Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 5

Achieved Achievements: 0/5

Achievements on hold: 0/5

Unrealized achievements: 5/5

In progress achievements: 0/5

Незапочнато

2.3.1 Развивање на онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning) и подготовка на електронски едукативни материјали и пристап до онлајн бази.

Proposal goal indicators: Број на одржани обуки преку Платформата за е-учење на АСЈО
Незапочнато

2.3.2 Систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса на веб-страницата на АСЈО

Proposal goal indicators: Број на објавени заклучоци, правни мислења и ставови на веб-страницата на АСЈО
Незапочнато

2.3.3 Јакнење на капацитетите на судиите за користење на е-learning платформата за континуирано учење

Proposal goal indicators: Број на судии и јавни обвинители кои посетувале обука преку платформата за е-учење на АСЈО
Незапочнато

2.3.4 Објавување на статистички извештаи за активности на судиите во e-learning платформата за континуирано учење

Proposal goal indicators: Број на објавени извештаи
Незапочнато

2.3.5 Воспоставување модерна е-библиотека и е-архива.

Proposal goal indicators: Број на е-книги достапни во е-библиотеката на АСЈО

2.3 Подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите

What public problem is addressed by the commitment?

Новата веб-страница на Академијата за судии и јавни обвинители е пуштена во употреба во септември 2019 година, меѓутоа сè уште има простор и потреба од овозможување за модернизирање на работата на АСЈО преку овозможување на модерна платформа е-учење како за кандидати за судии и јавни обвинители така и за постојните судии и јавни обвинители, преку овозможување на вебинари и учење преку софистицирано пребарување низ документи достапни на модерна е-библиотека и е-архива. Надоградбата на е-библиотеката и архивата на АСЈО е неопходна, со цел да се обезбедат соодветни материјали за континуирана едукација на (идните) судии и јавни обвинители

Main goal of the proposal
  • Овозможување на полесен пристап до содржините за почетно и континуирано учење на судиите
  • Преку онлајн платформа за одржување на основни и континуирани обуки за судии (е-learning), модерна е-библиотека и е-архива ќе се овозможи полесен пристап до материјали за стручно усовршување на судиите
  • Со систематизирање и редовно објавување на заклучоците на Апелационите судови и начелните ставови и мислења на Врховниот суд за воедначување на судската пракса ќе се придонесе кон зголемување на квалитетна и еднаква правда за сите.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Како заложбата  ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?

Преку заложбата за модернизирање на системот за основна и континуирана обука на судии и јавни обвинители, ќе се овозможи целосна достапност на основната и континуираната обука за слушателите, во услови кога учењето на далечина е единствената можност за доусовршување на капацитетите на судиите и обвинителите.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата предвидува јавно објавување и достапност на програмите и материјалите кои се користат за почетна и континуирана обука на судиите и јавните обвинители, вклучувајќи ги и заклучоците од средбите на четирите апелациони судови и Врховниот суд на РСМ што укажува за заложба за подобрување на транспарентноста на работата на АСЈО и судовите во РСМ и зголемување на квалитетот на судската правда.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа

Оваа заложба е важна за подобрување на квалитетот на судските одлуки во Република Северна Македонија преку  подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите на Академијата за судии и јавни обвинители до којашто имаат пристап сите судии во РСМ.

Other included subjects

Institutions

  • Судски совет на РСМ
  • Центар за правни истражувања и анализи
  • Сите судови во РСМ

Organizations

  • Здружение на судии


Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 3/3

In progress achievements: 0/3

Незапочнато

2.2.1 Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМ
Незапочнато

2.2.2 Подготовка на урнек на извештаи за судовите

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМ
Незапочнато

2.2.3 Упатство за пополнување на извештаи за судовите

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМ

2.2 Подобрување/унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците

What public problem is addressed by the commitment?

Во стратешките документи за правосудство континуирано се констатира дека формата на годишните извештаи на работа на судовите, Судскиот совет и на Врховниот суд се нееднакви, што создава проблеми во однос на јасноста, разбирливоста на извештаите, особено во делот на статистичките податоци поради несинхронизираност на податоците. Најголем дел од судовите водат статистика за бројот на примени, решени и предмети во работа која во значителна мера се разликува од статистиката на Судскиот совет за овие судови. Затоа, неопходно е да се униформираат и стандардизираат сите извештаи (месечни и годишни) што ги подготвуваат судовите и судските институции.

