајни постапки.
Очекувани резултати се: зајакнати капацитети на ЦСР при проценка на материјална, финансиска и имотна состојба на барателите/корисниците преку користење на механизмот за прибирање податоци по службена должност; изготвено интерно циркуларно упатство со вклучени насоки за прибирање и ценење на податоци; изготвен прирачник за иницирање постапки во интерес на ранливо население од кои зависат користење на правата од социјална заштита.
Истовремено, заложбата ќе изврши превенција од блокирање на социјалниот број на корисниците на ГМП. Резултат ќе биде конечно социјалниот број да биде заштитен од извршување. Со негова заштита ќе се овозможи конечна поделба на сметките кои смеат да се блокираат, а кои не смеат.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата ги има предвид начелата на општа управна постапка и тоа: начело на пропорционалност, начело на економичност и ефикасност на постапката; начело на сервисна ориентираност кон остварувањето на правата и интересите на странките; начело на утврдување материјална вистина на сите факти и околности од битно значење за правилно утврдување на фактичка состојба преку прибавување, разгледување и обработување на информациите и податоците по службена должност; начело на активна помош на странката за остварување и заштита на нејзините права на што е можно поефективен и полесен начин, додека незнаење и неукоста на странката не треба да биде на штета на нејзините законски права и интереси.
На овој начин, преку правилна и целосна проценка на состојбите на странката, ќе се делува кон спречување на одолговлекување на процесите и нејзино свесно втурнување во долги судски постапки. За да се дојде до тоа, потребно е преземање на неколку активности:
- Изготвување интерно циркуларно упатство за користење на законска можност од член 269 став 1 од Закон за социјална заштита за прибавување податоци за материјална финансиска и имотна состојба на членовите на семејство/домаќинството – ова упатство би содржело практични насоки кои факти треба да се утврдат, како да се утврдат и како правилно да се применат фактите при одлучување по поднесено барање. За спроведување на оваа активност, потребно е претходно состанување за утврдување структура, рамка и содржина на упатство кое е значајно од практичен аспект. Од особено значење е упатството да биде дискутирано и внатре во ЦСР бидејки ќе треба да излезе во пресрет на нивните потреби. Упатството е потребно да биде изготвено од МТСП, Заводот за социјални дејности, а по потреба под консултација од надворешни познавачи на темата (НВОа, професори и сл).
- Зајакнати капацитети на ЦСР за користење на законска можност од член 298 од Закон за социјална заштита – од особена важност е да се направи проценка на потребите на ЦСР кога станува збор за законската можност за поведување судска постапка во име и за сметка на барателот дури и ако станува збор за старо, немоќно, неспособно, инвалидно лице и дете. Најдобар и најсоодветен начин е преку организација на 3 до 5 еднодневни работилници/советувања со правниците од центрите за социјална работа ширум државата. Фокусот на овие работилници би бил утврдување на практичните проблеми и потребите на ЦСР за искористување на оваа законска можност во пракса, како и надминување на пречките кои постојат и поради кои не се исполнува целосната заштита на странката. Работилниците/советувањата е потребно да бидат организирани и спроведени од МТСП, под консултација на Заводот за социјални дејности, а по потреба и од надворешни познавачи на темата (НВОа и сл.).
- Изготвување прирачник врз основа на активност бр. 2 со содржани теркови за иницијални поднесоци и други насоки за текот на судска постапка од интерес на ЦСР – оваа активност, освен што ќе биде спроведена на основа на активност бр. 2, треба да биде спроведена од МТСП, а правилно комуницирана со практичари на правно застапување и НВОа.
Како што е веќе објаснето, во моментот корисниците на ГМП се соочуваат со сериозни предизвици при остварување на ова уставно загарантирано право.
Со реализација на оваа заложба ќе се врати пред се владеењето на законите и токму најранливите категории на граѓани ќе ја вратат довербата во институциите. За истата да се реализира потребно е да се преземат следните активности:
-Законска измена нa Закон за извршување. Меморандумот за разбирање помеѓу МТСП и Комората за Извршители да се замени со повисок правен акт со кој ќе се изземе можноста за блокирање на социјалниот број.
– Креирање на софтверско решение за сметките на приматели на ГМП и останати приходи, кои се поврзани со социјалниот број како би се оневозможило блокирање на средства од страна на институциите. МТСП да изработи софтвер кој реално ќе го заштити социјалниот број преку податоците за корисниците со кои располага МТСП, додека Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество и администрација да бидат консултирани во процесот. За хуманитарна помош потребно е да се регистрира помошта и исто да добие социјален број. Социјалниот број дефинитивно мора да биде различен од трансакциската сметка на корисникот и истиот треба да биде наменски социјален број. Вакво искуство веќе имавме со вториот и третиот пакет мерки од Владата за борба против КОВИД-19 и веќе спомнатите Министерства може да го искористат искуството.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите. Со мерките од оваа залоба ќе се унапреди и поедностави постапката за остварување права од социјална заштита за социјално загрозени категории граѓани без водење скапи судски постапки и враќање на довербата во системот за социјална заштита.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Financave
Organizatat
- OJQ "KHAM" Dellçevë
- Македонско здружение на млади правници
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Сусана Новакоска, Полициски советник во ООЈСП при МВР susana_novakoska@moi.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
12 May 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3
Arritjet e arritura: 0/3
Arritjet në pritje: 0/3
Arritjet e parealizuara: 0/3
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 3/3
4.1.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу полициските службеници во насока на постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку организирање на обуки за сензибилизација на полициски службеници
1.1 Во однос на прикажување на сензибилизација на полициските службеници при постапувањето со ранливите категории на лица вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги, во 2022 година обучени се 842 полициски службеници преку девет едукативни активности на теми:
“Примена на Етички кодекс за однесување на работниците во МВР„(https://mvr.gov.mk)„ Подигање на свеста на полициските службеници за полициска етика” “Современи предизвици за полициски интегритет„ “Соработка меѓу граѓанските организации и институции во решавање на случаи на родово-базирано семејно насилство„“Обезбедување на родово сензибилни услуги за поддршка на лицата кои претрпеле насилство„ “Превентивно полициско работење, почитување на основните човекови права при полициско постапување„ “Стручно усовршување на полициските службеници за нивно професионално и законско постапување при лишување од слобода, приведување и употреба на средства за присилба„ “Идентификација на деца жртви на сексуална експлоатација” и “Мулти-професионална превенција на родово насилство.„
1.2 Полициските службеници работните задачи ги извршуваат на високо професионално ниво, кое континуирано го надоградуваат со едукативни активности и на тој начин постојано се зголемува процентот на обученост.
