Appointed Institution
Last update on
22 August 2024
Total achievements to be successful: 5
Achieved Achievements: 0/5
Achievements on hold: 0/5
Unrealized achievements: 5/5
In progress achievements: 0/5
3.2.1 Изработка на План за превенција на семејно насилство
3.2.2 Промовирање на едукативни материјали за подигање на јавната свест и улогата на практичарите
3.2.3 Одржување (две) работилници за практичари за запознавање со планот за превенција и промотивно-превентивните материјали
3.2.4 Одржување четири информативни трибини за општа јавност во четири градови и дистрибуирање на промотивни материјали во 78 полициски станици, 27 Основни судови, 22 ОЈО,
3.2.5 Спроведување две обуки за практичарите за подобрување на нивното постапување во случаи на семејно насилство
3.2 Спречување на насилството врз жените и семејното насилство
What public problem is addressed by the commitment?
Заложбата е насочена кон подигање на јавната свест и едукација на практичарите од надлежните институции за спречување на семејното насилство. Имено, покрај законското регулирање на семејното насилство од 2004 година жените сè уште не препознаваат одделни форми на семејното насилство, како што се психолошкото и економското и не се запознаени со законските механизми за заштита. Оттука произлегува потребата од континуираната системска едукација на практичарите од полицијата, судовите, ОЈО, ЦСР, здравствени установи и другите институции кои се вклучени во системот за заштита. И покрај тоа што НАП за спроведување на Истанбулска Конвенција 2018-2023 и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство(Службен весник на РМ бр. /04 и РСМ бр. 24/21) ја издвојуваат превенцијата како приоритетна област на делување, за која изостанува распределбата на средства и спроведување на превентивни мерки. Од ваквите состојби се особено погодени ранливите групи на жени, како што се жените кои живеат во руралните средини, жените со попреченост, припадничките на етничките малцинства. Заложбата предвидува спроведување на сеопфатна национална кампања за информирање на јавноста, а особено ранливите групи на жени за природата на семејното насилство и законските обврски на институциите надлежни за пријавување на насилството врз жените и семејното насилство, како и едукација на практичарите од овие институции.
Main goal of the proposal
- Каков проблем адресира заложбата?
Недоволна превенција на семејното насилство, поради недоволното разбирање во јавноста на природата на семејното насилство и законските механизми за заштита, како и неопходноста доедукација на практичарите од полицијата, основни граѓански и кривични судови, јавни обвинителства, Центрите за социјална работа (ЦСР) и здравствени установи.
Семејното насилство претставува сериозен општествен проблем кој е резултат на родовата нееднаквост и дискриминација на жените во нашето општество. Високата застапеност на родовите стереотипи и предрасуди кои налагаат подредена улога на жената во однос на мажот во семејството и општеството е основната причина за појава и опстојување на семејното насилство. Превенцијата на насилството врз жените и семејното насилство е издвоена како приоритетна област во сите релевантни документи на меѓународно ниво кои се ратификувани од нашата држава, вклучително и Конвенцијата за борба против насилството врз жените и семејното насилство на Совет на Европа (Истанбулска конвенција). За ефективното справување со семејното насилство потребно е подобрување на информираноста на јавноста за родовата еднаквост, природата и карактеристиките на семејното насилство, како и законските механизми во рамките на граѓанско правниот и кривично правниот систем на заштита воспоставен од 2004 година. Имено, кривично правната заштита се обезбедува преку инкриминирањето на актите на семејното насилство и примена на построга казнена политика на сторителите, додека граѓанско правната заштита на жртвите на семејно насилство се обезбедува преку изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство. И покрај ваквата законска уреденост во пракса сè уште изостанува ефективната заштита на жените што претрпеле семејно насилство. Ваквата состојба се должи на необезбедување на потребните буџетски и човечки ресурси за спроведување на законските обврски на институциите, како и на ненадминувањето на долготрајните системски проблеми, вклучително и недоволното информирање на општата јавност како и потребата од системска едукација на практичарите од надлежните институции кои се вклучени во системот на заштита. Изостанува спроведувањето на сеопфатна национална кампања за информирање на јавноста, особено ранливите категории на жени за природата на семејното насилство. Жените сè уште не препознаваат одделни форми на семејното насилство (психолошкото и економското насилство) и не се запознаени со кривичната постапка за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство. Истото се однесува и на постапката за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство. Жените не се запознаени со нивните законски гарантирани права во постапките кои ги водат за решавање на проблемите кои произлегуваат од семејното насилство, како што се разводот на брак, старателството и издршката за децата, делбата на имот, надомест на штета и др. Поради трошоците поврзани со семејното насилство и неповолната финансиска состојба жртвите не се во можност да бараат ефективна судска разрешница на наведените проблеми, а истовремено не се запознаени и не ги користат правото на ослободување од плаќање на трошоци во постапките согласно Законот за парнична постапка и правото на бесплатна правна (секундарна) правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош. Токму поради тоа потребно е да се воспостави системска континуирана едукација на практичарите од институциите кои се вклучени во обезбедувањето на помош и поддршка на жртвите.
