Kontakt personi

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 1

Arritjet e arritura: 0/1

Arritjet në pritje: 0/1

Arritjet e parealizuara: 1/1

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/1

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Treguesit e qëllimit të propozimit: Спроведена постапка за јавна набавка на камери и пропратна опрема за вршење на директен онлајн пренос на седници

НАБАВКА НА КАМЕРИ СО ПРОПРАТНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРНЕТ ПРЕНОС НА СЕДНИЦИ

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

На интернет страната на Собранието се емитува сигналот од Собранискиот ТВ канал. Салите во Собранието не се опремени со потребната опрема за вршење на интернет пренос од седниците на работните тела за јавноста да следи во реално време седници на работни тела наместо снимки на Собранискиот канал.

Main goal of the proposal

Активноста се предлага со цел обезбедување зголемен пристап на јавноста во работата на Собранието. Освен преку собранискиот канал се обезбедува пристап и преку директен пренос на интернет.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Се зголемува пристапот на јавноста во работата на Собранието. Освен преку собранискиот канал се обезбедува пристап и преку директен пренос на интернет.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Проектирана вредност од 3.000.000 денари обезбедени од донација.



Kontakt personi

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3

Arritjet e arritura: 0/3

Arritjet në pritje: 0/3

Arritjet e parealizuara: 3/3

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3

Незапочнато

Финансиско спроведување на заложбата

Финансиско спроведување на заложбата

Treguesit e qëllimit të propozimit: Обезбедени средства во буџетот за 2022 и спроведена јавна набавка
Незапочнато

Административно спроведување на заложбата

Административно спроведување на заложбата

Treguesit e qëllimit të propozimit: Реализација на договорот за снимање и обработка на промотивните репортажи
Незапочнато

Зголемена видливост на канцелариите за контакт со граѓаните и повеќе информации за јавноста за нивната улога

Зголемена видливост на канцелариите за контакт со граѓаните и повеќе информации за јавноста за нивната улога

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на емитувања на собраниски канал, број на прегледи на социјални мрежи и број на посети на канцелариите

ИЗРАБОТКА НА РЕПОРТАЖИ И ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА КОНТАКТ СО ГРАЃАНИТЕ

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Собранието тековно ствара услови за работењето на овие канцеларии заедно со единиците на локалната самоуправа и во тек е ставање во функција на софтверско решение за поврзување на сите канцеларии и следење на активностите на канцелариите. Секоја комуникација на граѓаните со пратениците е важна, и овој институционален облик на комуникација мора да има соодветна поддршка.

Main goal of the proposal

Активноста се предлага со цел обезбедување поголема отвореност и запознавање на граѓаните со работењето на канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Поголема отвореност и запознавање на граѓаните со работењето на канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?


Kontakt personi

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 1

Arritjet e arritura: 0/1

Arritjet në pritje: 0/1

Arritjet e parealizuara: 1/1

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/1

Незапочнато

Спроведување на оепративни активности за промоција на ПОВ и заложбите на Собранието

Спроведување на оепративни активности за промоција на ПОВ и заложбите на Собранието

Treguesit e qëllimit të propozimit: - ПОВ хибридна конференција - Работилница за ПОВ за собраниската служба - Поготовка на содржини за користење на социјални мрежи - Пренос на настани поврзани со ПОВ во живо на интернет - Настан за отворени податоци за Собранието и граѓанските организации - Анализа за трендовите со ПОВ и парламентите

СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПАРТНЕРСТВОТО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Република Северна Македонија е членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година. Собранието стана дел како посебна гранка на власта во 2017 година со сопствен акциски план со заложби и активности. Со оглед на планирањето и динамиката за спроведување на заложбите и активностите од ПОВ планот 2021-2023, Собранието смета дека се потребни и соодветни активности за промовирање на механизамите во ПОВ за спроведување и за мониторинг за различни вклучени страни.

Main goal of the proposal

Активноста се предлага со цел промовирање на механизамите во ПОВ за спроведување и за мониторинг за различни вклучени страни.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Со повеќе настани и инфорамции за јавноста и вклучените страни до подобро разбирање на процесот и поголем ефект од спроведувањето на заложбите.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Средствата се обезбедни како донација за оваа заложба.



Kontakt personi

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 1

Arritjet e arritura: 0/1

Arritjet në pritje: 0/1

Arritjet e parealizuara: 1/1

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/1

Незапочнато

Финансиски административно и оепративно спроведување на заложбата

Финансиски административно и оепративно спроведување на заложбата

Treguesit e qëllimit të propozimit: Спроведена постапка за јавна набавка, склучен договор и инсталација на софтверско решение

НАБАВКА НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ПРЕВОД ОД ГОВОР НА ТЕКСТ

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Препознавањето на говор е важно за да се примени во автоматизирањето на транскрипцијата на собраниските седници и седници на комисии, како на македонски така и на албански јазик. Дополнително има можности да се овозможи титлување на живи преноси.

Синтеза на говор може да овозможи преточување на законски текстови во аудио фајлови за инклузија на лица со оштетен вид.

Main goal of the proposal

Активноста се предлага со цел автоматизирањето на транскрипцијата на собраниските седници и седниците на комисии.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Решението ќе овозможи  преточување на законски текстови во аудио фајлови, со што ќе ги направи материјалите подостапни за лицата со оштетен вид.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Проектирана вредност од 2.000.000 денари ќе бидат обезбедени или како донација или во буџетот на Собранието за 2022 година.



Institucion i emëruar

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4

Arritjet e arritura: 0/4

Arritjet në pritje: 0/4

Arritjet e parealizuara: 4/4

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4

Незапочнато

Дефинирање на каталогот на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите согласно претходната пракса на објавување на информации на судскиот портал, барањата за пристап до информации од јавен карактер и веќе достапни анализи за транспарентност и отвореност на судство

Дефинирање на каталогот на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите согласно претходната пракса на објавување на информации на судскиот портал, барањата за пристап до информации од јавен карактер и веќе достапни анализи за транспарентност и отвореност на судство

Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМ
Незапочнато

Подготовка на индивидуални проценки за усогласеност со дефинираниот каталог на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите за секој суд

Подготовка на индивидуални проценки за усогласеност со дефинираниот каталог на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите за секој суд

Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМ
Незапочнато

Спроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно.

Спроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Веб портал со стандардизирани информации и податоци за јавноста
Незапочнато

Подобрување и прилагодување на содржината на судскиот портал за користење на лица со оштетен вид, со овозможување на аудио верзија на начелни правни мислења, правни мислења и сентенци на Врховен суд на РСМ.