1.3 Полициските службеници знаењето го применуваат преку објективен, непристрасен и еднаков третман кон сите граѓани (вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги). Притоа, согласно подзаконскиот акт подобрување на ефектот од работењето раководителот постојано го следи работниот процес, професионалната етика, како и примената на стекнатото знаење од спроведена обука на полициските службеници. Меѓутоа примената на знањето се проценува и од задоволството на физичките и правни лица во однос на остварување на правата.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1.1. Број на обучени полициски службеници 1.2. Процент на полициски службеници кои преку обуките го зголемиле своето знаење 1.3. Процент на полициски службеници кои известиле дека го применуваат знаењето од обуката во секојдневната работа4.1.2 Зголемување на обемот на информации помеѓу вработени лица во затворите во насока на постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку организирање на обуки за сензибилизација на вработени лица во затворите
2.1 Во однос на зголемување на информираноста на затворските полицајци при постапувањето со сексуалните работници и лица кои употребуваат дроги, во 2022 година обучени се 155 лица. Едукативните активности за сензибилизација произлегуваат од содржината на осумте обуки, од кои две основни обуки за нововработени (запознавање со природата на работата во установите и Кодексот за однесување на затворскиот персонал во КПУ/БПУ https://www.pravda.gov.mk); пет обуки во однос на ревидирани Стандардни оперативни протоколи (Протокол за претрес на лица лишени од слобода и простории, Протокол за употреба на средства за присилба, постапка во случај на спречување на бегство на лице лишено од слобода, Постапка за извршување спровод вон установата, Протокол за спречување на бунт и антикорупциски мерки во затворите), како и Обуката за правда на децата (малолетни лица кои се на издржување мерка притвор).
2.2 Затворските полицајци работните задачи ги извршуваат на високо професионално ниво, кое континуирано го надоградуваат со едукативни активности.
2.3 Затворските полицајци стекнатото знаење го пренесуваат преку објективен, непристрасен и еднаков третман кон сите ранливи категории на затвореници (вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги). Притоа, примената на знаењето во текот на работењето постојано се надгледува од раководното лице, но истовремено стекнатото знаење се проценува и затворените лица во однос на остварување на правата и погодностите.
2.4 Вкупниот број нововработени лица со соодветно образование во сите казнено поправни установи заклучно со првиот квартал 2023 година вработени се 104 лица.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 2.1. Број на обучени вработени лица во затворите 2.2. Процент на учесници кои преку обуките го зголемиле своето знаење 2.3. Процент на учесници кои известиле дека го применуваат знаењето од обуката во секојдневната работа 2.4. Број на нововработени лица со соодветно образование4.1.3 Пристап до информации на адвокати и обвинети преку кои полесно ќе се докажува прекршување на човекови права преку воведување на задолжителен аудио и видео запис во по една полициска станица во секој град на територијата на РСМ за време на распит, а првенствено во Скопје, Гостивар, Струмица, Охрид и Гевгелија.
3.1 Во однос на пристапот до информации од одржан распит во полциски станици, на подрачјето во Скопје има 11 простории за сослушување на странки опремени со видео запис, од кои во функција се ставени девет простории.
Исто така под видео запис се просториите за распит во Полициските станици: Гостивар, Тетово, Прилеп, Кичево, Куманово, Велес, Струмица, Штип,Радовиш, Делчево и Берово.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 3.1. Број на полициски простории опремени со аудио и видео опрема (таргет: минимум 5)4.1 Унапредување на заштитата на сексуалните работници и лицата кои употребуваат дроги
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Основната цел на полицијата во едно демократско општество е почитување и заштита на основните човекови слободи и права на сите граѓани, недискриминација и почитување и штитење на човечкото достоинство. Меѓутоа, во многу случаи полицијата во своето постапување ги прекршува правата на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници. Лицата кои употребуваат дроги често пријавуваат случаи дека врз истите бил вршен незаконит претрес од страна на полициски службеници, дека биле малтретирани во полициски станици, биле изложени на тортура (присилувани да признаат дека сториле некое дело, за да можат полициските службеници да поведат постапка против тие лица), нечовечко и/или деградирачко постапување, не им биле соопштувани нивните права во полициска станица, врз истите била употребувана прекумерна употреба на сила од страна на полицијата во полициското постапување, а како последица од тоа, лицата кои употребуваат дроги се здобиваат со телесни повреди. Покрај тоа што лицата кои употребуваат дроги се изложени на тортура од страна на полицијата, истите се изложени на тортура и во затворите. Сексуалните работнички пак, често пријавуваат дека полицијата не постапува по нивно пријавување на случаи на насилство и дека трпат разни форми на насилство од страна на полиција. Она што исто така се јавува како сериозен проблем е фактот што ниту полицијата, ниту јавното обвинителство не пристапуваат кон темелна истрага во случаи кога се работи за сексуални работнички, а посебно недоволно ги истражуваат случаите на фемицид на сексуалните работички.
- Дискриминација, нееднаков третман и прекршување на човекови права на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници од страна на полиција.
Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 85% од лицата кои употребуваат дроги и 62% од сексуалните работници пријавиле барем еден проблем со полиција:
– 69% од лицата кои употребуваат дроги и 49% од сексуалните работници се соочиле со противзаконит претрес, профилирање и сл. од страна на полиција,
– 65% од лицата кои употребуваат дроги и 41% од сексуалните работници се соочиле со физичко или психичко малтретирање од страна на полициски службеници (навредување, омаловажување, тепање и сл.),
– 37% од лицата кои употребуваат дроги и 20% од сексуалните работници се жртви на злоупотреби на службена положба од страна на полиција (злоупотреба на лични податоци, уцена и сл.),
– 47% од лицата кои употребуваат дроги и 27% од сексуалните работници се соочиле со неосновано приведување, задржување на или лишување од слобода,
– 33% од лицата кои употребуваат дроги и 28% од сексуалните работници се соочиле со одбивање од страна на полицијата да евидентира или да поведе истрага за пријавено дело/проблем,
- Полицијата не постапува по пријави на лица кои употребуваат дроги и сексуални работници,
Врз основа на истражување за анализа на ставовите на сексуалните работници за потребите од промена на законската регулатива за сексуалната работа во Македонија, само 1,3% од сексуалните работници одговориле дека очекуваат или добиле помош од полиција, што се должи на непостапување од страна на полиција, дискриминаторски третман и злоупотреба на службена должност.
- Тортура и деградирачко постапување врз лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници во затворите.
Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 92% од лицата кои употребуваат дроги и 60% од сексуалните работници се соочиле со најмалку еден проблем при издржување на казна затвор.
Main goal of the proposal
Главна цел на заложбата е сензибилизација на полициските службеници и вработените лица во затворите во постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку обуки.
Очекувани резултати:
- Постапување од страна на полицијата по пријавени случаи од лица кои употребуваат дроги и сексуални работници.
- Еднаков третман од страна на полицијата и вработените лица во затворите кон лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.
Зголемена доверба во полицијата кај лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Преку воведување на обуки за полициски службеници и вработени лица во затворите за работа со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници ќе се зголеми сензибилноста на полицијата и вработените лица во затворите при постапување со овие две заедници. Лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници ќе имаат еднаков третман како и сите граѓани, со тоа кај нив ќе се зголеми довербата во полицијата, што ќе резултира со поголем број на пријавени случаи.
Воведувањето на задолжителен аудио и видео запис во полициските простории за време на распит ќе придонесе за поефикасно решавање на случаите и елиминирање на тортура, нехумано и деградирачко однесување кон лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.
