



Скопје, 28 април 2025
На 28 април 2025 година се одржа четвртата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026. На седницата беа разгледани, дискутирани и ставени на гласање клучни прашања од интерес за Советот и Партнерството. Согласно дневниот ред, на седницата беа усвоени Нацрт-Извештајот за самооценка за статусот на имплементација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026, за периодот февруари 2024 – февруари 2025 година и Предлог-Извештајот за присуството на членовите и нивните заменици на седниците на Советот.
Членовите на Советот беа информирани и за тековните состојби поврзани со Партнерството на национално и глобално ниво, како и за претстојната официјална посета на Секретаријатот за Партнерството за отворена власт на Република Северна Македонија, која ќе се реализира од 7 до 9 мај 2025 година.
На седницата активно учествуваа 13 членови и 1 заменик-член на Светот – претставник на органите на државната власт. Седницата ја организираше и со неа претседаваше Гордана Гапиќ Димитровска, национален координатор за Партнерството за отворена власт на Република Северна Македонија.
По усвојувањето на предлог-дневниот ред и записникот од третата седница (одржана на 23 декември 2024 година), членовите беа детално запознаени со наодите од Извештајот за самооценка. Според добиените податоци за областа „Отворена влада“, од вкупно 15 заложби, 12 се започнати и се со статус „ограничено“ додека 3 заложби сè уште не се започнати; за „Отворен парламент“, од 4 заложби, една е целосно реализирана, а три се со статус „ограничено“ и за „Отворено судство“, од 6 заложби, две се со статус „ограничено“, а четири не се започнати.
Советот заклучи со цел зголемување на динамиката за реализација на заложбите од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026 дека е потребна дополнителна ангажираност како на работните подгрупи, така и на врвното раководство во институциите кои се носители на поединечни заложби. Советот го усвои Нацрт-Извештајот и препорача да се достави до Владата на Република Северна Македонија за разгледување.
Во рамки на втората точка од дневниот ред, Советот го разгледа Предлог-Извештајот за присуството на членовите и нивните заменици. Согласно Деловникот за работа на Советот за ПОВ, редовното присуство и активното учество на седниците е обврска на членовите на Советот. Врз основа на наодите од извештајот Советот констатираше дека поради три последователни отсуства во текот на една календарската година, престанува мандатот на членот на Советот од Министерството за финансии. Министерството за јавна администрација е задолжено да обезбеди нова номинација за член и заменик-член , а заменик-членовите задолжително да присуствуваат на седниците во отсуство на членовите.
Во однос на најавената посета на Секретаријатот за Партнерството за отворена власт, членовите на Советот беа информирани дека на 9 мај 2025 година ќе се одржи тематска седница. На оваа седницата, членовите и нивните заменици ќе имаат можност да се информираат за најновите случувања во рамки на Партнерството, преку презентација на Сандра Пернар, Виш регионален координатор за Европа, и да учествуваат на интерактивна работилница за спроведување на Независниот механизам за известување (IRM), предводена од Метју Трамонти, службеник за истражување при IRM.
* * *
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.
Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.
Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени шест национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.
На 9 април 2025 година во просториите на Министерството за јавна администрација се одржа работен состанок со координаторите на работните подгрупи во рамки на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026. Целта на состанокот беше разгледување на тековната состојба со имплементацијата на заложбите и планирање на наредните активности.
На состанокот се разговараше за неколку клучни теми: потребата од навремено ажурирање на статусот на спроведување на заложбите од Акцискиот план, детална дискусија по поединечни заложби и нивната реализација во рамки на Годишниот извештај за самооценка (2024–2025), како и за претстојната обука за користење на порталот за Партнерство за отворена власт (www.ovp.gov.mk), наменета за членовите на работните подгрупи.
Дополнително, се дискутираше и за организацијата на Неделата на Партнерството за отворена власт, која ќе се одржи од 19 до 23 мај 2025 година. Договорено е сите заинтересирани страни да ги достават своите предлози за јавни настани до Министерството за јавна администрација, со цел соодветна координација и промоција на иницијативите за отворено владеење.
Скопје, 23 декември 2024
На 23 декември 2024 година се одржа третата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година.
