Institucion i emëruar
Kontakt personi
Сусана Новаковска, Министерство за внатрешни работи - координатор на заложба susana_novakoska@moi.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
09 February 2023
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 8
Arritjet e arritura: 0/8
Arritjet në pritje: 3/8
Arritjet e parealizuara: 3/8
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 2/8
3.6.1 Воспоставени мобилни тимови за теренска работа на подрачјето на Охрид и Струга, и на подрачјето Штип и околните градови
Мобилните тимови спроведуваaт програмски активности т.е одржуваат редовни состаноци,теренски посети, контакти, упатувања и помош на ранливи категори, заради поефикасна навремена иденти...
3.6.2 Систематско собирање на податоци за трговија со луѓе преку користење на расположливата алатка за мониторинг и евалуација на состојбите на трговија со луѓе во РСМ и нивно редовно објавување.
Националната комисија за борба против трговија со луѓе во континуитет презема активности за подобрување на идентификацијата на жртвите од ТЛ, како и обезбедување нивна помош и заштита....
3.6.3 Воспоставување на база на податоци за поведени постапки и идентификувани случаи на он-лајн експлоатација на деца и нивно редовно објавување. Извештаите со сензитивните податоци( интерни извештаи) ќе се користат за раководење на случаевите. Податоците ќе се објавуваат и во извештаи одјавен карактер кои ќе бидат во генерална форма во согласност со законот за заштита на лични податоци, заштита наидентитетот и приватноста согласно Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица при автоматска обработка на податоци (ETS No. 108).
3.6.4 Остварување на правото на обесштетување на деца -жртви на трговија со луѓе преку донесување и објавување на: -Програма за обесштетување на дете жртва согласно Законот за правда за децата и -Информација за спроведувањето на Програмата за обесштетување на дете жртва.
Согласно одредбите од Законот за правда на децата, во рамки на Министерството за правда донесена е Програма за обештетување на дете жртва за 2022 год...
3.6.5 Спроведени активности за подигнување на свесноста и информирање на јавноста и на жртвите за остварување на правата предвидени со Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела.( оваа активност ќе започне со спроведување откако овој закон ќе се донесе)
Активноста е условена со донесувањето на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, но бидејќи истиот сеуште не донесен активнота не е реализирана.
...3.6.6 Спроведени редовни обуки на медицински персонал за зајакнување на нивното знаење за појавните облици на трговија со луѓе, постечкиот систем за пријавување и помош и поддршка, а во насока на идентификување, пријавување и упатување на жртви на трговија со луѓе.
Со цел спроведување на предметните обуки, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (MARRI) во соработка со Mеѓународна организација за правата на децата (Terre des Hommes),...
3.6.7 Спроведени информативни кампањи за охрабрување на жените и девојчињата да побараат помош и поддршка во случај на сексуално насилство, преку запознавање на јавноста со работењето и услугите кои ги нудат РЕП Центрите.
Во однос на активноста, Министерството за труд и социјална политика подготви и промовираше кампањата за подигање на свеста за сите форми на родово насилство, насловена „Со тебе с...
3.6.8 Воспоставени програми за доквалификација и градење на вештини за возрасните и децата потенцијални и/или жртви од ТЛ со цел нивна поголема подготвеност за вработување, зајакнување и реинтеграција
Во однос на активноста не се спроведени обуки за создавање на вештини на потенцијални и/или жртви од трговија со луѓе.
Treguesit e...3.6 Зголемување на пристапот до загарантираните облици на заштита на жртвите на трговија со луѓе
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Во периодот од 2005 до 2019 година се идентификувани 116 жртви на трговијата со луѓе (ТЛ). Од 2014 година наваму, мала е бројката на идентификувани жртви која пред сѐ, се должи на отсуство на активна идентификација од страна на надлежните институции. Искуствата во практиката често покажуваат дека идентификувањето на жртвите затајува некаде низ лавиринтите на државните институции. Во ист контекст, нотиран е случај во 2019 година во којшто малолетно девојче, доброволно, со поддршка на пријател, одлучило да пријави во една од надлежните институции дека е жртва на трговија со луѓе. Меѓутоа, од случајот произлегло дека малолетното девојче веќе имало воспоставено контакти со таа надлежна институција, а институцијата не го препознала случајот како случај на жртва на трговија со луѓе.