Употребата на технички средства за аудио и видео снимање е уредено и во членот 93-а од Законот за полиција каде е предвидено дека полицијата, при преземање на дејствија во рамките на полициските овластувања, да употребува технички средства за аудио и видео снимање, со цел обезбедување на снимен материјал за начинот на кој се презема дејствието од страна на полициските службеници.
Употребата на технички средства за аудио и видео снимање е регулирана и со други закони и овие технички средства веќе се применуваат во судовите и јавните обвинителства.
Покрај постоечките закони, од мај 2021 година ќе се применува и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој исто така со мерките за заштита на жртвите од ревиктимизација ги задолжува надлежните институции, исказот на жртвата во полициска станица и јавно обвинителство да се земе со користење на видео и тонски записи.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Врска со Правилник за обука во Министерството за внатрешни работи; Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016 – 2020 година; Национална стратегија за развој на пенитенцијалниот систем 2015 – 2019 година.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите. Со мерките од оваа заложба ќе се придонесе кон сузбивање на дискриминација, нееднаков третман и прекршување на човекови права на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници од страна на полиција.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Министерство за правда
Organizatat
- Здружение ХОПС - Опции за здрав живот, Скопје
Institucion i emëruar
Kontakt personi
м-р Билјана Бабушковска, Раководител на Одделение за внатрешна ревизија biljana.babushkovska@zdravstvo.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3
Arritjet e arritura: 0/3
Arritjet në pritje: 3/3
Arritjet e parealizuara: 0/3
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3
3.8.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу медицинскиот персонал во насока на обезбедување на соодветен третман и услуги за лицата кои користат дроги, преку обука.
3.8.2 Воспоставување на постапка и пракса за соработка помеѓу вклучените институции во оваа активности и граѓанските организации во идентификување на пробелемите со кои се соочуваат лицата кои користат дроги и креирање на соодветни решенија за нивно надминување (прва задача е воспоставување на Програма за олеснета и скратена постапка за вадење на документ за лична идентификација на луѓето кои употребуваат дроги кои не поседуваат важечки или не поседуваат никаков документ за идентификација додека се на издржување казна затвор)
3.8.3 Воспотавување отворен, транспарентен и јавен систем за меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи и граѓанските организации.
3.8 Овозможување на пристап до терапија и здравствени услуги на лица кои употребуваат дроги по издржување на казна затвор
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Отежнат пристап кон остварување на правото на лекување на лицата кои употребуваат дроги, по издржување казна затвор, бидејќи се отпуштаат без документи за лична идентификација и здравствено осигурување, кои им се неопходни да продолжат да се лекуваат со супституциски третман на лекување со метадонска терапија. Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги на територија на Република Северна Македонија, 58% од лицата кои употребуваат дроги биле отпуштени од затвор без валидни лични документи. Од 2012 година до сега, ХОПС има регистрирано околу 63 случаи на лица што употребуваат дроги кои завршиле со издржување на казна затвор, а поради тоа што немаат документ за лична идентификација и здравствено осигурување не биле во можност веднаш да продолжат со лекување. Поради фактот што овие лица веднаш по отпуштање од установата не можат да продолжат со лекување, кај истите се влошува здравствената состојба, бидејќи во тој период остануваат без терапија, запаѓаат во апстенциска криза, а имајќи предвид дека болестите од зависност се комплексни состојби и дека најмал стрес може да ја влоши состојбата, се зголемува опасноста од повторна употреба на дроги, што дополнително може да доведе до предозирање и фатален исход. Овој проблем во пракса постои иако, Законот за извршување на санкции јасно предвидува дека осудените лица за целото времетраење на издржување на казната затвор треба да се подготвуваат за отпуштање од установата.
Нееднаков пристап и третман до здравствени услуги за лицата кои употребуваат дроги. Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС на за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои инјектираат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 57% од лицата кои употребуваат дроги пријавиле барем еден проблем поврзан со права од здравствена заштита. 38% од лицата кои употребуваат дроги се соочиле со дискриминација од страна медицински персонал (користење дополнителна заштита, преглед во посебни простории кои не се приспособени како ординации, чекање да добијат соодветен медицински третман до крај на работно време, навредување и сл.). 21% од лицата кои употребуваат дроги пријавиле дека биле одбиени за лекување при сериозни здравствени проблеми (операции, преврски на рани, прием во болница и сл.). 25% се соочиле со потешкотии при избор на лекар од примарна здравствена заштита поради дискриминација.
Main goal of the proposal
Главна цел на заложбата е еднаков третман и олеснет пристап до правата од здравствена заштита на лицата кои употребуваат дроги, преку вклучување на неосигураните лица кои употребуваат дроги во програмата за осигурување на неосигурани лица, зголемена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување и Министерство за внатрешни работи, сензибилизација на медицинскиот персонал при постапување со лица кои употребуваат дроги преку обуки, препознавање на невладините организации како даватели на услуги со Законот за здравствена заштита, навремено вадење и ажурирање на документи за лична идентификација и носење акт за олеснета постапка за вадење на лична карта на лицата кои воопшто немаат извадено лична карта.
Очекувани резултати:
- Навремено обезбедување и ажурирање на лични карти на лицата кои употребуваат дроги за време на издржувањето казна затвор како и по отпуштање од установата.
- Еднаков третман и недискриминација од страна на медицинскиот персонал кон лицата кои употребуваат дроги,
- Олеснет пристап до правата од здравствена заштита на лицата кои употребуваат дроги.
Воспоставена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Преку воспоставена меѓусекторска соработка помеѓу Дневните Центри за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги, Управата за извршување на санкции, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи, на лицата кои употребуваат дроги, со посебен акцент на осудените лица кои употребуваат дроги ќе им се овоможинавремено вадење и ажурирање на документи за лична идентификација и здравствено осигурување додека се на издржување на казна затвор и по отпуштање од установата.
Навременото обезбедување на документи за лична идентификација и здравствено осигурување на лицата кои употребуваат дроги ќе им го олесни пристапот до остварување на правото на лекување од зависност.
Преку воведување на обуки за медицински персонал за третман на лицата кои употребуваат дроги ќе се зголеми сензибилноста на медицинскиот персонал кон оваа заедница. Преку обуките за сензибилизација на медицинскиот персонал (лекари специјалсти, медицински сестри, лаборанти, матични лекари, лекари на медицина и др.) има цел на учесниците им ги доближи стигмата, дискриминацијата и проблемите со кои се соочуваат луѓето кои употребуваат дроги при користење на здравствени услуги, со посебен акцент на жените кои покрај дискриминација од општеството,се соочуваат и со дискриминација во самата заедница. Исто така целта на овие обуки е да се сензибилизира медицинскиот персонал, во смисла да не им го отежнува пристапот на лицата кои употребуваат дроги до здравствените услуги, особено од причини што овие луѓе имаат голема потреба од нив. Содржина на обуките дополнително би се изготвила во соработка со Министерство за здравство, но согласно искуството на ХОПС во спроведување на ваков вид на обули. Обуките ќе опфатат теми за Намалување на штети од употреба на дроги, Видови дроги, нивни дејства и последици, Човекови права, стигма и дискриминација, останатите теми може да се договараат согласно потребите на здравствениот персонал. Обуките би ги одржувале обучени лица ангажирани во ХОПС. Улогата на Министерството би била, поддршка за организирање и реализација на ваков вид обуки
.Лицата кои употребуваат дроги ќе имаат еднаков третман и пристап до права од здравствена заштита како и сите граѓани.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
- Програма за заштита на населението од ХИВ – инфекција во Република Северна Македонија за 2021 година
- Програма за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Северна Македонија за 2021 година
- Национална стратегија за дрога на Република Македонија 2014 – 2020 година
- Локална стратегија за дроги на град Скопје (превенција, лекување, рехабилитација и ресоцијализација, намалување на штети и градска безбедност 2015 – 2020 година)
- Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016 – 2020 година
- Програма за неосигурени лица
- Национална стратегија за развој на пенитенцијалниот систем 2015 – 2019 година
Поврзаност со Глобалните разбојни цели, Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа, таргет 16.3: Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда до ситеи Цел 3 „Добро здравје и благосостојба“ Таргет 3.8: Да се постигне универзална здравствена заштита вклучувајќи и заштита од финансиски ризик, пристап до квалитетни неопходни здравствени услуги и пристап до сигурни, ефективни и квалитетни како и пристапни основни лекови и вакцини за сите.
