Kontakt personi

Дајана Тодоровска, dajana.todorovska@mzsv.gov.mk

Azhurnimi i fundit në

05 December 2022

Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 3

Arritjet e arritura: 0/3

Arritjet në pritje: 0/3

Arritjet e parealizuara: 3/3

Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/3

Незапочнато

5.1.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население за негативните ефекти од климатските промени и загадувањето на животната средина

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на изработени информативни материјали Број на одржани едукативни работилници во рурални средини Број на информирани земјоделски производители
Незапочнато

5.1.2 Зголемување на обемот на информации помеѓу руралното население и едукација за правилникот за Добра земјоделска пракса како и измените во делот на санкциите за негова непримена на терен

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на посетени земјоделски стопанства Број на поделени информативни материјали Број на изречени санкции за непримена на правилникот
Незапочнато

5.1.3 Проширување на листата на посебни минимални услови за ДЗП и заштита на животната средина кои што земјоделските производители ќе треба да ги исполнат со примена на Добрата земјоделска пракса и изработка на нов правилник за добра земјоделска пракса

Treguesit e qëllimit të propozimit: Број на дефинирани нови критериуми во Правилникот за ДЗП Број на изменети постоечки минимални услови утврдени во правилникот Број на информирани земјоделски стопанства за измените и новиот правилник

5.1 Намалување на ефектите од климатските промени и заштита на животната средина од земјоделските активности

Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
  • Недоволно информации достапни во руралните средини;
  • Немање на доволно развиена свест за последиците од климатските промени;
  • Сеуште глобален пристап кон темата;
  • Немање на едукациjа на руралното население за препознавање на последиците од климатските промени, но и за придонесување кон предизвикувањето на истите;
  • Невклученост на граѓаните во процесите на донесување на одлуки поврзани со акциите за клима итн.;
  • Намалено локално производство на храна и економски приходи;
  • Загаден воздух и загрозено здравjе на населението;
  • Придонес кон негативните ефекти од климатските промени;
  • Делување сеуште на традиционален начин и непрактикување на донесените законски мерки и норми;
  • Земјоделците управуваат со 50% од земјиштетово РСМ, користат 60 до 80% од слатката вода во државата, во нивните штали, кокошарници, трла или современо кажано фарми живеат огромен број на животни, користат илјадници тони на силни и помалку силни токсични материи во вид на пестициди, ѓубре, и останати агро-хемикалии.
  • Според истражувањата за структура на земјоделските стопанства, спроведени од  Заводот за статистика во 2016 година, во индивидуалниот секторсе ангажирани само 5,2% на луѓе со било какво образование во земјоделството, а бројот на ангажирани високостручни кадри од областа на земјоделството е само 0,8%.

Што се однесува пак до информираноста на граѓаните, од 473 испитаници од 48 општини во РСМ во истражување спроведено од страна на МЖСПП наjзастапен е ставот дека справувањето со климатските промени не е должност на поединецот туку на Владата, индустриjата и компаниите и дека граѓаните не знаат, а и немаат доволно информации како може да помогнат во справувањето со климатските промени.

Main goal of the proposal

Главната цел на заложбата е преку зголемена едукација и информираност на руралното население да се намали загадувањето на животната средина и негативните ефекти од климатските промени.

Резултати:

  • Зголемена примена на Добрата земјоделска пракса како основен постулат за заштита на животната средина од земјоделски активности.
  • Зголемена информираност кај 50% од носителите на семејните земјоделски стопнства за важечките правила за Добра земјоделска пракса како и за казнените основи за непримена на истите.

Воспоставен систем за редовно информирање за климатските промени и негативните ефекти од истите.

Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?

Погоре опишаните достигнувања ќе придонесат директно кон решавање на јавниот проблем кој што се однесува на загадувањето на животната средина и зголемувањето на ефектот од климатските промени, затоа што станува збор за повеќе од 170.000 семејни земјоделски стопанства кои што вршат земјоделски активности, а при тоа не внимавајќи на загадувањето на животната средина. Преку зајакната свест, едукација и зголемена информираност ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë

Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа:

  • Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 каде што една од стратешките цели е насочена токму кон намалувањето на ефектите од климатските промени во земјоделското производство;
  • Целите за одржлив развој на ОН особено со цел 13 која што е директно насочена кон преземање на мерки за клима;
  • Националниот акциски план за клима, комуникациска стратегија за климатски промени на МЖСПП итн.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 13 Климатска акција“,Таргет 13.3: Да се подобри образованието, свесноста и човековите и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за приспособување, за намалување на влијанијата и за рано предупредување. Со мерките на оваа заложба преку унапредена свест, едукација и информираност на граѓаните ќе се придонесе кон промена на навиките на руралното население и на таков начин кон намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Subjektet tjera të përfshira

Institutions

  • Ministria e Mjedisit dhe Planifikimit Hapësinor

Organizatat

  • Koalicioni rural


Leave a Reply