Подобрување и прилагодување на содржината на судскиот портал за користење на лица со оштетен вид, со овозможување на аудио верзија на начелни правни мислења, правни мислења и сентенци на Врховен суд на РСМ.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Воспоставена text-to-speech (текст-во-глас) алатка на веб страната на ВСРСМ

Подобрување на електронскиот судски портал на РСМ (www.sud.mk)

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Воведувањето на електронскиот Судски портал на РСМ (www.sud.mk) во 2017 година се очекуваше да придонесе за поголема транспарентност на судовите, но сѐ уште постојат големи разлики помеѓу квалитетот и обемот на податоците достапни за судовите.  Информациите кои што се објавуваат на веб-страници за секој суд не се унифицирани, не се објавуваат и ажурираат редовно и не сите податоци се објавуваат во отворен формат. На пример извештаите на судовите и биографиите на судиите не се унифицирани, ниту сите може да се најдат на веб-страниците, а во некои случаи се и нејасни. Неконзистентноста при селективната објава на податоците доведува до сомнеж за прикривање на самите податоци што се објавуваат, што директно влијае на довербата на граѓаните во судството како трета гранка на власт во државата. Дополнително,  судовите не се проактивни во споделување на информации поврзани со имотната состојба на судиите, па кај биографиите на судиите не се достапни линкови до страната на ДКСК каде што се објавени имотните состојби за секој судија. Не сите судови имаат објавени податоци за информациите од јавен карактер што треба да се достапни (лице за информации од јавен карактер, меил /телефон), а нема ниту редовна пракса на објавување на податоци којшто некој веќе ги побарал со пристап до информации од јавен карактер. Отвореноста е неопходна за подигнување на довербата на јавноста во судиите, судовите и целиот правосуден систем како и за сфаќањето на јавноста за тоа кој и на кој начинот се  спроведува правдата од страна на судовите. Притоа, отвореноста е една од главните компоненти на легитимноста на судскиот процес и причина поради која јавноста има доверба во работата и одлуките на судовите. Судскиот портал не e прилагоден за користење од страна на корисниците со оштетување на видот.

Main goal of the proposal
  • Овозможување стандардизирани и унифицирани информации и податоци за судовите и судската пракса и зголемување на бројот на податоците во отворен формат поврзани со судството.
  • Проширување на обемот на податоците достапни во отворен формат на порталот.
  • Зголемување на обемот и подобрување на квалитетот на податоците и информациите кои се објавуваат.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Зголемениот обем, подобрениот квалитет и редовното ажурирање на податоците кои се дел од судскиот портал доведува до воведување на нова практика во македонското судство која наложува транспарентна и отчетна но пред се видлива работа судовите за граѓаните на РСМ.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за подобрување на јавната одговорност на сите чинители во судство преку подобрување и зголемување на обемот и квалитетот на податоците на судскиот портал.



Institucion i emëruar

Azhurnimi i fundit në

12 May 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4

Arritjet e arritura: 0/4

Arritjet në pritje: 0/4

Arritjet e parealizuara: 4/4

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4

Незапочнато

Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.

Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата

Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата

Treguesit e qëllimit të propozimit: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.

Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.

Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Усвоена Стратегија за отвореност на судството од страна на ССРСМ

Подобрување на односите со јавноста на судовите

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно  да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. Постои потреба од обнова на линкот односно поврзаноста помеѓу судовите и медиумите со цел враќање на довербата на јавноста во судството и правосудните органи.

Main goal of the proposal
  • Подобрување на активната комуникација и транспарентност на судовите со јавноста
  • Воспоставување на сеопфатна рамка според која судовите би комуницирале со јавноста и медиумите
  • Изработка на Стратегија за отвореност на судството
  • Развивање на соработката со Судско-медиумскиот совет
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Преку реализација на заложбата се воспоставуваат долгорочни насоки за подобрување на транспарентноста и отвореноста на судството преку воспоставена методологија за комуникација со јавноста

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на судовите во Република Северна Македонија преку редовно споделување на информации со медиуми и јавноста.



Kontakt personi

Оливер Серафимовски, Советник, Одделение за соработка со имателите на информации и информирање на јавноста oliverserafimovski@komspi.mk

Azhurnimi i fundit në

10 July 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2

Arritjet e arritura: 2/2

Arritjet në pritje: 0/2

Arritjet e parealizuara: 0/2

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2

Завршено

1.2.1 Воведена обврска за секоја институција – имател на информации, задолжително да информира во својот годишен извештај што го доставува до АСПИ и за спроведување на членот 10 од Законот за слободен пристап кој предвидува обврска за имателите да ги објавуваат сите информации од своето работење на своите веб-страници.

Од вкупно 1445 иматели регистрирани иматели на информации од јавен карактер до кои беше доставен образец за Годишен извештај за 2021 година, во кој имателите требаа да ги достават линковите согласно членот 10, односно 22-те категории, 322 или 22,28% од имателите ја исполнуваат својата проактивна транспарентност, 934 или 64,63% не се активно транспарентни, додека 78 или 5,39 % се делумно транспарентни

Годишен извештај до Агенцијата доставија 1334, односно 92,32% иматели, а 111 или 7,68% не ја исполнија законската обврска.

Од вкупно 1449 иматели регистрирани како иматели на информации од јавен карактер до кои беше доставен образец за Годишен извештај за 2022 година, во кој имателите требаа да ги достават линковите согласно членот 10, односно 22-те категории, 334 или 23,05% од имателите ја исполнуваат својата проактивна транспарентност, 966 или 66.67% не се активно транспарентни, додека 104 или 7.18 % се делумно транспарентни

Годишен извештај до Агенцијата доставија 1404, односно 96,86% иматели, а 45 или 3,11 % не ја исполнија законската обврска.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Процент на институции (почнувајќи од 2021 година) што доставиле годишен извештај до АСПИ вклучуваат информации за спроведување на член 10 (таргет 50%) (Од 1440 иматели на информации, во 2020 година извештај до АСПИ доставиле 1132 институции, односно 79 % од институциите). Од 1445 иматели на информации од јавен карактер, Годишен извештај до Агенцијата доставија 1334, односно 92,32% иматели, а 111 или 7,68% не ја исполнија законската обврска. Информации за спроведување на членот 10 од Законот, односно линкувани податоци од своите веб страници за нивната проактивна транспарентност доставија 322 или 22,28% иматели, додека 934 или 64,63% не доставија информации за својата активна транспарентност. Процент на институции (почнувајќи од 2021 година) што доставиле годишен извештај до АСПИ вклучуваат информации за спроведување на член 10 (таргет 50%) (Од 1445 иматели на информации, во 2021 година извештај до АСПИ доставиле 1334 институции, односно 92,32 % од институциите). Од 1449 иматели на информации од јавен карактер, Годишен извештај за 2022 година до Агенцијата доставија 1404, односно 96,86 % иматели, а 45 или 3,11% не ја исполнија законската обврска. Информации за спроведување на членот 10 од Законот, односно линкувани податоци од своите веб страници за нивната проактивна транспарентност доставија 334 или 23,05% иматели, додека 966 или 66,67% не доставија информации за својата активна транспарентност.
Завршено

1.2.2 Воведена обврска за АСПИ за објавување збирна информација во својот годишен извештај и за спроведувањето на членот 10 од Законот за слободен пристап, а врз основа на добиените извештаи од имателите на информации.

Од страна на државните институции, обврската ја исполнија 91 имател, 44 недоставија известување за нивната проактивност, 5 делумно се транспарентни, додека за 6 иматели нема податок од причини што имателите не доставија извештај за нивната имплементација на законската обврска.

Од здравствените институции 5 иматели доставија извештај за оваа обврска, 5 иматели делумно се транспарентни, а 92 иматели не доставија линкови за да се мониторира нивната транспарентност. 8 иматели не доставија извештаи до Агенцијата во законскиот рок.

Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 52 иматела, 17 се делумно транспарентни, а 233 иматели не ја испочитуваа оваа обврска во своите извештаи. 23 иматели не доставија годишни извештаи.

Од образовните институции 441 иматели не се проактивно транспарентни, делумно се 33 иматели, а само 67 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации. Службените лица кај 38 иматели не доставија извештаи за имплементација на Законот.