Со мерките на оваа заложба ќе се унапреди еднаквиот третман и олеснет пристап до правата здравствена заштита на лицата кои употребуваат дрогиизголемена меѓусекторска соработка.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
- Министерство за внатрешни работи
- Министерство за правда
- Министерство за здравство
Organizatat
- Здружение ХОПС - Опции за здрав живот, Скопје
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Габриела Маџоска, координатор на заложба gmadzoska@mtsp.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3
Arritjet e arritura: 0/3
Arritjet në pritje: 0/3
Arritjet e parealizuara: 0/3
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 3/3
3.7.1 Информирани вработени во јавен и приватен сектор за нивните права за заштита од вознемирување на работно место кои произлегуваат од законот за работни односи
Преку проектот ,,Иднината на Работата заснована на работа заснована на достоинство и почит‚‚ Организација на жени при Унија на Независни Автономни Синдикати на Македонија подготви информативна едукативна брошура ,,Стоп на вознемирување на работното место‘‘.
Отворени две СОС линии за работници за пријавување насилство и малтретирање на раборното место. Подготвените брошури која се споделува на разни настани со цел промовирање на СОС линиите. Истите се дистрибуирани до синдикати, Агенција за привремени вработувања, Бизнис конфедерација на Македонија, до факултет Јустинијан 1, МРТВ и други.
|
3.7.2 Едукација на избраните независни лица во јавениот и приватениот сектор како посредници во постапките за решавање на идентификувани случаи на мобинг
Во текот на 2021 и 2022 година одржани се два регионални семеинари поддржани од ЕЗА и ЕУ. На семинарите присуствуваа 120 учесници. Исто така се организираа три национални работилници на кои присуствуваа 80 учесници и една работилница на која перисуствуваа 28 учесници, реализирани од Solidarity Center AFL-CIO.
Во текот на август и септември 2022 година одржани се две обуки на гранков синдикат на слободно дејствување кој припаѓа на ССМ. На нпрвата обика која имаше регионален карактер учествуваа освен претставници од Република Северна Македонија и од Босна и Херцеговина,и Словенија. Тема на обуките беа заштита од вознемируање на работно место, мобинг комуникација и лобирање. На двете обуки учествуваа по 25 претставници.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на спроведени работилници Број на учесници на работилниците Процент на зголемување на бројот на пријави за вознемирување на работно место.3.7.3 Спроведување на консултативен процес со сите заинтересирани страни за финализирање на предлог законот за заштита од вознемирување на работно место
Министерство за труд и социјална политика со Решение бр.17- 3334/1 од 17.05.2020 година и со Решение за измена и дополнување број 17-3766/1 од 10.05.2022 се формира Работна група за подготовка на измени и дополнување на Законот за Заштита од вознмнемирување на работно место ( Закон за мобинг).
Работната група е составена од членови номинирани од Министерство за труд и социјална политика, министерство за информатичко општество и администерција и други надлежни институции и организации кои во својата работа или делокруг на надлежности имаат поврзаност со проблематиката.
Во рамките на проектот „Поддршка на имплементација на Национален план за Истанбулска конвенција“ преку Министерството за труд и социјална политика на 25.02.2022 беше ангажиран експертка од областа на заштита од вознемирување на работното место. Обврските на експертката беа: -Драфтирање на одредби за измени и дополни на Законот за заштита од вознемирување на работното место; -Поддршка на Работна група за Предлог измени и дополнувања на Законот за заштита од вознемирување на работното место; -Презентирање на Предлог Законот за измени и дополнување на Закон за заштита од вознемирување на работно место законот пред работната група, социјални партнери, НВО, судии, адвокати и академска јавност. Работната група одржа два состаноци на који се презентираа драфт работна верзија на законот и забелешките кои ги имаат дадено членовите. Понатаму, во консултација со Секторот еднакви можности – МТСП се дадоа и главни насоки и усогласување со конвенцијата 190 насловот на законот е: Закон за спречување и заштита од насилство и вознемирување.
Согласно Заклучокот на Влада од 52-та седница, одржана на 14.06.2022 и разгледувана Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон ратификување на Конвенцијата за елиминирање на насилство и вознемирување на полето на труд потребно е истата да биде ратификувана од страна на Собранието на Северна Македонија, за да стане дел од од внатрешно правниот систем. |
3.7 Унапредување на механизмите за заштита на жртвите на вознемирување на работно место
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Во РСМ недостасува статистика за бројот на жртви на мобинг. Сепак според истражувањата на МОТ над 4% од работниците се предмет на психичко насилство, 2% на сексуално злоставување и 8% на заплашување и малтретирање. Па доколку се земе во предвид оваа статистика, во РСМ од вкупниот број на вработени се проценува дека има 111.936 жртви на мобинг. Од 2013 година кога е донесен законот за заштита од вознемирување на работно место, има само иницирани и успешно решени два случаи и еден случај е во тек. Според податоците од СОС линијата за пријава на вознемирување на работно место за само два месеци во 2020 година евидентирани се 65 јавувања за помош и поддршка, од кои во повеќе од половина се жени. Ваквата состојба е резултат на недоволната информираност на работниците во врска со оваа појава, вклучувајќи ги и механизмите за заштита. Посредниците во овие постапки назначени кај секој работодавец се недоволно едуцирани за тоа кое е нивното место и улога во системот на заштита на работниците. Некомплетното усвојување на меѓународните договори за заштита по однос на ова прашања, односно нератификацијата на Конвецијата 190 и препораката 206 на МОТ, и неспроведувањето на консултативни процеси со сите засегнати страни при подготовка на законските решенија поврзани со оваа појава во земјата.
