Institucion i emëruar
Kontakt personi
Маја Петковска Лесес, Државен советник maja.petkovska@gs.gov.mk
Azhurnimi i fundit në
05 December 2022
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2
Arritjet e arritura: 0/2
Arritjet në pritje: 0/2
Arritjet e parealizuara: 0/2
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 2/2
1.3.1 Креиран посебен дел (таб) за „јавни набавки“ на веб-страниците на институциите (договорните органи)
Во насока на исполнување на оваа заложба, Владата на РСМ на Четириесеттата седница одржана на 19.04.2022 година, ги задолжи сите буџетски корисници и им укажа на јавните претпријатија основани од државата, и на акционерските друштва во државна сопственост, а им препорача на единиците на локалната самоуправа , да креираат посебен дел (таб) на своите веб страници за „ јавни набавки” и да ги објават документите наведени во заложбата.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Процент од институциите имаат креирано посебен дел на своите веб-страници за „јавни набавки“ (Таргет 50%) (Според последниот извештај на МИОА од регистарот на вработените во јавниот сектор, во земјата се активни 1332 јавни институции)
1.3.2 Се објавуваат на веб-страницата на секоја институција (во делот за „јавни набавки“) следниве информации и документи: - годишен план за јавни набавки (со сите измени и дополнувања); - огласи за јавни набавки (линкови од објавите од ЕСЈН); - известувања за склучени договори (линк од објавите од ЕСЈН); - склучените договори за јавни набавки и - известувања за реализирани договори (линкови од објавите од ЕСЈН).
Од извршениот мониторинг до сега ваков таб креирале 120 институции. Процесот е тековен и ќе продолжи во континуитет.
Treguesit e qëllimit të propozimit: Процент од институциите кои ги објавуваат редовно основните податоци за своите јавни набавки (Таргет: 50%)1.3 Објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Основните податоци за трошењето на јавните пари преку тендерите се достапни на владиниот портал Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).
Основната намена на овој портал е спроведување на јавните набавки меѓу државните институции и фирмите. Порталот е наменет за лицата за јавни набавки во институциите и фирмите, кои се претходно обучени за негово користење. Оттука, транспарентноста на податоците за јавните набавки не е првенствена функција на овој портал. Со тоа, основните податоци за трошењето на парите на граѓаните преку јавните набавки остануваат тешко достапни за поширокиот круг на граѓани и други заинтересирани страни и за разлика од други земји, граѓаните немаат брз, едноставен, лесен и разбирлив увид во начинот на трошење на јавните пари.
Две последователни истражувања на Центарот за граѓански комуникации за степенот на информираност на граѓаните за трошењето на јавните пари преку јавните набавки спроведени меѓу 400 испитаници од целата земја, во 2017 и 2019 година, покажуваат дека со преземање одредени слични мерки, процентот на граѓани кои сметаат дека имаат доволно информации за начинот на кој институциите ги трошат јавните пари преку тендери се зголемил од 6% на 20%, само за три години. И во двете истражувања дури по 98% од граѓаните одговориле дека информациите што сега ги имаат за овие трошења ги добиваат од веб-страниците на институциите и од медиумите. Оттука, неопходно е институциите да мораат да објавуваат повеќе информации за овие трошења на своите веб-страници, како места на кои граѓаните најчесто ги бараат и очекуваат да ги добијат овие информации.
Во претходните два акциски планови од ОВП беа спроведени заложби и активности како предуслови за оваа заложба. Прво беше изработена листа на информации како минимум стандард за транспарентноста во јавните набавки, а потоа Бирото за јавни набавки овозможи нова функционалност на ЕСЈН со која се креираат кратки линкови од објавите на ЕСЈН кои можат да се искористат за објавување на тие информации и на сајтовите на институциите. На овој начин секоја институција објавите на ЕСЈН може брзо, лесно и едноставно да ги објави на својата веб-страница каде на едно место ќе бидат достапни сите основни информации за нејзините јавни набавки. Имено, во профилот на секој локален администратор регистриран на ЕСЈН се додадени “HTML” тагови за “iFrame” кој ги содржи информациите за планираните набавки, огласите, известувањата за склучен договор и известувањата за реализиран договор за тој договорен орган. Овие “HTML” тагови потребно е да се копираат и да се вметнат во веб сајтот на институцијата.
Main goal of the proposal
Заложбата опфаќа обврска за институциите/договорните органи утврдени во член 9 од Законот за јавни набавки да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници за „јавни набавки“ и таму, на едно место, да ги објавуваат следниве информации и документи: годишен план за јавни набавки, огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН), известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН), склучените договори и известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).
Целта е граѓаните да имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат парите преку јавни набавки (околу 900 милиони евра годишно) така што институциите ќе ги објавуваат овие информации на своите веб-страници кои, пак, се првата точка на која граѓаните ѝ пристапуваат кога сакаат да се информираат за некоја конкретна институција.
Si do të kontribujë angazhimi në zgjidhjen e problemit publik?
Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ги зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи да разберат како и за што се трошат нивните пари и да влијаат за користење на јавните средства за нивните потреби.
Со тоа што објавувањето на овие информации е брзо и крајно симплифицирано и може да се направи само со копирање на “HTML” таговите од ЕСЈН и нивно вметнување во веб сајтот на институцијата ќе се надминат и сегашните проблеми на немање доволно стручен ИКТ кадар во институциите и преоптовареност на лицата за јавни набавки бидејќи за објавување на информациите не е потребна посебна стручност и не одзема време.
Pse është ky angazhim i rëndësishëm për vlerat e PHQ?
Informacion shtesë
За спроведување на ова заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи потребната функционалност на ЕСЈН за креирање и брзо и лесно преземање на линковите од објавените информации и нивно поставување на сајтовите на институциите веќе постои. Кај другите институции треба само креирање на посебен таб (тие што немаат) за што не се потребни посебни финансиски средства. Единствено ќе бидат потребни дополнителни буџетски средства кај оние институции кои сега немаат свои веб-страници за да ги креираат.
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.
Subjektet tjera të përfshira
Institutions
- Биро за јавни набавки
Organizatat
- Qendra për komunikime qytetare