Службените лица кај 52 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека 30 иматели не доставија линкови за почитување на членот 10. Делумно транспарентни се 5 иматели, додека 1 имател не достави извештај.

За проактивна транспарентност известуваат само 5 политички партии, 5 се делумно, додека 29 не известија за имплементација на членот 10 од Законот.  Извештај за својата работа по однос на слободниот пристап не доставија 18 иматели.

Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, 6 се делумно отчетни, додека 29 не известија за нивната проактивност во работата. 14 иматели не доставија Годишни извештаи.

Судската власт е прокативна кај 26 иматели, 2 иматели се делумно транспарентни, а 36 не прикажуваат податоци за проактивното објавување на информации од јавен карактер. Агенцијата за 3 иматели не може да ја прикаже транспарентноста од причини што истите не доставија извештај во законски предвидениот рок.

Од страна на државните институции, обврската ја исполнија 119 имател, 17 недоставија известување за нивната проактивност, 7 делумно се транспарентни, додека за 3 иматели нема податок од причини што имателите не доставија извештај за нивната имплементација на законската обврска.

Од здравствените институции 7 иматели доставија извештај за оваа обврска, 8 иматели делумно се транспарентни, а 92 иматели не доставија линкови за да се мониторира нивната транспарентност. 3 иматели не доставија извештаи до Агенцијата во законскиот рок.

Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 47 иматела, 31 се делумно транспарентни, а 238 иматели не ја испочитуваа оваа обврска во своите извештаи. 9 иматели не доставија годишни извештаи.

Од образовните институции 484 иматели не се проактивно транспарентни, делумно се 37 иматели, а само 46 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации. Службените лица кај 15 иматели не доставија извештаи за имплементација на Законот.

Службените лица кај 60 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека 23 иматели не доставија линкови за почитување на членот 10. Делумно транспарентни се 5 иматели.

За проактивна транспарентност известуваат само 6 политички партии, 4 се делумно, додека 35 не известија за имплементација на членот 10 од Законот.  Извештај за својата работа по однос на слободниот пристап не доставија 12 иматели.

Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, 9 се делумно отчетни, додека 39 не известија за нивната проактивност во работата. 2 имателa не доставија Годишни извештаи.

Судската власт е прокативна кај 25 иматели, 3 иматели се делумно транспарентни, а 38 не прикажуваат податоци за проактивното објавување на информации од јавен карактер. Агенцијата за 1 имател не може да ја прикаже транспарентноста од причини што истите не доставија извештај во законски предвидениот рок.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на институции за кои АСПИ објавил информации во годишниот извештај за спроведување на член 10 Агенцијата во Годишниот извештај за својата работа извести дека од страна на имателите на информации од јавен карактер обврската ја исполнија 398 иматели, од кои 76 се делумно транспарентни во однос на објавувањето на информации од јавен карактер на своите веб страници. Од државните институции, обврската ја исполнија 91 имател, а 5 делумно се транспарентни. Од здравствените институции 5 иматели доставија извештај за оваа обврска, 5 иматели делумно се транспарентни. Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 52 иматела, 17 се делумно транспарентни. Од образовните институции само 67 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации, додека делумно се 33 иматели. Службените лица кај 52 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека делумно транспарентни се 5 иматели. За проактивна транспарентност известуваат само 5 политички партии, а 5 се делумно. Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, а само 6 се делумно отчетни. Судската власт е проактивна кај 26 иматели, додека само 2 иматела се делумно транспарентни, односно проактивно отчетни. Број на институции за кои АСПИ објавил информации во годишниот извештај за спроведување на член 10 Агенцијата во Годишниот извештај за својата работа извести дека од страна на имателите на информации од јавен карактер обврската ја исполнија 334 иматели, од кои 104 се делумно транспарентни во однос на објавувањето на информации од јавен карактер на своите веб страници. Од државните институции, обврската ја исполнија 119 имател, а 7 делумно се транспарентни. Од здравствените институции 7 иматели доставија извештај за оваа обврска, 8 иматели делумно се транспарентни. Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 47 иматела, 31 се делумно транспарентни. Од образовните институции само 46 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации, додека делумно се 37 иматели. Службените лица кај 60 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека делумно транспарентни се 5 иматели. За проактивна транспарентност известуваат само 6 политички партии, а 4 се делумно. Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, а само 9 се делумно отчетни. Судската власт е проактивна кај 25 иматели, додека само 3 иматели се делумно транспарентни, односно проактивно отчетни.

1.2 Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб-страниците на институциите

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Заложбата се однесува на т.н. активна транспарентност на институциите што подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации од јавен карактер.

Заложбата треба да им овозможи на граѓаните, фирмите и на сите други заинтересирани групи брз, лесен и континуиран пристап до основните информации за работењето на државните институции.

Иако од крајот на 2019 година, со новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер, објавувањето на овие информации на веб-страниците на институциите е задолжително, сепак многу мал број од нив ја спроведуваат оваа обврска. Според последниот Индекс на активна транспарентност за 2021 година на ЦГК, министерствата и Владата објавуваат просечно 79% од овие информации, додека општини само 60%. Поединечните проценти се движат од 10% до 100%. Истото мерење кај јавните претпријатија покажува дека објавуваат 41% од овие информации. Се проценува дека кај другите институции (околу 1.200) кои не се под мониторинг на граѓанскиот сектор, објавувањето е уште помало, а е од еднакво значење за животот на граѓаните.

Во меѓувреме, Владата презема неколку мерки за да го поттикне објавувањето на овие информации, но повторно само  кај владините институции, кај општините и кај јавните претпријатија чијшто основач е таа.

И Државниот завод за ревизија, во извештајот од ревизијата на успешност за Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб портали констатира дека „Постојниот квалитет на услугите кои ги обезбедуваат ЕЛС на веб порталите не обезбедува ефективна и брза услуга и не е овозможен ист третман, еднаков пристап и достапност за секој граѓанин.“

Main goal of the proposal

Заложбата вклучува засилени напори од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за подобрување на активната транспарентност кај имателите на информации.

Пред да почнат засилените напори за активна транспарентност кај владините институции и општините, во 2016 година, просечното објавување на информации кај овие институции беше 45%, додека пред ваквите активности кај јавните претпријатија, тие објавуваа само 28% од информациите. Имајќи го предвид порастот на активната транспарентност кај овие институции по преземањето на конкретните мерки, се очекува подобрување и кај сите останати институции.

Со остварувањето на заложбата ќе се зголеми достапноста на информациите кои се важни за животот и работењето на луѓето, а ќе се намали притисокот за добивање информации преку барања за слободен пристап.

Соодветниот и навремен пристап до информации е предуслов за ефективно учество на граѓаните во креирањето политики и за квалитетно и навремено добивање на услугите од државните институции.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Се смета дека самата обврска за институциите да информираат на годишно ниво за степенот на почитување на членот 10 од законот, односно за обемот на објавување на основните информации за нивното работење ќе продонесе кон зголемено објавување на овие информации и почитување на членот 10, за кое непочитување не се предвидени прекршочни одредби во законот.

Со изготвувањето и објавувањето на извештај за почитувањето на членот 10, ќе им се овозможи на граѓаните и на граѓанските организации да имаат поголем увид во степенот на објавување на основните информации од страна на институциите, а со тоа да го засилат притисок врз институциите за објавување повеќе информации.