Main goal of the proposal
Главната цел на заложбата е да се унапреди веќе воспоставениот механизам за заштита од вознемирување на работно место.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Преку спроведување на оваа заложба ќе се овозможи информирање на вработените за нивните права за заштита од вознемирување на работно место кои произлегуваат од законот за работни односи за што досега нема воспоставен систем, едукација на избраните независни лица како посредници во постапките за решавање на идентификувани случаи на мобинг за што досега нема воспоставен систем, ратификација на Конвенцијата 190 и препораката 206 на Меѓународната организација на трудот која досега не е ратификувана, воспоставување на електронски и јавен систем за пријавување и следење на статусот и спроведувањето на сите иницирани постапки за вознемирување на работно место, и воспоставување и функционирање на работна група од практичари за иницирање на измени на законот за заштита од вознемирување на работно место.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Оваа заложба восебе содржи активности кои ќе придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 1. Следен чекор: Поддршка за вработување на ранливите лица преку мерки предвидени во Националната стратегија за вработување и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот; ЦОР 2.Следен чекор: Владата ќе се фокусира врз мерки за подобрување на структурата на земјоделското земјиште како предуслов за развој и конкурентност на секторот, подобрување на условите за живот и работа во руралните области и обезбедување пристап до знаења и инвестиции во човечки капитал преку реформирани услуги за проширување и едукација на земјоделците. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место. ЦОР 8 Следен чекор: Владата ќе ги следи програмите и активностите наведени во релевантните акциски планови за создавање работни места, подобрување на учеството во работната сила и зголемување на побарувачката за работна сила и зголемување на конкурентноста. Исто така, ќе продолжи да ги усогласува трудовото законодавство со меѓународните стандарди за труд и со законодавството на ЕУ.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Punës dhe Politikës Sociale
- Министерство за надворешни работи
Organizatat
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Сусана Новаковска, Министерство за внатрешни работи - координатор на заложба susana_novakoska@moi.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
09 February 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 8
Arritjet e arritura: 0/8
Arritjet në pritje: 3/8
Arritjet e parealizuara: 3/8
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 2/8
3.6.1 Воспоставени мобилни тимови за теренска работа на подрачјето на Охрид и Струга, и на подрачјето Штип и околните градови
Мобилните тимови спроведуваaт програмски активности т.е одржуваат редовни состаноци,теренски посети, контакти, упатувања и помош на ранливи категори, заради поефикасна навремена идентификација на жртви /и потенцијални жртви на ТЛ. На територијата на РС Македонија формирани се пет мобилни тимови : Тетово, Скопје, Куманово, Битола и Гевгелија.
Во насока на воспоставување на мобилни тимови во други општини, Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција донесе одлука за воспоставување на три мобилни тимови за идентификација на ранливи категории, вклучувајќи ги и жртвите на трговија со луѓе на подрачје на Охрид, Струга и Штип, кои сеуште се во процедура на назначување на нивни членови.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на воспоставени мобилни тимови3.6.2 Систематско собирање на податоци за трговија со луѓе преку користење на расположливата алатка за мониторинг и евалуација на состојбите на трговија со луѓе во РСМ и нивно редовно објавување.
Националната комисија за борба против трговија со луѓе во континуитет презема активности за подобрување на идентификацијата на жртвите од ТЛ, како и обезбедување нивна помош и заштита. Комисијата, индикаторите за собирање и следење на податоци ги селектира преку Образецот за следење на случај на жртви за трговија со луѓе, изработен согласно СОП за постапување со жртви. Во однос на воспоставување прецизни индикатори, а согласно имплементацијата на Стратегијата за трговија со луѓе, Комисијата донесе Решение за формирање на Оперативен тим (МВР,ОЈО,МТСП и Здружение на граѓани) за координација, следење и управување со случаи на трговија со луѓе, кој веќе е во функција.
Воедно, Комисијата има воспоставено електронска база на податоци за идентификација на жртва која се води преку Образецот за следење на случај на жртви за ТЛ, означен со индивидуална кодна шифра. Притоа, во тек е креирање на проектот HUMANE поддржан од Министерство за наука на Германија, преку кој ќе се развие меѓународна платформа за обработка на податоци за трговијата со луѓе. Во проектот од РСМ ќе учествуваат претставници од Отворена Порта Ла страда, Европски универзитет и Националната единица за борба против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе и од Одделот за гранични работи при МВР.
Објавени се четири анализи и еден документ за јавни политики:
- Анализа на случаи на трговија со луѓе и деца: Предизвици за ефективно гонење и санкционирање на сторителите;
- Анализа на трендовите на трговија со луѓе во земјите членки на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (MARRI);
- Панел дискусија и презентација на првични согледувања од истражувањето –„Онлајн експлоатација и трговија со деца“ ( следи финализирање на истражувањето земајќи ги во предвид коментарите/ препораките кои се произлезени од презентацијата);
- Анализа од областа за криумчарење на мигранти во РСМакедонија„ (Македонско здружение на млади правници согласно проект на ЕУ „Безбедност на човекот и границите – Борба против криумчарење на мигранти во Западен Балкан „ https://myla.org.mk);
- Документ за јавни политики ,,Сезонската работа- плодна почва за трудова експлоатација’’( https://myla.org.mk)
3.6.3 Воспоставување на база на податоци за поведени постапки и идентификувани случаи на он-лајн експлоатација на деца и нивно редовно објавување. Извештаите со сензитивните податоци( интерни извештаи) ќе се користат за раководење на случаевите. Податоците ќе се објавуваат и во извештаи одјавен карактер кои ќе бидат во генерална форма во согласност со законот за заштита на лични податоци, заштита наидентитетот и приватноста согласно Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица при автоматска обработка на податоци (ETS No. 108).
3.6.4 Остварување на правото на обесштетување на деца -жртви на трговија со луѓе преку донесување и објавување на: -Програма за обесштетување на дете жртва согласно Законот за правда за децата и -Информација за спроведувањето на Програмата за обесштетување на дете жртва.
Согласно одредбите од Законот за правда на децата, во рамки на Министерството за правда донесена е Програма за обештетување на дете жртва за 2022 година, преку која се обезбедуваат средствата за обештетување.
Процентот на спроведување на Програмата, не може да согледа, бидејќи заклучно со јуни 2022 година од страна на судовите до министерството сеуште не се донесени Решенија за обештетување на дете жртва на трговија со луѓе
Програмата е објавена во Службен веснк на РСМакедонија, бр.40 од 23 февруари 2022 година и истата е достапна на страната https://pravda.gov.mk/resursi/28.
Treguesit e qëllimit të propozimit: -Процент на спроведување на Програмата за обесштетување на дете жртва - Број на јавни информативни објави за правото на обесштетување и пристап до Програмата за обесштетувањена веб страниците и социјалните мрежи на МП.
3.6.5 Спроведени активности за подигнување на свесноста и информирање на јавноста и на жртвите за остварување на правата предвидени со Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела.( оваа активност ќе започне со спроведување откако овој закон ќе се донесе)
Активноста е условена со донесувањето на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, но бидејќи истиот сеуште не донесен активнота не е реализирана.
Treguesit e qëllimit të propozimit: -Број на јавни информативни објави на социјалните мрежи и веб платформата за правото на обесштетување и пристап до Комисијата за обесштетување -Печатени и дистрибуирани материјали за правото на паричен надоместок и постапката согласно Законот.3.6.6 Спроведени редовни обуки на медицински персонал за зајакнување на нивното знаење за појавните облици на трговија со луѓе, постечкиот систем за пријавување и помош и поддршка, а во насока на идентификување, пријавување и упатување на жртви на трговија со луѓе.
