Национален Акциски план за ПОВ (2021-2023)

2021 - 2023

Accepted proposals

Изработка на on-Line портал за отворени податоци за полесен пристап до информации за граѓаните

Собранието препознава дека отворените податоци можат да придонесат за транспарентноста, отвореноста и учество на јавноста во работата на закондавната власт. За таа цел Собранието ќе креира софтверска алатка за податочни сетови.

Платформа за предлози и иницијативи од граѓаните до законодавната власт и регистар на граѓански организации

Собранието има своја веб страна за информирање на јавноста. За директно вклучување на граѓани на следниов линк постои можност да се контактира со претседателот на Собранието. https://www.sobranie.mk/kontaktiraj-so-pretsedatelot.nspx Дополнително, за комуницирање со пратениците граѓаните можат да го користат следниов линк од веб страната на Собранието https://www.sobranie.mk/prashaj-go-pratenikot.nspx Предвидувањето на оваа заложба е системски да се подобри пристапот […]

Дигитална безбедност преку дигитални потписи за пратеници и собраниската служба

Прашањето за работа од далечина беше наментнато од корона пандемијата. За таков тип на работа освен потребната ИКТ опрема, за процесните дејствија согласно деловникот се појави потребата за дигитална авторизација. Ова е регулирано со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и освен набавката на дигиталните сертификати опфаќа и софтверски прилагодувања и други […]

Зајакнување на надзорната улога на Судскиот совет врз транспарентноста на судовите

Во Законот за Судскиот совет член 92, ст. 1, точка 5 е новина во македонската правна рамка, согласно кој, Судскиот совет цени дали претседателите на судовите доследно се грижат за односите со јавноста. Судскиот совет тоа треба да го врши преку увид во веб-страницата на судовите, односно преку проверка на соопштенијата, одлуките, анализите и извештаите […]

Подобрување/унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците

Во Стратегија за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) се констатира дека формата на годишните извештаи на работа на судовите, Судскиот совет и на Врховниот суд се нееднакви, што создава проблеми во однос на јасноста, разбирливоста на извештаите, особено во делот на статистичките податоци поради несинхронизираност на податоците. Најголем дел од судовите водат статистика за бројот […]

Подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите

Новата веб-страница на Академијата за судии и јавни обвинители е пуштена во употреба во септември 2019 година, меѓутоа се уште има простор и потреба од овозможување за модернизирање на работата на АСЈО преку овозможување на модерна платформа е-учење како за кандидати за судии и јавни обвинители така и за постојните судии и јавни обвинители, преку […]

Подобрување на електронскиот судски портал на РСМ (www.sud.mk)

Воведувањето на електронскиот Судски портал на РСМ (www.sud.mk) во 2017 година се очекуваше да придонесе за поголема транспарентност на судовите, но сѐ уште постојат големи разлики помеѓу квалитетот и обемот на податоците достапни за судовите.  Информациите кои што се објавуваат на веб-страници за секој суд не се унифицирани, не се објавуваат и ажурираат редовно и […]

Подобрување на односите со јавноста на судовите

Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно  да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. […]

Подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за функционирање на Судскиот совет

Судскиот совет на РСМ има двојна улога кога станува збор за транспарентноста на правосудниот систем. Од една страна тој има активна улога, односно треба да ја мониторира транспарентноста и отвореноста на судството. Од друга страна тој се јавува како пасивен субјект кој треба да исполни законски обврски со цел да постигне транспарентност. Законот за Судскиот […]

5.2 Пристап до информации за нивото на аерозагадување

Вкупно 18 фиксни и 1 мобилна мерна станица како дел од државната мониторинг мрежа за квалитетот на амбиентeн воздух се поставени во различни градови во државата. Од вкупниот број мерни станици, 5 се во Скопје, 2 во Битола и по 1 во Куманово, Миладиновци, Кочани, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кичево, Лазарополе, Гостивар и Тетово. Мобилната […]

5.1 Намалување на ефектите од климатските промени и заштита на животната средина од земјоделските активности

Недоволно информации достапни во руралните средини; Немање на доволно развиена свест за последиците од климатските промени; Сеуште глобален пристап кон темата; Немање на едукациjа на руралното население за препознавање на последиците од климатските промени, но и за придонесување кон предизвикувањето на истите; Невклученост на граѓаните во процесите на донесување на одлуки поврзани со акциите за […]

4.4 Правно зајакнување на граѓаните преку достапни информации и отворени институции

Со новиот Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП), кој започна да се применува од октомври 2019 година, значително се подобри пристапот до правда на граѓаните. Сепак, законот во пракса покажа дека има слабости и потребни се измени со цел негова ефикасна примена. Еден од проблемите е во поглед на вештачењето кое треба да биде обезбедено […]