Инаку, со остварување на заложбата, институциите ќе обелоденуваат:

  • информации за регулативата и за одлуките на властите, со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството;
  • информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите;
  • информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и
  • информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции.

И самата институција којашто објавува информации врз проактивна основа остварува корист по неколку основи:

  • активната транспарентност ѝ помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари;
  • на тој начин институцијата ги промовира принципите на добро владеење и интегритет и

институцијата е поефикасна бидејќи подобро управува со информациите со коишто располага.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи сите предвидени активности се дел од редовното работење на институциите,  како и на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (АСПИ).

Заложбата е поврзана со Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ, Планот за борба против корупцијата на Владата на РСМ, препораки од Функционалната анализа на АСПИ.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија

Organizatat

  • Qendra për komunikime qytetare


Kontakt personi

Анета Стефановска, a.stefanovska@moepp.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

03 April 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 5

Arritjet e arritura: 0/5

Arritjet në pritje: 2/5

Arritjet e parealizuara: 0/5

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 3/5

Значително

5.2.1 Поставени 4 нови мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа (Прилеп, Штип, Охрид, Берово) со цел надополнување на обемот на информации за нивото на загадување во овие четири града објавени на Air Quality Portal (Air Quality Portal (moepp.gov.mk)), а во насока на овозможување на повеќе информации за граѓаните со цел навремена реакција за превземање на соодветни решенија

Министерството за животна средина и просторно планирање, набави на 2 (две) Автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ). Мониторинг станиците се инсталирани во општина Берово и Прилеп и истите се пуштени во функција на крајот на месец декември 2021 година.

Во тек е набавка на Автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) која ќе биде инсталирана во Охрид. Склучен е договор со избраната компанија и се очекува инсталацијата на станицата да заврши до крајот на месец октомври 2022. Направен е избор на локацијата во Охрид во соработка со претствниците на општина Охрид и со обезбедена ружа на ветрови од УХМР. Сите подготвителни градежни активности на локацијата се завршени, односно изграден е бетонски фундамент, обезбеден е приклучок за електрична енергија и сите административни документи се обезбедени. Мониторинг станицата е поставена во општина Охрид и истата е пуштена во функција на крајот на месец октомври 2022 година.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на ново поставени мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа Број на информации објавени на Air Quality Portal
Referencat
Значително

5.2.2 Поправка на инструментите за PM 10 честички и инсталирање на нови инструменти за PM2.5 кај оние мерни станици кои не се во функција со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови

  • Во декември 2019 од буџетот на МЖСПП се набавија 6 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и истите се поставени во мониторинг станиците Гази Баба, Лисиче, Велес, Кичево, Гостивар и Кавадарци во декември 2019 година.
  • Во декември 2020 година се набавени со буџетски средства на МЖСПП, 2 автоматски анализатори за мерење на PM2.5 и истите се поставени во Лисиче и Гази Баба;
  • Со финансиски средства обезбедени од Шведската влада во април 2021 година се набавени 8 инструменти за мерење на концентрацијата на PM2.5 и истите се поставени на 8 локации Скопје: Ректорат и Миладиновци, Гостивар, Кичево, Велес и Струмица и се набавени 4 инструменти за РМ10 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица.
  • Инструменти за мерење на концентрациите на PM10 и PM2.5 се поставени во Прилеп и Берово во декември 2021 година.
  • Набавка на инструмент за РМ2.5 за Лазарополе е планирана во рамките на проект за набавка на опрема финансиран од ИПА 2 програмата, за кој е подготвена целокупната тендерска документација, се чека на одобрување на документацијата од Делегацијата на ЕУ.
  • Во периодот јули-септември 2022 година саниран е мерниот инструмент за симултано мерење на PM 10 и PM 2.5 на мерниот инструмент Битола 2 и истиот во моментот обезбедува податоци од мониторинг.
  • Инструмент за мерење на на PM10 и PM2.5 се поставени во Охрид во октомври 2022 година.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на ново поставени инструменти за PM 2.5 честички % од територијата на државата за која се добиваат податоци за ПМ10 и ПМ2.5
Referencat
Значително

5.2.3 Редовно одржување на сите мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа во државата со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови.

2019

Набавени 6 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и 6 дата логери. Инструментите за PM10 се поставени во мониторинг станиците Гази Баба, Лисиче, Велес, Кичево, Гостивар и Кавадарци во декември 2019 година.

2020

Се спроведе постапка за набавка на мерни инструменти со што се изврши модернизација и замена на дел од мерните инструменти од веќе постоечките автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух. Испораката на мерните инструменти се реализираше во декември 2020 година. Имено се набавени:

  • 7 анализатори за озон (O3) поставени во мониторинг станиците: Лисиче, Гази Баба, Ректорат, Кочани, Кавадарци, Кичево, Гостивар;
  • 7 анализатори за сулфур диоксид (SO2) поставени во мониторинг станиците: Лисиче, Гази Баба, Куманово, Битола 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
  • 7 анализатори за јаглерод моноксид (CO) поставени во мониторинг станиците: Гази Баба, Ректорат, Куманово, Битола 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
  • 6 сета метеоролошка опрема / сензори поставени во мониторинг станиците: Миладиновци, Кочани, Струмица, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
  • 2 автоматски анализатори за мерење на5 поставени во Лисиче и Гази Баба;
  • 2 автоматски секвенцијални стандардни / референтни ниско волуменски семплери за мерење на суспендирани честички (со PM10, PM2.5, PM1 влезови/глави за земање примероци) поставени во мониторинг станиците: Кавадарци и Кичево;
  • Калибрациона кула за калибрација на автоматски анализатор за мерење на суспендирани честички PM10 и5;

Во октомври 2020 година се набави нова автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух и истата се постави во Општина Гевгелија и се заменија сите постоечки мерни инструменти и се инсталираа два дополнителни во мониторинг станицата Битола 1.

2021

Извршена надградба на системот за управување со податоци AIRVIRО и се изврши набавка на инструменти за замена на дел од застарените инструменти од мониторинг станиците за квалитет на воздух:

  • 4 инструменти за РМ10 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица;
  • 8 инструменти за РМ5 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
  • 8 инструменти за азотни оксиди поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
  • 2 инструменти за озон поставени во Миладиновци и Струмица;
  • 4 дата логери поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица.

Во јануари 2021 година се изврши набавки на 4 нисковолуменски уреди за земање на примероци од воздух.

Се набавија 8 нови мерни инструменти со кои се заменија постоечките застарени инструменти. Инструментите се инсталирани во декември 2021 година:

  • 3 инструменти за јаглерод моноксид поставени во Миладиновци, Кочани и Струмица
  • 4 инструменти за сулфур диоксид поставени во Миладиновци, Кочани, Струмица и Велес
  • 1 инструмент за озон поставен во Велес.

2022

Во текот на 2022 година се спроведе постапка за набавка на резервни делови. Испораката на деловите се реализираше во јуни 2022 година.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на променети инструменти Број на извршени поправки Број на инструменти кои имаат годишна покриеност од 90% (Таргет: сите инструменти во 19 мерни станици)
Ограничено

5.2.4 Обезбедување на сет резервни мерни инструменти со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови.

Ова е планирана активност во рамките на проект за набавка на опрема финансиран од ИПА 2 програмата. Целокупната тендерска документација е подготвена. По одобрувањето на документација од Делегацијата на ЕУ истиот ќе биде објавен.