Со цел спроведување на предметните обуки, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (MARRI) во соработка со Mеѓународна организација за правата на децата (Terre des Hommes), Националната комисија, Министерство за здравство, МВР, Отворена порта-Ла Страда изработи Здравствени индикатори и Водич за здравствените работници со цел идентификација и упатување на жртви /и потенцијални жртви на ТЛ во Западен Балкан. Во таа насока, изработени се и стандардни оперативни процедури (СОП) за постапување во итни ситуации, како и потпишан е Меморандум за соработка со цел обезбедување на неопходни медицински прегледи за потенцијалните и жртвите на трговија со луѓе и други ранливи групи, спроведување на контрацептивни мерки за жртвите исто така и спроведување на обуки на медицинскиот персонал за правилно постапување со жртвите на трговија со луѓе, меѓу Отворена порта-Ла Страда и Универзитетска гинеколошката акушерска клиника – Скопје.
Во однос на едукативните активности на медицинскиот персонал одржани се три обуки од кои две во рамки на проектот„ Зајакнување на регионалната соработка на механизмите за идентификување на жртвите и потенцијалните жртви на трговијата со луѓе на Западен Балкан„ наменети за обучувачи. Од страна на обучувачите спроведена е обука на тема „Зајакнување на знаењето за облиците на трговија со луѓе со цел препознавање и упатување до соодветна институција за добивање помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе„ на 20 стручни лица, лекари – гинеколози на, медицински сестри, (https://lastrada.org.mk). Притоа, одржана е обука „Претставување на здравствени индикатори и регионални стандардни оперативни процедури за идентификација на жртви на трговија со луѓе“, со мултисекторски карактер односно следена со претставници од МЗ, МВР, МТСП, Институт јавно здравство и Отворена Порта-Ла Страда.
На обуките учествувале 27 претставници од кои 23 биле претставници од министерство за здравство.
Treguesit e qëllimit të propozimit: -Број на спроведени обуки (таргет: 2 годишно) -Број на учесници на обуките3.6.7 Спроведени информативни кампањи за охрабрување на жените и девојчињата да побараат помош и поддршка во случај на сексуално насилство, преку запознавање на јавноста со работењето и услугите кои ги нудат РЕП Центрите.
Во однос на активноста, Министерството за труд и социјална политика подготви и промовираше кампањата за подигање на свеста за сите форми на родово насилство, насловена „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“, преку шест изработени видеа, прикажани во телевизиски спотови, социјалните медиуми и како брошури со рекламен материјал.
Граѓанското здружение Отворена порта-Ла страда изработи и промовираше Брошура „Дали си жртва на трговија со луѓе? Препознај ги знаците„ на македонски, ромски, албански и англиски јазик (https://lastrada.org.mk) со цел информирање за достапните услуги и права кои може да се остварат на територијата на РСМакедонија. Воедно, Отворена порта реализираше студиска посета во Холандија со претставници од Националната Комисија, Министерството за труд и социјална политика и Националниот механизам за упатување, со цел размена на искуства и практики во областа на директна помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на спроведени кампањи (таргет: 1 годишно) -Број на објави по медиуми Изработена компаративна анализа (да/не) - Спроведена студиска посета (да/не) - Подготвени стандарди (да/не) -Број на спроведени средби за подготовка на стандардите
3.6.8 Воспоставени програми за доквалификација и градење на вештини за возрасните и децата потенцијални и/или жртви од ТЛ со цел нивна поголема подготвеност за вработување, зајакнување и реинтеграција
Во однос на активноста не се спроведени обуки за создавање на вештини на потенцијални и/или жртви од трговија со луѓе.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на учесници на обуките за доквалификација и стекнување на вештини за потенцијалните и/или жртвите на ТЛ3.6 Зголемување на пристапот до загарантираните облици на заштита на жртвите на трговија со луѓе
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Во периодот од 2005 до 2019 година се идентификувани 116 жртви на трговијата со луѓе (ТЛ). Од 2014 година наваму, мала е бројката на идентификувани жртви која пред сѐ, се должи на отсуство на активна идентификација од страна на надлежните институции. Искуствата во практиката често покажуваат дека идентификувањето на жртвите затајува некаде низ лавиринтите на државните институции. Во ист контекст, нотиран е случај во 2019 година во којшто малолетно девојче, доброволно, со поддршка на пријател, одлучило да пријави во една од надлежните институции дека е жртва на трговија со луѓе. Меѓутоа, од случајот произлегло дека малолетното девојче веќе имало воспоставено контакти со таа надлежна институција, а институцијата не го препознала случајот како случај на жртва на трговија со луѓе.
Генерален е впечатокот дека содржината и форматот на презентираните податоци во годишните извештаи за трговија со луѓе, не соодветствуваат на потребата за утврдување на напредокот кој го прави државата на ова поле. Дополнително, отсуствува аналитички осврт на презентираните состојби, како и евалуација на постигнатото наспроти зададените цели преку кои ќе се мери прогресот во иднина. Ова влијае врз појава на негативен впечаток за напрадекот на државата од страна на меѓународните тела и граѓаните но оддруга страна и потешкотии во донесување на одлуки и спроведување на промени усогласени со меѓународните стандарди.
Во Министерството за правда постои програма преку којшто треба да се обезбеди исплата на отштетата за деца-жртви на трговијата со луѓе доколку таа не може да се обезбеди од сторителот.
Жртвите по напуштањето на прифатилиштето најчесто се соочуваат со невработеност, проблеми со домувањето иако во самата програма за реинтеграција на жртвите од ТЛ вработувањето, домувањето, продолжувањето на образованието се наведени како главни елементи во нивниот процес на реинтеграција. Во земјата не постојат посебни програми и мерки со коишто жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување. Жртвите на трговијата со луѓе не ги користат активните мерки за вработување обезбедени од државата преку Агенцијата за вработување, поради тоа што АВРСМ нема посебен систем со којшто ќе се гарантира заштитата на личните податоци и статусот на лицата-жртви.
Main goal of the proposal
Главната цел на оваа заложба е зајакнување на борбата против трговијата со луѓе во Република Северна Македонија како и обезбедување на ефикасна заштита на жртвите.
Како специфични резултати кои се очекуваат од оваа заложба се:
- Зголемен број на идентификувани жртви на трговија со луѓе и обезбедени услуги
- Зголемена транспарентност и отчетност на институциите кои работат на прашањето на трговија со луѓе
Зголемена информираност и пристап за жртвите од трговија со луѓе до здравствени услуги, вработување и правда
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата ќе придонесе кон решавање на јавниот проблем преку воспоставување на ефективни мерки од страна на институциите насочени кон подобар пристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе. Решенијата ќе бидат спорведени преку реализација на повеќе активности кои ќе бидат спроведени во партнерство со граѓанските организации. Така, мерките вклучуваат воспоставување на мобилни тимови кои ќе работат на терен и ќе придонесат кон подобрена идентификација и заштита на жртвите од трговија со луѓе. Ќе се воспостави функционална база на податоци и ќе се работи на ревидирање и унапредување на постоечкиот систем на собирање на податоци, со што ќе се овозможи обезбедување јавно достапни податоци преку кои ќе може да се следи прогресот кој државата го прави на полето на сузбивање на трговијата со луѓе и заштита на жртвите.