4.3 Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство

Недостаток на транспарентност и отчетност кај надлежните институции кои се вклучени во системот за заштита од родово базирано насилство врз жени и  семејно насилство, што придонесува за неефективна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство во подолг временски период. Немањето на посебна и соодветна евиденција за случаите народово базирано насилство врз жени семејно насилство  е […]

4.2 Унапредување на пристап до правда на социјално загрозени и граѓани во социјален ризик

За користење на правото Гарантирана минимална помош (ГМП) како парично право од социјална заштита, или за преобразба на правото на постојана парична помош во ГМП, постои потреба од докажување дека барателот (или корисникот) не може да обезбеди издршка за себе по ниту еден основ. Тоа практично значи дека потребно е барателот/корисникот да поднесе тужба против […]

4.1 Унапредување на заштитата на сексуалните работници и лицата кои употребуваат дроги

Основната цел на полицијата во едно демократско општество е почитување и заштита на основните човекови слободи и права на сите граѓани, недискриминација и почитување и штитење на човечкото достоинство. Меѓутоа, во многу случаи полицијата во своето постапување ги прекршува правата на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници. Лицата кои употребуваат дроги често пријавуваат случаи […]

3.8 Овозможување на пристап до терапија и здравствени услуги на лица кои употребуваат дроги по издржување на казна затвор

Отежнат пристап кон остварување на правото на лекување на лицата кои употребуваат дроги, по издржување казна затвор, бидејќи се отпуштаат без документи за лична идентификација и здравствено осигурување, кои им се неопходни да продолжат да се лекуваат со супституциски третман на лекување со метадонска терапија.  Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за […]

3.7 Унапредување на механизмите за заштита на жртвите на вознемирување на работно место

Во РСМ недостасува статистика за бројот на жртви на мобинг. Сепак според истражувањата на МОТ над 4% од работниците се предмет на психичко насилство, 2% на сексуално злоставување и 8% на заплашување и малтретирање. Па доколку се земе во предвид оваа статистика, во РСМ од вкупниот број на вработени се проценува дека има 111.936 жртви […]

3.6 Зголемување на пристапот до загарантираните облици на заштита на жртвите на трговија со луѓе

Во периодот од 2005 до 2019 година се идентификувани 116 жртви на трговијата со луѓе (ТЛ). Од 2014 година наваму, мала е бројката на идентификувани жртви  која пред сѐ, се должи на отсуство на активна идентификација од страна на надлежните институции. Искуствата во практиката често покажуваат дека идентификувањето на жртвите затајува некаде низ лавиринтите на […]

3.5 Достапни е-услуги во руралните средини

Немање информациjа за постоење на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk (Порталот) и сите податоци достапни на него; немање доволно дигитална писменост на локалното население за користење на е-услугите на Порталот; немање доверба во институциите и доверба во електронското комуницирање. Одолговлекување на времето и квалитетот на добиената услуга , пример, за една потврда од општина […]

3.4 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на обезбедувањето на локалните јавни услуги

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

3.3 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областa на образованито

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

3.2 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на превентивната здравствена заштита

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

3.1 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на вработувањето

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

2.3 Јавно објавување на предметите за изборот на избрани / именувани лица од Владата на РСМ како раководители на институции

Избраните/именуваните лица од Владата на РСМ како раководители на институции претставува највисокиот меритократски слој во државната управа. Врз основа на позитивното законодавство, како и стандардите на доброто управување, овој кадар треба да се одликува со висок професионализам, стручност и управувачки способности. Меѓутоа, веќе долги години праксата се разликува од стандардите. Изборот на кадар останува во […]

2.2 Унапреден механизам за следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица

Еден од начините за намалување и спречување на нелегалното богатење на избраните и именуваните лица и несразмерно зголемување на нивниот имот, како резултат на злоупотреба на  функцијата, е функционален механизам за евидентирање и следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица. Во Македонија овој систем е релативно неефикасен, пред се од технички причини, што […]

2.1 Јавните набавки како отворени податоци

Јавните набавки, на светско ниво, се типично место каде може да се сретне корупција. Постојат многу начини како јавните набавки се инструмент за најразлични трансакции против јавниот интерес а со цел материјално богатење или трговија со влијание. Во Националната стратегија за борба против корупцијата, јавните набавки се идентификувани како значаен ризик фактор, присутен во повеќето […]

1.2 Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб-страниците на институциите

Заложбата се однесува на т.н. активна транспарентност на институциите што подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации од јавен карактер. Заложбата треба да им овозможи на граѓаните, фирмите и на сите други заинтересирани групи брз, лесен и континуиран пристап до основните […]

1.6 Фискална транспарентност и отчетност на локално ниво и подобрување на вклученоста на граѓаните преку иновативни механизми и алатки

Доброто владеење на локално ниво подразбира подобрување на процесите во функција на поефективно и поекономично испорачување на јавните услуги, со обезбедување на целосна транспарентност и отчетност, како и вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките. Притоа секогаш треба да се внимава процесите да гарантираат инклузивност. Имајќи ги предвид новите трендови и документи на Советот на […]