На самиот почеток на седницата, министерот за јавна администрација, Горан Минчев во своето поздравно обраќање, ја потврди важноста на Партнерството за отворена власт како стратешка иницијатива за модернизација на јавната администрација и за обезбедување поефикасна, транспарентна и отчетна влада, која е во служба на граѓаните и истакна дека Министерството за јавна администрација, како водечка институција во оваа иницијатива, ќе продолжи да ги обезбедува сите потребни ресурси и координација за успешна имплементација на заложбите од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.
Согласно дневниот ред за работа, на седницата беа разгледани и дискутирани имплементацијата на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и членовите на Советот беа информирани за тековните состојби за Партнерството за отворена власт (ПОВ) на национално и глобално ниво.
На седницата активно учество земаа 12 членови/заменици членови на Советот, претставници на органите на државната власт и граѓанските организации. Гордана Гапиќ Димитровска од Министерството за јавна администрација, Национален координатор за ПОВ и ко-претседател на Советот за ПОВ имаше улога на претседавач на оваа седница.
По усвојувањето на предлог-дневниот ред и усвојувањето на записникот од втората седница на Советот одржана на 5.06.2024, членовите на Советот беа детално информирани во однос на активностите и предизвиците во текот на имплементацијата на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 со поединечен осврт на Отворена влада, Отворен парламент и Отворено судство како и за процесот на подготовка на Извештајот за само-оценка со статусот на имплементација на Национален акциски план ПОВ (2024-2026 година), за периодот февруари 2024 – декември 2024 година. Дополнително со членовите на Советот се споделија главните информации произлезени од регионалниот состанокот за ПОВ- Западен Балкан 2024, одржан во Тирана, ноември 2024 година од страна на Aња Босилкова-Антовска од Балканската мрежа за развој на граѓанско општество, член на Советот за ПОВ и Герман Филков од Центар за граѓански комуникации, ко-претседател на Советот за ПОВ.
Во текот на дискусијата а согласно динамиката утврдена од Секретаријатот за ПОВ, се утврди дека во првата половина од 2025 година ќе отпочне новиот процес на ко- креирање на седмиот по ред акциски план за Партнерство за отворена власт со што членовите на Советот ја изразија својата подготвеност на инклузивен и иновативен начин да се посветат во новиот циклус на подготовка. Беше заклучено дека следната седница ќе биде тематски посветена на утврдување на начинот и динамиката на подготовка на новиот двогодишен акциски план за ПОВ.
* * *
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.
Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.
Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени шест национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.
Тирана, Албанија, 14 ноември 2024 година
Ова учество на министерот Минчев во регионалниот состанок на ПОВ дополнително го потврди ангажманот на Република Македонија за развој на инклузивно и отчетно општество, преку продлабочена соработка со граѓанското општество и активно вклучување на граѓаните во јавните политики.
Скопје, 5 јуни2024
На 5 јуни 2024 година се одржа втората седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година. На седницата беа разгледани, дискутирани и ставени на гласање клучни прашања за функционирањето на Советот, како усвојување на Деловникот за работа на Советот и избор на ко-претседатели на Советот. Членовите на Советот беа информирани за тековните состојби за Партнерството за отворена власт (ПОВ) на национално и глобално ниво.
На седницата активно учество земаа 14 членови и 1 заменик член на Советот – претставник на органите на државната власт. Гордана Гапиќ Димитровска, национален координатор за ПОВ на Република Северна Македонија имаше улога на организатор и претседавач на оваа седница.
По усвојувањето на предлог-дневниот ред и усвојувањето на записникот од Конститутивната седница на Советот одржана на 17.05.2024 година, членовите на Советот го разгледаа и усвоија и Деловникот за работа на Советот.
Членовите на Советот во текот на седницата ги избраа и двајцата ко-претседатели на Советот – еден од членовите кои ги претставуваат органите на државната власт и еден од членовите кои ги претставуваат граѓанските организации. Од номинираните претставници од институциите и од граѓанските организации, Советот едногласно ги изгласа своите ко-претседатели: Гордана Гапиќ Димитровска од Министерство за информатичко општество и администрација и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.
* * *
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 е советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија, за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови, со клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на Партнерство за отворена власт, низ циклусот на планирање, во развојот на акциските планови и во спроведувањето, следењето и известувањето за акциските планови.
Советот за Партнерството за отворена власт е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите на државната власт и од граѓанското општество.
Советот за координација и следење на процесот на партнерството за отворена власт и Работната група за спроведување на Националниот акциски план за партнерство за отворена власт, формирани со решение од страна на министерот за информатичко општество и администрација ја претставуваат структурата за координација, следење и спроведување на процесот на Партнерство за отворена власт во Република Северна Македонија.
Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени шест национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.
На 17 мај се одржа конститутивната седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт 2024-2026. На седницата се официјализираше конституирањето на Советот како советодавно тело за Партнерство за отворена власт на Република Северна Македонија (ПОВ) за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови.
Седницата ја отвори министерот за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Тој се осврна на придобивките од процесот, важноста од вклучувањето на сите засегнати страни, како и на Националниот акциски план за ПОВ 2024-2026 кој се надоврзува на претходниот интензитет на работа со преземање обврски за зголемување на учеството на јавноста и испорака на решенија кои прават разлика.
Министерот Бајрами истакна дека воспоставувањето на Советот ќе обезбеди на структуриран начин да се максимизира учеството и соработката помеѓу институциите и граѓанското општество, и тоа во сите фази на процесот на ПОВ.
„Убеден сум дека овој Совет, со воспоставениот состав од 8 членови кои ја претставуваат Владата, Собранието и Врховниот суд на Република Северна Македонија и еднаков број претставници од граѓанските организации номинирани преку Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт, ќе одговори на заеднички поставените цели“, рече министерот Бајрами.
На седницата се обрати и Гордана Гапиќ Димитровска, национална координаторка на Република Северна Македонија за ПОВ, која укажа дека е огромно задоволството од воспоставувањето на Советот, темелено на искуствата од претходниот циклус, со што се воспоставува функционален систем на координација и следење на процесот за ПОВ.
Маријана Јанческа, како претставник на Мрежата на граѓански организации истакна дека и во овој процес на ко-креација граѓанските организации беа активно вклучени како фасилитатори на приоритетните области и како членови на Советот, со активна поддршка на сите членови од работните групи.
****
Партнерство за отворена власт претставува доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоено шест национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за ПОВ е Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
За постигнување на потребниот успех и за соодветна и навремена имплементација неопходна е добра организација и координација и тоа во духот на Партнерството за отворена власт. Вклученоста на граѓанското општество и институциите е суштинска за успехот на целиот процес. Токму затоа, структурата за координација, следење и спроведување на процесот во Република Северна Македонија ја сочинуваат Советот за Партнерството за отворена власт и Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерството за отворена власт, со целосна поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација како надлежно министерство за оваа иницијатива.
Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на редовните активности во процесот на координација на иницијативата за Партнерство за отворена власт (ПОВ) и посветената поддршка на институциите и организациите вклучени во овој процес, во периодот 15-16.05.2024 година одржа поединечни работни средби по приоритетни области од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.
Целта на работните средби беше во насока на поддршка на процесот на имплементација и известување за Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година. Во текот на работата се оствари дискусија за организација на процесот на имплементација на заложбите и достигнувањата од Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година, начинот на работењето на работните подгрупи и подготовка на придонеси за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година и користење на порталот www.ovp.gov.mk.
На работните средби активно учество земаа претставниците на институциите и граѓанските организации во петте приоритетни области: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени.
Партнерство за отворена власт претставува доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоено шест национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018, 2021 и 2024 година). Координатор на владините активности за ПОВ е Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
За постигнување на потребниот успех и за соодветна и навремена имплементација неопходна е добра организација и координација и тоа во духот на Партнерството за отворена власт. Вклученоста на граѓанското општество и институциите е суштинска за успехот на целиот процес. Токму затоа, структурата за координација, следење и спроведување на процесот во Република Северна Македонија ја сочинуваат Советот за Партнерството за отворена власт и Работната група со сите чинители за спроведување на Националниот Акциски план за Партнерството за отворена власт, со целосна поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација како надлежно министерство за оваа иницијатива.
Партнерство за отворена власт (ПОВ)[1] претставува доброволна меѓународна иницијатива која цели кон креирање и спроведување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Граѓанскиот сектор акумулира огромна креативна енергија која треба да се користи п(р)оактивно во јавниот сектор преку подобрување и негување на културата на вклученост и почитување на правата на сите граѓани во процесот на креирање политики и носење одлуки, закони и пристап до информации.
Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт (во натамошниот текст Мрежа за ПОВ) се залага за воспоставување структура за координација на процесот на ПОВ во Северна Македонија соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите. Мрежата за ПОВ континуирано учествува и придонесува за воспоставување структура за координација и мониторинг на развојот и спроведувањето на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (во натамошниот текст: НАП за ПОВ 2024-2026 година).
