Archives: NAP Proposals
Institucion i emëruar
Azhurnimi i fundit në
12 May 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4
Arritjet e arritura: 0/4
Arritjet në pritje: 0/4
Arritjet e parealizuara: 4/4
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4
Дефинирање на каталогот на податоци согласно претходната пракса, историјат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и одржаните консултации
Дефинирање на каталогот на податоци согласно претходната пракса, историјат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и одржаните консултации
Treguesit e qëllimit të propozimit:Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет
Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет
Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на РСМПодготовка на водич и воспоставување на алатка за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ
Подготовка на водич и воспоставување на алатка за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ
Treguesit e qëllimit të propozimit: Зголемен број на поднесени претставки од граѓаните на РСМ преку веб страната на Судскиот совет на РСМ и намален број на отфрлени претставки поднесени од страна на граѓанитеИмплементација на идентификувани потребни софтверски подобрувања на веб-страницата на Судски совет на РСМ
Имплементација на идентификувани потребни софтверски подобрувања на веб-страницата на Судски совет на РСМ
Treguesit e qëllimit të propozimit: Нов простор на веб страната со повеќе информации за медиумите и за начините на поднесување претставки до ССРСМПодобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за функционирање на Судскиот совет
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Судскиот совет на РСМ има двојна улога кога станува збор за транспарентноста на правосудниот систем. Од една страна тој има активна улога, односно треба да ја мониторира транспарентноста и отвореноста на судството. Од друга страна тој се јавува како пасивен субјект кој треба да исполни законски обврски со цел да постигне транспарентност.
Законот за Судскиот совет на РСМ предвидува обврски за Советот на својата веб-страница задолжително да објави податоци околу: изборот на неговите членови (член 14 и член 25), обработените квартални и годишни извештаи за работата на судството (член 36, ст. 1, точка 14), записници од своите седници (член 39), одлуките донесени во повторената постапка (член 72, ст. 5), своите годишни извештаи.
Според некои понови анализи, достапноста на Судскиот совет на РСМ се оценува слабо, односно се констатира дека Судскиот совет нема добри канали за комуникација со граѓаните и со медиумите. Не постои водич за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб порталот и не постои водич за медиумите. Обврските на Судскиот совет кои произлегуваат од претставките од граѓаните се регулирани со Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Сепак на веб страната на Судскиот совет не можат да се најдат никакви информации за поднесување или одговор по претставки од граѓаните на РСМ.
Принципот на транспарентност е исто така на ниско ниво бидејќи освен добри оценки во поглед на достапните информации за организациската структура, се оценува дека не постојат политики за јавни набавки и не се објавуваат информациите поврзани со спроведените јавни набавки.
Судскиот совет е имател на информации согласно Законот за слободен пристап. Тоа значи дека тој е должен да ги исполнува обврските кои произлегуваат од тој Закон.
Main goal of the proposal
- Зголемена достапност и квалитет на информациите со кои располага Судскиот совет, и олеснување на пристапот на граѓаните за поднесување претставки до Советот.
- Стандардизирање на квалитетот и обемот на податоците кои задолжително треба да ги објават судовите.
- Воспоставување на стандарди и начин на објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет.
- Полесен пристап за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
- Подобрување на функционалноста на веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата директно влијае на пристапот до информации, отчетноста на институциите но и на учеството на јавноста во работата на судовите преку овозможување на стандарди и процедури за објавување на податоци и воспоставување алатки за поднесување на поплаки и претставки од страна на граѓаните на РСМ.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на Судскиот совет на РСМ преко подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за неговото работење.
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4
Arritjet e arritura: 0/4
Arritjet në pritje: 0/4
Arritjet e parealizuara: 4/4
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4
Дефинирање на каталогот на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите согласно претходната пракса на објавување на информации на судскиот портал, барањата за пристап до информации од јавен карактер и веќе достапни анализи за транспарентност и отвореност на судство
Дефинирање на каталогот на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите согласно претходната пракса на објавување на информации на судскиот портал, барањата за пристап до информации од јавен карактер и веќе достапни анализи за транспарентност и отвореност на судство
Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМПодготовка на индивидуални проценки за усогласеност со дефинираниот каталог на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите за секој суд
Подготовка на индивидуални проценки за усогласеност со дефинираниот каталог на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите за секој суд
Treguesit e qëllimit të propozimit: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМСпроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно.
Спроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Веб портал со стандардизирани информации и податоци за јавностаПодобрување и прилагодување на содржината на судскиот портал за користење на лица со оштетен вид, со овозможување на аудио верзија на начелни правни мислења, правни мислења и сентенци на Врховен суд на РСМ.
Подобрување и прилагодување на содржината на судскиот портал за користење на лица со оштетен вид, со овозможување на аудио верзија на начелни правни мислења, правни мислења и сентенци на Врховен суд на РСМ.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Воспоставена text-to-speech (текст-во-глас) алатка на веб страната на ВСРСМПодобрување на електронскиот судски портал на РСМ (www.sud.mk)
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Воведувањето на електронскиот Судски портал на РСМ (www.sud.mk) во 2017 година се очекуваше да придонесе за поголема транспарентност на судовите, но сѐ уште постојат големи разлики помеѓу квалитетот и обемот на податоците достапни за судовите. Информациите кои што се објавуваат на веб-страници за секој суд не се унифицирани, не се објавуваат и ажурираат редовно и не сите податоци се објавуваат во отворен формат. На пример извештаите на судовите и биографиите на судиите не се унифицирани, ниту сите може да се најдат на веб-страниците, а во некои случаи се и нејасни. Неконзистентноста при селективната објава на податоците доведува до сомнеж за прикривање на самите податоци што се објавуваат, што директно влијае на довербата на граѓаните во судството како трета гранка на власт во државата. Дополнително, судовите не се проактивни во споделување на информации поврзани со имотната состојба на судиите, па кај биографиите на судиите не се достапни линкови до страната на ДКСК каде што се објавени имотните состојби за секој судија. Не сите судови имаат објавени податоци за информациите од јавен карактер што треба да се достапни (лице за информации од јавен карактер, меил /телефон), а нема ниту редовна пракса на објавување на податоци којшто некој веќе ги побарал со пристап до информации од јавен карактер. Отвореноста е неопходна за подигнување на довербата на јавноста во судиите, судовите и целиот правосуден систем како и за сфаќањето на јавноста за тоа кој и на кој начинот се спроведува правдата од страна на судовите. Притоа, отвореноста е една од главните компоненти на легитимноста на судскиот процес и причина поради која јавноста има доверба во работата и одлуките на судовите. Судскиот портал не e прилагоден за користење од страна на корисниците со оштетување на видот.
Main goal of the proposal
- Овозможување стандардизирани и унифицирани информации и податоци за судовите и судската пракса и зголемување на бројот на податоците во отворен формат поврзани со судството.
- Проширување на обемот на податоците достапни во отворен формат на порталот.
- Зголемување на обемот и подобрување на квалитетот на податоците и информациите кои се објавуваат.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Зголемениот обем, подобрениот квалитет и редовното ажурирање на податоците кои се дел од судскиот портал доведува до воведување на нова практика во македонското судство која наложува транспарентна и отчетна но пред се видлива работа судовите за граѓаните на РСМ.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“
Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.
Оваа заложба ќе придонесе за подобрување на јавната одговорност на сите чинители во судство преку подобрување и зголемување на обемот и квалитетот на податоците на судскиот портал.
заложба 3.6
Nuk është shqyrtuarAppointed Institutions
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Оливер Серафимовски, Советник, Одделение за соработка со имателите на информации и информирање на јавноста oliverserafimovski@komspi.mk
Azhurnimi i fundit në
10 July 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2
Arritjet e arritura: 2/2
Arritjet në pritje: 0/2
Arritjet e parealizuara: 0/2
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2
1.2.1 Воведена обврска за секоја институција – имател на информации, задолжително да информира во својот годишен извештај што го доставува до АСПИ и за спроведување на членот 10 од Законот за слободен пристап кој предвидува обврска за имателите да ги објавуваат сите информации од своето работење на своите веб-страници.
Од вкупно 1445 иматели регистрирани иматели на информации од јавен карактер до кои беше доставен образец за Годишен извештај за 2021 година, во кој имателите требаа да ги достават линковите согласно членот 10, односно 22-те категории, 322 или 22,28% од имателите ја исполнуваат својата проактивна транспарентност, 934 или 64,63% не се активно транспарентни, додека 78 или 5,39 % се делумно транспарентни
Годишен извештај до Агенцијата доставија 1334, односно 92,32% иматели, а 111 или 7,68% не ја исполнија законската обврска.
Од вкупно 1449 иматели регистрирани како иматели на информации од јавен карактер до кои беше доставен образец за Годишен извештај за 2022 година, во кој имателите требаа да ги достават линковите согласно членот 10, односно 22-те категории, 334 или 23,05% од имателите ја исполнуваат својата проактивна транспарентност, 966 или 66.67% не се активно транспарентни, додека 104 или 7.18 % се делумно транспарентни
Годишен извештај до Агенцијата доставија 1404, односно 96,86% иматели, а 45 или 3,11 % не ја исполнија законската обврска.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Процент на институции (почнувајќи од 2021 година) што доставиле годишен извештај до АСПИ вклучуваат информации за спроведување на член 10 (таргет 50%) (Од 1440 иматели на информации, во 2020 година извештај до АСПИ доставиле 1132 институции, односно 79 % од институциите). Од 1445 иматели на информации од јавен карактер, Годишен извештај до Агенцијата доставија 1334, односно 92,32% иматели, а 111 или 7,68% не ја исполнија законската обврска. Информации за спроведување на членот 10 од Законот, односно линкувани податоци од своите веб страници за нивната проактивна транспарентност доставија 322 или 22,28% иматели, додека 934 или 64,63% не доставија информации за својата активна транспарентност. Процент на институции (почнувајќи од 2021 година) што доставиле годишен извештај до АСПИ вклучуваат информации за спроведување на член 10 (таргет 50%) (Од 1445 иматели на информации, во 2021 година извештај до АСПИ доставиле 1334 институции, односно 92,32 % од институциите). Од 1449 иматели на информации од јавен карактер, Годишен извештај за 2022 година до Агенцијата доставија 1404, односно 96,86 % иматели, а 45 или 3,11% не ја исполнија законската обврска. Информации за спроведување на членот 10 од Законот, односно линкувани податоци од своите веб страници за нивната проактивна транспарентност доставија 334 или 23,05% иматели, додека 966 или 66,67% не доставија информации за својата активна транспарентност.1.2.2 Воведена обврска за АСПИ за објавување збирна информација во својот годишен извештај и за спроведувањето на членот 10 од Законот за слободен пристап, а врз основа на добиените извештаи од имателите на информации.
Од страна на државните институции, обврската ја исполнија 91 имател, 44 недоставија известување за нивната проактивност, 5 делумно се транспарентни, додека за 6 иматели нема податок од причини што имателите не доставија извештај за нивната имплементација на законската обврска.
Од здравствените институции 5 иматели доставија извештај за оваа обврска, 5 иматели делумно се транспарентни, а 92 иматели не доставија линкови за да се мониторира нивната транспарентност. 8 иматели не доставија извештаи до Агенцијата во законскиот рок.
Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 52 иматела, 17 се делумно транспарентни, а 233 иматели не ја испочитуваа оваа обврска во своите извештаи. 23 иматели не доставија годишни извештаи.
Од образовните институции 441 иматели не се проактивно транспарентни, делумно се 33 иматели, а само 67 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации. Службените лица кај 38 иматели не доставија извештаи за имплементација на Законот.
Службените лица кај 52 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека 30 иматели не доставија линкови за почитување на членот 10. Делумно транспарентни се 5 иматели, додека 1 имател не достави извештај.
За проактивна транспарентност известуваат само 5 политички партии, 5 се делумно, додека 29 не известија за имплементација на членот 10 од Законот. Извештај за својата работа по однос на слободниот пристап не доставија 18 иматели.
Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, 6 се делумно отчетни, додека 29 не известија за нивната проактивност во работата. 14 иматели не доставија Годишни извештаи.
Судската власт е прокативна кај 26 иматели, 2 иматели се делумно транспарентни, а 36 не прикажуваат податоци за проактивното објавување на информации од јавен карактер. Агенцијата за 3 иматели не може да ја прикаже транспарентноста од причини што истите не доставија извештај во законски предвидениот рок.
Од страна на државните институции, обврската ја исполнија 119 имател, 17 недоставија известување за нивната проактивност, 7 делумно се транспарентни, додека за 3 иматели нема податок од причини што имателите не доставија извештај за нивната имплементација на законската обврска.
Од здравствените институции 7 иматели доставија извештај за оваа обврска, 8 иматели делумно се транспарентни, а 92 иматели не доставија линкови за да се мониторира нивната транспарентност. 3 иматели не доставија извештаи до Агенцијата во законскиот рок.
Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 47 иматела, 31 се делумно транспарентни, а 238 иматели не ја испочитуваа оваа обврска во своите извештаи. 9 иматели не доставија годишни извештаи.
Од образовните институции 484 иматели не се проактивно транспарентни, делумно се 37 иматели, а само 46 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации. Службените лица кај 15 иматели не доставија извештаи за имплементација на Законот.
Службените лица кај 60 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека 23 иматели не доставија линкови за почитување на членот 10. Делумно транспарентни се 5 иматели.
За проактивна транспарентност известуваат само 6 политички партии, 4 се делумно, додека 35 не известија за имплементација на членот 10 од Законот. Извештај за својата работа по однос на слободниот пристап не доставија 12 иматели.
Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, 9 се делумно отчетни, додека 39 не известија за нивната проактивност во работата. 2 имателa не доставија Годишни извештаи.
Судската власт е прокативна кај 25 иматели, 3 иматели се делумно транспарентни, а 38 не прикажуваат податоци за проактивното објавување на информации од јавен карактер. Агенцијата за 1 имател не може да ја прикаже транспарентноста од причини што истите не доставија извештај во законски предвидениот рок.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на институции за кои АСПИ објавил информации во годишниот извештај за спроведување на член 10 Агенцијата во Годишниот извештај за својата работа извести дека од страна на имателите на информации од јавен карактер обврската ја исполнија 398 иматели, од кои 76 се делумно транспарентни во однос на објавувањето на информации од јавен карактер на своите веб страници. Од државните институции, обврската ја исполнија 91 имател, а 5 делумно се транспарентни. Од здравствените институции 5 иматели доставија извештај за оваа обврска, 5 иматели делумно се транспарентни. Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 52 иматела, 17 се делумно транспарентни. Од образовните институции само 67 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации, додека делумно се 33 иматели. Службените лица кај 52 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека делумно транспарентни се 5 иматели. За проактивна транспарентност известуваат само 5 политички партии, а 5 се делумно. Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, а само 6 се делумно отчетни. Судската власт е проактивна кај 26 иматели, додека само 2 иматела се делумно транспарентни, односно проактивно отчетни. Број на институции за кои АСПИ објавил информации во годишниот извештај за спроведување на член 10 Агенцијата во Годишниот извештај за својата работа извести дека од страна на имателите на информации од јавен карактер обврската ја исполнија 334 иматели, од кои 104 се делумно транспарентни во однос на објавувањето на информации од јавен карактер на своите веб страници. Од државните институции, обврската ја исполнија 119 имател, а 7 делумно се транспарентни. Од здравствените институции 7 иматели доставија извештај за оваа обврска, 8 иматели делумно се транспарентни. Кај јавните претпријатија проактивна транспарентност прикажаа 47 иматела, 31 се делумно транспарентни. Од образовните институции само 46 известуваат за својата транспарентност кон барателите на информации, додека делумно се 37 иматели. Службените лица кај 60 единици на локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони известуваат за својата проактивна транспарентност, додека делумно транспарентни се 5 иматели. За проактивна транспарентност известуваат само 6 политички партии, а 4 се делумно. Службените лица кај 24 иматели од правните и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес известуваат за својата транспарентност, а само 9 се делумно отчетни. Судската власт е проактивна кај 25 иматели, додека само 3 иматели се делумно транспарентни, односно проактивно отчетни.1.2 Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб-страниците на институциите
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Заложбата се однесува на т.н. активна транспарентност на институциите што подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации од јавен карактер.
Заложбата треба да им овозможи на граѓаните, фирмите и на сите други заинтересирани групи брз, лесен и континуиран пристап до основните информации за работењето на државните институции.
Иако од крајот на 2019 година, со новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер, објавувањето на овие информации на веб-страниците на институциите е задолжително, сепак многу мал број од нив ја спроведуваат оваа обврска. Според последниот Индекс на активна транспарентност за 2021 година на ЦГК, министерствата и Владата објавуваат просечно 79% од овие информации, додека општини само 60%. Поединечните проценти се движат од 10% до 100%. Истото мерење кај јавните претпријатија покажува дека објавуваат 41% од овие информации. Се проценува дека кај другите институции (околу 1.200) кои не се под мониторинг на граѓанскиот сектор, објавувањето е уште помало, а е од еднакво значење за животот на граѓаните.
Во меѓувреме, Владата презема неколку мерки за да го поттикне објавувањето на овие информации, но повторно само кај владините институции, кај општините и кај јавните претпријатија чијшто основач е таа.
И Државниот завод за ревизија, во извештајот од ревизијата на успешност за Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб портали констатира дека „Постојниот квалитет на услугите кои ги обезбедуваат ЕЛС на веб порталите не обезбедува ефективна и брза услуга и не е овозможен ист третман, еднаков пристап и достапност за секој граѓанин.“
Main goal of the proposal
Заложбата вклучува засилени напори од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за подобрување на активната транспарентност кај имателите на информации.
Пред да почнат засилените напори за активна транспарентност кај владините институции и општините, во 2016 година, просечното објавување на информации кај овие институции беше 45%, додека пред ваквите активности кај јавните претпријатија, тие објавуваа само 28% од информациите. Имајќи го предвид порастот на активната транспарентност кај овие институции по преземањето на конкретните мерки, се очекува подобрување и кај сите останати институции.
Со остварувањето на заложбата ќе се зголеми достапноста на информациите кои се важни за животот и работењето на луѓето, а ќе се намали притисокот за добивање информации преку барања за слободен пристап.
Соодветниот и навремен пристап до информации е предуслов за ефективно учество на граѓаните во креирањето политики и за квалитетно и навремено добивање на услугите од државните институции.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Се смета дека самата обврска за институциите да информираат на годишно ниво за степенот на почитување на членот 10 од законот, односно за обемот на објавување на основните информации за нивното работење ќе продонесе кон зголемено објавување на овие информации и почитување на членот 10, за кое непочитување не се предвидени прекршочни одредби во законот.
Со изготвувањето и објавувањето на извештај за почитувањето на членот 10, ќе им се овозможи на граѓаните и на граѓанските организации да имаат поголем увид во степенот на објавување на основните информации од страна на институциите, а со тоа да го засилат притисок врз институциите за објавување повеќе информации.
Инаку, со остварување на заложбата, институциите ќе обелоденуваат:
- информации за регулативата и за одлуките на властите, со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството;
- информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите;
- информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и
- информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции.
И самата институција којашто објавува информации врз проактивна основа остварува корист по неколку основи:
- активната транспарентност ѝ помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари;
- на тој начин институцијата ги промовира принципите на добро владеење и интегритет и
институцијата е поефикасна бидејќи подобро управува со информациите со коишто располага.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи сите предвидени активности се дел од редовното работење на институциите, како и на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (АСПИ).
Заложбата е поврзана со Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ, Планот за борба против корупцијата на Владата на РСМ, препораки од Функционалната анализа на АСПИ.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
Organizatat
- Qendra për komunikime qytetare
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Анета Стефановска, a.stefanovska@moepp.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
03 April 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 5
Arritjet e arritura: 0/5
Arritjet në pritje: 2/5
Arritjet e parealizuara: 0/5
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 3/5
5.2.1 Поставени 4 нови мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа (Прилеп, Штип, Охрид, Берово) со цел надополнување на обемот на информации за нивото на загадување во овие четири града објавени на Air Quality Portal (Air Quality Portal (moepp.gov.mk)), а во насока на овозможување на повеќе информации за граѓаните со цел навремена реакција за превземање на соодветни решенија
Министерството за животна средина и просторно планирање, набави на 2 (две) Автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ). Мониторинг станиците се инсталирани во општина Берово и Прилеп и истите се пуштени во функција на крајот на месец декември 2021 година.
Во тек е набавка на Автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) која ќе биде инсталирана во Охрид. Склучен е договор со избраната компанија и се очекува инсталацијата на станицата да заврши до крајот на месец октомври 2022. Направен е избор на локацијата во Охрид во соработка со претствниците на општина Охрид и со обезбедена ружа на ветрови од УХМР. Сите подготвителни градежни активности на локацијата се завршени, односно изграден е бетонски фундамент, обезбеден е приклучок за електрична енергија и сите административни документи се обезбедени. Мониторинг станицата е поставена во општина Охрид и истата е пуштена во функција на крајот на месец октомври 2022 година.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на ново поставени мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа Број на информации објавени на Air Quality Portal5.2.2 Поправка на инструментите за PM 10 честички и инсталирање на нови инструменти за PM2.5 кај оние мерни станици кои не се во функција со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови
- Во декември 2019 од буџетот на МЖСПП се набавија 6 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и истите се поставени во мониторинг станиците Гази Баба, Лисиче, Велес, Кичево, Гостивар и Кавадарци во декември 2019 година.
- Во декември 2020 година се набавени со буџетски средства на МЖСПП, 2 автоматски анализатори за мерење на PM2.5 и истите се поставени во Лисиче и Гази Баба;
- Со финансиски средства обезбедени од Шведската влада во април 2021 година се набавени 8 инструменти за мерење на концентрацијата на PM2.5 и истите се поставени на 8 локации Скопје: Ректорат и Миладиновци, Гостивар, Кичево, Велес и Струмица и се набавени 4 инструменти за РМ10 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица.
- Инструменти за мерење на концентрациите на PM10 и PM2.5 се поставени во Прилеп и Берово во декември 2021 година.
- Набавка на инструмент за РМ2.5 за Лазарополе е планирана во рамките на проект за набавка на опрема финансиран од ИПА 2 програмата, за кој е подготвена целокупната тендерска документација, се чека на одобрување на документацијата од Делегацијата на ЕУ.
- Во периодот јули-септември 2022 година саниран е мерниот инструмент за симултано мерење на PM 10 и PM 2.5 на мерниот инструмент Битола 2 и истиот во моментот обезбедува податоци од мониторинг.
- Инструмент за мерење на на PM10 и PM2.5 се поставени во Охрид во октомври 2022 година.
5.2.3 Редовно одржување на сите мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот како дел од државната мониторинг мрежа во државата со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови.
2019
Набавени 6 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички PM10 и 6 дата логери. Инструментите за PM10 се поставени во мониторинг станиците Гази Баба, Лисиче, Велес, Кичево, Гостивар и Кавадарци во декември 2019 година.
2020
Се спроведе постапка за набавка на мерни инструменти со што се изврши модернизација и замена на дел од мерните инструменти од веќе постоечките автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух. Испораката на мерните инструменти се реализираше во декември 2020 година. Имено се набавени:
- 7 анализатори за озон (O3) поставени во мониторинг станиците: Лисиче, Гази Баба, Ректорат, Кочани, Кавадарци, Кичево, Гостивар;
- 7 анализатори за сулфур диоксид (SO2) поставени во мониторинг станиците: Лисиче, Гази Баба, Куманово, Битола 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 7 анализатори за јаглерод моноксид (CO) поставени во мониторинг станиците: Гази Баба, Ректорат, Куманово, Битола 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 6 сета метеоролошка опрема / сензори поставени во мониторинг станиците: Миладиновци, Кочани, Струмица, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 2 автоматски анализатори за мерење на5 поставени во Лисиче и Гази Баба;
- 2 автоматски секвенцијални стандардни / референтни ниско волуменски семплери за мерење на суспендирани честички (со PM10, PM2.5, PM1 влезови/глави за земање примероци) поставени во мониторинг станиците: Кавадарци и Кичево;
- Калибрациона кула за калибрација на автоматски анализатор за мерење на суспендирани честички PM10 и5;
Во октомври 2020 година се набави нова автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух и истата се постави во Општина Гевгелија и се заменија сите постоечки мерни инструменти и се инсталираа два дополнителни во мониторинг станицата Битола 1.
2021
Извршена надградба на системот за управување со податоци AIRVIRО и се изврши набавка на инструменти за замена на дел од застарените инструменти од мониторинг станиците за квалитет на воздух:
- 4 инструменти за РМ10 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица;
- 8 инструменти за РМ5 поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 8 инструменти за азотни оксиди поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Кичево и Гостивар;
- 2 инструменти за озон поставени во Миладиновци и Струмица;
- 4 дата логери поставени во Ректорат, Миладиновци, Кочани и Струмица.
Во јануари 2021 година се изврши набавки на 4 нисковолуменски уреди за земање на примероци од воздух.
Се набавија 8 нови мерни инструменти со кои се заменија постоечките застарени инструменти. Инструментите се инсталирани во декември 2021 година:
- 3 инструменти за јаглерод моноксид поставени во Миладиновци, Кочани и Струмица
- 4 инструменти за сулфур диоксид поставени во Миладиновци, Кочани, Струмица и Велес
- 1 инструмент за озон поставен во Велес.
2022
Во текот на 2022 година се спроведе постапка за набавка на резервни делови. Испораката на деловите се реализираше во јуни 2022 година.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на променети инструменти Број на извршени поправки Број на инструменти кои имаат годишна покриеност од 90% (Таргет: сите инструменти во 19 мерни станици)5.2.4 Обезбедување на сет резервни мерни инструменти со цел избегнување на прекин во обезбедување на информации на јавноста за нивото на загадување во нивните градови.
Ова е планирана активност во рамките на проект за набавка на опрема финансиран од ИПА 2 програмата. Целокупната тендерска документација е подготвена. По одобрувањето на документација од Делегацијата на ЕУ истиот ќе биде објавен.
Проектот за набавка на опрема е објавен на 13.02.2023, а рокот за доставување на понуди е 12.05.2023. Испораката на опремата се очекува до крајот на 2023 година.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на обезбедени сетови на резервни инструменти5.2.5 Изработка на мобилна апликација која ќе овозможи пристап до податоци за нивото на аерозагадувањето преку мобилен телефон и континуирани нотофикации за граѓаните.
За оваа активност беа побарани дополнителни средства во рамките на проектите кои ги спроведува МЖСПП, но истите не беа одобрени. Во моментов се бараат средства од други донатори.
За оваа активност се обезбедени средства во рамките на буџетот на МЖСПП за 2023 година. Во тек е изработка на техничка спецификација и тендерска документација.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на граѓани корисници на апликацијата5.2 Пристап до информации за нивото на аерозагадување
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Вкупно 18 фиксни и 1 мобилна мерна станица како дел од државната мониторинг мрежа за квалитетот на амбиентeн воздух се поставени во различни градови во државата. Од вкупниот број мерни станици, 5 се во Скопје, 2 во Битола и по 1 во Куманово, Миладиновци, Кочани, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кичево, Лазарополе, Гостивар и Тетово. Мобилната мониторинг станица е функционална од 2017 година и истата се поставува во оние општини кои не се опфатени со фиксните мониторинг станици во период од една година. Досега беше поставена во општина Бутел, Скопје и моментално е поставена во општина Ѓорче Петров, Скопје. Во останатите помали градови од државата не се поставени фиксни мерни станици, но мониторингот на квалитеотот на воздухот во овие градови ќе се врши со мобилната станица.[1] Државната мониторинг мрежа за квалитет на амбиентен воздух ги задоволува критериумите за минимален број на мерни места во одредена зона и агломерација, пропишани во националнато законодавство и Европските директиви за квалитет на воздух. Државната мониторинг мрежа во изминатите години се соочуваше со проблеми во однос на континуирана функционалност на мерните инструменти, особено заради старост на самата опрема. Подолг период инструментот за следење на концентрацијата на PM 10 честичките не беше во функција на мерната станица Лисиче, додека проблеми со овој инструмент, но и инструменти за следење на концентрациите на останатите честички (CO, NO2, O3, PM2.,5 и SO2) се забележани и на другите мерни станици во Скопје.[2] Во Битола, мерењето на концентрацијата на PM2.5 честичките е започнато во 2017 година и се одвиваше најпрво само преку една мерна станица (Битола 2) додека од октомври 2020 година истата се мери и на втората мерна станица (Битола 1). Во Куманово концентрацијата на PM2.5 се мери од 2017 година.[3] Во таа насока, на пример, инструментите за PM10 честички на мерната станица Битола 1 не давале податоци 187 дена во 2019 година, 26 дена во 2018 година, 79 дена во 2016 година и 19 дена во 2015 година, додека инструментите за PM 10 на мерната станица Битола 2 не давале податоци 192 дена во 2019 година, 56 дена во 2018 година, 66 дена во 2017 година, 6 дена во 2016 година и 56 дена во 2015 година. Истовремено, инструментите за мерење на концентрацијата на PM 2.5 честичките на мерната станица Битола 2, кои се поставени во 2017 година, не давале податоци 192 дена во 2019 година и 56 дена во 2018 година.[4] Сепак, МЖСПП активно работи на обновување и дополнување на Државниот автоматски мониторинг систем на квалитет на воздух, преку обезбедување на средствата од Националниот буџет и различни донаторски проекти. Последните години евидентно е подобрувањето на функционалноста на мониторинг системот и се очекува истиот да биде комплетно обновен до крајот на 2022 година. Со цел соодветно планирање на активностите за намалување на аерозагадувањето во државата, неопходно е постоење на веродостојна и сеопфатна мрежа за мониторинг на концентрацијата на честичките. Сеопфатни и веродостојни информации од мрежата за мониторинг се неопходни пред се за креирање на стратешките документи од областа (планови, стратегии и слично) како и следење на нивното спроведување, односно дали и со која динамика се остваруваат предвидените цели (дали се остваруваат целите дефинирани како намалување на концентрацијата на загадувачките супстанци, дали динамиката на исполнување на оваа цел е на задоволително ниво и слично). За остварување на вака поставената цел, потребно е редовно и навремено одржување и сервисирање на веќе поставените мерни станици од државната мониторинг мрежа. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух од 2012 година се објавуваат во реално време на порталот за квалитет на воздух (https://air.moepp.gov.mk). Истите редовно се известуваат на национално ниво како и до Европската агенција за животна средина
[1]Извор: Веб страна „Кавалитет на воздух во Република Северна Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање“https://air.moepp.gov.mk/
[2]Извор: Месечни извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, објавени на: https://air.moepp.gov.mk/?page_id=290
[3]Ibid
[4]Ibid
Main goal of the proposal
Општа цел: Обезбедување на сеопфатни и веродостојни информации за нивото на аерозагадување во РСМ
Специфична цел 1: Зголемување на бројот на мерни станици во државата
Специфична цел 2: Редовно одржување и сервисирање на мерните инструменти кои се дел од мерните станици во рамки на државната мрежа за мониторинг
Специфична цел 3: Изработка на мобилна апликација за презентирање на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух
Резултати: спроведувањето на активностите ќе придонесат за зголемување на опфатот на државната мрежа за мониторинг преку зголемување на бројот на мерни станици во градовите каде не се поставени. Преку редовно одржување и сервисирање на постоечките и ново поставените мерни инструменти, државата ќе овозможи соодветна база на податоци неопходна за креирање на ефикасни политики за намалување на аерозагадувањето и следење на остварување на целите во стратешките документи. Обезбедување на еден сет на резервни мерни инструменти, со цел ставање во функциија на истите додека постоечките инструменти се сервисираат и повторно се стават во функција за да нема загуби во податоците од извршените мерења. Со изработката на мобилната апликација, ќе се овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен и поприфатлив начин.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Преку поставувањето на нови мерни станици за квалитет на воздухот во Прилеп, Охрид и Штип, како дел од државната мониторинг мрежа ќе се зголеми бројот на мерни станици, односно обемот на податоци за квалитетот на воздухот кој долгорочно ќе придонесе кон подобро планирање на политиките од областа на централно и локално ниво. Поставувањето на мерна станица за квалитет на воздухот во Берово ќе придонесе за поголем и подобар мониторинг на прекуграничнотозагадување. Поставувањето дополнителни мерни станици ќе придонесат за подобро планирање на локалните политики за заштита на воздухот. На тој начин ќе се процени дали треба да се применат мерки, како и изборот на мерки и политики кои ефикасно ќе го решат проблемот.
Редовното одржување и сервисирање на инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем, ќе овозможи ефикасен мониторинг и исполнување на целите за мониторинг пропишани во Законот за квалитет на амбиентниот воздух.
Обезбедувањето на еден сет резервни мерни инструменти, ќе придонесе за ефикасно одржување на сите мерни станици, односно државна мрежа која ефикасно ќе го мониторира квалитетот на воздухот, што ќе придонесе за:
- Можност за пресметување на средно дневните концентрации на загадувачките супстанци и известување на граѓаните
- Навремена примена на краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво при надминување на праговите за алармирање
- Планирање на политиките на централно и локално ниво за намалување на аерозагадувањето
- Следење на исполнувањето на мерките предвидени со политиките на централно и локално ниво.
Изработката на мобилната апликација, ќе овозможи информирање на граѓаните за состојбата со квалитетот на воздухот на поедноставен односно посовремен начин, начин поприфатлив за сите корисници на мобилни телефони.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Поврзано со Целите за одржливиот развој на ОН , Врска со Цел 13: ,,Климатска Акција“, Таргет 13.3: Да се подобри образованието, свесноста и човековите и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за приспособување, за намалување на влијанијата и за рано предупредување.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 13 Климатска акција“, Таргет 13.3 Подобрување на образованието, подигање на свеста и човечкиот и институционален капацитет за ублажување на климатските промени, адаптација, намалување на влијанието и рано предупредување. Со мерките на оваа заложба преку убапредена свест, едукација и информираност на граѓаните ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Shoqërisë së Informacionit dhe Administratës
Organizatat
- Македонско здружение на млади правници
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Дајана Тодоровска, dajana.todorovska@mzsv.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3
Arritjet e arritura: 0/3
Arritjet në pritje: 0/3
Arritjet e parealizuara: 3/3
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3
5.1.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население за негативните ефекти од климатските промени и загадувањето на животната средина
5.1.2 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население и едукација за правилникот за Добра земјоделска пракса како и измените во делот на санкциите за негова непримена на терен
5.1.3 Проширување на листата на посебни минимални услови за ДЗП и заштита на животната средина кои што земјоделските производители ќе треба да ги исполнат со примена на Добрата земјоделска пракса и изработка на нов правилник за добра земјоделска пракса
5.1 Намалување на ефектите од климатските промени и заштита на животната средина од земјоделските активности
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
- Недоволно информации достапни во руралните средини;
- Немање на доволно развиена свест за последиците од климатските промени;
- Сеуште глобален пристап кон темата;
- Немање на едукациjа на руралното население за препознавање на последиците од климатските промени, но и за придонесување кон предизвикувањето на истите;
- Невклученост на граѓаните во процесите на донесување на одлуки поврзани со акциите за клима итн.;
- Намалено локално производство на храна и економски приходи;
- Загаден воздух и загрозено здравjе на населението;
- Придонес кон негативните ефекти од климатските промени;
- Делување сеуште на традиционален начин и непрактикување на донесените законски мерки и норми;
- Земјоделците управуваат со 50% од земјиштетово РСМ, користат 60 до 80% од слатката вода во државата, во нивните штали, кокошарници, трла или современо кажано фарми живеат огромен број на животни, користат илјадници тони на силни и помалку силни токсични материи во вид на пестициди, ѓубре, и останати агро-хемикалии.
- Според истражувањата за структура на земјоделските стопанства, спроведени од Заводот за статистика во 2016 година, во индивидуалниот секторсе ангажирани само 5,2% на луѓе со било какво образование во земјоделството, а бројот на ангажирани високостручни кадри од областа на земјоделството е само 0,8%.
Што се однесува пак до информираноста на граѓаните, од 473 испитаници од 48 општини во РСМ во истражување спроведено од страна на МЖСПП наjзастапен е ставот дека справувањето со климатските промени не е должност на поединецот туку на Владата, индустриjата и компаниите и дека граѓаните не знаат, а и немаат доволно информации како може да помогнат во справувањето со климатските промени.
Main goal of the proposal
Главната цел на заложбата е преку зголемена едукација и информираност на руралното население да се намали загадувањето на животната средина и негативните ефекти од климатските промени.
Резултати:
- Зголемена примена на Добрата земјоделска пракса како основен постулат за заштита на животната средина од земјоделски активности.
- Зголемена информираност кај 50% од носителите на семејните земјоделски стопнства за важечките правила за Добра земјоделска пракса како и за казнените основи за непримена на истите.
Воспоставен систем за редовно информирање за климатските промени и негативните ефекти од истите.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Погоре опишаните достигнувања ќе придонесат директно кон решавање на јавниот проблем кој што се однесува на загадувањето на животната средина и зголемувањето на ефектот од климатските промени, затоа што станува збор за повеќе од 170.000 семејни земјоделски стопанства кои што вршат земјоделски активности, а при тоа не внимавајќи на загадувањето на животната средина. Преку зајакната свест, едукација и зголемена информираност ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа:
- Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 каде што една од стратешките цели е насочена токму кон намалувањето на ефектите од климатските промени во земјоделското производство;
- Целите за одржлив развој на ОН особено со цел 13 која што е директно насочена кон преземање на мерки за клима;
- Националниот акциски план за клима, комуникациска стратегија за климатски промени на МЖСПП итн.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 13 Климатска акција“,Таргет 13.3: Да се подобри образованието, свесноста и човековите и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за приспособување, за намалување на влијанијата и за рано предупредување. Со мерките на оваа заложба преку унапредена свест, едукација и информираност на граѓаните ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Mjedisit dhe Planifikimit Hapësinor
Organizatat
- Koalicioni rural
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Аркин Јахији, ArkinJahiji@mjustice.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
26 January 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 14
Arritjet e arritura: 2/14
Arritjet në pritje: 2/14
Arritjet e parealizuara: 5/14
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 5/14
4.4.1 Измена и дополнување на Закон за Бесплатна правна помош во одредбите 13, 38, 49
4.4.2 Договори за соработка меѓу Биро за судски вештачења и други надворешни овластени вештаци од областа на геодезија и молекуларна биологија
Во владина постапка е пуштен предлог-Закон за вештање, кој би требало до крајот на годината (2022) да се донесе во Собранието на РСМ. Со предлог законот е превидено да се укине Бирото за судско вештачење.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на склучени Договори за соработка со вештаци4.4.3 Информативни сесии за потребата од вештачење во области кои го засегаат пристапот до правда за слабо имотно население со Министерство за правда, БСВ, адвокатска комора, други институции кои изготвуваат вештачења
4.4.4 Изработка на интерни упатства (или алтернативно, Меморандум помеѓу МП и БСВ) за постапување во случај на потреба од вештачења кога е одобрена секундарна правна помош
4.4.5 Анализа со краткорочни препораки (за моментално итно решавање на проблемот со вештачењето и одглавување на предметите кои што моментално се заглавени поради тоа) и долгорочни препораки (законски измени кои што на долг рок ќе го решат проблемот со вештачењето)
4.4.6 Креирање и одржување на сеопфатен јавно достапен регистар на вештаци за областите од интерес на БПП
Со донесување на новиот Закон за вештање, ќе се достигне оваа активност.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на вештаци евидентирани во регистарот4.4.7 Обезбедување физичка пристапност и видливост на ЗБПП
Подрачните се видливи и пристапни и тоа со особена видливост и пристапност се 11 подрачни одделенија (Ресен, Берово, Мак.Брод, Кавадарци, Кичево,Свети Николе, Делчево, Демир хисар, Кочани Гази баба и Тетово).
Подрачните одделенија Охрид, Радовиш, Штип, Неготино ,Куманово, Виница, Ѓевѓелија, Гостивар, Кратово, Валандово, Прилеп, Битола и Пробиштип, (вкупно 13 подрачни одделенија) се со средна видливост и пристапност.
Подрачните одделенија Карпош, Струга, Крива Паланка, Струмица и Чаир (вкупно 5 подрачни одделенија) се со ниска видливост и пристапност.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на ПО при МП кои обезбедиле физичка пристапност на лица со физички пречки и видливост4.4.8 Прилагодување на официјалната веб страна на Министерство за правда(или на https://pravnapomos.mk/) за непречено информирање во врска со ЗБПП (видливост и пристапност до информации за ЗБПП и ПО за лица со дислексија, лица со визуелна и аудитивна попреченост, како и за лица од етничките заедници)
Веб страницата pravnapomos.mk е достапна и на албански јазик. Воедно се поставуваат информативни видеа кои се титлувани со цел да бидат достапни за лица со оштетен вид или слух. Во 2023 ќе се работи на прилагодување на веб страницата за лица со дислексија. Во моментов веб страницата на Министерство за правда е прилагодена за 3 категории на лица.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на категории на лица за кои е прилагодена веб страницата на Министерство за правда4.4.9 Спојување на податоци на веб страните https://pravnapomos.mk/ и https://www.pravnozajakni.mk/
На веб страната на Министерство за правда веќе има упатување на pravnapomos.mk, па граѓаните ќе може да пристапат кон веб страната pravnapomos.mk и преку веб сајтот на Министерство за правда.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на одржани состаноци за координација меѓу МП, СЕ и ФООМ 2. Време потребно да се спојат податоците на веб страните4.4.10 Мапирање на формални и неформални даватели на правна помош
Оваа активност е завршена, но воедно е и тековна, бидејќи се работи за жив документ кој постојано ќе биде дополнуван и менуван.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на мапирани формални и неформални даватели на правна помош4.4.11 Креирање и одржување на јавно достапен регистар при МП за формални и неформални даватели на правна помош
4.4.12 Спојување на податоци со кои располагаат ГОи и Министерство за правда
4.4.13 Интероперабилност на постоечка дата база на податоци овозможувајќи пристап до правда
4.4.14 Подготовка на Национален план (стратегија) за правно зајакнување
4.4 Правно зајакнување на граѓаните преку достапни информации и отворени институции
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Со новиот Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП), кој започна да се применува од октомври 2019 година, значително се подобри пристапот до правда на граѓаните. Сепак, законот во пракса покажа дека има слабости и потребни се измени со цел негова ефикасна примена. Еден од проблемите е во поглед на вештачењето кое треба да биде обезбедено од страна на Бирото за судски вештачења. Проблемот кој беше идентификуван е неможноста на Бирото да обезбеди вешто лице за најчестите правни области за кои граѓаните бараат бесплатна правна помош (БПП) меѓу кои геодезија/геодети како вешти лица и ДНК анализа – молекуларна биологиј). Вториот проблем е поврзан со одобрување односно неодобрување барања за секундарна правна помош кога станува збор за жртвите на насилни кривични дела во кривичните постапки. Истото е поттикнато од контрадикторноста на преодните и завршни одредби на ЗБПП и ограничувачките механизми кои постојат во Законот за кривична постапка (ЗКП). Третиот проблем е поврзан со потребата од услуги за правно зајакнување и правно описменување кога станува збор за пристап заснован на човековите права.
Постојат две дилеми во однос на законското уредување на вештачењето во воспоставениот систем за БПП. Прво, во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 предвидена е активност за укинување на Бирото. Ова го доведува во прашање член 13 став 6 од ЗБПП. Второ, не е доволно уреден начинот, постапката и роковите за обезбедување вешт наод и мислење од органот или вештакот кој ќе го врши вештачењето. Не постои спореден план во случај на укинување на Бирото. Од друга страна, во тек е подготовка на Нацрт Предлог закон за вештачење, во кој се уште се задржани одредби за функционирање на Бирото. Неизвесноста е во поглед на моменталното уредување за покривање на трошоците за вештачење или пополнување празнини од вешти лица во определени области во кои ранливото население имаат правни проблеми.
Од аспект на пристапот до правда на жртвите на насилни кривични дела, ЗБПП е контрадикторен кога според една одредба изречно наведува дека одбрана и застапување во кривична постапка се обезбедуваат согласно ЗКП (член 38 од ЗБПП), а според друга одредба се уште ја остава во примена одредбата од стариот закон која предвидува правна помош во сите судски постапки за да се даде заштита на жртвите на казниви дела и жртви од трговија со луѓе (член 49 од новиот ЗБПП во врска со член 8 од стариот ЗБПП). Меѓутоа, и да се обезбедува застапувањето на жртвите на кривични дела според ЗКП, иако постои работната верзија на нов ЗКП со интенција да се најде решение, сепак не го отстрануваат проблемот со ограниченоста на механизмите кои стојат на располагање во ЗКП за жртвите. Можноста за бесплатна правна помош е единствено во член 53 став 3 во корелација со член 55 став 1 точка 1 од ЗКП. Таму формулацијата е многу строга и се вели дека жртвата има право на советник на товар на буџетските средства, односно бесплатен разговор со советник или полномошник пред давањето на исказ (доколку во постапката учествува како оштетен), односно изјава или поднесување на имотноправно барање, ако има тешки психофизички оштетувања или потешки последици од кривичното дело и само ако е жртва на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години (како долна граница на казната предвидена за делото). Ваквата формулација не го покрива целосното застапување од страна на полномошникот за време на кривичната постапка, туку е сведено на советување единствено за време додека се дава првиот исказ. Оставање на жртвата на насилно кривично дело сама без соодветно застапување да поминува преку судскиот процес, само поради тоа што ни ЗКП ни ЗБПП не го дозволуваат тоа, е сериозно спротивно на сите меѓународни стандарди и принципи кои говорат за правна помош и услуги на жртвите.
Покрај БПП како формално признаена, постојат и неформалните облици кои им се достапни најмногу на маргинализираните граѓани, бидејќи се обезбедени од страна на граѓански организации, но и од обучени лица од нивната заедница.
Соработката помеѓу различните чинители кои работат на правно зајакнување и пристап до правда на локално ниво е сеуште особено слаба. Постои недостаток на конкретни заеднички акции и меѓусебна поддршка, поради што и имплементацијата на теренско ниво во која крајно се отсликува пристапот по правда, е оставена на моменталната волја на различните субјекти без конкретни одржливи решенија.
Подрачните одделенија (ПО) не се многу видливи и препознатливи од граѓаните во физичка смисла. Во многу места, од причини на економичност, ПО на МП се наоѓаат во згради каде се сместени повеќе институции заедно, со несоодветно физичко означување или недостаток од истото. Физичката непристапност може да значи отежнат пристап до правда, зависност од други лица и нивно обесхрабрување при користење на правото на БПП. Лицата со визуелна и попреченост во слухот исто така се неинформирани за правото на БПП бидејќи не постојат информативни материјали прилагодени на нивните потреби. Од веб страницата на МП не може да се види кој адвокат е на ред за постапување по барање за БПП. Исто така, веб страната не е адаптирана за лица со дислексија, ниту содржи доволно информации на јазиците на малцинствата. Не постои ниту упатување каде и како можат граѓаните да се пожалат од работата на овластените даватели на БПП.
Согласно последното истражување на правните потреби на граѓаните од 2015 година, секој втор граѓанин во РСМ се соочува со правен проблем. Она што загрижува е што граѓаните не ги препознаваат правните проблеми и како правно да ги квалификуваат само проблемите кои би завршиле на суд.
Очигледно е дека граѓаните на РСМ имаат потреба од услуги и правно зајакнување, но особено внимание треба да се посвети на ранливите групи кои поради ранливоста се наоѓаат во многу неповолна ситуација и со ограничен пристап до правда.
Main goal of the proposal
Главна цел: Правно зајакнување и пристап до правда за сите граѓани согласно нивните правни потреби и проблеми
Врз основа на претходно постигнати достигнувања од заложбата во НАП4, оваа нова заложба претставува одржливост на пристапот до правда и правно зајакнување (земајќи ги предвид препораките на Независниот механизам за известување – вклучување Национална стратегија за правно зајакнување) преку постигнување на следните очекувани резултати:
- Креирана Национална стратегија за правно зајкнување
- Зголемена видливост и физичка пристапност на ПО на МП
- Усвоени законски измени со цел поефикасно остварување на пристапот до правда, а кои се однесуваат на вештачењето и пристап до правна помош на жртви на насилни кривични дела
- Воспоставена соработка помеѓу Бирото за судски вештачења и вешти лица од сите области и уредена постапка за обезбедување вештачење;
- Информирани претставници на МП, БСВ, адвокатска комора, други институции кои изготвуваат вештачења во области кои го засегаат пристапот до правда за слабо имотно население;
- Јавно достапни информации за вешти лица и обезбедувачи на неформални и формални првни услуги
- Спојување на податоци на веб страните https://pravnapomos.mk/ и https://www.pravnozajakni.mk/
- Мапирање на формални и неформални даватели на правна помош
- Креирање и одржување на јавно достапен регистар за формални и неформални даватели на правна помош
- Спојување на податоци со кои располагаат ГО и МП
- Воспоставена интероперабилна сеопфатна дата база со информации од сите обезбедувачи на правна помош и услуги со цел проценки на тековните состојби и наоѓање практични и веродостојни идни решенија
Достапни услуги и информации за лицата со попреченост.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата е насочена кон неколку интервенции со цел да се придонесе кон поефикасен пристап до правда за сите граѓани. Најпрво, потребни се законски измени на ЗБПП со цел да се обезбеди основа за ефикасен пристап на граѓаните до вештачење од сите области и да се гарантира ефикасна заштита на жртвите на насилни кривични дела. Воедно, за да се овозможи вештачење согласно ЗБПП за правните прашања за кои се гарантира БПП, Бирото за судски вештачења ќе склучи договори со вешти лица, пропратено со активности кои ќе гарантираат вклученост на сите страни во процесот. За да се овозможи ефикасна заштита на жртвите на насилни кривични дела, ќе се пополни празнината за пристап до правна помош во кривични постапки за жртви на насилни кривични дела за кои е предвидена пониска казна затвор од моменталната во ЗКП во најмалку 4 години.
Понатаму, ќе биде креирана Национална стратегија за правно зајакнување. Стратегијата ќе биде креирана во транспарентен процес со вклученост на сите релевантни чинители. Националната стратегија ќе биде мулти секторска и ќе ги вклучува сите засегнати институции и ГО кои работат на обезбедување услуги, правна помош и правно зајакнување. Стратегијата ќе предвидува конкретни активности, буџет и временска рамка за правно зајакнување за сите граѓани на национално и локално ниво.
Потребен е сеопфатен и одржлив пристап кој ќе го сублимира дејствувањето на локалните институции и здруженија на граѓани во заеднички акции за унапредување на пристапот до правда за сите.
Особено во време на КОВИД-19 пандемија, ќе се придонесе кон поголема видливост, транспарентност и достапност на формалните и неформалните даватели на правна помош. Зголемената видливост и физичка пристапност на ПО на МП ќе значи поголема достапност на нивните услуги за граѓаните.
Преку прилагодени материјали лицата со попреченост ќе бидат навремено информирани и зајакнати.
Преку достапноста на регистрите на сите даватели на правна помош ќе се придонесе кон информирање и насочување на граѓаните каде да го адресираат проблемот кој го имаат соодветно на неговата природа.
Регистрите на вешти лица ќе придонесат кон поголема отвореност на податоците и право на избор на граѓаните.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
- Потребен/обезбеден буџет од страна на МП за спроведување на дел од заложбата
- Врска со Закон за Бесплатна правна помош, Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022
- Врска со Целите за одржливиот развој на ОН – ЦОР 16.3.
РСМ е посочена како пример на држава која е посветена на унапредувањето на пристапот до правда, вклучувајќи го приоритетот Пристап до правда во Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020.
За следење на имплементацијата на Целта за одржлив развој 16.3 во државата неопходно е редовно водење на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани. Овие податоци треба да послужат за подготовка на национален план за имплементацијата на Цел 16.3., односно план за унапредување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани. Врз основа на подготвената Анализа на прибрани податоци по претходно дефинирани индикатори за следење на имплементацијата на ЦОР 16.3 на национално и локално ниво, во наредниот период ќе биде подготвен План за имплементација на ЦОР 16.3.
Дополнително, како едно од најчестите правни проблеми за кои граѓаните бараат БПП е геодезијата. МЗМП, со поддршка на ФООМ изработи Документ за јавна политика за вештачењето и бесплатната правна помош со наслов Дали новиот Закон за бесплатна правна
помош од 2019 го олесни пристапот до бесплатно вештачење за лицата на кои им е одобрена секундарна правна помош? Во овој документ се содржани повеќе информации за проблемот, како и формулирани препораки и предлози за решавање на истиот.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Биро за судски вештачења
Organizatat
- Fondacioni Shoqërisa e Hapur - Maqedoni
- Shoqata për edukimin e drejtësisë dhe transparencën e STATIENCA P.E.T.
- Македонско здружение на млади правници
- Избор Струмица
- Едукативна хуманитарна организација Штип
- Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Славица Жерајиќ, Државен службеник SlavicaZerajik@mjustice.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
29 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 9
Arritjet e arritura: 1/9
Arritjet në pritje: 2/9
Arritjet e parealizuara: 1/9
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 5/9
4.3.1 Организирање на работни средби за дополнување на судскиот деловник од страна на МП
- Известување на РГ за Судскиот деловник
- Одржани повеќе работни средби во март 2022 на ангажирани експерти од МТСП за подготовка на подзаконските акти во надлежност на МП за семејно насилство (Судски совет, Работно тело во Врховен суд, МП)
- Во текот на месеците април, мај и јуни 2022 година по извршените консултации со сите засегнати страни (судови, јавни обвинителства, надлежни институции, граѓански организации, работни групи формирани во МТСП за спроведување на законот) беа подготвени подзаконските акти за собирање на податоци за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства заедно со прилог – Список на податоци за случаите на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство. Овие предлог – правилници се доставени до: Советот за ИКТ во правосудниот сектор, РГ за Судскиот деловник и Работното тело за стандардизација, од каде се очекува да бидат разгледани и одобрени во текот на месеците јули, август и септември 2022 година.
- Во месеците јули, август и септември 2022 година предлог – подзаконските акти беа одобрени од Советот за ИКТ и усогласени со мислењето на Секретаријатот за законодавство. Воедно, предлог-правилниците беа доставени на мислење до Врховниот суд на Република Северна Македонија.
- Во месец ноември 2022 Врховниот суд даде позитивно мислење за двата правилници и го поздрави воведувањето на посебна евиденција за семејно насилство.
- Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.


4.3.2 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за судски предмети на семејно насилство
1. Со донесувањето на правилниците со кои се уредува начинот и собирањето на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства ќе започне редовното објавување на податоците за семејно насилство.
2. Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.
3. Согласно правилниците, податоците се објавуваат на веб страницата на судот/јавното обвинителство на квартално ниво, почнувајќи од првиот квартал 2023 година.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на кривични и граѓански предмети; Број и вид на пресуди.


4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови
1. Во судовите согласно Годишниот распоред за работа се спроведува пракса на назначување на дежурни судии кои работат и на предмети од оваа област, но нема законска обврска за назначување на посебен дежурен судија кој ќе постапува исклучиво на предмети од семејно насилство. Во кривичниот оддел на овие предмети им се дава приоритет во постапувањето. Во граѓанскиот оддел нема посебно назначени дежурни судии за овој вид предмети, но вообичаено судиите кои постапуваат по вонпарнични предмети постапуваат по истите како итни предмети.
2. Со цел да се мотивира во секој суд да се обезбеди најмалку еден дежурен судија и судски службеник кои ќе одговорат на потребите, Министерството за правда со допис во месец јули 2022 година до судовите достави известување за заложбата 4.3. Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство и достигнувањето 4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови. Со дописот исто така се бараше известување на постојната пракса во судовите за ова прашање во последните 3 години.
3. Согласно доставените одговори може да се заклучи дека во судовите редовно се назначуваат дежурни кривични судии согласно Годишниот распоред за работа согласно закон, кои покрај постапувањето по други предмети, постапуваат и по овој вид на предмети. Посебно назначени судии во граѓанска постапка за овој вид предмети нема, бидејќи нема посебна законска обврска, а по предметите постапуваат дежурни судии кои постапуваат по вонпарнични предмети и овие предмети ги земаат во работа како итни согласно предвидените кратки рокови во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјното насилство.
4. За поздравување се одговорите од претседателите на судовите и позитивниот став и одговор кон ова прашање, за предметите секогаш да има дежурен судија, а таму каде што има услови во судот ќе бидат определени дежурни судии кои ќе постапуваат само по овие предмети.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на назначени дежурни судии. Согласно одговорите од основните судови, во секој суд во Република Северна Македонија со Годишниот распоред за работа е распределен најмалку еден дежурен судија кој постапува по овој вид предмети. Оттука, бројот на дежурни судии е најмалку 27.4.3.4 Формирање на работна група и организирање на работни средби за ревидирање и дополнување на образци (кривични дела, прекршоци и поплаки) за собирање на податоци од страна на полиција
- Во февруари 2022 година формирана е мултисекторска работна група. Постојните податоци во системот (вид и број на кд, подрачје каде е сторено кд, пол, род, сродство и број на жртви; кај прекршоците и начинот на извршување и дејството ) се очекува да се надоградат со други податоци согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
- Правилник за формата, содржината и начинот на интегрирано прибирање на статистички и административни податоци за состојбата со родово базирано насилство врз жените и семејно насилство ќе биде основа за ревидирање и дополнување на обрасците.
-
За ова ангажирани се двајца консултанти од страна на UNFPA (United Nations Population Found). Работната група има одржано еден on-line состанок во врска со ревидирање на податоците на кој се договорени обврските за изготвување на Правилникот, како и начинот на комуницирање кој ќе се одвива и преку електронска пошта. Следен состанок е закажан на 04.10.2022година. Исто така, од страна на министерот за внатрешни работи формирана е работна група, во која вклучени се академски професори од Факултетот за безбедност, за изработка на документите кои произлегуваат од предметниот Законот. Досега работната група на МВР за ревидирање на обрасците за податоците има одржано два состаноци во изминатиов период, на кои изработен е текстуалниот дел за обврските на МВР согласно член 28 став 6 од Законот, а ќе биде содржан во Нацрт-Правилникот.
- Работната група продолжува со натамошни средби и консултации за финално изготвување на текстот за ревидирање на обрасците за собирање на податоци.
- Во месец декември 2022 година завршниот предлог текст на правилникот е доставен на разгледување.
4.3.5 Посебна евиденција и објавување на податоци за поднесени и повлечени предлози за кривичното дело телесна повреда (чл.130 ст.2); Посебна евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување“
1. Министерството за внатрешни работи согласно најавата, во месец мај 2022 година започна повторно да објавува податоци за семејно насилство, започнувајќи од периодот јануари – март 2022 година. Објавените податоци се водат согласно постојните правилници на локацијата https://www.data.gov.mk/dataset/https-mvr-gov-mk, каде се достапни до јавноста.
2. Во насока на реализација на ова активност, надлежната организациска единица на МВР започна со објавување на податоците за семејно насилство и на интернет страната на МВР (и на https://www.data.gov.mk.). Објавените податоци се водат согласно постојните обрасци се додека не се ревидираат обрасците за собирање на податоци.
За првата половина на 2022 година МВР ги бележи следените податоци :
- 502 кривични дела, (вкупен број сторители 515 и вкупен број на жртви 530) од кои 319 кривични дела телесна повреда(чл.130 ст.2)
- 208 прекршок (вкупен број сторители 226 и вкупен број на жртви 130) и
- 1928 поплаки (вкупен број сторители 1950 и вкупен број на жртви 1946)
Со ова, заложбата делумно е постигната, активностите на работната група за подготовка на новите подзаконски акти со кои се зголемува обемот на овие податоци согласно потребите и законот продолжуваат до нивното донесување.
Посебна евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана на приближување“ се уште не е воспоставена во рамки на министерството. |
4.3.6 Организирање на работни средби и координација со МВР, МП и МЗ за подготовка на образец за собирање и квартално објавување на разделени податоци за семејното насилство од страна на ЦСР, вклучително и детални податоци за бројот на случаи каде што имало потреба, број на поднесени предлози за ПМЗ, број на предлози за изменување, укинување или продолжување на ПМЗ.
- Формирана е широка работна група и 3 подгрупи со претставници од надлежни институции , граѓанскиот сектор, МТСП како носител на законот е координатор на активностите кои се преземаат со цел усогласување на начинот на собирање на податоците.
- Ангажирани се експерти преку проект поддржан од UNPFA со цел зајакнување со управување со податоците https://www.mtsp.gov.mk/
4.3.7 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за бројот на случаи на семејно насилство, како и детални податоци за бројот на предлози за изрекување, менување или укинување на ПМЗ
- МТСП води интерна квартална збирна статистика со следните белези: новоевидентирани жртви на СН, пол, возраст, тип на насилство, доставени барања за ПНЗ до суд, изречени ПНЗ од суд, кои ќе бидат разгледани и за новите евиденции согласно новите подзаконски акти
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на предмети за семејно насилство 2. Број на предмети во кои имало изрекување, менување или укинување на ПМЗ
4.3.8 Донесување на насоки за задолжително редовно објавување на податоци за семејното насилство од страна на полиција и ЦСР
- Процесот е поврзан со донесување на подзаконските акти согласно активностите од 4.3.4, 4.3.6 и 4.3.1
- Подготвен е протокол, кој во месец декември 2022 е во фаза пред донесување.
4.3.9 Креирање на електронски систем за собирање и размена на податоци од страна на ЦСР, судови, полиција и здравствени установи, во однос на привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Електронскиот систем треба да се овозможи откако ќе заврши процесот на претходните активностите од заложбата. По донесувањето на подзаконските акти и воспоставувањето и спроведувањето на евиденциите во соодветни обрасци преку кои се собираат исти податоци во повеќе институции, со цел нивна размена треба да се креира решение со кое ќе се овозможи лесно и ефикасно електронско собирање на податоците.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1. Број на тестирања 2. Број на технички измени и дополнувања 3. Број на предмети во кои биле изречени, сменети или укинати ПМЗ4.3 Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Недостаток на транспарентност и отчетност кај надлежните институции кои се вклучени во системот за заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство, што придонесува за неефективна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство во подолг временски период.
Немањето на посебна и соодветна евиденција за случаите народово базирано насилство врз жени семејно насилство е системски проблем кој оневозможува тековно следење на состојбите, утврдување на трендови и соодветно планирање на политики и закони за превенција и заштита на жените кои претрпеле семејно насилство. Отсуството на ваков систем оневоможува идентификување на специфичните проблеми со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство во нивниот пристап до правда, што резултира во усвојување и применување на закони и политики кои не овозможуваат ефективна заштита од семејно насилство.
Иако семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година и надлежните институции имаат законска обврска за водење на посебна евиденција за случаите на семејно насилство, во пракса изостанува редовното водење на посебна евиденција и информирање на јавноста за состојбите со семејното насилство.
Во Глава 4, чл. 28 од Законот заспречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство е наведена обврската за воспоставување на посебна евиденција за предметите на родово базирано насилство врз жени и семејно насилство од страна на надлежните министерства, институции и ЕЛС. Законот предвидува и обврска за МТСП за пропишување на форма и содржина на образец за собирање на информации помеѓу надлежнисте институции во согласност со Министерот за внатрешни работи, Министерот за правда и Министерот за здравство. И покрај ваквите законски обврски, во пракса изостанува соодветен систем за собирање на податоци и нивно редовно објавување од страна на наведените институции.
Судовите и ЈО не водат посебна евиденција за граѓанските и кривични предмети за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство во постоечкиот АКМИС систем, ниту пак редовно објавуваат податоци за предметите од ваков вид и постапувањето од страна на судиите. Постои и различна пракса на заведување на граѓанските постапки за привремени мерки за заштита по различен основ од страна на судовите. При распределувањето на предмети за семејно насилство кај одреден судија, постоечкиот АКМИС систем не овозможува судијата да биде информиран за останатите судски постапки кои се водат за истиот случај (што е потребно за донесување на соодветна пресуда). Истовремено, не постои можност за пребарување на судски пресуди по основ на семејно насилство на веб страната суд.мк Во новиот Закон[1]е предвидена обврска за судовите и ЈО за водење на посебна евиденција за родово-засновано насилство врз жените и семејно насилство, врз основа на претходно подготвен образец од страна на Министерот за правда.
МВР не објавува податоци за предметите на семејно насилство регистрирани како кривични дела, поплаки и прекршоци. Значајно е да се напомене дека пред 10тина години МВР имаше позитивна пракса на квартално објавување на податоци за предметите на семејно насилство (за период од три месеци) на ниво на сектори за внатрешни работи. Паралелно, не постои регистер за сторители на семејно насилство кој би ги информирал стручните лица од институциите кои се вклучени во постапувањето во предметите за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство.
ЦСР нема соодветен систем за собирање на податоци и нивно објавување во јавноста. На веб страната на МТСП можат да се најдат податоци само за пријавените случаи во месец мај и јуни 2020 година, меѓутоа податоците се доста општи и не овозможуваат подетален приказ на состојбите со семејното насилство во државата и преземените дејствија за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство од страна на ЦСР. Дополнително, последните извештаи за работата на ЦСР објавени од Заводот за социјални дејности беа од 2015 година. Дотолку повеќе, што самиот Завод имаше констатирано дека ЦСР не води соодветна евиденција на предметите на семејно насилство, односно постои раликапомеќу податоците кои се добиени преку базата ЛИРИКУС и прашалниците за постапување доставени од ЦСР.
Дополнително на ова, јавноста нема пристап до информации за изречените и спроведените привремени мерки за заштита од семејно насилство, кои претставуваат превентивен механизам кој директно влијае на намалувањето на стапката на семејно насилство во општеството.
Заради наведените проблеми, неопходно е подигнување на транспарентноста и отчетноста на надлежните институции, преку воспоставување на соодветен систем за собирање на податоци, размена на податоци помеѓу стручните лица и редовно информирање на јавноста за состојбите и трендовите во однос на родово базирано насилство врз жени и семејното насилство
[1]Чл.29 и чл. 30 од Закон за спречување и заштита на насилство врз жените и семејно насилство, Сл. Весник бр. 08-524 /1 од 27.01.2021 година.
Main goal of the proposal
Основна цел е воспоставување на посебна евиденција за предметите на семејно насилство од страна на сите надлежни министерства и институции вклучени во системот на заштита.
Покрај зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите, оваа заложба суштински ќе придонесе за зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, со оглед на тоа што континуираното собирање на унифицирани податоци ќе овозможи утврдување на специфичните правни потреби на жртвите, односно ќе послужи како основа за идно планирање, имплементарирање, следење и проценување на политиките, законите и практиките на ова поле.
Притоа, значајно е да се нагласи дека предлозите за подобрување на системот за собирање и објавување на податоци за семејно насилство се подготвени врз основа на искуството на жените кои претрпеле семејно насилство, како и искуството на практичарите од надлежните институции.
Во делот кој следи образложени се заложбите и очекуваните резултати.
- Дополнен е АКМИС системот во судовите со воведување на посебна евиденција за случаите на семејно насилство, со разделени податоци за жртвите на семејно насилство со цел:
- редовно објавување на податоци за бројот и видот на предмети, податоци за жртвите по регион (град/село), етничка припадност;
- информирање на судиите за различните судски постапки поврзани со ист случај на семејно насилство кои се водат или воделе пред надлежниот суд (на пр. судија кој постапува во граѓанска судска постапка за изрекување на ПМЗ да добие информација за паралелното водење на кривична постапка за истиот случај);
- доделување на сите граѓански постапки поврзани со семејното насилство кај ист судија, на пр. постапката за развод на брак, доделување на деца и постапката за изрекување на ПМЗ;
- редовно објавување на кривичните и граѓански пресуди за заштита од семејно насилство и воведување на можност за пребарување по клучен збор „семејно насилство“;
- редовно објавување на јавно достапни податоци за бројот и видот на поднесени барања за ослободување од судски такси и трошоци во постапката; број и вид на одобрени ослободувања; висина на ослободување од судски такси и трошоци во постапките.
- Зголемена е отвореноста на судот преку назначување на дежурен судија (и дактилограф) за изрекување на ПМЗ за време на викенди и празници.
- Унапреден е постоечкиот систем за собирање на податоци за семејното насилство во ЦСР и полиција, со разделена статистика за жртвите и редовно обезбедување на јавно достапни податоци за семејно насилство.
- МВР да ги ревидира и дополни постоечките образци (кривични дела, прекршоци и поплаки), со цел собирање на подетални податоци за семејно насилство и квартално објавување податоци во однос на: бројот на кривични дела прекршоци и поплаки; основните информации за жртвата (место на живеење град/село; ниво на образование; работен статус; етничка припадност); основни информации за сторителите на семејно насилство. Да се воведе посебна евиденција и објавување на податоци за трендовите во однос на повлечените и повторно поднесените предлози за кривично гонење за кривичното дело „телесна повреда“, чл. 130, ст. 2 од КЗ. Исто така да се воведе посебна евиденција и објавување на податоци за бројот на спроведени итни мерки за заштита од страна на полиција „отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување на домот“
- Да се воведе регистер на сторители на семејно насилство со цел информирање на стручните лица од институциите кои постапуваат во случаите на семејно насилство;
- ЦСР квартално да објавува податоци за случаите на семејно насилство, разделени податоци за жртвите, бројот и видот на обезбедени мерки за заштита по региони (град/село) и етничка припадност;
- ЦСР да воведе посебна евиденција за случаите каде има потреба од изрекување на ПМЗ и редовно да објавува податоци за бројот на овие случаи, бројот на поднесени предлози до судот и изречените ПМЗ; да издава потврда дека има потврда за изрекување на мерките за жртвата да може сама да поднесе предлог до судот.
5. Воспоставен е електронски систем за собирање и размена на податоци од страна на ЦСР, судови, полиција и здравствени установи, во однос на предложените, изречените, укинатите, сменетите или продолжените привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Воспоставувањето на посебна евиденција за случаите на семејно насилство во секоја надлежна институција директно ќе придонесе за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите. Воспоставениот систем за собирање на податоците ќе овозможи редовно следење на состојбите, соодветно утврдување на потребите на жртвите и планирање на државните политики и закони базирано на докази.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Потребен/обезбеден буџет за спроведување на заложбата
Значајно е да се нагласи дека за реализирање на предложената заложба не се потребни буџетски средства.
Имено, за надоградувањето на постоечкиот систем за собирање на податоци во ЦСР, полицијата и судовите (заложба 1,3 и 4) потребно е иницирање на внатрешни процеси во надлежните министерства, односно утврдување на образците и нивно користење во пракса.
Реализирањето на заложба 2, односно назначувањето на дежурен судија за постапување во случаи на семејно насилство за време на викенд или празници е веќе воспоставена пракса во дел од основните судови и потребно е истата да се примени од страна на останатите.
Врска со други владини програми, Националниот развоен план или други секторски / локални планови
Заложбата е целосно во согласност со националните стратегии и програми кои ја регулираат родовата еднаквост на меѓународно и регионално ниво. Во согласност е со акциониот план за имплементацијата на ратификуваната Конвенција на Совет на Европа за превенција и заштита од насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска Конвенција).
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите.
Врска со Стратегија за борба против корупција, Целите за одржливиот развој на ОН и друго.
Водењето на посебна евиденција и редовното објавување на податоци за семејното насилство директно придонесува за имплементацијата на Цел 16 Таргет 16.3. Владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите. Имено, за следење на имплементацијата на оваа одржлива разавојна цел во државата неопходно е редовно водење на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани, вклучително и жените кои претрпеле семејно насилство. Овие податоци треба да послужат за подготовка на национален план за имплементацијата на Цел 16.3., односно план за унапредување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани.
Здружение ЕСЕ и Коалиција Маргини со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) во изминатите неколку години активно работат на забрзување на процесот на имплементација на 16 Таргет 16.3 од страна на Владата. Во оваа насока, дел од активностите за застапување се насочени кон воспоставувањето на систем за собирање на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Shoqërisë së Informacionit dhe Administratës
Organizatat
- Shoqata për emancipim, solidaritet dhe barazi të grave
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Душан Томшиќ, Државен службеник dusan.tomsic@mtsp.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 6
Arritjet e arritura: 0/6
Arritjet në pritje: 0/6
Arritjet e parealizuara: 6/6
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/6
4.2.1 Изготвување интерно циркуларно упатство за користење на законска можност од член 269 став 1 од Закон за социјална заштита за прибавување податоци за материјална финансиска и имотна состојба на членовите на семејство/домаќинството
4.2.2 Зајакнати капацитети на ЦСР за користење на законска можност од член 298 од Закон за социјална заштита
4.2.3 Изготвување на прирачник врз основа на активност бр. 2 со содржани теркови за иницијални поднесоци и други насоки за текот на судска постапка од интерес на ЦСР и споделен со ЦСР
4.2.4 Креирање на дата база од страна ГО за прекршени права со блокирање на Социјалниот број
4.2.5 Снимање на видеа со лица на кои им се блокирани сметките и ќе зборуваат за прекршено право и ќе бараат одговорност и ќе нудат решенија
4.2.6 Креирање на софтверско решение за сметките на приматели на ГМП и останати приходи, кои се поврзани со социјалниот број како би се оневозможило блокирање на средства од страна на институциите
4.2 Унапредување на пристап до правда на социјално загрозени и граѓани во социјален ризик
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
За користење на правото Гарантирана минимална помош (ГМП) како парично право од социјална заштита, или за преобразба на правото на постојана парична помош во ГМП, постои потреба од докажување дека барателот (или корисникот) не може да обезбеди издршка за себе по ниту еден основ. Тоа практично значи дека потребно е барателот/корисникот да поднесе тужба против член на неговото семејство или домаќинство за издршка. Во пракса, поднесување тужба значи иницирање судска постапка, која: е непознат процес за овие категории граѓани; е скапа постапка за слабоимотни и социјални категории граѓани (целата постапка би чинела околу 2.000,00 денари што е многу висок износ за поединец или домаќинство без приходи, за што и да бара БПП доколку го изгуби спорот ќе треба да ги врати средствата добиени по овој основ); влијае на нарушување на и така кревките односи меѓу барателот и останатите роднини со обврска за меѓусебно издржување. Уште повеќе, постои можност за поведување ваква постапка во име и за сметка на барателот од страна на надлежниот центар за социјална работа (ЦСР) доколу е старо, немоќно, неспособно, инвалидно лице и дете но во пракса ова скоро и да не се користи.
Од друга страна, постојат голем број на граѓани кои се корисници на ГМП, а средствата кои ги добиваат по тој основ им се блокираат од страна на Извршители заради неплатен долг. Законот за извршување ги изема од блокирање корисниците на ГМП, на хуманитарна помош, социјални надоместоци и др, со цел да се обезбеди минимален приход за семејството да егзистира. Но во суштина, голем број од корисниците на ГМП не знаат дека се изземени од извршување. Во секој случај и да се ослободат од извршителот со доставување потврда од Центарот за социјални работи, сепак за да се одблокира веќе блокираната сметка од банката би требало корисникот да ја плати банкарската провизија која изнесува околу 1400 денари.
Во секој случај корисниците на ГМП се со пониско образование, најчесто неуки странки и го прифаќаат блокирањето на сметката, па дури и повлекувањето на пари без приговор. Од ова имаат штета тие самите и нивните семејства, при што се оддаваат на просење, собирање по канти а можни се криминални активности како што е дрвокрадството, кражби и сл.
Во 2018 година се потпиша и Меморандум помеѓу МТСП и Комората на Извршители за да не се блокира социјалниот број. Но тоа видно не ја промени состојбата и се уште постојат низа пропусти. Социјалниот број не е видлив за извршителите, локалните самоуправи и банките. Додека да се „докаже“ дека станува збор за средства добиени од областа на социјална заштита, корисниците на ГМП остануваат без средства и по 6 месеци. Ваквата состојба ги обесхрабрува голем број од корисниците на ГМП да аплицираат за мерки од АВРМ поради стравот дека извршителите ќе им ги земат средствата.
Main goal of the proposal
Главната цел на оваа заложба е да овозможи пристап до постапка за остварување права од социјална заштита за социјално загрозени категории граѓани без водење скапи постапки со што на долг рок ќе се влијае кон враќање на довербата во системот за социјална заштита.
По примерот на прибавување податоци од ЦСР за имотна состојба на членовите на домаќинството/семејството може да се создаде пракса на прибавување податоци за утврдување материјална и финансиска состојба на членовите на семејството со кои барателот не живее во заедничко домаќинство а кои имаат законска обврска за негова/нејзина издршка. На најлесен начин, ќе може да се утврди и процени дали роднината имал доволен приход во текот на годината за да одвои за издршка за барателот. Со тоа, би се зајакнала функцијата на прибавување податоци по службена должност врз основа на кои ЦСР ќе можат да проценат дали корисниците/потенцијалните корисници можат да обезбедат издржување па потоа да се упатат на судски спор; или да се заштитат од впуштање во за нив скапи и долготрајни постапки.
Очекувани резултати се: зајакнати капацитети на ЦСР при проценка на материјална, финансиска и имотна состојба на барателите/корисниците преку користење на механизмот за прибирање податоци по службена должност; изготвено интерно циркуларно упатство со вклучени насоки за прибирање и ценење на податоци; изготвен прирачник за иницирање постапки во интерес на ранливо население од кои зависат користење на правата од социјална заштита.
Истовремено, заложбата ќе изврши превенција од блокирање на социјалниот број на корисниците на ГМП. Резултат ќе биде конечно социјалниот број да биде заштитен од извршување. Со негова заштита ќе се овозможи конечна поделба на сметките кои смеат да се блокираат, а кои не смеат.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата ги има предвид начелата на општа управна постапка и тоа: начело на пропорционалност, начело на економичност и ефикасност на постапката; начело на сервисна ориентираност кон остварувањето на правата и интересите на странките; начело на утврдување материјална вистина на сите факти и околности од битно значење за правилно утврдување на фактичка состојба преку прибавување, разгледување и обработување на информациите и податоците по службена должност; начело на активна помош на странката за остварување и заштита на нејзините права на што е можно поефективен и полесен начин, додека незнаење и неукоста на странката не треба да биде на штета на нејзините законски права и интереси.
На овој начин, преку правилна и целосна проценка на состојбите на странката, ќе се делува кон спречување на одолговлекување на процесите и нејзино свесно втурнување во долги судски постапки. За да се дојде до тоа, потребно е преземање на неколку активности:
- Изготвување интерно циркуларно упатство за користење на законска можност од член 269 став 1 од Закон за социјална заштита за прибавување податоци за материјална финансиска и имотна состојба на членовите на семејство/домаќинството – ова упатство би содржело практични насоки кои факти треба да се утврдат, како да се утврдат и како правилно да се применат фактите при одлучување по поднесено барање. За спроведување на оваа активност, потребно е претходно состанување за утврдување структура, рамка и содржина на упатство кое е значајно од практичен аспект. Од особено значење е упатството да биде дискутирано и внатре во ЦСР бидејки ќе треба да излезе во пресрет на нивните потреби. Упатството е потребно да биде изготвено од МТСП, Заводот за социјални дејности, а по потреба под консултација од надворешни познавачи на темата (НВОа, професори и сл).
- Зајакнати капацитети на ЦСР за користење на законска можност од член 298 од Закон за социјална заштита – од особена важност е да се направи проценка на потребите на ЦСР кога станува збор за законската можност за поведување судска постапка во име и за сметка на барателот дури и ако станува збор за старо, немоќно, неспособно, инвалидно лице и дете. Најдобар и најсоодветен начин е преку организација на 3 до 5 еднодневни работилници/советувања со правниците од центрите за социјална работа ширум државата. Фокусот на овие работилници би бил утврдување на практичните проблеми и потребите на ЦСР за искористување на оваа законска можност во пракса, како и надминување на пречките кои постојат и поради кои не се исполнува целосната заштита на странката. Работилниците/советувањата е потребно да бидат организирани и спроведени од МТСП, под консултација на Заводот за социјални дејности, а по потреба и од надворешни познавачи на темата (НВОа и сл.).
- Изготвување прирачник врз основа на активност бр. 2 со содржани теркови за иницијални поднесоци и други насоки за текот на судска постапка од интерес на ЦСР – оваа активност, освен што ќе биде спроведена на основа на активност бр. 2, треба да биде спроведена од МТСП, а правилно комуницирана со практичари на правно застапување и НВОа.
Како што е веќе објаснето, во моментот корисниците на ГМП се соочуваат со сериозни предизвици при остварување на ова уставно загарантирано право.
Со реализација на оваа заложба ќе се врати пред се владеењето на законите и токму најранливите категории на граѓани ќе ја вратат довербата во институциите. За истата да се реализира потребно е да се преземат следните активности:
-Законска измена нa Закон за извршување. Меморандумот за разбирање помеѓу МТСП и Комората за Извршители да се замени со повисок правен акт со кој ќе се изземе можноста за блокирање на социјалниот број.
– Креирање на софтверско решение за сметките на приматели на ГМП и останати приходи, кои се поврзани со социјалниот број како би се оневозможило блокирање на средства од страна на институциите. МТСП да изработи софтвер кој реално ќе го заштити социјалниот број преку податоците за корисниците со кои располага МТСП, додека Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество и администрација да бидат консултирани во процесот. За хуманитарна помош потребно е да се регистрира помошта и исто да добие социјален број. Социјалниот број дефинитивно мора да биде различен од трансакциската сметка на корисникот и истиот треба да биде наменски социјален број. Вакво искуство веќе имавме со вториот и третиот пакет мерки од Владата за борба против КОВИД-19 и веќе спомнатите Министерства може да го искористат искуството.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите. Со мерките од оваа залоба ќе се унапреди и поедностави постапката за остварување права од социјална заштита за социјално загрозени категории граѓани без водење скапи судски постапки и враќање на довербата во системот за социјална заштита.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Ministria e Financave
Organizatat
- OJQ "KHAM" Dellçevë
- Македонско здружение на млади правници
Institucion i emëruar
Kontakt personi
Сусана Новакоска, Полициски советник во ООЈСП при МВР susana_novakoska@moi.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
12 May 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3
Arritjet e arritura: 0/3
Arritjet në pritje: 0/3
Arritjet e parealizuara: 0/3
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 3/3
4.1.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу полициските службеници во насока на постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку организирање на обуки за сензибилизација на полициски службеници
1.1 Во однос на прикажување на сензибилизација на полициските службеници при постапувањето со ранливите категории на лица вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги, во 2022 година обучени се 842 полициски службеници преку девет едукативни активности на теми:
“Примена на Етички кодекс за однесување на работниците во МВР„(https://mvr.gov.mk)„ Подигање на свеста на полициските службеници за полициска етика” “Современи предизвици за полициски интегритет„ “Соработка меѓу граѓанските организации и институции во решавање на случаи на родово-базирано семејно насилство„“Обезбедување на родово сензибилни услуги за поддршка на лицата кои претрпеле насилство„ “Превентивно полициско работење, почитување на основните човекови права при полициско постапување„ “Стручно усовршување на полициските службеници за нивно професионално и законско постапување при лишување од слобода, приведување и употреба на средства за присилба„ “Идентификација на деца жртви на сексуална експлоатација” и “Мулти-професионална превенција на родово насилство.„
1.2 Полициските службеници работните задачи ги извршуваат на високо професионално ниво, кое континуирано го надоградуваат со едукативни активности и на тој начин постојано се зголемува процентот на обученост.
1.3 Полициските службеници знаењето го применуваат преку објективен, непристрасен и еднаков третман кон сите граѓани (вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги). Притоа, согласно подзаконскиот акт подобрување на ефектот од работењето раководителот постојано го следи работниот процес, професионалната етика, како и примената на стекнатото знаење од спроведена обука на полициските службеници. Меѓутоа примената на знањето се проценува и од задоволството на физичките и правни лица во однос на остварување на правата.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 1.1. Број на обучени полициски службеници 1.2. Процент на полициски службеници кои преку обуките го зголемиле своето знаење 1.3. Процент на полициски службеници кои известиле дека го применуваат знаењето од обуката во секојдневната работа4.1.2 Зголемување на обемот на информации помеѓу вработени лица во затворите во насока на постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку организирање на обуки за сензибилизација на вработени лица во затворите
2.1 Во однос на зголемување на информираноста на затворските полицајци при постапувањето со сексуалните работници и лица кои употребуваат дроги, во 2022 година обучени се 155 лица. Едукативните активности за сензибилизација произлегуваат од содржината на осумте обуки, од кои две основни обуки за нововработени (запознавање со природата на работата во установите и Кодексот за однесување на затворскиот персонал во КПУ/БПУ https://www.pravda.gov.mk); пет обуки во однос на ревидирани Стандардни оперативни протоколи (Протокол за претрес на лица лишени од слобода и простории, Протокол за употреба на средства за присилба, постапка во случај на спречување на бегство на лице лишено од слобода, Постапка за извршување спровод вон установата, Протокол за спречување на бунт и антикорупциски мерки во затворите), како и Обуката за правда на децата (малолетни лица кои се на издржување мерка притвор).
2.2 Затворските полицајци работните задачи ги извршуваат на високо професионално ниво, кое континуирано го надоградуваат со едукативни активности.
2.3 Затворските полицајци стекнатото знаење го пренесуваат преку објективен, непристрасен и еднаков третман кон сите ранливи категории на затвореници (вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги). Притоа, примената на знаењето во текот на работењето постојано се надгледува од раководното лице, но истовремено стекнатото знаење се проценува и затворените лица во однос на остварување на правата и погодностите.
2.4 Вкупниот број нововработени лица со соодветно образование во сите казнено поправни установи заклучно со првиот квартал 2023 година вработени се 104 лица.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 2.1. Број на обучени вработени лица во затворите 2.2. Процент на учесници кои преку обуките го зголемиле своето знаење 2.3. Процент на учесници кои известиле дека го применуваат знаењето од обуката во секојдневната работа 2.4. Број на нововработени лица со соодветно образование4.1.3 Пристап до информации на адвокати и обвинети преку кои полесно ќе се докажува прекршување на човекови права преку воведување на задолжителен аудио и видео запис во по една полициска станица во секој град на територијата на РСМ за време на распит, а првенствено во Скопје, Гостивар, Струмица, Охрид и Гевгелија.
3.1 Во однос на пристапот до информации од одржан распит во полциски станици, на подрачјето во Скопје има 11 простории за сослушување на странки опремени со видео запис, од кои во функција се ставени девет простории.
Исто така под видео запис се просториите за распит во Полициските станици: Гостивар, Тетово, Прилеп, Кичево, Куманово, Велес, Струмица, Штип,Радовиш, Делчево и Берово.
Treguesit e qëllimit të propozimit: 3.1. Број на полициски простории опремени со аудио и видео опрема (таргет: минимум 5)4.1 Унапредување на заштитата на сексуалните работници и лицата кои употребуваат дроги
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Основната цел на полицијата во едно демократско општество е почитување и заштита на основните човекови слободи и права на сите граѓани, недискриминација и почитување и штитење на човечкото достоинство. Меѓутоа, во многу случаи полицијата во своето постапување ги прекршува правата на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници. Лицата кои употребуваат дроги често пријавуваат случаи дека врз истите бил вршен незаконит претрес од страна на полициски службеници, дека биле малтретирани во полициски станици, биле изложени на тортура (присилувани да признаат дека сториле некое дело, за да можат полициските службеници да поведат постапка против тие лица), нечовечко и/или деградирачко постапување, не им биле соопштувани нивните права во полициска станица, врз истите била употребувана прекумерна употреба на сила од страна на полицијата во полициското постапување, а како последица од тоа, лицата кои употребуваат дроги се здобиваат со телесни повреди. Покрај тоа што лицата кои употребуваат дроги се изложени на тортура од страна на полицијата, истите се изложени на тортура и во затворите. Сексуалните работнички пак, често пријавуваат дека полицијата не постапува по нивно пријавување на случаи на насилство и дека трпат разни форми на насилство од страна на полиција. Она што исто така се јавува како сериозен проблем е фактот што ниту полицијата, ниту јавното обвинителство не пристапуваат кон темелна истрага во случаи кога се работи за сексуални работнички, а посебно недоволно ги истражуваат случаите на фемицид на сексуалните работички.
- Дискриминација, нееднаков третман и прекршување на човекови права на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници од страна на полиција.
Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 85% од лицата кои употребуваат дроги и 62% од сексуалните работници пријавиле барем еден проблем со полиција:
– 69% од лицата кои употребуваат дроги и 49% од сексуалните работници се соочиле со противзаконит претрес, профилирање и сл. од страна на полиција,
– 65% од лицата кои употребуваат дроги и 41% од сексуалните работници се соочиле со физичко или психичко малтретирање од страна на полициски службеници (навредување, омаловажување, тепање и сл.),
– 37% од лицата кои употребуваат дроги и 20% од сексуалните работници се жртви на злоупотреби на службена положба од страна на полиција (злоупотреба на лични податоци, уцена и сл.),
– 47% од лицата кои употребуваат дроги и 27% од сексуалните работници се соочиле со неосновано приведување, задржување на или лишување од слобода,
– 33% од лицата кои употребуваат дроги и 28% од сексуалните работници се соочиле со одбивање од страна на полицијата да евидентира или да поведе истрага за пријавено дело/проблем,
- Полицијата не постапува по пријави на лица кои употребуваат дроги и сексуални работници,
Врз основа на истражување за анализа на ставовите на сексуалните работници за потребите од промена на законската регулатива за сексуалната работа во Македонија, само 1,3% од сексуалните работници одговориле дека очекуваат или добиле помош од полиција, што се должи на непостапување од страна на полиција, дискриминаторски третман и злоупотреба на службена должност.
- Тортура и деградирачко постапување врз лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници во затворите.
Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 92% од лицата кои употребуваат дроги и 60% од сексуалните работници се соочиле со најмалку еден проблем при издржување на казна затвор.
Main goal of the proposal
Главна цел на заложбата е сензибилизација на полициските службеници и вработените лица во затворите во постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку обуки.
Очекувани резултати:
- Постапување од страна на полицијата по пријавени случаи од лица кои употребуваат дроги и сексуални работници.
- Еднаков третман од страна на полицијата и вработените лица во затворите кон лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.
Зголемена доверба во полицијата кај лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Преку воведување на обуки за полициски службеници и вработени лица во затворите за работа со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници ќе се зголеми сензибилноста на полицијата и вработените лица во затворите при постапување со овие две заедници. Лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници ќе имаат еднаков третман како и сите граѓани, со тоа кај нив ќе се зголеми довербата во полицијата, што ќе резултира со поголем број на пријавени случаи.
Воведувањето на задолжителен аудио и видео запис во полициските простории за време на распит ќе придонесе за поефикасно решавање на случаите и елиминирање на тортура, нехумано и деградирачко однесување кон лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.
Употребата на технички средства за аудио и видео снимање е уредено и во членот 93-а од Законот за полиција каде е предвидено дека полицијата, при преземање на дејствија во рамките на полициските овластувања, да употребува технички средства за аудио и видео снимање, со цел обезбедување на снимен материјал за начинот на кој се презема дејствието од страна на полициските службеници.
Употребата на технички средства за аудио и видео снимање е регулирана и со други закони и овие технички средства веќе се применуваат во судовите и јавните обвинителства.
Покрај постоечките закони, од мај 2021 година ќе се применува и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој исто така со мерките за заштита на жртвите од ревиктимизација ги задолжува надлежните институции, исказот на жртвата во полициска станица и јавно обвинителство да се земе со користење на видео и тонски записи.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Врска со Правилник за обука во Министерството за внатрешни работи; Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016 – 2020 година; Национална стратегија за развој на пенитенцијалниот систем 2015 – 2019 година.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите. Со мерките од оваа заложба ќе се придонесе кон сузбивање на дискриминација, нееднаков третман и прекршување на човекови права на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници од страна на полиција.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Министерство за правда
Organizatat
- Здружение ХОПС - Опции за здрав живот, Скопје