Проектот за набавка на опрема е објавен на 13.02.2023, а рокот за доставување на понуди е 12.05.2023. Испораката на опремата се очекува до крајот на 2023 година.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на обезбедени сетови на резервни инструменти
Ограничено

5.2.5 Изработка на мобилна апликација која ќе овозможи пристап до податоци за нивото на аерозагадувањето преку мобилен телефон и континуирани нотофикации за граѓаните.

За оваа активност беа побарани дополнителни средства во рамките на проектите кои ги спроведува МЖСПП, но истите не беа одобрени. Во моментов се бараат средства од други донатори.

За оваа активност се обезбедени средства во рамките на буџетот на МЖСПП за 2023 година. Во тек е изработка на техничка спецификација и тендерска документација.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на граѓани корисници на апликацијата

5.2 Пристап до информации за нивото на аерозагадување

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Вкупно 18 фиксни и 1 мобилна мерна станица како дел од државната мониторинг мрежа за квалитетот на амбиентeн воздух се поставени во различни градови во државата. Од вкупниот број мерни станици, 5 се во Скопје, 2 во Битола и по 1 во Куманово, Миладиновци, Кочани, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кичево, Лазарополе, Гостивар и Тетово. Мобилната мониторинг станица е функционална од 2017 година и истата се поставува во оние општини кои не се опфатени со фиксните мониторинг станици во период од една година. Досега беше поставена во општина Бутел, Скопје и моментално е поставена во општина Ѓорче Петров, Скопје. Во останатите помали градови од државата не се поставени фиксни мерни станици, но мониторингот на квалитеотот на воздухот во овие градови ќе се врши со мобилната станица.[1] Државната мониторинг мрежа за квалитет на амбиентен воздух ги задоволува критериумите за минимален број на мерни места во одредена зона и агломерација, пропишани во националнато законодавство и Европските директиви за квалитет на воздух.  Државната мониторинг мрежа во изминатите години се соочуваше со проблеми во однос на континуирана функционалност на мерните инструменти, особено заради старост на самата опрема. Подолг период инструментот за следење на концентрацијата на PM 10 честичките не беше во функција на мерната станица Лисиче, додека проблеми со овој инструмент, но и инструменти за следење на концентрациите на останатите честички (CO, NO2, O3, PM2.,5 и SO2) се забележани и на другите мерни станици во Скопје.[2] Во Битола, мерењето на концентрацијата на PM2.5 честичките е започнато во 2017 година и се одвиваше најпрво само преку една мерна станица (Битола 2) додека од октомври 2020 година истата се мери и на втората мерна станица (Битола 1). Во Куманово концентрацијата на PM2.5 се мери од 2017 година.[3] Во таа насока, на пример, инструментите за PM10 честички на мерната станица Битола 1 не давале податоци 187 дена во 2019 година, 26 дена во 2018 година, 79 дена во 2016 година и 19 дена во 2015 година, додека инструментите за PM 10 на мерната станица Битола 2 не давале податоци 192 дена во 2019 година, 56 дена во 2018 година, 66 дена во 2017 година, 6 дена во 2016 година и 56 дена во 2015 година. Истовремено, инструментите за мерење на концентрацијата на PM 2.5 честичките на мерната станица Битола 2, кои се поставени во 2017 година, не давале податоци 192 дена во 2019 година и 56 дена во 2018 година.[4] Сепак, МЖСПП активно работи на обновување и дополнување на Државниот автоматски мониторинг систем на квалитет на воздух, преку обезбедување на средствата од Националниот буџет и различни донаторски проекти. Последните години евидентно е подобрувањето на функционалноста на мониторинг системот и се очекува истиот да биде комплетно обновен до крајот на 2022 година. Со цел соодветно планирање на активностите за намалување на аерозагадувањето во државата, неопходно е постоење на веродостојна и сеопфатна мрежа за мониторинг на концентрацијата на честичките. Сеопфатни и веродостојни информации од мрежата за мониторинг се неопходни пред се за креирање на стратешките документи од областа (планови, стратегии и слично) како и следење на нивното спроведување, односно дали и со која динамика се остваруваат предвидените цели (дали се остваруваат целите дефинирани како намалување на концентрацијата на загадувачките супстанци, дали динамиката на исполнување на оваа цел е на задоволително ниво и слично). За остварување на вака поставената цел, потребно е редовно и навремено одржување и сервисирање на веќе поставените мерни станици од државната мониторинг мрежа. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух од 2012 година се објавуваат во реално време на порталот за квалитет на воздух (https://air.moepp.gov.mk). Истите редовно се известуваат на национално ниво како и до Европската агенција за животна средина

[1]Извор: Веб страна „Кавалитет на воздух во Република Северна Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање“https://air.moepp.gov.mk/

[2]Извор: Месечни извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, објавени на: https://air.moepp.gov.mk/?page_id=290

[3]Ibid

[4]Ibid

Main goal of the proposal

Општа цел: Обезбедување на сеопфатни и веродостојни информации за нивото на аерозагадување во РСМ

Специфична цел 1: Зголемување на бројот на мерни станици во државата

Специфична цел 2: Редовно одржување и сервисирање на мерните инструменти кои се дел од мерните станици во рамки на државната мрежа за мониторинг

Специфична цел 3: Изработка на мобилна апликација за презентирање на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух

Резултати: спроведувањето на активностите ќе придонесат за зголемување на опфатот на државната мрежа за мониторинг преку зголемување на бројот на мерни станици во градовите каде не се поставени. Преку редовно одржување и сервисирање на постоечките и ново поставените мерни инструменти, државата ќе овозможи соодветна база на податоци неопходна за креирање на ефикасни политики за намалување на аерозагадувањето и следење на остварување на целите во стратешките документи. Обезбедување на еден сет на резервни мерни инструменти, со цел ставање во функциија на истите додека постоечките инструменти се сервисираат и повторно се стават во функција за да нема загуби во податоците од извршените мерења. Со изработката на мобилната апликација, ќе се овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен и поприфатлив начин.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Преку поставувањето на нови мерни станици за квалитет на воздухот во Прилеп, Охрид и Штип, како дел од државната мониторинг мрежа ќе се зголеми бројот на мерни станици, односно обемот на податоци за квалитетот на воздухот кој долгорочно ќе придонесе кон подобро планирање на политиките од областа на централно и локално ниво. Поставувањето на мерна станица за квалитет на воздухот во Берово ќе придонесе за поголем и подобар мониторинг на прекуграничнотозагадување. Поставувањето дополнителни мерни станици ќе придонесат за подобро планирање на локалните политики за заштита на воздухот. На тој начин ќе се процени дали треба да се применат мерки, како и изборот на мерки и политики кои ефикасно ќе го решат проблемот.

Редовното одржување и сервисирање на инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем, ќе овозможи ефикасен мониторинг и исполнување на целите за мониторинг пропишани во Законот за квалитет на амбиентниот воздух.

Обезбедувањето на еден сет резервни мерни инструменти, ќе придонесе за  ефикасно одржување на сите мерни станици, односно државна мрежа која ефикасно ќе го мониторира квалитетот на воздухот, што ќе придонесе за:

  • Можност за пресметување на средно дневните концентрации на загадувачките супстанци и известување на граѓаните
  • Навремена примена на краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво при надминување на праговите за алармирање
  • Планирање на политиките на централно и локално ниво за намалување на аерозагадувањето
  • Следење на исполнувањето на мерките предвидени со политиките на централно и локално ниво.