Оттука, врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 6/19 и 110/19), а во врска со Насоките за управување и учество во иницијативата за Партнерство за отворена власт и Стандардите за ко-креирање и дизајнирање на форум со повеќе засегнати страни, Министерот за информатичко општество и администрација донесе Упатство за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-4844/1, 20.12.2021 година и Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-1335/1 од 11.03.2024 година врз чија основа Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (рокот се продолжува до 02. Април 2024)
Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум)[2] претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година (во натамошниот текст: Советот за ПОВ) при процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година.
Советот за ПОВ 2024-2026 година е советодавно тело за координација и следење на развојот и спроведувањето на акциските планови. Членувањето во Советот за ПОВ е доброволно и без надомест. Советот за ПОВ има клучна советодавна и одлучувачка улога во сите фази на процесот на ПОВ, низ циклусот на планирање, во развојот на НАП и во спроведувањето, следењето и известувањето за НАП. Совет за ПОВ се формира за да се поттикне транспарентноста и отвореноста на работата на органите на државна управа, како и други институции на државната власт и да се поттикне учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата ПОВ во Република Северна Македонија; да се обезбеди меѓусекторска соработка и да се воспостават јасни, структурирани и трајни механизми за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество; да се зголеми учеството на граѓанското општество во процесите на ПОВ и во подготовката на акциските планови за ПОВ и за поддршка, поттикнување и следење на спроведувањето на тековниот акциски план.
Преку членство во Советот за ПОВ пријавените учесници ќе можат да обезбедат свој придонес при спроведување и следење на заложбите во состав на петте приоритетни области од НАП за ПОВ 2024-2026: Борба против корупцијата; Партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество; Правно зајакнување и пристап до правда; Развој и користење на дигитални технологии; Унапредување на активностите за климатски промени и да влијаат во процесот за нивна навремена, непречена и успешна реализација, како и на заложбите во состав на Акциските планови на Отворено судство и Отворен парламент 2024-2026 година.
Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/10, 135/11 55/16 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/22) да се пријават преку доставување на приложената пријава и потребните документи* со кои се докажува исполнувањето на критериумите.
Рокот за поднесување на пријавите наместо до 25 март (вторник) 2024 година, се продолжува до 02 април 2024 година (вторник).
Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи* на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk
Отворениот повик се објавува на веб страницата www.ovp.gov.mk.
Јавниот повик се објавува најдоцна седум дена по усвојувањето на новиот НАП (2024 – 2026), а изборот на членовите на Советот за ПОВ кои се претставници на граѓанските организации се врши од страна на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт најдоцна 40 дена од усвојувањето новиот НАП. По разгледување на пријавите од страна на Мрежата за ПОВ, организациите кои изразиле интерес за членство во Советот за ПОВ ќе бидат информирани за процесот и избраните членови.
ПРИЈАВА
за изразување интерес за членство во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година
I Основни податоци за организацијата:
Назив на организацијата: …………………………………………………………………..
Скратен назив: ………………………………………………
Адреса/општина: ………………………………………………………………………………
Контакт информации (телефон, е-адреса): ………………………………………………………………………
Интернет страница: …………………………………………
II Претставници на вашата организација во Советот за ПОВ
Претставник/претставничка на организацијата во Советот за ПОВ
Име и презиме: ……………………………………………………………….
Функција/позиција: ……………………………………………………………….
Телефон: ……………………………………………………………….
Е-пошта: ……………………………………………………………….
Накратко дадете опис на Вашето искуството во областа (наведете референца или линк од некој документ или веб-страна, референца од конкретен извештај, анализа или слично)
Која е вашата мотивација за членство во Советот за ПОВ?
Што очекувате дека можете да добиете како член на Советот за ПОВ, а што можете да понудите?
(до 200 збора)
…………………………………………………………………………………….
Заменик претставник/претставничка на организацијата во Советот за ПОВ
Име и презиме: ……………………………………………………………….
Функција/позиција: ……………………………………………………………….
Телефон: ……………………………………………………………….
Е-пошта: ……………………………………………………………….
Накратко дадете опис на Вашето искуството во областа (наведете референца или линк од некој документ или веб-страна, референца од конкретен извештај, анализа или слично)
Која е вашата мотивација за членство во Советот за ПОВ?
Што очекувате дека можете да добиете како член на Советот за ПОВ, а што можете да понудите?