Генерален е впечатокот дека содржината и форматот на презентираните податоци во годишните извештаи за трговија со луѓе, не соодветствуваат на потребата за утврдување на напредокот кој го прави државата на ова поле. Дополнително, отсуствува аналитички осврт на презентираните состојби, како и евалуација на постигнатото наспроти зададените цели преку кои ќе се мери прогресот во иднина. Ова влијае врз појава на негативен впечаток за напрадекот на државата од страна на меѓународните тела и граѓаните но оддруга страна и потешкотии во донесување на одлуки и спроведување на промени усогласени со меѓународните стандарди.
Во Министерството за правда постои програма преку којшто треба да се обезбеди исплата на отштетата за деца-жртви на трговијата со луѓе доколку таа не може да се обезбеди од сторителот.
Жртвите по напуштањето на прифатилиштето најчесто се соочуваат со невработеност, проблеми со домувањето иако во самата програма за реинтеграција на жртвите од ТЛ вработувањето, домувањето, продолжувањето на образованието се наведени како главни елементи во нивниот процес на реинтеграција. Во земјата не постојат посебни програми и мерки со коишто жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување. Жртвите на трговијата со луѓе не ги користат активните мерки за вработување обезбедени од државата преку Агенцијата за вработување, поради тоа што АВРСМ нема посебен систем со којшто ќе се гарантира заштитата на личните податоци и статусот на лицата-жртви.
Main goal of the proposal
Главната цел на оваа заложба е зајакнување на борбата против трговијата со луѓе во Република Северна Македонија како и обезбедување на ефикасна заштита на жртвите.
Како специфични резултати кои се очекуваат од оваа заложба се:
- Зголемен број на идентификувани жртви на трговија со луѓе и обезбедени услуги
- Зголемена транспарентност и отчетност на институциите кои работат на прашањето на трговија со луѓе
Зголемена информираност и пристап за жртвите од трговија со луѓе до здравствени услуги, вработување и правда
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Заложбата ќе придонесе кон решавање на јавниот проблем преку воспоставување на ефективни мерки од страна на институциите насочени кон подобар пристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе. Решенијата ќе бидат спорведени преку реализација на повеќе активности кои ќе бидат спроведени во партнерство со граѓанските организации. Така, мерките вклучуваат воспоставување на мобилни тимови кои ќе работат на терен и ќе придонесат кон подобрена идентификација и заштита на жртвите од трговија со луѓе. Ќе се воспостави функционална база на податоци и ќе се работи на ревидирање и унапредување на постоечкиот систем на собирање на податоци, со што ќе се овозможи обезбедување јавно достапни податоци преку кои ќе може да се следи прогресот кој државата го прави на полето на сузбивање на трговијата со луѓе и заштита на жртвите.
Дополнително заложбата ќе придонесе кон зголемување на капацитетите на медицинскиот персонал за препознавење и постапување во случаи на трговија со луѓе. Жртвите на трговија и јавоста ќе бидат информирани за постоење на РЕП центрите и нивната расположливост за услуга.
Исто така, мерките ќе придонесат за поголема информираност на жртвите и нивните застапници за правото на надомест на штета за децата и возрасните жртви на трговија со луѓе. Ќе се креираат програми и мерки со кои што жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
Овие заложби се директно поврзани и во иста насока со новата Стратегија и Акциски план (НАП) за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2021-2025. Дополнително дел од заложбите се во согласност со Акциски план за спроведување на конвенцијата за сперечување и борба против наслиство врз жени и семејно насилство во РСМ 2018-2023.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.3: Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда до сите. Со мерките на оваа заложбаќе се унапредат мерките на институциите за евиденција и за обезбедување на подобарпристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Министерство за правда
- Министерство за здравство
Organizatat
- Отворена Порта