Во однос на тоа, постоечките емпириски истражувања и официјалните статистички податоци за пријавените случаи на семејно насилство говорат дека во последните 20 години има континуиран тренд на висока застапеност на семејното насилство. Истражувањето за насилството врз жените во РС Македонија покажува дека 44 % од жените доживеале психолошко насилство од интимниот партнер, а 60 % сметаат дека семејното насилство е доста распространето во државата. Три пати повеќе жени во државата (48 %) сметаат дека семејното насилство е приватна работа која треба да се решава дома, споредено со жените од државите ширум ЕУ. Дури две третини не се доволно информирани за тоа што треба да прават во случај на насилство, додека само 2 % од оние кои претрпеле семејно насилство истото го пријавиле во полиција (Организација за безбедност и соработка на Европа – ОБСЕ 2019, Извештај за насилството врз жените во Северна Македонија, Благосостојбата и безбедноста на жените). Статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи за семејното насилство во периодот 2017-2023 година покажуваат тренд на континуирано зголемување на бројот на пријавени случаи на годишно ниво. Во 2022 година биле евидентирани највисокиот број на случаи, односно 1117 кривични дела, 366 прекршоци и дури 4421 поплака како резултат на семејното насилство. Во 2023 година продолжува ваквиот тренд, односно во периодот од јануари до септември 2023 година (9 месеци) се забележани вкупно 841 кривично дело, 245 прекршоци и дури 3776 поплаки (МВР, Статистика за семејно насилство за 2017-2022 и квартални статистики податоци за 2023).
Оваа заложба вклучува мерки за надминување на образложените системски недостатоци во справувањето со семејното насилство на полето на превенција, преку планирање и спроведување на активности за подобрување на разбирањето во општата јавност и задолжителна едукација на практичарите од надлежните институции и распределба на потребните ресурси за нивно спроведување.
- Кои се причините за проблемот?
Една од главните причини за ваквите состојби е „занемарувањето“ на превенцијата на семејното насилство од страна на државата и покрај тоа што политиките и законите наметнуваат обврска за распределба на буџетски средства за спроведување на активности за подигање на јавната свест и едукација на практичарите од институциите вклучени во системот на заштита.
НАП за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа 2018-2023 и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство ја издвојуваат превенцијата како приоритетна областа на делување, меѓутоа изостанува распределбата на финансиските средства и спроведувањето на предвидените превентивни активности кон општата и стручна јавност. Имено, во член 27 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е наведено дека надлежностите на органите на државната управа, ЕЛС и правните лица кои вршат јавни овластувања ќе се спроведуваат преку обезбедување на финансиски средства во рамките на ресорните буџети. Во член 34 од Законот е регулирана обврската за донесување на програма за превентивни мерки и активности и спроведување на кампања и воспоставување на систем за редовно објавување на податоци за превенција од насилство. Законот исто така предвидува и изречни индивидуални обврски за креирање на политики за превенција и обезбедување на финансиски средства за нивно спроведување од страна на Министерството за труд и социјална политика (чл. 17), Министерството за внатрешни работи (чл. 18), Министерството за здравство (чл. 19), Министерството за правда (чл. 20) и ЕЛС (чл. 21). Оправданоста за оваа заложба е поголема доколку се земе предвид дека меѓународните тела за следење на спроведувањето на стандардите за женски човекови права, како што се Комитетот за елиминирање на дискриминација врз жените при Обединетите Нации (ОН) континуирано укажува на потребата за преземање на превентивни активности од страна на државата. Потребата за интензивирање и диверзифицирање на активностите за подигање на јавната свест е нагласена и во првиот извештај за евалуација на РСМ на Експертската група на Советот на Европа за борба против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО телото за следење на спроведувањето на Конвенцијата за борба против насилството врз жените и семејното насилство на Совет на Европа (Истанбулска конвенција)
How will the commitment contribute to solving the public problem?
1. Што е досега направено за да се реши проблемот?
Досегашниот пристап на државата беше главно декларативен и се состоеше од усвојување на стратегии, политики и закони без обезбедување на потребните предуслови за нивното спроведување во пракса. Иако превенцијата на семејното насилство, односно потребата за преземање на активности за подигање на информираноста во јавноста и едукација на практичарите од надлежните институции е препознаена како една од приоритетните области на делување во политиките и законите од областа на родовата еднаквост, насилството врз жените и семејното насилство, сепак изостанува ефективното спроведување на планираните цели, мерки и активности на ова поле. Дотолку повеќе што не се спроведуваат ниту изречните законски обврски за обезбедување на финансиски средства од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство образложени претходно.
Досегашните напори на полето на подигање на јавната свест и едукација на практичарите се преземени главно на иницијатива на меѓународните и граѓанските организации, кои беа декларативно поддржани од страна на надлежните министерства и институции. Сепак ограничениот опфат на населението со овие кампањи (особено населението од руралните средини) и нивната зависност од донаторска поддршка директно се одразува врз влијанието кое истите го имаат на национално ниво.
2. Какво решение предлагате?