(до 200 збора)
…………………………………………………………………………………….
III Критериуми за членство
Изјави за интерес и поддршка
Организацијата изразува интерес за учество во Советот за ПОВ;
Организацијата е формален субјект регистриран во земјата согласно Законот за здруженија и фондации, на …………………………………… (датум на регистрација);
Организацијата ја поддржува Декларацијата за Партнерство за отворена власт;
Организацијата ги споделува основните вредности на Партнерство за отворена власт:
и истите ги применува во својата работа и се залага да бидат применети од страна на соработниците, партнерите, донаторите, грантистите и институциите на локално и централно ниво.
Области
Организацијата активно работи, со фокус на следните области: ……………………………………………… (области на дејствување).
Организацијата изразува интерес за вклученост во активности на Советот во следните области на ПОВ, во кои има знаење и искуство:
граѓанско учество во креирање на јавните политики;
застапување за транспарентост на властите (на локално или централно ниво);
застапување за отчетност на властите (на локално или централно ниво).
Кандидатите за членови и заменици на Советот за ПОВ кои ги претставуваат граѓанските организации треба да:
се дел од организација која е регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/10, 135/11 55/16 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/22) најмалку пет години, а која делувала најмалку пет години во барем една од областите кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт;
имаат лично искуство од најмалку пет години во барем една од областите (примарна област за кандидатот) кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт;
учествувале во барем еден циклус на креирање на Националниот акциски план за ПОВ преку работните групи за ПОВ;
не се членови на органи на политичка партија;
не се избрани или именувани лица, и
не се вработени во институциите на државната власт.
Се смета за предност доколку кандидатот има лично искуство од најмалку три години во повеќе од една од областите кои се дел од заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт за кој се формира Советот за ПОВ, односно доколку кандидатот има најмалку три години искуство во секундарна област опфатена со заложбите.
*Потребни документи со кои се докажува исполнувањето на критериумите и кои треба да бидат доставени заедно со пријавата за членство во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година:
За спроведениот отворен повик, Координаторот на Мрежата за ПОВ доставува информација, придружена со записник од постапката за избор и кандидирање на членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации до Националниот координатор за ПОВ, како и избрани членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации. Информација за избраните членови и заменици на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации се објавува на веб страницата www.ovp.gov.mk
Доколку по спроведување на отворениот повик не се пополнат сите 8 (осум) места за членови на Советот за ПОВ, Мрежата за ПОВ повторно распишува повик за избор на членови и за тоа го известува Националниот координатор за ПОВ.
Повторното распишување на повикот не претставува пречка за назначување членови за работа на Советот за ПОВ доколку листата на избрани членови на Советот за ПОВ кои ќе ги претставуваат граѓанските организации има најмалку пет избрани членови.
[1] Со прифаќање на НАП5 2021-2023 г. од страна на Владата на Република Северна Македонија, Отвореното владино партнерство (ОВП) се преименува во Партнерство за отворена власт (ПОВ).
[2] Согласно член 5 од Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-4844/1 од 20.12.2021 година и Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на формирање и работа на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт број 16-1335/1 од 11.03.2024 г, Советот за ПОВ е составен од 16 члена со еднаков број членови од институциите и од граѓанското општество.
Владата на Република Северна Македонија на 7-та седница одржана на 27.02.2024 година ја разгледа и усвои Информацијата за Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт со Предлог национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и го разгледа и прифати Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.
Новиот шести национален акциски план 2024-2026 беше подготвен во инклузивен и транспарентен процес кој започна во месец Јуни 2023 година со вклученост на голем број на невладини организации и владини институции во подготовката на предлог заложбите. Новиот акциски план во делот Отворена влада содржи 15 заложби и 57 достигнувања распределени во пет приоритетни области и тоа: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени.
Освен делот за Отворена влада, овој акциски план содржи и посебни делови за Отворен парламент и Отворено судство, почитувајќи ја независноста на работата на законодавната и судската власт како посебна власт во Република Северна Македонија.
Министерството за информатичко општество и администрација како надлежна институција за координација на оваа иницијатива е задолжено да формира работна група со сите релевантни чинители за спроведување на Националниот акциски план, Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година и до Владата за достави среднорочен и финален извештај за статусот на имплементација. Оттука во наредниот период на транспарентен начин во духот на партнерството ќе се воспостават потребните структури за координација, следење и известување со цел да се обезбеди непречена реализација на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026.
Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 е достапен на следниот линк.