Дополнително заложбата ќе придонесе кон зголемување на капацитетите на медицинскиот персонал за препознавење и постапување во случаи на трговија со луѓе. Жртвите на трговија и јавоста ќе бидат информирани за постоење на РЕП центрите и нивната расположливост за услуга.
Исто така, мерките ќе придонесат за поголема информираност на жртвите и нивните застапници за правото на надомест на штета за децата и возрасните жртви на трговија со луѓе. Ќе се креираат програми и мерки со кои што жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Овие заложби се директно поврзани и во иста насока со новата Стратегија и Акциски план (НАП) за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2021-2025. Дополнително дел од заложбите се во согласност со Акциски план за спроведување на конвенцијата за сперечување и борба против наслиство врз жени и семејно насилство во РСМ 2018-2023.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.3: Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда до сите. Со мерките на оваа заложбаќе се унапредат мерките на институциите за евиденција и за обезбедување на подобарпристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Министерство за правда
- Министерство за здравство
Organizatat
- Отворена Порта
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Надица Јосифовски, Државен советник nadica.josifovski@mioa.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4
Arritjet e arritura: 0/4
Arritjet në pritje: 0/4
Arritjet e parealizuara: 4/4
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4
3.5.1 Спроведена кампања за промовирање на услугите кои граѓаните можат да ги добијат по електронски пат, наместо на шалтер. (Активноста ќе биде вклучена во редовните советодавни активности на АПРЗ, а информациите дистрибуирани до земјоделците и преку подрачните единици на МЗШВ и преку АФПЗРР)
3.5.2 Воспоставена локална мрежа на мобилни посредници за промовирање и посредување во пристап до Порталот uslugi.gov.mk
3.5.3 Изработена „Анализа и попис на услуги во сектор земјоделство, шумарство и водостопанство со приоретизација на услуги, како и внесување на податоци“ и внесување и верификација на идентификуваните услуги во Каталог на услуги (согласно Законот за електронско управување и електронски услуги)
3.5.4 Развиен курикулум за едукација на граѓани за основни дигитални вештини наменет за рурални и маргинализирани средини (основна компјутерска писменост- зоом, интернет итн.) и спроведување на обуките
3.5 Достапни е-услуги во руралните средини
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Немање информациjа за постоење на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk (Порталот) и сите податоци достапни на него; немање доволно дигитална писменост на локалното население за користење на е-услугите на Порталот; немање доверба во институциите и доверба во електронското комуницирање.
Одолговлекување на времето и квалитетот на добиената услуга , пример, за една потврда од општина дека вашата инвестиција е во согласност со стратегијата на ЛЕР и дека нема влијание врз загадувањето на животната средина одите 10 дена по ред и на крај може да се случи да ја добиете со погрешни податоци, што често пати земјоделците ги чини и неодобрување на инвестицијата. Голем број на примери ги имаме во Пелагониски регион, поточно во Кривогаштани. Внесување на погрешни податоци од страна на службениците што пак често пати резултира и со губење на финансиска поддршка, пример, субвенции итн., особено во делот на внесување на податоци и парцели за имотот и културите кои што ги има земјоделецот особено при електронско аплицирање за субвенции кои што го прават тие поради тоа што земјоделците не знаат, а тоа го прават за над 90.000 земјоделци кои што најчесто се јавуваат 10 дена пред истекот на рокот, или пак општините внесуваат погрешни податоци за лицето или земјоделското стопанство и тоа оди во недоглед; преголема зависност од службениците во локалните институции; многу повеќе време и средства трошат жителите во руралните средини во однос на оние кои што живеат во урбаните средини итн.; гледано од аспект на земjоделците и руралното население кои што се земени како целна група за да се образложи проблемот, иако ваквите услуги нема да ги користат само земjоделците туку и воопшто локалното население, а тоа го потврдува и последното направено истражување на терен на Рурална Коалиција – Дел од ваквите изјави или ставови може да ги најдете и во последното истражување на РК – Анализа дигитализација.pdf станува збор за евидентирани повеќе од 170.000 семеjниземjоделски стопанства кои што имаат повеќе пати во текот на годината потреба од услугите наведени погоре, како што се субвенции, аплицирање за јавни повици од ИПАРД и програмата за рурален развој каде што ви се потребни меѓудругото М1/М2, уверение за платени даноци, потврди од општина за усогласеност на инвестицијата со ЛЕР, потврди за стечајна, ликвидациона постапка, тековна состојба, потврда дека не е изречена забрана за вршење на должност или дејност итн.Имено, наjголемиотброj на документи, односно услуги кои што се наведени погоре се бараат при аплицирање за субвенции, понатаму аплицирање за финансиска поддршка од Програмата за рурален развоj каде што се овозможуваат инвестиции за модернизирање на земjоделските стопанства и за унапредување на руралниот развоj, при што станува збор за искористување на средства во износ поголем од 200 милиони евра годишно. Исто така, ваквата документациjа е потребна и при аплицирањето за ИПАРД програмата што пак е многу важно, бидеjќи директно влиjае на процентот на искористеност на ИПАРД програмата.
Main goal of the proposal
Главната цел на заложбата е доближување на Националниот портал за е-услуги до граѓаните од руралните средини и зголемување на довербата и сигурноста во електронската комуникација со институциите
Резултати:
- Зголемена информираност на граѓаните во локалната заедница за порталот gov.mk
Зголемени знаења и вештини на руралното население за користење на е-услугите достапни на Порталот uslugi.gov.mk
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Преку зголемувањето на достапноста и искористеноста на е-услугите во руралните средини, не само што се придонесува кон решавање на јавниот проблем туку во исто време се придонесува и кон унапредувањето на процесот на дигитализација на општеството, а да при тоа ниту еден граѓанин не биде изоставен. Исто така, преку зголемената употреба на е-услугите се зголемува и довербата во институциите,а и воопшто во државата, и во исто време се подобрува и квалитетот на живот во заедницата. Исто така, реализацијата на ваквата пак заложба, ќе го забрза процесот на дигитализација на услугите кои што ги даваат и општините, а ќе се зголемат и капацитетите и знаењата на локалното население со воведувањето на посебен курикулум за унапредување на знаењата и вештините за дигитализација и се придонесува кон остварување на Дигиталната агенда и стратешките насоки на оваа тема утврдени на национално ниво.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа: Стратегијата за транспареност на Владата на РСМ 2019-2021
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на знаењата и вештините на граѓаните за обезбедување на електронски јавни услуги на брз и начин.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство
Organizatat
- Koalicioni rural
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Ели Чакар, Државен слижбеник elicakar@gmail.com
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 1
Arritjet e arritura: 0/1
Arritjet në pritje: 1/1
Arritjet e parealizuara: 0/1
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/1
3.4.1 Воспоставен воедначен механизам применлив за сите општини за консултации и комуникациjа со граѓаните за давање на инпут од граѓани при креирање на локалните услуги и алоцирањето на средствата за нивно спроведување во локалните буџети, со фокус на граѓани од рурални и маргинализирани средини
Во фаза на подготовка е Кодекс за транспарентност на локално ниво. Целта е општините да обезбедат активна транспарентност преку воедначени стандарди, за да се обезбеди редовно информирање на граѓаните преку ВЕБ страницата на општината за работата на органите на општината, како и за услугите што ги обезбедува за граѓаните.