Изработката на мобилната апликација, ќе овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен односно посовремен начин, начин поприфатлив за сите корисници на мобилни телефони.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Поврзано со  Целите за одржливиот развој на ОН , Врска со Цел 13: ,,Климатска Акција“, Таргет 13.3: Да се подобри образованието, свесноста и човековите и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за приспособување, за намалување на влијанијата и за рано предупредување.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 13 Климатска акција“, Таргет 13.3 Подобрување на образованието, подигање на свеста и човечкиот и институционален капацитет за ублажување на климатските промени, адаптација, намалување на влијанието и рано предупредување. Со мерките на оваа заложба преку убапредена свест, едукација и информираност на граѓаните ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Shoqërisë së Informacionit dhe Administratës

Organizatat

  • Македонско здружение на млади правници


Kontakt personi

Дајана Тодоровска, dajana.todorovska@mzsv.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

05 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3

Arritjet e arritura: 0/3

Arritjet në pritje: 0/3

Arritjet e parealizuara: 3/3

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3

Незапочнато

5.1.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население за негативните ефекти од климатските промени и загадувањето на животната средина

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на изработени информативни материјали Број на одржани едукативни работилници во рурални средини Број на информирани земјоделски производители
Незапочнато

5.1.2 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население и едукација за правилникот за Добра земјоделска пракса како и измените во делот на санкциите за негова непримена на терен

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на посетени земјоделски стопанства Број на поделени информативни материјали Број на изречени санкции за непримена на правилникот
Незапочнато

5.1.3 Проширување на листата на посебни минимални услови за ДЗП и заштита на животната средина кои што земјоделските производители ќе треба да ги исполнат со примена на Добрата земјоделска пракса и изработка на нов правилник за добра земјоделска пракса

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на дефинирани нови критериуми во Правилникот за ДЗП Број на изменети постоечки минимални услови утврдени во правилникот Број на информирани земјоделски стопанства за измените и новиот правилник

5.1 Намалување на ефектите од климатските промени и заштита на животната средина од земјоделските активности

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
  • Недоволно информации достапни во руралните средини;
  • Немање на доволно развиена свест за последиците од климатските промени;
  • Сеуште глобален пристап кон темата;
  • Немање на едукациjа на руралното население за препознавање на последиците од климатските промени, но и за придонесување кон предизвикувањето на истите;
  • Невклученост на граѓаните во процесите на донесување на одлуки поврзани со акциите за клима итн.;
  • Намалено локално производство на храна и економски приходи;
  • Загаден воздух и загрозено здравjе на населението;
  • Придонес кон негативните ефекти од климатските промени;
  • Делување сеуште на традиционален начин и непрактикување на донесените законски мерки и норми;
  • Земјоделците управуваат со 50% од земјиштетово РСМ, користат 60 до 80% од слатката вода во државата, во нивните штали, кокошарници, трла или современо кажано фарми живеат огромен број на животни, користат илјадници тони на силни и помалку силни токсични материи во вид на пестициди, ѓубре, и останати агро-хемикалии.
  • Според истражувањата за структура на земјоделските стопанства, спроведени од  Заводот за статистика во 2016 година, во индивидуалниот секторсе ангажирани само 5,2% на луѓе со било какво образование во земјоделството, а бројот на ангажирани високостручни кадри од областа на земјоделството е само 0,8%.

Што се однесува пак до информираноста на граѓаните, од 473 испитаници од 48 општини во РСМ во истражување спроведено од страна на МЖСПП наjзастапен е ставот дека справувањето со климатските промени не е должност на поединецот туку на Владата, индустриjата и компаниите и дека граѓаните не знаат, а и немаат доволно информации како може да помогнат во справувањето со климатските промени.

Main goal of the proposal

Главната цел на заложбата е преку зголемена едукација и информираност на руралното население да се намали загадувањето на животната средина и негативните ефекти од климатските промени.

Резултати:

  • Зголемена примена на Добрата земјоделска пракса како основен постулат за заштита на животната средина од земјоделски активности.
  • Зголемена информираност кај 50% од носителите на семејните земјоделски стопнства за важечките правила за Добра земјоделска пракса како и за казнените основи за непримена на истите.

Воспоставен систем за редовно информирање за климатските промени и негативните ефекти од истите.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Погоре опишаните достигнувања ќе придонесат директно кон решавање на јавниот проблем кој што се однесува на загадувањето на животната средина и зголемувањето на ефектот од климатските промени, затоа што станува збор за повеќе од 170.000 семејни земјоделски стопанства кои што вршат земјоделски активности, а при тоа не внимавајќи на загадувањето на животната средина. Преку зајакната свест, едукација и зголемена информираност ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа:

  • Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 каде што една од стратешките цели е насочена токму кон намалувањето на ефектите од климатските промени во земјоделското производство;
  • Целите за одржлив развој на ОН особено со цел 13 која што е директно насочена кон преземање на мерки за клима;
  • Националниот акциски план за клима, комуникациска стратегија за климатски промени на МЖСПП итн.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 13 Климатска акција“,Таргет 13.3: Да се подобри образованието, свесноста и човековите и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за приспособување, за намалување на влијанијата и за рано предупредување. Со мерките на оваа заложба преку унапредена свест, едукација и информираност на граѓаните ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Mjedisit dhe Planifikimit Hapësinor

Organizatat

  • Koalicioni rural


Kontakt personi

Аркин Јахији, ArkinJahiji@mjustice.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

26 January 2023

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 14

Arritjet e arritura: 2/14

Arritjet në pritje: 2/14

Arritjet e parealizuara: 5/14

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 5/14

Значително

4.4.1 Измена и дополнување на Закон за Бесплатна правна помош во одредбите 13, 38, 49

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Изменет и дополнет ЗБПП во соодветните одредби (да/не)
Ограничено

4.4.2 Договори за соработка меѓу Биро за судски вештачења и други надворешни овластени вештаци од областа на геодезија и молекуларна биологија

Во владина постапка е пуштен предлог-Закон за вештање, кој би требало до крајот на годината (2022) да се донесе во Собранието на РСМ. Со предлог законот е превидено да се укине Бирото за судско вештачење.

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на склучени Договори за соработка со вештаци
Незапочнато

4.4.3 Информативни сесии за потребата од вештачење во области кои го засегаат пристапот до правда за слабо имотно население со Министерство за правда, БСВ, адвокатска комора, други институции кои изготвуваат вештачења

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на учесници на информативните сесии/работилници
Незапочнато

4.4.4 Изработка на интерни упатства (или алтернативно, Меморандум помеѓу МП и БСВ) за постапување во случај на потреба од вештачења кога е одобрена секундарна правна помош

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на средби за подготовка на интерните упатства 2. Број на вклучени лица во изработката на интерните упатства
Завршено

4.4.5 Анализа со краткорочни препораки (за моментално итно решавање на проблемот со вештачењето и одглавување на предметите кои што моментално се заглавени поради тоа) и долгорочни препораки (законски измени кои што на долг рок ќе го решат проблемот со вештачењето)

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на развиени краткорочни препораки 2. Број на прифатени краткорочни препораки 3. Број на развиени долгорочни препораки
Незапочнато

4.4.6 Креирање и одржување на сеопфатен јавно достапен регистар на вештаци за областите од интерес на БПП

Со донесување на новиот Закон за вештање, ќе се достигне оваа активност.

