Institucion i emëruar
Azhurnimi i fundit në
08 November 2021
Arritjet totale për të qenë të suksesshëm: 2
Arritjet e arritura: 0/2
Arritjet në pritje: 2/2
Arritjet e parealizuara: 0/2
Arritjet me progres të konsiderueshëm: 0/2
Подготовен и јавно достапен наративен-финансиски извештај за програмско и буџетско известување за секоја од активните мерки за вработување од Оперативниот план за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ
Зружението ЕСЕ на 09.01.2019 година до АВРСМ достави предмет: Препораки за унапредување на содржината на годишните извештаи за работењето на АВРСМ, подготвени во рамки на процесот на Отворено владино партнерство 2018-2020 година.
Во насока на поголема транспарентност и отчетност, АВРСМ го зголеми обемот и квалитетот на податоците кои се презентираат во годишниот извештај, но и воопшто го зголеми и обемот на информации и податоци кои ќе се публикуваат на нејзината веб страна.
Во делот на препораките кои се однесуваат на Активните мерки за вработување Секторот за активни мерки и услуги за вработување Табелата 1: Планирани наспрема потрошени средства за спроведување активните мерки и програми за вработување во 2018 година предложена од ЕСЕ ќе ја користи како вкупна табела за сите активни мерки, како прилог на Извештајот.
Во однос на подобрување на транспарентоста во делот на финансиското работење на веб страната на АВРСМ јавно e достапен и документот Финансиски показатели на АВРСМ за 2018 и 2019 година во рамки на годишниот извешај за работата на АВРСМ.
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија активно работеше на спроведување на заложбите од Акцискиот план за отворено владино партнерство 2018-2020 и во годишниот извештај за работата на АВРСМ за 2018 и 2019 година вклучи дополнителни информации во вид на анекс документи со цел зголемување на транспареноста и отчетноста во работењето.
Treguesit e qëllimit të propozimit:Воведена методологија за мерење на влијанието на трошоците врз крајните корисници за минимум една активна мерка за вработување од оперативниот план за вработување и подготвен Извештај со препораки за планирањето на програми/мерки за наредната буџетска година.
Оваа заложба не започна со реализација.
Постои иницијатива во преформулирана верзија која би имала поголем ефект врз крајните корисници да биде редефинирана во новиот Национален акциски план за отворено владино партнерство 2021-2023 година.
Treguesit e qëllimit të propozimit:Унапредување на транспарентноста во спроведувањето на програмите за вработување и воспоставување на механизам за оценување на влијанието на трошоците од овие програми врз крајните корисници, преку вклучување на граѓаните
Cili problem publik adresohet nga angazhimi?
Агенцијата за вработување на РСМ во соработка со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) ќе подготват стандардизирана форма на годишни наративно- финансиски извештаи за секоја од активните мерки за вработување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Форматот на извештај ќе значи унифицирање на параметрите за наративно известување на ниво на институција, а во себе ќе содржи податоци за тоа што институцијата има направено и постигнато со трошоците направени во тековната година соодветно на целите, резултатите и активностите предвидени со програмата. Исто така ќе обезбеди финансиско известување и ќе содржи податоци за тоа колку средства се планирани и потрошени на ниво на активност и по извршител на буџетската програма. Овие извештаи институцијата ќе ги објавува на својата интернет страница во текот на вториот квартал од тековната година за претходната година.
Агенцијата за вработување на РСМ ќе селектира минимум една активна мерка за вработување од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за која во периодот на имплементација на овој акциски план, во соработка со ЕСЕ, ќе се развијат механизими/методологии за мерење на влијанието на трошоците од истата врз крајните корисници. Вака развиениот механизам/методологија ќе се пилотира на идентификуваната пилот буџетска програма/активна мерка за вработување (спроведувањето на процесот на оценка и комуникацијата со крајните корисници ќе се спроведе во соработка Здружението ЕСЕ). За таа цел ЕСЕ ќе развие и спроведе еднодневна обука за презентирање на чекорите за оценување на влијанието на буџетските трошоци врз крајните корисници на јавните услуги. Дополнително, овој процес ќе овозможи идентификување на реалните потреби и приоритети на крајните корисници кои понатаму ќе помогнат на институцијата во процесот на планирање на идните активности. По завршувањето на периодот на пилотирање, институцијата ќе ги вклучи резултатите од спроведениот процес на оценување во планирање на буџетот и активностите за пилот програмата/активната мерка за вработување за 2021 година, ќе ја усвојат развиената методологија и ќе ја аплицираат и на други активни програми и мерки за вработување.