Main goal of the proposal
  • Извештаите на судовите се унифицирани и даваат целосна квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите
  • Потребно е да се подготви и донесе Методологија за воедначени обрасци за годишни извештаи, за потоа да се подготви соодветен образец на извештаи за судовите кој што ќе биде следен со детално упатство за нивното пополнување.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Како заложбата  ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?

Воведувањето на методологија на униформирани обрасци за воедначено пласирање на информации и податоци во јавноста пред се ќе доведе до конечна синхронизација на податоците со кои располагаат правосудните институции. Досегашната пракса на прибирање и систематизација на различни статистички податоци за судовите во РСМ ќе се замени со воедначен пристап и образец за собирање и објавување на овие податоци.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата овозможува униформираност на податоците на судовите кои се достапни за јавноста, со што заложбата е важна за подобрување на транспарентноста и отвореноста.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на судовите на Република Северна Македонија преку подобрување и унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците, со што на јавноста ќе и се овозможи целосна  квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите.

Other included subjects

Institutions

  • Судски совет на РСМ
  • Центар за правни истражувања и анализи
  • Сите судови во РСМ

Organizations

  • Здружение на судии
  • Здружение на судска администрација


Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 3/3

In progress achievements: 0/3

Незапочнато

2.1.1 Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на претседателите на судовите од страна на ССРСМ
Незапочнато

2.1.2 Квалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на веб- страниците на судовите од страна на ССРСМ
Незапочнато

2.1.3 Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за вршење на мониторирање на веб-страниците на судовите, односно за оценување на работата на претседателите во делот за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на веб-страниците на судовите од страна на ССРСМ

2.1 Зајакнување на надзорната улога на Судскиот совет врз транспарентноста на судовите

What public problem is addressed by the commitment?

Во Законот за Судскиот совет член 92, ст. 1, точка 5 е новина во македонската правна рамка, согласно кој, Судскиот совет цени дали претседателите на судовите доследно се грижат за односите со јавноста. Судскиот совет тоа треба да го врши преку увид во веб-страницата на судовите, односно преку проверка на соопштенијата, одлуките, анализите и извештаите кои се објавени. Судскиот совет, исто така, треба да оценува дали претседателот на судот се грижи за соодветно постапување по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

На крај од 2019 година, Судскиот совет донесе и усвои нов Деловник за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија, меѓутоа сѐ уште не е започнато со вршење на надзор над веб-страниците на судовите. За Судскиот совет да ги мониторира веб-страниците на судовите, односно да ја оценува работата на претседателите, треба да се воспостават конкретни процесни правила за таа намена (кој вработен или која организациска единица во рамки на Судскиот совет на РСМ ќе го врши увидот во веб-страниците на судовите, како тоа лице / таа организациска единица ќе го известува Судскиот совет за наодите, како членовите на Судскиот совет ќе оценуваат дали претседателот на конкретниот суд постапил согласно законот или не и слично).

Main goal of the proposal
  • Зајакнување на активната улога на Судскиот совет во следење на обезбедување на транспарентност од страна на претседателите на судовите во односите со јавноста,
  • Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно новиот Деловник за работа на Судскиот совет на РСМ
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Како заложбата  ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?

Заложбата предвидува активности што се целосно во насока на зголемување на транспарентноста на судовите преку воведување на систем на мониторинг на работата на претседателите на судовите во РСМ преку веб-страниците на судовите. 

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата овозможува пристап до поголем обем информации и ја подобрува пристапноста до информации до јавноста, со што заложбата се смета за транспарентна.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на Судскиот совет на Република Северна Македонија преку подобрување на правилата и механизмите со кои ќе се обезбеди одговорност на членови на Судскиот совет и вработените во спроведување на активна улога во обезбедување на транспарентност на судовите.

Other included subjects

Institutions

  • Сите судови во РСМ
  • Центар за правни истражувања и анализи

Organizations

  • Здружение на судии


Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 0/4

Achievements on hold: 0/4

Unrealized achievements: 4/4

In progress achievements: 0/4

Незапочнато

1.3.1 Дефинирање на каталогот на податоци согласно претходната пракса, историјат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и одржаните консултации

Proposal goal indicators: /
Незапочнато

1.3.2 Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет

Proposal goal indicators: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на РСМ
Незапочнато

1.3.3 Подготовка на водич и воспоставување на алатка за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ

Proposal goal indicators: Зголемен број на поднесени претставки од граѓаните на РСМ преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ и намален број на отфрлени претставки поднесени од страна на граѓаните
Незапочнато

1.3.4 Спроведување на идентификувани потребни софтверски подобрувања на веб-страницата на Судски совет на РСМ

Proposal goal indicators: Нов простор на веб-страницата со повеќе информации за медиумите и за начините на поднесување претставки до ССРСМ

1.3 Подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за функционирање на Судскиот совет

What public problem is addressed by the commitment?

