Усвоен новиот Национален Акциски план за партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Владата на Република Северна Македонија на 7-та седница одржана на 27.02.2024 година ја разгледа и усвои Информацијата за Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт со Предлог национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 и го разгледа и прифати Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

 

Новиот шести национален акциски план 2024-2026 беше подготвен во инклузивен и транспарентен процес кој започна во месец Јуни 2023 година со вклученост на голем број на невладини организации и владини институции во подготовката на предлог заложбите. Новиот акциски план во делот Отворена влада содржи 15 заложби и 57 достигнувања распределени во пет приоритетни области и тоа: борба против корупцијата, партиципативно донесување одлуки и граѓанско учество, правно зајакнување и пристап до правда, развој и користење на дигитални технологии и унапредување на активностите за климатски промени.

 

Освен делот за Отворена влада, овој акциски план содржи и посебни делови за Отворен парламент и Отворено судство, почитувајќи ја независноста на работата на законодавната и судската власт како посебна власт во Република Северна Македонија.

 

Министерството за информатичко општество и администрација како надлежна институција за координација на оваа иницијатива е задолжено да формира работна група со сите релевантни чинители за спроведување на Националниот акциски план, Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година и до Владата за достави среднорочен и финален извештај за статусот на имплементација. Оттука во наредниот период на транспарентен начин во духот на партнерството ќе се воспостават потребните структури за координација, следење и известување со цел да се обезбеди непречена реализација на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026.

 

Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 е достапен на следниот линк.

Leave a Reply