Appointed Institution

Contact person

Сусана Новаковска, Министерство за внатрешни работи - координатор на заложба susana_novakoska@moi.gov.mk

Last update on

09 February 2023

Total achievements to be successful: 8

Achieved Achievements: 0/8

Achievements on hold: 3/8

Unrealized achievements: 3/8

In progress achievements: 2/8

Ограничено

3.6.1 Воспоставени мобилни тимови за теренска работа на подрачјето на Охрид и Струга, и на подрачјето Штип и околните градови

Мобилните тимови спроведуваaт програмски активности т.е одржуваат редовни состаноци,теренски посети, контакти, упатувања и помош на ранливи категори, заради поефикасна навремена идентификација на жртви /и потенцијални жртви на ТЛ. На територијата на РС Македонија формирани се пет мобилни тимови : Тетово, Скопје, Куманово, Битола и Гевгелија.

Во насока на воспоставување на мобилни тимови во други општини,  Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција донесе одлука за воспоставување  на три  мобилни тимови за идентификација на ранливи категории, вклучувајќи ги и жртвите на трговија со луѓе на подрачје на Охрид, Струга и Штип,  кои  сеуште се во процедура на назначување на нивни членови.

Proposal goal indicators: Број на воспоставени мобилни тимови
Значително

3.6.2 Систематско собирање на податоци за трговија со луѓе преку користење на расположливата алатка за мониторинг и евалуација на состојбите на трговија со луѓе во РСМ и нивно редовно објавување.

Националната комисија за борба против трговија со луѓе во континуитет презема активности за подобрување на идентификацијата на жртвите од ТЛ, како и обезбедување нивна помош и заштита. Комисијата, индикаторите  за собирање и следење на податоци ги селектира преку Образецот за следење на случај на жртви за трговија со луѓе, изработен согласно СОП за постапување со жртви. Во однос на воспоставување прецизни индикатори, а согласно имплементацијата на Стратегијата за трговија со луѓе, Комисијата донесе Решение за формирање на Оперативен тим (МВР,ОЈО,МТСП и Здружение на граѓани) за координација, следење и управување со случаи на трговија со луѓе, кој веќе е во функција.

Воедно, Комисијата има воспоставено електронска база на податоци за идентификација на жртва која се води преку Образецот за следење на случај на жртви за ТЛ, означен со индивидуална кодна шифра. Притоа,  во тек е креирање на проектот HUMANE поддржан од  Министерство за наука на Германија, преку кој ќе се развие меѓународна платформа за обработка на податоци за трговијата со луѓе. Во проектот од РСМ ќе учествуваат претставници од Отворена  Порта Ла страда, Европски универзитет и  Националната единица за борба против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе и од Одделот за гранични работи  при МВР.

Објавени се четири анализи и еден документ за јавни политики:

  • Анализа на случаи на трговија со луѓе и деца: Предизвици за ефективно гонење и санкционирање на сторителите;
  • Анализа на трендовите на трговија со луѓе во земјите членки на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (MARRI);
  • Панел дискусија и презентација на првични согледувања од истражувањето –„Онлајн експлоатација и трговија со деца“ ( следи финализирање на истражувањето земајќи ги во предвид коментарите/ препораките кои се произлезени од презентацијата);
  • Анализа од областа за криумчарење на мигранти во РСМакедонија„ (Македонско здружение на млади правници согласно проект на ЕУ „Безбедност на човекот и границите – Борба против криумчарење на мигранти во Западен Балкан „ https://myla.org.mk);
  • Документ за јавни политики ,,Сезонската работа- плодна почва за трудова експлоатација’’( https://myla.org.mk)
Proposal goal indicators: - Број на селектирани соодветни индикатори за следење и собирање податоци -Воспоставено функционално софтверско решение за собирање на податоците (да/не) -Број на објавени анализи за состојбата на трговија со луѓе во РСМ
Незапочнато

3.6.3 Воспоставување на база на податоци за поведени постапки и идентификувани случаи на он-лајн експлоатација на деца и нивно редовно објавување. Извештаите со сензитивните податоци( интерни извештаи) ќе се користат за раководење на случаевите. Податоците ќе се објавуваат и во извештаи одјавен карактер кои ќе бидат во генерална форма во согласност со законот за заштита на лични податоци, заштита наидентитетот и приватноста согласно Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица при автоматска обработка на податоци (ETS No. 108).

Proposal goal indicators: - Воспоставена функционална база на податоци (да/не) - Број на објавени извештаи од интерен /јавен карактер
Ограничено

3.6.4 Остварување на правото на обесштетување на деца -жртви на трговија со луѓе преку донесување и објавување на: -Програма за обесштетување на дете жртва согласно Законот за правда за децата и -Информација за спроведувањето на Програмата за обесштетување на дете жртва.

Согласно одредбите од Законот за правда на децата,  во рамки на Министерството за правда    донесена е Програма за обештетување на дете  жртва  за 2022 година, преку која се обезбедуваат средствата за обештетување.