Судскиот совет на РСМ има двојна улога кога станува збор за транспарентноста на правосудниот систем. Од една страна тој има активна улога, односно треба да ја мониторира транспарентноста и отвореноста на судството. Од друга страна тој се јавува како пасивен субјект кој треба да исполни законски обврски со цел да постигне транспарентност.

Законот за Судскиот совет на РСМ предвидува обврски за Советот на својата веб-страница задолжително да објави податоци околу: изборот на неговите членови (член 14 и член 25), обработените квартални и годишни извештаи за работата на судството (член 36, ст. 1, точка 14), записници од своите седници (член 39), одлуките донесени во повторената постапка (член 72, ст. 5), своите годишни извештаи.

Според некои понови анализи, достапноста на Судскиот совет на РСМ се оценува слабо, односно се констатира дека Судскиот совет нема добри канали за комуникација со граѓаните и со медиумите. Не постои водич за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-порталот и не постои водич за медиумите. Обврските на Судскиот совет кои произлегуваат од претставките од граѓаните се регулирани со Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Сепак на веб-страницата на Судскиот совет не можат да се најдат никакви информации за поднесување или одговор по претставки од граѓаните на РСМ.

Принципот на транспарентност е исто така на ниско ниво бидејќи освен добри оценки во поглед на достапните информации за организациската структура, се оценува дека не постојат политики за јавни набавки и не се објавуваат информациите поврзани со спроведените јавни набавки. 

Судскиот совет е имател на информации согласно Законот за слободен пристап. Тоа значи дека тој е должен да ги исполнува обврските кои произлегуваат од тој Закон.

Main goal of the proposal
  • Зголемена достапност и квалитет на информациите со кои располага Судскиот совет, и олеснување на пристапот на граѓаните за поднесување претставки до Советот.
  • Стандардизирање на квалитетот и обемот на податоците кои задолжително треба да ги објават судовите.
  • Воспоставување на стандарди и начин на објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет.
  • Полесен пристап за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
  • Подобрување на функционалноста на веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Како заложбата  ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?

Заложбата директно влијае на пристапот до информации, отчетноста на институциите но и на учеството на јавноста во работата на судовите преку овозможување на стандарди и процедури за објавување на податоци и воспоставување алатки за поднесување на поплаки и претставки од страна на граѓаните на РСМ.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата овозможува подобрување на правната рамка и механизмите за одговорност со што самата заложба е важна за јавната отчетност во судството.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на Судскиот совет на РСМ преко подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за неговото работење.

Other included subjects

Institutions

  • Центар за правни истражувања и анализи
  • Сите судови во РСМ

Organizations

  • Здружение на судии


Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 0/4

Achievements on hold: 0/4

Unrealized achievements: 4/4

In progress achievements: 0/4

Незапочнато

1.2.1 Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

1.2.2 Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

1.2.3 Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

1.2.4 Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.

Proposal goal indicators: Усвоена Стратегија за отвореност на судството од страна на ССРСМ

1.2 Подобрување на односите со јавноста на судовите

What public problem is addressed by the commitment?

Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно  да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. Постои потреба од обнова на линкот односно поврзаноста помеѓу судовите и медиумите со цел враќање на довербата на јавноста во судството и правосудните органи.

Main goal of the proposal
  • Подобрување на активната комуникација и транспарентност на судовите со јавноста
  • Воспоставување на сеопфатна рамка според која судовите би комуницирале со јавноста и медиумите
  • Изработка на Стратегија за отвореност на судството
  • Развивање на соработката со Судско-медиумскиот совет
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Како заложбата  ќепридонесе за решавање на јавниот проблем?

Преку реализација на заложбата се воспоставуваат долгорочни насоки за подобрување на транспарентноста и отвореноста на судството преку воспоставена методологија за комуникација со јавноста.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата овозможува пристап до повеќе информации, го подобрува квалитетот на податоците и ја подобрува пристапноста до информации за јавноста што означува дека заложбата е важна за транспарентноста со која ќе се приближи и работата на судовите до граѓаните преку навремено информирање

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на судовите во Република Северна Македонија преку редовно споделување на информации со медиуми и јавноста.