Кодексот ќе содржи листа на информации кои што општината треба да ги објави, согласно Законот за локалната самоуправа, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и други секторски Закони.
Се предвидува и он лајн алатка за комуникација и консултација, како и календар на активности за консултација, со цел да се обезбеди предвидливост на процесот.
Паралелно, е направена анализа за функционалноста и оддржливоста на постојните механизми за консултација на локално ниво, која што ќе послужи за изработка на еден оддржлив механизам аплициран во сите општини кој што ќе обезбедува и он лајн учество.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Воспсотавен воедначен механизам за објавување на информации(да/не) Број на објавени информации Воспсотавенвоединечен механизам за вклучување на граѓани (да/не) Број на вклучени граѓани Воспсотавенвоединечен механизам за обезбедување на повратно мислење на граѓаните врз основа на нивните предлози (да/не) Број на граѓани кои што дале повратна информација3.4 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на обезбедувањето на локалните јавни услуги
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, односно зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу локалните самуправи и граѓаните, придонесува за ниска доверба на корисниците во локалните услуги и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.
Main goal of the proposal
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на локалните јавни услуги
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои користат услуги обезбедени од локалните самоуправи низ државата.
Заложбата ќе се фокусира на: 1) воспоставување на континуирана соработка помеѓу министер/директор/државен секретар за планирање, следење и спроведување на локалните јавни услуги и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики и услуги. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба. 4) Унапредување на политиките/услугите/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Оваа заложба восебе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на локалните јавни услуги. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 2.Следен чекор: Владата ќе се фокусира врз мерки за подобрување на структурата на земјоделското земјиште како предуслов за развој и конкурентност на секторот, подобрување на условите за живот и работа во руралните области и обезбедување пристап до знаења и инвестиции во човечки капитал преку реформирани услуги за проширување и едукација на земјоделците. ЦОР 5 Следен чекор: Еден од клучните приоритети на земјата во наредните години и понатаму ќе биде да се унапредат можностите за вработување на жените и нивна заштита на работното место. Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Ергин Баки, Државен слижбеник ergin.baki@mon.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 6
Arritjet e arritura: 0/6
Arritjet në pritje: 0/6
Arritjet e parealizuara: 6/6
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/6
3.3.1 Унапредени капацитети и можности на учениците, наставниците, училиштата и МОН заеднички да градат отчетно, достапно, ефективно и ефикасно средно образование.
3.3.2 Дефинирани приоритетни области за учениците, родителите и наставниците
3.3.3 Воспоставување на алатки за мониторинг
3.3.4 Преземени активности за разрешување на идентификуваните проблеми:
3.3.5 Подобрена транспарентност преку објавување на податоци и информации на веб страните на институциите (националните институции, општините и училиштата)
3.3.6 Воспоставен механизам за законско објавување на квалитетни отворени образовни ресурси на официјалните образовни платформи
3.3 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областa на образованито
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, односно зголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу Министерството за образование и средните училишта со граѓаните, |
придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини
Main goal of the proposal
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и образовните политики.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на наставниците и учениците во средните училишта.
Заложбата ќе се фокусира на: 1) воспоставување на континуирана соработка помеѓу институцијата и наставниците/учениците и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, следење и спроведување на образовните програми, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Оваа заложба восебе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на наставниците/учениците во процесите на донесување на одлуки во областа образованието. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 4. Следен чекор: подобрување на квалитетот и пристапот до образовните програми за средно образование, со фокус на ранливи групи и подобрување на кариерниот развој на наставниците.Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.
Institucion i emëruar
Kontakt personi
м-р Билјана Бабушковска, Раководител на Одделение за внатрешна ревизија biljana.babushkovska@zdravstvo.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4
Arritjet e arritura: 0/4
Arritjet në pritje: 4/4
Arritjet e parealizuara: 0/4
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4
3.2.1 Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите, а кое ќе го сочинуваат: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво) и четири претставници на Министерството за здравство од кои еден одговорен за превентивна здравствена заштита, еден претставник од секторот за стратешко планирање. Еден претставник на кабинетот на министерот и еден одговорен за финансии.
Подготвен и испратен до ЕСЕ Допис за номинација на претставници од Министерството за здравство со цел учество во координативното тело.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Воспоставено координативно тело (да/не)3.2.2 Развивање и објавување на електронска платформа за информирање, следење, вклучување на граѓани во програмите за превентивна здравствена заштита и задолжително предвидување на механизам за прибирање, разгледување и обезбедување на одговор на секој од прибраните предлози од граѓаните.
3.2.3 Спроведена кампања за информирање на јавноста за можностите кои ги нуди платформата, преку развој и спроведување на комуникациска стратегија.
3.2.4 Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на жените и децата од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на со нивните правата кои произлегуваат од програмите за превентивна заштита.
Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на жените и децата од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на со нивните правата кои произлегуваат од програмите за превентивна заштита.[1]
[1]Програма за активна здравствена заштита на мајки и деца, Програма за рана детекција на малигни заболувања, програма за систематски прегледи, Програма за ослободување од партиципација, програма за јавно здравје кои во себе содржат услуги за наменети за нив, преку користење на мултидисциплинарен пристап, како и фацилитирање на процесот на искажување на мислењата и предлозите на жените и мајките пред надлежните институции со користење на развиената платформа. Пилотирањето ќе се однесува само за оние програми наменети за превентивна здравствена заштита на жени, мајки и деца.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на мапирани домаќинства за идентификување на невработени и нерегистрирани граѓани во евиденцијата на АВРСМ (Таргет: 250 по општина) Број на реализирани средби со идентификуваните домаќинства (Таргет: 1 средба по домаќинство) Број на анкетирани граѓани (Таргет: 1000) Број на подготвени планови за адресирање на идентификуваните проблеми помеѓу граѓаните (таргет 1).3.2 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на превентивната здравствена заштита
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, односнозголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу Министерството за здравство и граѓаните придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини.
Main goal of the proposal
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на здравствените политики и услуги.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои се утврдени како корисниците на превентивните програми за здравствена заштита со фокус на оние наменети за жени и деца.
Заложбата ќе се фокусира на: 1) воспоставување на континуирана соработка помеѓу министер/државен секретар за планирање, следење и спроведување на превентивните здравствени програми и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба, преку директна вклученост на одговорни за односи со јавност во министерството за здравство /Кабинет на министер и вклученост на граѓаните во процесите на планирање, следење и оценување на услугите од областа предмет на оваа заложба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Оваа заложба во себе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на здравството. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 3. Следен чекор: Министерството за здравство ќе продолжи со имплементација на иницијативите и активностите наведени во стратешките документи и акциските планови и ќе започне со подготовка на новата Национална здравствена стратегија за периодот до 2030 година. Стратегијата ќе обезбеди насока за реформите во здравствениот систем на сите нивоа.Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.