Appointed Institution

Last update on

22 August 2024

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 0/4

Achievements on hold: 0/4

Unrealized achievements: 4/4

In progress achievements: 0/4

Незапочнато

4.1.1Идентификувани подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии и законски основи за дигитализирање на постапка за електронска подготовка на извештаите

Proposal goal indicators: 1. Подготвена листа на подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии и законски основи за дигитализирање на постапка за електронска подготовка на извештаите 2. Дефинирана динамика за измени на подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии во насока на дигитализирање на процесот на подготовка на финансиско известување поврзано со редовно и изборно работење на политичките партии (и други субјекти вклучени во изборни кампањи)
Незапочнато

4.1.2 Донесени нови подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии

Proposal goal indicators: 1. Формирана работна група за подготовка на нови формати за финансиско известување 2. Подготвени подзаконски акти поврзани со финансирање на политичките партии коишто ги донесува министерот за финансии
Незапочнато

4.1.3 Подготвено софтверско решение за електронско пополнување на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање на политичките партии и други субјекти вклучени во изборна кампања

Proposal goal indicators: 1. Подготвена техничка спецификација за софтверско решение 2. Изработка на софтверско решение 3. Тестирање на софтверско решение 4. Ставање во употреба на софтверско решение во
Незапочнато

4.1.4 Овозможено електронско поднесување на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање на политичките партии и други субјекти вклучени во изборна кампања до институциите согласно законите

Proposal goal indicators: 1. Донесени измени на Изборниот законик и Закон за финансирање на политичките партии со цел овозможување на електронско поднесување на извештаите со користење на дигитален сертификат за потпишување 2. Активирање на модул во рамките на изработено софтверското решение за електронско поднесување на извештаите до институциите согласно законите (ДКСК)

4.1 Дигитализација на процеси за финансиско известување на политичките партии

What public problem is addressed by the commitment?

Целта на заложбата е овозможување на системска транспарентност на финансирањето на политичките партии затоа што идентификувано е дека во сегашните начини на финансирање на политичките партии се создава поволна околина за корупција. Имено, преку финансирањето на политичките партии се отвораат можности за создавање на јаки врски и силни позиции кои подоцна (од позиција на власт-донатор) може да се користат за корупција. Оттука, за да се зајакне надзорот од институциите, но и да се овозможи следење на финансирањето од граѓаните, се предлага воспоставување системска транспарентност на финансирањето, што значи пристап до податоците од финансирањето на политичките партии на едно место во отворен формат, но и поедноставување на формата, содржината и начинот на финансиско известување на политичките партии преку ревидирање на формата и содржина на Регистар за донации, Извештај за добиените донации, Годишен финансиски извештај и извештаи во време на изборни кампањи.

Main goal of the proposal

1. Каков проблем адресира заложбата?

Во согласност со Законот за финансирање на политички партии во Република Северна Македонија, изворите на финансирање на политичките партии и нивните расходи се јавни и транспарентни и подлежат на контрола од државните органи. За да исполнат транспарентност при финансиското работење, партиите треба да ги објават следните документи:

  • Регистар за донации, кој ги содржи името, односно називот на секој донатор поединечно, видот и вредноста на донацијата, како и датумот на добивање на донацијата;
  • Извештај за добиените донации;
  • Годишен финансиски извештај, кој го содржи финансиското работење на сметката на политичката партија, како и потсметките на локалните ограноци и потсметката на партиско истражувачко-аналитичкиот центар;
  • Годишна сметка за финансиско работење;
  • За изборни кампањи: вкупен финансиски извештај за кампањата.

Финансирањето на политичките партии доколку не е транспарентно создава околина во која се зголемува ризик од корупцијата. Доколку законската регулатива и ревизијата од институциите потфрлат и не овозможат транспарентност на податоците за парите, кои партиите ги добиваат и трошат, тогаш веројатноста за корупција е голема. Во согласност со Законот за финансирање на политички партии во Република Северна Македонија, изворите на финансирање на политичките партии и нивните расходи се јавни и транспарентни и подлежат на контрола од државните органи.[1]

Од друга страна сегашната регулатива пропишува не-дигитално поднесување на финансиските извештаи што отежнува следење на финансирањето на политичките партии на институциите кои вршат надзор. Сегашен начин на известување вклучува скенирани извештаи поднесени на хартија, коишто не се машински читливи и не можат лесно и брзо да се внесат во базата на податоци, туку бараат трудово интензивна и долга работа што води кон не-ефикасно користење на човечките ресурси во институциите. Институциите споро реагираат поради тоа што податоците не се достапни во дигитален отворен формат во вид на податочни сетови, со што не е овозможена брза, автоматизирана анализа на податоците од извештаите. Истовремено граѓанското општество не може навремено и рано да предупредува за можните коруптивни практики кои се појавуваат преку финансирањето на политичките партии.

Надзорот над финансиско-материјалното работење на политичките партии го врши ДЗР. Документите поврзани со финансиско работење на политичките партии се поднесуваат и до ДКСК, УЈП, ДИК, МФ кои, исто така, имаат законска обврска податоците да ги објават.

[1]  ИРИ и ЗМАИ, Спасовска Н., Трајковска М. (2022) „Добри практики за презентација на финансиски податоци на партии и кандидати“

2. Кои се причините за проблемот?