Other included subjects

Institutions

  • Центар за правни истражувања и анализи
  • Сите судови во РСМ

Organizations

  • Здружение на судии
  • Судско-медиумски совет


Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 0/4

Achievements on hold: 0/4

Unrealized achievements: 4/4

In progress achievements: 0/4

Незапочнато

1.1.1 Дефинирање на каталогот на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите согласно претходната пракса на објавување на информации на судскиот портал, барањата за пристап до информации од јавен карактер и веќе достапни анализи за транспарентност и отвореност на судство

Proposal goal indicators: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМ
Незапочнато

1.1.2 Подготовка на индивидуални проценки за усогласеност со дефинираниот каталог на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите за секој суд

Proposal goal indicators: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМ
Незапочнато

1.1.3 Спроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно

Proposal goal indicators: Веб-портал со стандардизирани информации и податоци за јавноста
Незапочнато

1.1.4 Подобрување и прилагодување на содржината на судскиот портал за користење на лица со оштетен вид, со овозможување на аудио верзија на начелни правни мислења, правни мислења и сентенци на Врховен суд на РСМ.

Proposal goal indicators: Воспоставена text-to-speech(текст-во-глас) алатка на веб-страницата на Врховен суд на РСМ

1.1. Подобрување на електронскиот судски портал на РСМ (www.sud.mk)

What public problem is addressed by the commitment?

Воведувањето на електронскиот Судски портал на РСМ (www.sud.mk) во 2017 година се очекуваше да придонесе за поголема транспарентност на судовите, но сѐ уште постојат големи разлики помеѓу квалитетот и обемот на податоците достапни за судовите.  Информациите кои што се објавуваат на веб-страници за секој суд не се унифицирани, не се објавуваат и ажурираат редовно и не сите податоци се објавуваат во отворен формат. На пример извештаите на судовите и биографиите на судиите не се унифицирани, ниту сите може да се најдат на веб-страниците, а во некои случаи се и нејасни. Неконзистентноста при селективната објава на податоците доведува до сомнеж за прикривање на самите податоци што се објавуваат, што директно влијае на довербата на граѓаните во судството како трета гранка на власт во државата. Дополнително,  судовите не се проактивни во споделување на информации поврзани со имотната состојба на судиите, па кај биографиите на судиите не се достапни линкови до страната на ДКСК каде што се објавени имотните состојби за секој судија. Не сите судови имаат објавени податоци за информациите од јавен карактер што треба да се достапни (лице за информации од јавен карактер, меил/телефон), а нема ниту редовна пракса на објавување на податоци којшто некој веќе ги побарал со пристап до информации од јавен карактер. Отвореноста е неопходна за подигнување на довербата на јавноста во судиите, судовите и целиот правосуден систем како и за сфаќањето на јавноста за тоа кој и на кој начинот се  спроведува правдата од страна на судовите. Притоа, отвореноста е една од главните компоненти на легитимноста на судскиот процес и причина поради која јавноста има доверба во работата и одлуките на судовите. Судскиот портал не e прилагоден за користење од страна на корисниците со оштетување на видот.

Main goal of the proposal
  • Овозможување стандардизирани и унифицирани информации и податоци за судовите и судската пракса и зголемување на бројот на податоците во отворен формат поврзани со судството.
  • Проширување на обемот на податоците достапни во отворен формат на порталот.
  • Зголемување на обемот и подобрување на квалитетот на податоците и информациите кои се објавуваат.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Како заложбата ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?

  • Овозможување стандардизирани и унифицирани информации и податоци за судовите и судската пракса и зголемување на бројот на податоците во отворен формат поврзани со судството.
  • Проширување на обемот на податоците достапни во отворен формат на порталот.
  • Зголемување на обемот и подобрување на квалитетот на податоците и информациите кои се објавуваат.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата овозможува пристап до повеќе информации, го подобрува квалитетот на податоците и ја подобрува пристапноста до информации за јавноста што означува дека заложбата е важна за транспарентноста.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за подобрување на јавната одговорност на сите чинители во судство преку подобрување и зголемување на обемот и квалитетот на податоците на судскиот портал.

