Национален Акциски план за ПОВ (2021-2023)

2021 - 2023

Прифатени НАП предлози

Пристап до информации за нивото на аерозагадување

Вкупно 18 фиксни и 1 мобилна мерна станица како дел од државната мониторинг мрежа за квалитетот на амбиентeн воздух се поставени во различни градови во државата. Од вкупниот број мерни станици, 5 се во Скопје, 2 во Битола и по 1 во Куманово, Миладиновци, Кочани, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кичево, Лазарополе, Гостивар и Тетово. Мобилната […]

Намалување на ефектите од климатските промени и заштита на животната средина од земјоделските активности

Недоволно информации достапни во руралните средини; Немање на доволно развиена свест за последиците од климатските промени; Сеуште глобален пристап кон темата; Немање на едукациjа на руралното население за препознавање на последиците од климатските промени, но и за придонесување кон предизвикувањето на истите; Невклученост на граѓаните во процесите на донесување на одлуки поврзани со акциите за […]

Правно зајакнување на граѓаните преку достапни информации и отворени институции

Со новиот Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП), кој започна да се применува од октомври 2019 година, значително се подобри пристапот до правда на граѓаните. Сепак, законот во пракса покажа дека има слабости и потребни се измени со цел негова ефикасна примена. Еден од проблемите е во поглед на вештачењето кое треба да биде обезбедено […]

Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство

Недостаток на транспарентност и отчетност кај надлежните институции кои се вклучени во системот за заштита од родово базирано насилство врз жени и  семејно насилство, што придонесува за неефективна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство во подолг временски период. Немањето на посебна и соодветна евиденција за случаите народово базирано насилство врз жени семејно насилство  е […]

Унапредување на пристап до правда на социјално загрозени и граѓани во социјален ризик

За користење на правото Гарантирана минимална помош (ГМП) како парично право од социјална заштита, или за преобразба на правото на постојана парична помош во ГМП, постои потреба од докажување дека барателот (или корисникот) не може да обезбеди издршка за себе по ниту еден основ. Тоа практично значи дека потребно е барателот/корисникот да поднесе тужба против […]

Унапредување на заштитата на сексуалните работници и лицата кои употребуваат дроги

Основната цел на полицијата во едно демократско општество е почитување и заштита на основните човекови слободи и права на сите граѓани, недискриминација и почитување и штитење на човечкото достоинство. Меѓутоа, во многу случаи полицијата во своето постапување ги прекршува правата на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници. Лицата кои употребуваат дроги често пријавуваат случаи […]

Јавно објавување на предметите за изборот на избрани / именувани лица од Владата на РСМ како раководители на институции

Избраните/именуваните лица од Владата на РСМ како раководители на институции претставува највисокиот меритократски слој во државната управа. Врз основа на позитивното законодавство, како и стандардите на доброто управување, овој кадар треба да се одликува со висок професионализам, стручност и управувачки способности. Меѓутоа, веќе долги години праксата се разликува од стандардите. Изборот на кадар останува во […]

Унапреден механизам за следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица

Еден од начините за намалување и спречување на нелегалното богатење на избраните и именуваните лица и несразмерно зголемување на нивниот имот, како резултат на злоупотреба на  функцијата, е функционален механизам за евидентирање и следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица. Во Македонија овој систем е релативно неефикасен, пред се од технички причини, што […]

Јавните набавки како отворени податоци

Јавните набавки, на светско ниво, се типично место каде може да се сретне корупција. Постојат многу начини како јавните набавки се инструмент за најразлични трансакции против јавниот интерес а со цел материјално богатење или трговија со влијание. Во Националната стратегија за борба против корупцијата, јавните набавки се идентификувани како значаен ризик фактор, присутен во повеќето […]

Фискална транспарентност и отчетност на локално ниво и подобрување на вклученоста на граѓаните преку иновативни механизми и алатки