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на вештаци евидентирани во регистарот
Значително

4.4.7 Обезбедување физичка пристапност и видливост на ЗБПП

Подрачните се видливи и пристапни и тоа со особена видливост и пристапност се 11 подрачни одделенија (Ресен, Берово, Мак.Брод, Кавадарци, Кичево,Свети Николе, Делчево, Демир хисар, Кочани Гази баба и Тетово).

Подрачните одделенија Охрид, Радовиш, Штип, Неготино ,Куманово, Виница, Ѓевѓелија, Гостивар, Кратово, Валандово, Прилеп, Битола и Пробиштип, (вкупно 13 подрачни одделенија) се со средна видливост и пристапност.

Подрачните одделенија Карпош, Струга, Крива Паланка, Струмица и Чаир (вкупно 5 подрачни одделенија) се со ниска видливост и пристапност.

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на ПО при МП кои обезбедиле физичка пристапност на лица со физички пречки и видливост
Значително

4.4.8 Прилагодување на официјалната веб страна на Министерство за правда(или на https://pravnapomos.mk/) за непречено информирање во врска со ЗБПП (видливост и пристапност до информации за ЗБПП и ПО за лица со дислексија, лица со визуелна и аудитивна попреченост, како и за лица од етничките заедници)

Веб страницата pravnapomos.mk е достапна и на албански јазик. Воедно се поставуваат информативни видеа кои се титлувани со цел да бидат достапни за лица со оштетен вид или слух. Во 2023 ќе се работи на прилагодување на веб страницата за лица со дислексија. Во моментов веб страницата на Министерство за правда е прилагодена за 3 категории на лица.

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на категории на лица за кои е прилагодена веб страницата на Министерство за правда
Значително

4.4.9 Спојување на податоци на веб страните https://pravnapomos.mk/ и https://www.pravnozajakni.mk/

На веб страната на Министерство за правда веќе има упатување на pravnapomos.mk, па граѓаните ќе може да пристапат кон веб страната pravnapomos.mk и преку веб сајтот на Министерство за правда.

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на одржани состаноци за координација меѓу МП, СЕ и ФООМ 2. Време потребно да се спојат податоците на веб страните
Завршено

4.4.10 Мапирање на формални и неформални даватели на правна помош

Оваа активност е завршена, но воедно е и тековна, бидејќи се работи за жив документ кој постојано ќе биде дополнуван и менуван.

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на мапирани формални и неформални даватели на правна помош
Значително

4.4.11 Креирање и одржување на јавно достапен регистар при МП за формални и неформални даватели на правна помош

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на даватели на формална/неформална правна помош достапни на платформата
Незапочнато

4.4.12 Спојување на податоци со кои располагаат ГОи и Министерство за правда

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Време потребно за спојување односно миграција на податоците на ГОи со дата базата на Министерство за правда
Незапочнато

4.4.13 Интероперабилност на постоечка дата база на податоци овозможувајќи пристап до правда

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на опфатени даватели на услуги кои ќе бидат вклучени во дата базата (здруженија, подрачни одделенија при МП, правни клиники и лица од заедницата кои обезбедуваат услуги).
Ограничено

4.4.14 Подготовка на Национален план (стратегија) за правно зајакнување

Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на засегнати страни вклучени во подготовката на Националниот план (стратегија) за правно зајакнување 2. Број на одржани средби/работилници за подготовка на Националниот план 3. Број на активности вклучени во Националниот план

4.4 Правно зајакнување на граѓаните преку достапни информации и отворени институции

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Со новиот Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП), кој започна да се применува од октомври 2019 година, значително се подобри пристапот до правда на граѓаните. Сепак, законот во пракса покажа дека има слабости и потребни се измени со цел негова ефикасна примена. Еден од проблемите е во поглед на вештачењето кое треба да биде обезбедено од страна на Бирото за судски вештачења. Проблемот кој беше идентификуван е неможноста на Бирото да обезбеди вешто лице за најчестите правни области за кои граѓаните бараат бесплатна правна помош (БПП) меѓу кои геодезија/геодети како вешти лица и ДНК анализа – молекуларна биологиј). Вториот проблем е поврзан со одобрување односно неодобрување барања за секундарна правна помош кога станува збор за жртвите на насилни кривични дела во кривичните постапки. Истото е поттикнато од контрадикторноста на преодните и завршни одредби на ЗБПП и ограничувачките механизми кои постојат во Законот за кривична постапка (ЗКП). Третиот проблем е поврзан со потребата од услуги за правно зајакнување и правно описменување кога станува збор за пристап заснован на човековите права.

Постојат две дилеми во однос на законското уредување на вештачењето во воспоставениот систем за БПП. Прво, во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 предвидена е активност за укинување на Бирото. Ова го доведува во прашање  член 13 став 6 од ЗБПП.  Второ, не е доволно уреден начинот, постапката и роковите за обезбедување вешт наод и мислење од органот или вештакот кој ќе го врши вештачењето. Не постои спореден план во случај на укинување на Бирото. Од друга страна, во тек е подготовка на Нацрт Предлог закон за вештачење, во кој се уште се задржани одредби за функционирање на Бирото. Неизвесноста е во поглед на моменталното уредување за покривање на трошоците за вештачење или пополнување празнини од вешти лица во определени области во кои ранливото население имаат правни проблеми.

Од аспект на пристапот до правда на жртвите на насилни кривични дела, ЗБПП е контрадикторен кога според една одредба изречно наведува дека одбрана и застапување во кривична постапка се обезбедуваат согласно ЗКП (член 38 од ЗБПП), а според друга одредба се уште ја остава во примена одредбата од стариот закон која предвидува правна помош во сите судски постапки за да се даде заштита на жртвите на казниви дела и жртви од трговија со луѓе (член 49 од новиот ЗБПП во врска со член 8 од стариот ЗБПП). Меѓутоа, и да се обезбедува застапувањето на жртвите на кривични дела според ЗКП, иако постои работната верзија на нов ЗКП со интенција да се најде решение, сепак не го отстрануваат проблемот со ограниченоста на механизмите кои стојат на располагање во ЗКП за жртвите. Можноста за бесплатна правна помош е единствено во член 53 став 3  во корелација со член 55 став 1 точка 1 од ЗКП. Таму формулацијата е многу строга и се вели дека жртвата има право на советник на товар на буџетските средства, односно бесплатен разговор со советник или полномошник пред давањето на исказ (доколку во постапката учествува како оштетен), односно изјава или поднесување на имотноправно барање, ако има тешки психофизички оштетувања или потешки последици од кривичното дело и само ако е жртва на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години (како долна граница на казната предвидена за делото). Ваквата формулација не го покрива целосното застапување од страна на полномошникот за време на кривичната постапка, туку е сведено на советување единствено за време додека се дава првиот исказ. Оставање на жртвата на насилно кривично дело сама без соодветно застапување да поминува преку судскиот процес, само поради тоа што ни ЗКП ни ЗБПП не го дозволуваат тоа, е сериозно спротивно на сите меѓународни стандарди и принципи кои говорат за правна помош и услуги на жртвите.

Покрај БПП како формално признаена, постојат и неформалните облици кои им се достапни најмногу на маргинализираните граѓани, бидејќи се обезбедени од страна на граѓански организации, но и од обучени лица од нивната заедница.