Покрај законски пропишаните облици на објавување на финансиските извештаи на политичките партии на партиските веб-страници, како и  на веб-страниците на  институциите надлежни за нивната работа, во  РСМ не постои утврден формат  на претставување на финансиите на политичките партии кој би бил унифициран и поедноставен за пребарување. Според тоа, за Северна Македонија не може да се каже дека има доволно транспарентен и лесно достапен систем за известување за финансирањето на политичките партии и неопходно е да се работи на негово подобрување и унапредување.

При собирање на финансиски податоци внатре во партијата, но и при известување за нив кон институциите и јавноста неопходно е да се искористат предностите на дигитализацијата. Воведување на интегрирано софтверско решение, каде што овластено лице од партијата може да поднесува финансиски извештаи директно од нивните табеларни пресметки, значително ќе го олесни административниот товар од овој процес.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Досега не се правени напори за дигитализирање на процесот на пополнување на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање на политичките партии и други субјекти вклучени во изборна кампања, во смисла на софтверското решение. До сега пропишаните формати за подготовка на извештаи на политичките партии поврзани со редовно и изборно финансирање партии и други субјекти вклучени во изборна кампања се во „ворд“ или „ексел“ формат.

2. Какво решение предлагате?

Со оваа заложба ќе се подготви софтверско решение кое ќе се овозможи подготовка на финансиски извештаи директно на онлајн систем. На овој начин институциите ќе имаат во истиот момент сите податоци во дигитален формат во вид на податочни сетови кои лесно може да се анализираат и обработуваат за остварување на нивните законски надлежности во вршење контрола и следење на финансирање на политичките партии. Политичките партии ќе можат брзо и ефикасно да ги подготват и електронски да ги поднесат извештаите во пропишаниот формат. Јавноста ќе има пристап до податочни сетови во истиот момент кода извештаите ќе бидат поднесени до надлежните институции.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Со спроведување на заложбата ќе се овозможи системска транспарентност на финансирањето на политичките партии. Преку дигитално решение за подготовка на финансиските извештаи ќе се олесни и пристап до база на податоци потребни за анализа на финансиските податоци на политичките партии, со што ќе се зајакне надзорот од институциите, но и ќе се овозможи следење на финансирањето на политичките партии од страна на јавноста. Преко воспоставување системска транспарентност на финансирањето ќе се овозможи пристап до податоците од финансирањето на политичките партии на едно место во отворен формат, но и поедноставување на формата, содржината и начинот на финансиско известување на политичките партии преку ревидирање на формата и содржина на Регистар за донации, Извештај за добиените донации, Годишен финансиски извештај и извештаи во време на изборни кампањи.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Инвестирањето во дигитални технологии за приказ на финансиските извештаи на политичките партии е еден од начините за зголемување на транспарентноста. Во многу демократии (на пр. Обединетото Кралство, Естонија, Латвија, Финска, Норвешка, Шведска, Соединетите Американски Држави Канада, Австралија и др.) активно се користат придобивките од дигитализацијата, па така, политичките партии онлајн известуваат и испраќаат извештаи до надзорните тела, кои потоа ги прават овие извештаи јавно достапни на нивната веб-страница. Ваквиот онлајн систем на известување во многу земји е поврзан и со други системи преку споделување на податоци, како што се даночниот систем, системот за население и бизнис-регистарот, при што, дополнителното вкрстување на податоците од различни бази може да даде одредени индикации за постоење на корупција и нелегални трансфери.[1]

[1]  ИРИ и ЗМАИ, Спасовска Н., Трајковска М. (2022) „Добри практики за презентација на финансиски податоци на партии и кандидати“

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Целосно откривање на финансиските информации на политичките партии може да послужи и како бариера за да се намалат несаканите влијанија врз нив. Според укажувањата на ГРЕКО (Група на држави против корупција), системот кој не обезбедува правилно обелоденување на изворите на приходите и сметките на партиите, најчесто има тешкотии во надзорот на примената на законите кои го регулираат финансирањето на политичките партии и кампањите, како и во спроведувањето на неопходните санкции. Притоа, потребно е да се нагласи дека објавувањето на податоците само по себе не е доказ за финансиската транспарентност на политичките партии.

Во согласност со дефиницијата на Комисијата за хартии од вредност и берзите на САД (U.S. Securities and Exchange Commission), финансиска транспарентност подразбира навремено, значајно и сигурно објавување на финансиските перформанси.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Финансиската транспарентност на политичките кампањи претставува една од најважните одлики на функционалните демократии. Таа е основа за обезбедување на отчетност на политичките партии и алатка за гласачите – полесно да донесат информирани одлуки, а институциите да вршат ефективен надзор врз работата на политичките партии.

Other included subjects

Institutions

  • Ministry of Justice
  • Central Registry of the Republic of North Macedonia
  • City of SKOPJE
  • Public Revenue Office
  • State Audit Office
  • State Election Commission
  • State Commission for Prevention of Corruption of the Republic of North Macedonia
  • Совет на општини

Organizations

  • Association for research and analysis - ZMAI Skopje
  • Initiative for development and inclusion of communities - IRIZ, Skopje
  • Institute for Democracy "Societas Civilis" Skopje
  • Foundation for internet and society Metamorphosis
  • Center for civil communications
  • Политички партии


Leave a Reply