Доброто владеење на локално ниво подразбира подобрување на процесите во функција на поефективно и поекономично испорачување на јавните услуги, со обезбедување на целосна транспарентност и отчетност, како и вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките. Притоа секогаш треба да се внимава процесите да гарантираат инклузивност. Имајќи ги предвид новите трендови и документи на Советот на […]

Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации

Според Централниот регистар во РСМ има 15.581 регистрирани здруженија и фондации, согласно Законот за здруженија и фондации. Централен регистар согласно член 47 од Законот за здруженија и фондации, а во врска со приоритетот „Граѓанско општество“ од Планот 3-6-9 на Владата на РСМ, објавува листа на граѓански организации во отворен формат (excel), достапна на следниот линк: […]

Унапредување на пристапот до информации и бројот на објавени отворени податоци во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)

Транспарентноста и отвореноста на ЕЛС сеуште е на ниско ниво. Повеќето ЕЛС во Република Северна Македонија не ги објавуваат сите податоци и информации кои се нивна законска обврска. Исто така, повеќето општини не објавуваат податоци во отворен формат. ЕЛС немаат информации точно со кои податочни сетови од отворен карактер располагаат. Знаењето и свесноста за отворените […]

Објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите

Основните податоци за трошењето на јавните пари преку тендерите се достапни на владиниот портал Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН). Основната намена на овој портал е спроведување на јавните набавки меѓу државните институции и фирмите. Порталот е наменет за лицата за јавни набавки во институциите и фирмите, кои се претходно обучени за негово користење. Оттука, […]

Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб-страниците на институциите

Заложбата се однесува на т.н. активна транспарентност на институциите што подразбира објавување на информации на сопствена иницијатива без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации од јавен карактер. Заложбата треба да им овозможи на граѓаните, фирмите и на сите други заинтересирани групи брз, лесен и континуиран пристап до основните […]

Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки

На 27 јануари 2021 година и во Република Северна Македонија се воспостави Регистар на вистински сопственици за да се зголеми транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и да се исполнат меѓународните и стандардите на ЕУ за борба со перење пари и финансирање тероризам. Правните лица имаа рок до 27 април 2021 година, […]

Овозможување на пристап до терапија и здравствени услуги на лица кои употребуваат дроги по издржување на казна затвор

Отежнат пристап кон остварување на правото на лекување на лицата кои употребуваат дроги, по издржување казна затвор, бидејќи се отпуштаат без документи за лична идентификација и здравствено осигурување, кои им се неопходни да продолжат да се лекуваат со супституциски третман на лекување со метадонска терапија.  Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за […]

Унапредување на механизмите за заштита на жртвите на вознемирување на работно место

Во РСМ недостасува статистика за бројот на жртви на мобинг. Сепак според истражувањата на МОТ над 4% од работниците се предмет на психичко насилство, 2% на сексуално злоставување и 8% на заплашување и малтретирање. Па доколку се земе во предвид оваа статистика, во РСМ од вкупниот број на вработени се проценува дека има 111.936 жртви […]

Зголемување на пристапот до загарантираните облици на заштита на жртвите на трговија со луѓе

Во периодот од 2005 до 2019 година се идентификувани 116 жртви на трговијата со луѓе (ТЛ). Од 2014 година наваму, мала е бројката на идентификувани жртви  која пред сѐ, се должи на отсуство на активна идентификација од страна на надлежните институции. Искуствата во практиката често покажуваат дека идентификувањето на жртвите затајува некаде низ лавиринтите на […]

Достапни е-услуги во руралните средини

Немање информациjа за постоење на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk (Порталот) и сите податоци достапни на него; немање доволно дигитална писменост на локалното население за користење на е-услугите на Порталот; немање доверба во институциите и доверба во електронското комуницирање. Одолговлекување на времето и квалитетот на добиената услуга , пример, за една потврда од општина […]

Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на обезбедувањето на локалните јавни услуги

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областa на образованито

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на превентивната здравствена заштита

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на вработувањето

Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу […]

Напишете коментар