1.5 Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации

Според Централниот регистар во РСМ има 15.581 регистрирани здруженија и фондации, согласно Законот за здруженија и фондации. Централен регистар согласно член 47 од Законот за здруженија и фондации, а во врска со приоритетот „Граѓанско општество“ од Планот 3-6-9 на Владата на РСМ, објавува листа на граѓански организации во отворен формат (excel), достапна на следниот линк: […]

1.4 Унапредување на пристапот до информации и бројот на објавени отворени податоци во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)

Транспарентноста и отвореноста на ЕЛС сеуште е на ниско ниво. Повеќето ЕЛС во Република Северна Македонија не ги објавуваат сите податоци и информации кои се нивна законска обврска. Исто така, повеќето општини не објавуваат податоци во отворен формат. ЕЛС немаат информации точно со кои податочни сетови од отворен карактер располагаат. Знаењето и свесноста за отворените […]

1.3 Објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите

Основните податоци за трошењето на јавните пари преку тендерите се достапни на владиниот портал Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН). Основната намена на овој портал е спроведување на јавните набавки меѓу државните институции и фирмите. Порталот е наменет за лицата за јавни набавки во институциите и фирмите, кои се претходно обучени за негово користење. Оттука, […]

1.1 Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки

На 27 јануари 2021 година и во Република Северна Македонија се воспостави Регистар на вистински сопственици за да се зголеми транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и да се исполнат меѓународните и стандардите на ЕУ за борба со перење пари и финансирање тероризам. Правните лица имаа рок до 27 април 2021 година, […]

ИЗРАБОТКА НА РЕПОРТАЖИ И ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА КАНЦЕЛАРИИТЕ ЗА КОНТАКТ СО ГРАЃАНИТЕ

Собранието тековно ствара услови за работењето на овие канцеларии заедно со единиците на локалната самоуправа и во тек е ставање во функција на софтверско решение за поврзување на сите канцеларии и следење на активностите на канцелариите. Секоја комуникација на граѓаните со пратениците е важна, и овој институционален облик на комуникација мора да има соодветна поддршка.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПАРТНЕРСТВОТО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ

Република Северна Македонија е членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година. Собранието стана дел како посебна гранка на власта во 2017 година со сопствен акциски план со заложби и активности. Со оглед на планирањето и динамиката за спроведување на заложбите и активностите од ПОВ планот 2021-2023, Собранието смета дека се потребни […]

НАБАВКА НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ПРЕВОД ОД ГОВОР НА ТЕКСТ

Препознавањето на говор е важно за да се примени во автоматизирањето на транскрипцијата на собраниските седници и седници на комисии, како на македонски така и на албански јазик. Дополнително има можности да се овозможи титлување на живи преноси. Синтеза на говор може да овозможи преточување на законски текстови во аудио фајлови за инклузија на лица […]

Изработка на нова интернет страница на собранието за подобро информирање на граѓаните

Собранието има своја веб страна, која има податоци за проактивно информирање на јавноста. Од анализите правени и со технолошкиот развој Собранеито смета дека веб страната треба да се надгради да може да биде полесно пребралива, поорганизирана и да нуди повеќе информации за граќаните. Во Програмата за парламентарна поддршка е испланирано и буџетирано изработка на нова […]

Изработка на софтверско решение за следење на законодавниот процес од јавноста

Текот на законодавната постапка може да се следи преку интернетската страна на Собранието. Пребарувањето не оди според документ (предлог закон), туку по работно тело и потребни се неколку чекори и искуство во пребарувањето за да се најдат информациите.

Отворање на Е-Архива софтверот за пребарување од јавноста

Парламентарниот институт во Собранието креираше софтверско решение за Е-архива во 2016 година. Ова решение овозможува електронски пристап на податоци од законодавната архива (се што влегува и во соодветна постапка излегло од пленарна седница). Базата ги опфаќа сите документи креирани по една точка. Податоците се кодифицирани почнувајќи од 1986 година со над 1.2 милиони страни документи. […]

НАБАВКА НА КАМЕРИ СО ПРОПРАТНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРНЕТ ПРЕНОС НА СЕДНИЦИ

На интернет страната на Собранието се емитува сигналот од Собранискиот ТВ канал. Салите во Собранието не се опремени со потребната опрема за вршење на интернет пренос од седниците на работните тела за јавноста да следи во реално време седници на работни тела наместо снимки на Собранискиот канал.

Целосно функционален собраниски тв канал

Собранието има сопствен телевизиски канал на кој може да ја информира јавноста проактивно за тековните процеси во живо или со снимки. Работењето на собранискиот канал има институционална организација преку функционирањето на Советот на собранискиот канал. Собранието смета дека каналот е ресурс преку кој може подобро да ја запознае јавноста за својата работа и да ја […]

Leave a Reply