Соработката помеѓу различните чинители кои работат на правно зајакнување и пристап до правда на локално ниво е сеуште особено слаба. Постои недостаток на конкретни заеднички акции и меѓусебна поддршка, поради што и имплементацијата на теренско ниво во која крајно се отсликува пристапот по правда, е оставена на моменталната волја на различните субјекти без конкретни одржливи решенија.

Подрачните одделенија (ПО) не се многу видливи и препознатливи од граѓаните во физичка смисла. Во многу места, од причини на економичност,  ПО на МП се наоѓаат во згради каде се сместени повеќе институции заедно, со несоодветно физичко означување или недостаток од истото. Физичката непристапност може да значи отежнат пристап до правда, зависност од други лица и нивно обесхрабрување при користење на правото на БПП. Лицата со визуелна и попреченост во слухот исто така се неинформирани за правото на БПП бидејќи не постојат информативни материјали прилагодени на нивните потреби. Од веб страницата на МП не може да се види кој адвокат е на ред за постапување по барање за БПП. Исто така, веб страната не е адаптирана за лица со дислексија, ниту содржи доволно информации на јазиците на малцинствата. Не постои ниту упатување каде  и како можат граѓаните да се пожалат од работата на овластените даватели на БПП.

Согласно последното истражување на правните потреби на граѓаните од 2015 година, секој втор граѓанин во РСМ се соочува со правен проблем. Она што загрижува е што граѓаните не ги препознаваат правните проблеми и како правно да ги квалификуваат само проблемите кои би завршиле на суд.

Очигледно е дека граѓаните на РСМ имаат потреба од услуги и правно зајакнување, но особено внимание треба да се посвети на ранливите групи кои поради ранливоста се наоѓаат во многу неповолна ситуација и со ограничен пристап до правда.

Main goal of the proposal

Главна цел: Правно зајакнување и пристап до правда за сите граѓани согласно нивните правни потреби и проблеми

Врз основа на претходно постигнати достигнувања од заложбата во НАП4, оваа нова заложба претставува одржливост на пристапот до правда и правно зајакнување (земајќи ги предвид препораките на Независниот механизам за известување –  вклучување Национална стратегија за правно зајакнување) преку постигнување на следните очекувани резултати:

  • Креирана Национална стратегија за правно зајкнување
  • Зголемена видливост и физичка пристапност на ПО на МП
  • Усвоени законски измени со цел поефикасно остварување на пристапот до правда, а кои се однесуваат на вештачењето и пристап до правна помош на жртви на насилни кривични дела
  • Воспоставена соработка помеѓу Бирото за судски вештачења и вешти лица од сите области и уредена постапка за обезбедување вештачење;
  • Информирани претставници на МП, БСВ, адвокатска комора, други институции кои изготвуваат вештачења во области кои го засегаат пристапот до правда за слабо имотно население;
  • Јавно достапни информации за вешти лица и обезбедувачи на неформални и формални првни услуги
  • Спојување на податоци на веб страните https://pravnapomos.mk/ и https://www.pravnozajakni.mk/
  • Мапирање на формални и неформални даватели на правна помош
  • Креирање и одржување на јавно достапен регистар за формални и неформални даватели на правна помош
  • Спојување на податоци со кои располагаат ГО и МП
  • Воспоставена интероперабилна сеопфатна дата база со информации од сите обезбедувачи на правна помош и услуги со цел проценки на тековните состојби и наоѓање практични и веродостојни идни решенија

Достапни услуги и информации за лицата со попреченост.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Заложбата е насочена кон неколку интервенции со цел да се придонесе кон поефикасен пристап до правда за сите граѓани. Најпрво, потребни се законски измени на ЗБПП со цел да се обезбеди основа за ефикасен пристап на граѓаните до вештачење од сите области и да се гарантира ефикасна заштита на жртвите на насилни кривични дела. Воедно, за да се овозможи вештачење согласно ЗБПП за правните прашања за кои се гарантира БПП, Бирото за судски вештачења ќе склучи договори со вешти лица, пропратено со активности кои ќе гарантираат вклученост на сите страни во процесот. За да се овозможи ефикасна заштита на жртвите на насилни кривични дела, ќе се пополни празнината за пристап до правна помош во кривични постапки за жртви на насилни кривични дела за кои е предвидена пониска казна затвор од моменталната во ЗКП во најмалку 4 години.

Понатаму,  ќе биде креирана Национална стратегија за правно зајакнување. Стратегијата ќе биде креирана во транспарентен процес со вклученост на сите релевантни чинители. Националната стратегија ќе биде мулти секторска и ќе ги вклучува сите засегнати институции и ГО кои работат на обезбедување услуги, правна помош и правно зајакнување. Стратегијата ќе предвидува конкретни активности, буџет и временска рамка за правно зајакнување за сите граѓани на национално и локално ниво.

 Потребен е сеопфатен и одржлив пристап кој ќе го сублимира дејствувањето на локалните институции и здруженија на граѓани во заеднички акции за унапредување на пристапот до правда за сите.

Особено во време на КОВИД-19 пандемија, ќе се придонесе кон поголема видливост, транспарентност и достапност на формалните и неформалните даватели на правна помош. Зголемената видливост и физичка пристапност на ПО на МП ќе значи поголема достапност на нивните услуги за граѓаните.

Преку прилагодени материјали лицата со попреченост ќе бидат навремено информирани и зајакнати.

Преку достапноста на регистрите на сите даватели на правна помош ќе се придонесе кон информирање и насочување на граѓаните каде да го адресираат проблемот кој го имаат соодветно на неговата природа.

Регистрите на вешти лица ќе придонесат кон поголема отвореност на податоците и право на избор на граѓаните.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
  • Потребен/обезбеден буџет од страна на МП за спроведување на дел од заложбата
  • Врска со Закон за Бесплатна правна помош, Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022
  • Врска со Целите за одржливиот развој на ОН – ЦОР 16.3.

РСМ е посочена како пример на држава која е посветена на унапредувањето на пристапот до правда, вклучувајќи го приоритетот Пристап до правда во Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020.

За следење на имплементацијата на Целта за одржлив развој 16.3 во државата неопходно е редовно водење на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани. Овие податоци треба да послужат за подготовка на национален план за имплементацијата на Цел 16.3., односно план за унапредување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани. Врз основа на подготвената  Анализа на прибрани податоци по претходно дефинирани индикатори за следење на имплементацијата на ЦОР 16.3 на национално и локално ниво, во наредниот период ќе биде подготвен План за имплементација на ЦОР 16.3.

Дополнително, како едно од најчестите правни проблеми за кои граѓаните бараат БПП е геодезијата. МЗМП, со поддршка на ФООМ изработи Документ за јавна политика за вештачењето и бесплатната правна помош со наслов Дали новиот Закон за бесплатна правна

помош од 2019 го олесни пристапот до бесплатно вештачење за лицата на кои им е одобрена секундарна правна помош? Во овој документ се содржани повеќе информации за проблемот, како и формулирани препораки и предлози за решавање на истиот.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Биро за судски вештачења

Organizatat

  • Fondacioni Shoqërisa e Hapur - Maqedoni
  • Shoqata për edukimin e drejtësisë dhe transparencën e STATIENCA P.E.T.
  • Македонско здружение на млади правници
  • Избор Струмица
  • Едукативна хуманитарна организација Штип
  • Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје