Azhurnimi i fundit në

21 August 2024

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 4

Arritjet e arritura: 0/4

Arritjet në pritje: 0/4

Arritjet e parealizuara: 4/4

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/4

Незапочнато

2.1.1 Подготовка на постапка за прибирање на предлози и спроведување на јавна консултација пред донесување на Годишен оперативен план на активни мерки, програми и услуги за вработување. 

Treguesit e qëllimit të propozimit: Подготвена и објавена постапка
Незапочнато

2.1.2 Креирање на база на ГОи, академија, бизнис, невработени, кои имаат интерес да се консултираат од страна на МТСП и АВРСМ пред подготовка и пред донесување на Годишниот оперативен план.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Креирана база
Незапочнато

2.1.3 Развивање на дел за консултации на страната на АВРСМ.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Развиен дел за консултации на интернет страна на АВРСМ
Незапочнато

2.1.4 Ставање на постапката и делот за консултации во функција при донесување на Годишниот оперативен план за 2026 година.

Treguesit e qëllimit të propozimit: Спроведен еден циклус на консултации и вклучени предлози во Годишниот оперативен план за 2026

2.1. Учество на јавноста во креирање на активните мерки, политики и услуги за вработување

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?

Заложбата има за цел да ги мапира постоечките процеси, практики и политики на АВРСМ за консултирање на заинтересирани страни (невработени, бизниси, ГОи и други институции) пред креирање и донесување на годишниот оперативен план за активни мерки, политики и услуги за вработување, како и во тек на неговото спроведување. Дополнително, заложбата има за цел стандардизирање и проширување на овие процеси, практики и политики, на тој начин што сите заинтересирани страни ќе имаат можност информирано да се обезбедат свои предлози во текот на планирањето, спроведувањето и евалуацијата на годишниот оперативен план за вработување. Исто така, заложбата ќе допринесе кон создавање на база на заинтересирани страни кои во континуитет ќе добиваат информации за можностите за вклучување и на крајот ќе добијат можност да обезбедат свои предлози за унапредување на ефикасноста и економичноста на активните политики, мерки и услуги за вработување. Оваа заложба, претставува продолжување на напорите за унапредување на транспарентноста, отчетноста, и партиципативноста во работењето на АВРСМ започнат во претходниот  акциски план за ПОВ 2021 – 2023 година. Она што е важно да се напомене, е тоа што АВРСМ објавува информации за спроведувањето на годишните оперативни планови, кои ќе овозможат на заинтересираните страни информирано да се вклучат и обезбедат свој предлог за унапредување на мерките, политиките и услугите за вработување.

Во суштина, заложбата значи многу повеќе од едноставно прибирање на предлози од целните групи и истата е поставена на неколку нивоа, и тоа:

  • Првото ниво се однесува на унапредување на политиките, процесите и практиките на АВРСМ за вклучување на заинтересирани страни, воспоставување на широка група на заинтересирани страни (невработени граѓани, ГОи кои работат на различни прашања, бизниси, академија, итн.) кои долгорочно ќе обезбедуваат инпут за креирање на подобар Годишен оперативен план и создавање на локална мрежа и капацитети помеѓу 30те подрачни единици на АВРСМ за мобилизирање и вклучување на локалното невработено локално население и заинтересирани страни во обезбедување на инпут пред креирање на Годишниот оперативен план.
  • Второто ниво се однесува за креирање на техничко решение за прибирање на предлози од пошироката јавност (онаа која не е опфатена при првото ниво) пред донесување на Годишниот оперативен план и оценување на спроведувањето на усвоениот план.
  • Третото ниво се однесува на промоција и ставање во функција на целиот систем.
Main goal of the proposal

1. Каков проблем адресира заложбата?

Агенцијата за вработување има воспоставена практика за консултирање на бизнис секторот и граѓанските организации. Како и да е, процесот на консултации и начинот на вклучување на заинтересираните страни не е достапен за јавноста, што пак ја ограничува можноста за сите оние кои не се директно поканети а се заинтересирани, да обезбедат свој придонес во процесот на донесување одлуки. Дополнително, невработените како една од клучните корисници на програмите и услугите за вработување, освен преку секојдневната комуникација со вработените, немаат можност на организиран начин да обезбедат свои предлози за унапредување на истите.

2. Кои се причините за проблемот?

Клучна причина за овој проблем е тоа што јавноста не е информирана за постоечките можности за вклучување, заради немањето на јавно достапни информации за начинот и можностите за вклучување, како и немањето на јавен канал за поднесување на предлози и решенија.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Агенцијата за вработување и ЕСЕ, со поддршка од ВРСМ во текот на 2021 – 2023 година развија и објавија платформа којa активно генерира информации за степенот на искористување на средства од тековниот годишен оперативен план на активни мерки, политики и услуги за вработување, како и информации за опфатот на лица/бизниси со секоја од нив. Дополнително, АВРСМ објавува низа на статистички и финансиски показатели кои даваат можност на сите заинтересирани страни да спроведат независна анализа на функционалноста на мерките, политиките и услугите. Во истиот период, АВРСМ и ЕСЕ развија стандардизиран прашалник за оценка на нивото на задоволство од мерките, политиките и услугите за вработување и истиот го пилотираа во три подрачни единици на Агенцијата.

Дополнително, во текот на спроведувањето на петтиот акциски план за ПОВ, беше креирана работна група составена од претставници на МТСП, АВРСМ, ЕСЕ, и три локални ГОи, но како и да е оваа работна група имаше само за цел да ги координира активностите во рамки на петтиот акциски план но ни е да претставува клучна група за консултации пред креирање на годишните оперативни планови.

2. Какво решение предлагате?

Преку спроведување на заложбата ќе се подготви постапка за вклучување на заинтересирани страни која ќе биде јавно достапна (начин, временски рокови, критериуми, итн.), ќе се идентификуваат и вклучат други заинтересирани страни и ќе се развие можност за електронско доставување и обработка на предлози.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Воспоставување на постапка за консултации и прибирање на предлози од заинтересирани страни за креирање на мерки, политики и услуги за вработување базирани на нивните потреби

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

1. Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Заинтересираните страни пред се ќе имаат пристап до информации за предлог годишниот оперативен план пред неговото усвојување и пристап до информации за спроведувањето на претходните планови. Овие информации ќе им овозможат информирано да се вклучат во дискусија и предлагаат конкретни и ефикасни решенија кои ќе и помогнат на АВРСМ да донесе план базиран на потребите на крајните корисници.

2. Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Добиените предлози ќе бидат јавно достапни, а пак јавноста однапред ќе биде информирана за критериумите за селекција на релевантност на предлозите. Дополнително, за секој добиен предлог ќе се обезбедат информации за дали и на кој начин е прифатен (согласно критериумите) и доколку не е прифатен, која е причината за неговото неприфаќање.

3. Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Заложбата има клучна цел да обезбеди канал за континуирана комуникација со заинтересирани страни, преку стандардизирање на постапката за консултации и отворање на можност за електронско поднесување на предлози.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Агенција за вработување на Република Северна Македонија

Organizatat

  • Shoqata për emancipim, solidaritet dhe barazi të grave


Leave a Reply