Other included subjects

Institutions

  • Судски совет на РСМ
  • Сите судови во РСМ
  • Центар за правни истражувања и анализи

Organizations

  • Association for promotion and development of inclusive society INCLUSIVE
  • Здружение на судии
  • Здружение на судска администрација


Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 1

Achieved Achievements: 0/1

Achievements on hold: 0/1

Unrealized achievements: 1/1

In progress achievements: 0/1

Незапочнато

Планирани достигнувања

Proposal goal indicators: Донесување одлука на координација за спроведување на активноста Информирање на сите пратенички групи и пратеници Организација на работна група од Парламентарниот институт и службата на Собранието за спроведување на настаните Дефинирање на агенди, временска рамка, ресурси

4. Парламентарен караван – мобилен параламент за директна комуникација на пратениците со граѓаните

What public problem is addressed by the commitment?

Собранието редовно одржува отворени денови и организира посети на зградата за граѓаните. Ова придонесува за процесот на подобрување на имиџот на институцијата и постепено ја гради перцепцијата дека Собранието е отворено и транспарентно. Сепак, некои граѓани од различни причини, временски, практични или економски, не можат да патуваат во Скопје и да ја посетат зградата на Собранието. Со организирање на предложениот караван, институционалните и граѓанските партнери ќе го направат Собранието „мобилно“.

Main goal of the proposal
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Главните цели на караванот се да го претстави Собранието како отворена, одговорна и транспарентна институција како и да го доближи до оние граѓани кои не се во можност да ја посетат зградата.

Некои од клучните цели ќе бидат:

  • едукативни: и возрасните, младите и децата ќе слушнат информации за законодавните, надзорните и другите процеси
  • промотивно: состаноци за караванот ќе бидат контакт канцелариите на пратениците со цел да бидат повидливи за граѓаните
  • информативно: посетителите на караванот ќе се запознаат со иницијативите за транспарентност , како што се новата веб-страница на Собранието, ТВ студиото и каналот, Парламентарниот институт итн.
  • зголемување на видливоста: караванот исто така ќе биде можност за понатамошно промовирање на транспарентноста и надзорните улоги на Собранието
  • Мобилниот парламентарен караван“ е предвиден како поширока комуникациска кампања и за да се максимизира неговата видливост и дофат до граѓаните, ќе бара како слоган (клучна порака) и визуелен идентитет
  • Визуелниот идентитет ќе се развие во подоцнежната фаза од процесот на подготовка, додека во овој момент, од клучно значење е да се дефинира клучната порака на кампањата која исто така ќе служи како слоган на караванот и ќе биде пренесена во сите придружни елементи
  • Поточно, предлогот е слоганот да биде едноставен, јасен и ефективен, слично како слоганот

Кампања „Независно Собрание“ – и да се поврзат некои делови од клучните пораки од тие активности, за да има континуитет

  • Предложениот слоган/клучна порака за „Мобилниот парламентарен караван“ е:

„Собранието за граѓаните“ е многу едноставна и јасна порака што може да ја разбере секој

  • Со него, идејата е да се подвлече дека Собранието постои за граѓаните, да ги застапува нивните потреби, да се вклучи во демократска дебата со нив за да се изготват законски решенија кои ќе го подобрат животот и на краток и на долг рок.
  • Поднаслов „Отворено и одговорно“ (Отворено и одговорно) ќе соопшти дека Собранието е отворено (како и транспарентно) и дека е одговорно како институција пред граѓаните.

• Со користење на „одговорно“ (одговорно) ќе се воспостави врска со поднасловот на кампањата на Независното собрание што беше „За претставничко и одговорно владеење“

  1. Кои се причините за проблемот?

Законодавната власт како и парламентите во светот така и Собранието се јавни во својата работа и секојдневно изложени на мислењето и увидот за јавноста, барем што се однесува до законодавната агенда. Заради тоа перцепциите на граѓаните главно се поврзани со јавните настани на пратениците, предложените законски решенија, дебатата и аргументите водени итн. Генерално земено пратениците работат во Скопје, иако доаѓаат од 8 изборни единици и од многу општини во државата. Ако се земе во предвид ангажманот со комисии и пленарни седници и работата во Скопје, останува само петок во неделата за контакт со оние што ги гласале овие пратеници за да можат да разменуваат идеи и да се слушнат потребите на граѓаните.

