Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 1

Achieved Achievements: 0/1

Achievements on hold: 0/1

Unrealized achievements: 1/1

In progress achievements: 0/1

Незапочнато

Планирани достигнувања

Proposal goal indicators: Донесување одлука на координација за организирање на надзорна расправа Определување на работно тело за спроведување на надзорната расправа Определување на агенда, гости, обраќања од други органи Покана на гости, медиуми, НВО и граѓани

3. Надзорна расправа во Собранието за спроведувањето на националниот ПОВ план 2024-2026

What public problem is addressed by the commitment?

Собранието е законодавна власт во системот на организација на државната власт во државата и суверен претставник на волјата на граѓаните.

Во определбите за отвореност и транспарентност на законодавната власт Собранието е дел од Партнерството за отворена власт од 2018 година и тоа со посебна работна група, посебен Акциски план со заложби кон ПОВ и пристапи кон надворешен мониторинг на следење на спроведувањето на предвидените активности.

Освен ова, во капацитетот на својата законодавна функција, Собранието дава поддршка на сите законски решенија кои другите власти, извршната и судската ги предлагаат за остварување на нивните ПОВ заложби.

На крај, Собранието има и надзорна функција, и во оваа смисла е заинтересирано во целост да го следи спроведувањето на националниот ПОВ план 2024-2026.

Заради тоа во Акцискиот план 2024-2026 се предвидува одржување на надзорна расправа во соодветното работно тело.

Main goal of the proposal

1.Каков проблем адресира заложбата?

Заложбата треба да стимулира практицирање на надзорната улога на парламентите, дури и во однос на спроведувањето на ПОВ. Според Меморандумот за вклучување на парламентите од ПОВ, се препорачува парламентите освен за себе да се вклучат и со надзор на тоа што другите власти спроведуваат.

Со оглед на тоа што станува збор за програмирање на петтиот циклус на Акцискиот план кон ПОВ, Собранието како законодавна власт во својот уставен капацитет за надзор над органите на извршната власт до сега не спровел надзорна расправа. Националниот ПОВ план е документ на извршната власт кој го предлага МИОА и го усвојува Владата.

Засегнат од оваа заложба е Собранието, затоа што значи практицирање на уставни надлежности на законодавната власт.

Други засегнати се и сите органи од извршната и судската власт кои предлагаат мерки во националниот ПОВ план.

2. Кои се причините за проблемот?

Спроведувањето на надзорна расправа треба да даде отчет и информирање на пратениците за спроведувањето на активностите од националниот ПОВ план.

Дополнително, самото програмирање на ваква заложба дава предвидливост и на надзорните расправи во Собранието. Имено, законодавецот во Законот за Собранието веќе предвидел дека на институтот координација, координаторите на политичките партии со претседателот на Собранието прават годишен план на надзорни расправи во Собранието.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Собранието, со оглед на тоа што е вклучено во ПОВ преку сопствен акциски план, во рамки на процесот на ко-креација на документот е вклучено на ниво на работна група од пратеници, претставници од парламентарните политички партии, вработени во службата на Собранието, партнерски меѓународни и домашни граѓански организации. Понатаму во однос на конкретните заложби постојат и работни подгрупи.

Значи што се однесува до сопствениот Акциски план Собранието е запознаено и го спроведува истиот.

За принципите и природата на ПОВ, делумно се информирани пратениците во рамки на разни настани за промоција на активности и на партнерството. Работната група се информира само за акцискиот план на Собранието, така да подетално координаторите или пратениците не се запознаени со заложбите на другите власти и органи.

2. Какво решение предлагате?

Заложбата предвидува организирање на надзорна расправа во едно од работните тела, со сите чекори предвидени согласно Деловникот на Собранието.

Надзорната расправа ќе даде информации за пратениците за тоа што прави државата во врска со националниот ПОВ план, но исто така и во форма на излагања, сведоци ќе може и да се спознаат проблемите степенот на реализација, водачи во спроведување итн.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Какви резултати би сакале да постигнеме? Какви промени во знаењето, вештините и капацитетите сакаме да постигнеме? Какви промени во однесувањето, системите и практиките сакаме да создадеме?

Резултатот од оваа заложба е директен и индиректен.

Директни резултати се вклучување на законодавната власт во својот надзорен капацитет.

Информирање на пратениците за ПОВ.

Индиректни резултати се предвидливост на користењето на институтот надзорна расправа во Собранието во врска со други теми и политики.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Во спроведувањето на заложбата, надзорната расправа е отворена за јавноста.

Дополнително ќе биде емитувана на собранискиот ТВ канал.

Медиумите исто ќе имаат можност директно да присуствуваат.

Јавното отворање на спроведувањето на политиките го прави парламентот ангажиран во следењето на работата на извршната и судската власт во делот на спроведување на ПОВ.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Присуството на јавноста на надзорната расправа предизвикува поголем интерес и кај пратениците.

Информирањето на пратениците со информирање на јавноста и граѓаните директно и изворно може да се запознаат со тоа што се работи.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

 

Other included subjects

Institutions

  • Јавен сектор

Organizations

  • Приватен сектор


Leave a Reply