Процентот на спроведување на Програмата,    не може да согледа, бидејќи  заклучно со јуни 2022 година  од страна на судовите   до министерството сеуште  не се донесени Решенија за обештетување на дете жртва на трговија со луѓе

Програмата е објавена во Службен веснк на РСМакедонија, бр.40 од 23 февруари 2022 година и истата е достапна на страната https://pravda.gov.mk/resursi/28.

 

 

Proposal goal indicators: -Процент на спроведување на Програмата за обесштетување на дете жртва - Број на јавни информативни објави за правото на обесштетување и пристап до Програмата за обесштетувањена веб страниците и социјалните мрежи на МП.
Незапочнато

3.6.5 Спроведени активности за подигнување на свесноста и информирање на јавноста и на жртвите за остварување на правата предвидени со Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела.( оваа активност ќе започне со спроведување откако овој закон ќе се донесе)

Активноста е условена со донесувањето на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, но бидејќи истиот сеуште не донесен активнота не е реализирана.

Proposal goal indicators: -Број на јавни информативни објави на социјалните мрежи и веб платформата за правото на обесштетување и пристап до Комисијата за обесштетување -Печатени и дистрибуирани материјали за правото на паричен надоместок и постапката согласно Законот.
Значително

3.6.6 Спроведени редовни обуки на медицински персонал за зајакнување на нивното знаење за појавните облици на трговија со луѓе, постечкиот систем за пријавување и помош и поддршка, а во насока на идентификување, пријавување и упатување на жртви на трговија со луѓе.

Со цел спроведување на предметните обуки, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (MARRI) во соработка со Mеѓународна организација за правата на децата (Terre des Hommes), Националната комисија, Министерство за здравство, МВР, Отворена порта-Ла Страда изработи Здравствени индикатори и Водич за здравствените работници со цел идентификација и упатување на жртви /и потенцијални жртви на ТЛ во Западен Балкан. Во таа насока,  изработени се и стандардни оперативни процедури (СОП) за постапување во итни ситуации, како и  потпишан е Меморандум за соработка со цел обезбедување на неопходни медицински прегледи за потенцијалните и  жртвите на трговија со луѓе и други ранливи групи, спроведување на контрацептивни мерки за жртвите исто така и спроведување на обуки на медицинскиот персонал за правилно постапување со жртвите на трговија со луѓе, меѓу Отворена порта-Ла Страда и Универзитетска гинеколошката акушерска клиника – Скопје.

Во однос на едукативните активности  на медицинскиот персонал одржани се три обуки од кои две во рамки на проектот„ Зајакнување на регионалната соработка на механизмите за идентификување на жртвите и потенцијалните жртви на трговијата со луѓе на Западен Балкан„ наменети за обучувачи. Од страна на обучувачите спроведена е обука на тема „Зајакнување на знаењето за облиците на трговија со луѓе со цел препознавање и упатување до соодветна институција за добивање помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе„  на 20  стручни лица, лекари – гинеколози на, медицински сестри, (https://lastrada.org.mk). Притоа,  одржана е обука „Претставување на здравствени индикатори и регионални стандардни оперативни процедури за идентификација на жртви на трговија со луѓе“, со  мултисекторски карактер  односно следена со претставници од МЗ, МВР, МТСП, Институт јавно  здравство и Отворена Порта-Ла Страда.

На обуките учествувале 27 претставници од кои 23 биле претставници  од министерство за здравство.

Proposal goal indicators: -Број на спроведени обуки (таргет: 2 годишно) -Број на учесници на обуките
Ограничено

3.6.7 Спроведени информативни кампањи за охрабрување на жените и девојчињата да побараат помош и поддршка во случај на сексуално насилство, преку запознавање на јавноста со работењето и услугите кои ги нудат РЕП Центрите.

Во однос на активноста,  Министерството за труд и социјална политика подготви и промовираше кампањата за подигање на свеста за сите форми на родово насилство, насловена „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“, преку шест изработени видеа, прикажани во  телевизиски спотови, социјалните медиуми и како брошури со рекламен материјал.

Граѓанското здружение Отворена порта-Ла страда изработи и промовираше Брошура „Дали си жртва на трговија со луѓе? Препознај ги знаците„  на  македонски, ромски, албански и англиски јазик (https://lastrada.org.mk) со цел информирање за достапните услуги и права кои може да се остварат на територијата на РСМакедонија. Воедно, Отворена порта реализираше студиска посета во Холандија со претставници од Националната Комисија, Министерството за труд и социјална политика и Националниот механизам за упатување, со цел  размена на  искуства и практики во областа на директна помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе.

 

Proposal goal indicators: Број на спроведени кампањи (таргет: 1 годишно) -Број на објави по медиуми Изработена компаративна анализа (да/не) - Спроведена студиска посета (да/не) - Подготвени стандарди (да/не) -Број на спроведени средби за подготовка на стандардите
Незапочнато

3.6.8 Воспоставени програми за доквалификација и градење на вештини за возрасните и децата потенцијални и/или жртви од ТЛ  со цел нивна поголема подготвеност за вработување, зајакнување и реинтеграција

Во однос на активноста  не се спроведени обуки за создавање на вештини на потенцијални и/или жртви од  трговија со луѓе.

