Appointed Institution
Contact person
м-р Билјана Бабушковска, Раководител на Одделение за внатрешна ревизија biljana.babushkovska@zdravstvo.gov.mk
Last update on
05 December 2022
Total achievements to be successful: 4
Achieved Achievements: 0/4
Achievements on hold: 4/4
Unrealized achievements: 0/4
In progress achievements: 0/4
3.2.1 Формирано координативно тело составено од седум члена кои ќе работат на координација на активностите, а кое ќе го сочинуваат: по еден претставник од секоја граѓанска организација вклучена во оваа активност (5 претставници на граѓански организации, од кои една од национално и четири од локално ниво) и четири претставници на Министерството за здравство од кои еден одговорен за превентивна здравствена заштита, еден претставник од секторот за стратешко планирање. Еден претставник на кабинетот на министерот и еден одговорен за финансии.
Подготвен и испратен до ЕСЕ Допис за номинација на претставници од Министерството за здравство со цел учество во координативното тело.
Proposal goal indicators: Воспоставено координативно тело (да/не)3.2.2 Развивање и објавување на електронска платформа за информирање, следење, вклучување на граѓани во програмите за превентивна здравствена заштита и задолжително предвидување на механизам за прибирање, разгледување и обезбедување на одговор на секој од прибраните предлози од граѓаните.
3.2.3 Спроведена кампања за информирање на јавноста за можностите кои ги нуди платформата, преку развој и спроведување на комуникациска стратегија.
3.2.4 Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на жените и децата од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на со нивните правата кои произлегуваат од програмите за превентивна заштита.
Воспоставена пилот соработка со ГО од Тетово, Куманово, Шуто Оризари и Прилеп за идентификување на жените и децата од ранливи категории со цел спроведување на активности за запознавање на со нивните правата кои произлегуваат од програмите за превентивна заштита.[1]
[1]Програма за активна здравствена заштита на мајки и деца, Програма за рана детекција на малигни заболувања, програма за систематски прегледи, Програма за ослободување од партиципација, програма за јавно здравје кои во себе содржат услуги за наменети за нив, преку користење на мултидисциплинарен пристап, како и фацилитирање на процесот на искажување на мислењата и предлозите на жените и мајките пред надлежните институции со користење на развиената платформа. Пилотирањето ќе се однесува само за оние програми наменети за превентивна здравствена заштита на жени, мајки и деца.
Proposal goal indicators: Број на мапирани домаќинства за идентификување на невработени и нерегистрирани граѓани во евиденцијата на АВРСМ (Таргет: 250 по општина) Број на реализирани средби со идентификуваните домаќинства (Таргет: 1 средба по домаќинство) Број на анкетирани граѓани (Таргет: 1000) Број на подготвени планови за адресирање на идентификуваните проблеми помеѓу граѓаните (таргет 1).3.2 Јавни услуги и политики темелени на граѓанските приоритети од областа на превентивната здравствена заштита
What public problem is addressed by the commitment?
Земјите од регионот на Југоисточна и Централна Европа, во кои потпаѓа и Република Северна Македонија, заостануваат зад западноевропските земји во однос на главните индикатори за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Високото ниво на затвореност на јавните институции и ниското ниво на запознаеност на граѓаните со своите основни права, како и недостатокот на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и јавните институции, го ограничуваат процесот на унапредување на јавните услуги и пристапот до нив. Дополнително, развојот на технологиите и можностите за дигитализација во светот, ги поттикнаа Владите во регионот, вклучително и Владата на РСМ да иницираат процеси на дигитализација на одредени услуги и воведување на технологии за автоматизирано објавување на податоци. Повеќето од досегашните иницијативи се однесуваат на развивање продукти кои би придонеле за унапредување на нивото на транспарентност на институциите, но во голем дел од овие иницијативи го занемаруваат аспектот на вклучување на граѓаните и не ги земаат во предвид граѓанските мислења, односнозголемувањето на обемот на податоци кои се јавно достапни што се постигнува со досегашните иницијативи, а треба да придонесе кон зголемена активност на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, не ги даваат посакуваните резултати. Ваквата состојба се јавува од две причини, и тоа: сложеност на податоците кои се објавуваат и неможноста да граѓаните ги разберат истите, како и заради непостоењето на воспоставени механизми за двонасочна комуникација помеѓу оние кои објавуваат податоци и овие за кои тие податоци се наменети.
Недостатокот на механизми за двонасочна комуникација помеѓу Министерството за здравство и граѓаните придонесува за ниска доверба на корисниците во овие институции и мал одзив на граѓаните, со фокус на ранливите групи и средини.
Main goal of the proposal
Главната и долгорочна цел на заложбата е да се воспостави организиран систем и пракса на двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и донесувачите на одлуки при планирање, спроведување и евалуација на здравствените политики и услуги.
How will the commitment contribute to solving the public problem?
Заложбата со своите активности ќе допринесе за иницирање на промени и воспоставување на позитивни практики на две нивоа, и тоа: национално и локално ниво, преку соработка погоренаведените јавни институции со граѓанските организации на национално и локално ниво. Сите активности на оваа заложба ќе се фокусираат на воспоставување на механизми за вклучување на граѓаните кои се утврдени како корисниците на превентивните програми за здравствена заштита со фокус на оние наменети за жени и деца.
Заложбата ќе се фокусира на: 1) воспоставување на континуирана соработка помеѓу министер/државен секретар за планирање, следење и спроведување на превентивните здравствени програми и граѓанските организации вклучени во оваа заложба, кои по завршувањето на акцискиот план би ја продолжиле соработката и би работеле континуирано на развивање на целните политики. 2) развивање на платформи за консултации и транспарентност и работа со граѓани од ранливи групи во насока на нивно запознавање со правата од предметните политики, прибирање на нивни препораки и мислења, како и запознавање со можностите за идно вклучување во процесите на донесување на одлуки. 3) Промовирање на развиените платформи помеѓу пошироката јавноста со цел широка употреба, преку директна вклученост на одговорни за односи со јавност во министерството за здравство /Кабинет на министер и вклученост на граѓаните во процесите на планирање, следење и оценување на услугите од областа предмет на оваа заложба. 4) Унапредување на политиките/праксата врз основа на добиени предлози и учество на граѓаните, со обезбедување на повратен одговор за статусот и превземените чекори по доставените предлози.
Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information
Оваа заложба во себе содржи активности кои овозможуваат воспоставување и практикување на мехнизми за вклучување на граѓани во процесите на донесување на одлуки во областа на здравството. Оттука, сите предложени решенија придонесуваат кон остварување на поставените цели и акции на Владата на РСМ по поднесување на доброволниот преглед за спроведување на ЦОР на Високиот политички форум во 2020 година. Односно, кон ЦОР 3. Следен чекор: Министерството за здравство ќе продолжи со имплементација на иницијативите и активностите наведени во стратешките документи и акциските планови и ќе започне со подготовка на новата Национална здравствена стратегија за периодот до 2030 година. Стратегијата ќе обезбеди насока за реформите во здравствениот систем на сите нивоа.Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на планирањето, спроведувањето и следењето на јавните услуги кое ќе придонесе кон зголемување на задоволството на граѓаните од искуството од испорачаните јавни услуги.