Планирањето и спроведувањето на сеопфатни превентивни активности од страна на надлежните министерства и институциите вклучени во системот за заштита од семејно насилство директно ќе придонесе за препознавање на насилството и ќе ги поттикне жените да го пријават а истовремено ќе овозможи и подобрување на постапувањето на практичарите од надлежните институции. Фокусот ќе биде ставен на интензивирањето на спроведувањето на законските обврски во однос на превенцијата на семејното насилство од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. Министерството за внатрешни работи е водечко министерство за спроведување на предвидените активности земајќи предвид дека полицијата е влезната точка во кривично-правниот систем за заштита од семејно насилство, а воедно има многу значајна улога и во спроведувањето на итната мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување“, како и во однос на привремените мерки за заштита кои го сочинуваат граѓанско правниот систем на заштита. Министерството за правда ќе биде активно вклучено во спроведувањето на предвидените активности а во работната група ќе бидат повикани да се вклучат и останатите субјекти, како што се МТСП, МЗ, ЕЛС и други.
Појдовна основа за спроведување на заложбата е подготовка на План за превенција на семејното насилство од страна на надлежните министерства, кои ќе опфатат две приоритетни области на делување:
- Подигање на свеста кај јавноста, особено за ранливите групи на жени за природата на насилство врз жените и семејното насилство, механизмите за заштита на законските гарантирани права, преку сеопфатна национална кампања во урбани и рурални средини, користење на „традиционални“ и алтернативни канали за комуникација со јавноста.
- Подобрени капацитети на практичари од полицијата, граѓанските и кривичните судии и јавни обвинители за справување со семејното насилство, преку организирање на почетни и континуирани обуки, вклучувајќи и друг вид едукативни настани.
За секоја од приоритетните области ќе бидат специфицирани конкретни мерки, индикатори, носители и потребните буџетски средства за нивно спроведување. Планирањето ќе се заснова на искуството и потребите на жените што претрпеле семејно насилство и самите практичари вклучени во системот на заштита, со што ќе се промовира планирање базирано на докази. Подготовката на планот и подготвителните активности за спроведување на истиот преземени во 2024 година, спроведувањето ќе започне почнувајќи од 2025 година. Значајно е да се напомене дека заложбата предвидува и продолжување на активностите во однос на семејното насилство содржани во тековниот НАП за ОВП 2021-2023, како што е редовното објавување на податоци за пријавените случаи и преземените мерки за заштита на жртвите.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
- Подигнато нивото на јавната свест во однос на природата, карактеристиките и последиците од семејното насилство, како и законските механизми за заштита. Заложбата треба да резултира во препознавање на семејното насилство, задолжително пријавување во институциите, запознаеност со законските механизми за заштита, како што е кривичната постапка за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство и граѓанската постапка за изрекување на привремени мерки за заштита, како и законски гарантирани права како што се правото на ослободување од плаќање на трошоците и правото на бесплатна правна помош во граѓанските судски постапки.
- Подобрено е постапувањето на полицијата, кривичните и граѓанските судии и јавните обвинители како резултат на зајакнатите знаења и вештини преку континуираната едукација. Практичарите ќе стекнат соодветни знаења и вештини за подобрување на одделните аспекти од нивното постапување и обезбедување на ефективна заштита и решавање на специфичните проблеми на жените што претрпеле семејно насилство.
Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information
1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
- ЗАЛОЖБАТА Е ВАЖНА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТА бидејќи:
-
- овозможува пристап до нови и повеќе информации за јавноста, жртвите на семејно насилство и практичарите од институциите и правосудството
- го подобрува квалитетот на информациите, преку развивање и комуникација на посебни пораки за секоја целна група
- ја подобрува пристапноста до информации за семејното насилство преку проактивно вклучување на полицијата и правосудството
2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
- ЗАЛОЖБАТА Е ВАЖНА ЗА ЈАВНА ОТЧЕТНОСТ бидејќи:
- создава/подобрува правила, прописи и механизми за јавна одговорност на функционерите, преку подобрување на постапувањето на институциите и правосудството и јавното периодично објавување на податоци за пријавените случаи и преземените дејствија
3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
- ЗАЛОЖБАТА Е ВАЖНА ЗА ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО бидејќи:
-
- Создава/подобрува можностите и условите за јавното учество и влијание во креирањето на одлуките, преку планирање на превентивни мерки врз основа на специфичните потреби на жените што претрпеле семејно насилство, вклучително и ранливите групи, како што се жените од руралните средини, етничките малцинства и жените со попреченост
- Создава/подобрува овозможувачка околина за граѓанското општество преку решавање на долготрајните проблеми на ниво на превенција за кои континуирано 20 години застапуваат граѓанските организации кои работат на родовата еднаквост и заштита од родово базирано насилство
Other included subjects
Institutions
- Ministry of Health
- Ministry of Justice
- Ministry of Labour and Social Policy
- Parliamentary Institute of the Assembly of the Republic of North Macedonia
- The Association of the Units of Local Self-Government of RNM – ZELS
- Центар за социјална работа
- Основни судови
- Јавни обвинителства
- Здравствени установи
Organizations
- Association for emancipation, solidarity and equality of women
- Граѓански организации
- Приватен сектор
- Меѓународни организации