Proposal goal indicators: Број на учесници на обуките за доквалификација и стекнување на вештини за потенцијалните и/или жртвите на ТЛ

3.6 Зголемување на пристапот до загарантираните облици на заштита на жртвите на трговија со луѓе

What public problem is addressed by the commitment?

Во периодот од 2005 до 2019 година се идентификувани 116 жртви на трговијата со луѓе (ТЛ). Од 2014 година наваму, мала е бројката на идентификувани жртви  која пред сѐ, се должи на отсуство на активна идентификација од страна на надлежните институции. Искуствата во практиката често покажуваат дека идентификувањето на жртвите затајува некаде низ лавиринтите на државните институции. Во ист контекст, нотиран е случај во 2019 година во којшто малолетно девојче, доброволно, со поддршка на пријател, одлучило да пријави во една од надлежните институции дека е жртва на трговија со луѓе. Меѓутоа, од случајот произлегло  дека малолетното девојче веќе имало воспоставено контакти со таа надлежна институција, а институцијата не го препознала случајот како случај на жртва на трговија со луѓе.

Генерален е впечатокот дека содржината и форматот на презентираните податоци во годишните извештаи за трговија со луѓе, не соодветствуваат на потребата за утврдување на напредокот кој го прави државата на ова поле. Дополнително, отсуствува аналитички осврт на презентираните состојби, како и евалуација на постигнатото наспроти зададените цели преку кои ќе се мери прогресот во иднина. Ова  влијае врз појава на негативен впечаток за напрадекот на државата  од страна на меѓународните тела и граѓаните но оддруга страна и потешкотии во  донесување на одлуки и спроведување на промени усогласени со меѓународните стандарди.

Во Министерството за правда постои програма преку којшто треба да се обезбеди исплата на отштетата за деца-жртви на трговијата со луѓе доколку таа не може да се обезбеди од сторителот.

Жртвите по напуштањето на прифатилиштето најчесто се соочуваат со невработеност, проблеми со домувањето иако во самата програма за реинтеграција на жртвите од ТЛ вработувањето, домувањето, продолжувањето на образованието се наведени како главни елементи  во нивниот процес на реинтеграција. Во земјата не постојат посебни програми и мерки со коишто жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување. Жртвите на трговијата со луѓе не ги користат активните мерки за вработување обезбедени од државата преку Агенцијата за вработување, поради тоа што  АВРСМ нема посебен систем со којшто ќе се гарантира заштитата на  личните  податоци  и статусот на лицата-жртви.

Main goal of the proposal

Главната цел на оваа заложба е зајакнување на борбата против трговијата со луѓе во Република Северна Македонија како и обезбедување на ефикасна заштита на жртвите.

Како специфични резултати кои се очекуваат од оваа заложба се:

  • Зголемен број на идентификувани жртви на трговија со луѓе и обезбедени услуги
  • Зголемена транспарентност и отчетност на институциите кои работат на прашањето на трговија со луѓе

Зголемена информираност и пристап  за жртвите од трговија со луѓе до здравствени услуги, вработување и правда

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Заложбата ќе придонесе кон решавање на јавниот проблем преку воспоставување на ефективни мерки од страна на институциите насочени кон подобар пристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе. Решенијата ќе бидат спорведени преку реализација на повеќе активности кои ќе бидат спроведени во партнерство со граѓанските организации. Така, мерките вклучуваат воспоставување на мобилни тимови кои ќе работат на терен и ќе придонесат кон подобрена идентификација и заштита на жртвите од трговија со луѓе. Ќе се воспостави функционална база на податоци и ќе се работи на ревидирање и унапредување на  постоечкиот систем на собирање на податоци,  со што ќе се овозможи обезбедување јавно достапни податоци преку кои ќе може да се следи прогресот кој државата го прави на полето на сузбивање на трговијата со луѓе и заштита на жртвите.

Дополнително заложбата ќе придонесе кон зголемување на капацитетите на медицинскиот персонал за препознавење и постапување во случаи на трговија со луѓе. Жртвите на трговија и јавоста ќе бидат информирани за постоење на РЕП центрите и нивната расположливост за услуга.

Исто така, мерките ќе придонесат за поголема информираност на жртвите и нивните застапници за правото на надомест на штета за децата и возрасните жртви на трговија со луѓе. Ќе се креираат програми и мерки со кои што жртвите ќе можат да бидат вклучени во работниот процес во насока на економско зајакнување.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Овие заложби се директно поврзани и во иста насока со новата Стратегија и Акциски план (НАП) за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2021-2025. Дополнително дел од заложбите се во согласност со Акциски план за спроведување на конвенцијата за сперечување и борба против наслиство врз жени и семејно насилство во РСМ 2018-2023.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.3: Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на еднаков пристап до правда до сите. Со мерките на оваа заложбаќе се унапредат мерките на институциите за евиденција и за обезбедување на подобарпристап до услуги и поголема информираност на жртвите на трговија со луѓе.

Other included subjects

Institutions

  • Ministry of Health
  • Ministry of Justice

Organizations

  • Отворена Порта


Leave a Reply