Заложбата како што е предвидена ќе додаде повеќе време за оваа директна комуникација со граѓаните

How will the commitment contribute to solving the public problem?
  1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Парламентарниот караван во експериментална форма беше спроведен во 2022 година, како дел од ПСП програмата во соработка со НДИ.

Да не остане само еднаш спроведена активност, и заради интересот на пратениците и граѓаните, со предложената заложба се обидува да го воспостави како редовна активност со дефиниран курикулум за работа.

  1. Какво решение предлагате?

Парламентарен караван ќе се одржи во сите градови каде има воспоставено канцеларија за контакт со граѓаните на пратениците.

До секоја од овие точки, комбе на Собранието со вработени од Парламентарниот институт и службата на Собранието и /или пратеници ќе патува носејќи ја опремата потребна за поставување на точката „Мобилен парламент“ – во зависност од локациите, или директно ќе се користат канцелариите на пратеникот или просторот пред или многу блиску до нив

Комбето ќе носи комплет од:

  • брендиран банер и држач за зборување
  • мало поставување аудио и видео (PA, микрофони, ТВ за презентација)
  • преклопливи столчиња (максимум 20)
  • промотивни печатени материјали на Парламентарниот институт

Во однос на содржината, во секој момент, времетраењето на целосниот состанок ќе биде околу 60 минути и ќе вклучува:

  • забелешки од модератор
  • обраќање на локалниот пратеник
  • едукативна презентација за процесите во Собранието од страна на претставник на ЈУ
  • презентација на активностите поврзани со транспарентноста (веб-страница, ТВ студио, безбедност)

• модерирана сесија за прашања и одговори

  1. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Со спроведувањето на оваа заложба ќе се обезбеди присуство на пратениците во нивните изборни општини, ќе ја промовираат својата и работа на Собранието, ќе ги слушнат впечатоците на граѓаните од нивната работа и проблеми кои бараат законодавна иницијатива, појаснување на надлежностите на пратеникот наспроти прашања и проблеми кои се во надлежност на извршната власт или на локалната самоуправа.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Транспарентноста со спроведување на оваа заложба ќе биде директен пристап до граѓани. Со присутните пратеници, асистентите во нивните канцеларии за контакт со граѓани се овозможува поголема видливост на системот за потребите на граѓаните.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Директно изложување на размислувањата, идеите и критиките на граѓаните ја зголемуваат одговорноста на пратениците за тоа што го работат пред оние кои ги избрале.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Спроведувањето на заложбата ќе продуцира целосен опис во форма на извештај на сите забелешки и идеи од граѓаните.

Other included subjects

Institutions

  • Јавен сектор

Organizations

  • Невладин сектор


Last update on

23 August 2024

Total achievements to be successful: 1

Achieved Achievements: 0/1

Achievements on hold: 0/1

Unrealized achievements: 1/1

In progress achievements: 0/1

Незапочнато

Планирани достигнувања

Proposal goal indicators: Донесување одлука на координација за организирање на надзорна расправа Определување на работно тело за спроведување на надзорната расправа Определување на агенда, гости, обраќања од други органи Покана на гости, медиуми, НВО и граѓани

3. Надзорна расправа во Собранието за спроведувањето на националниот ПОВ план 2024-2026

What public problem is addressed by the commitment?

Собранието е законодавна власт во системот на организација на државната власт во државата и суверен претставник на волјата на граѓаните.

Во определбите за отвореност и транспарентност на законодавната власт Собранието е дел од Партнерството за отворена власт од 2018 година и тоа со посебна работна група, посебен Акциски план со заложби кон ПОВ и пристапи кон надворешен мониторинг на следење на спроведувањето на предвидените активности.

Освен ова, во капацитетот на својата законодавна функција, Собранието дава поддршка на сите законски решенија кои другите власти, извршната и судската ги предлагаат за остварување на нивните ПОВ заложби.

На крај, Собранието има и надзорна функција, и во оваа смисла е заинтересирано во целост да го следи спроведувањето на националниот ПОВ план 2024-2026.

Заради тоа во Акцискиот план 2024-2026 се предвидува одржување на надзорна расправа во соодветното работно тело.

Main goal of the proposal

1.Каков проблем адресира заложбата?

Заложбата треба да стимулира практицирање на надзорната улога на парламентите, дури и во однос на спроведувањето на ПОВ. Според Меморандумот за вклучување на парламентите од ПОВ, се препорачува парламентите освен за себе да се вклучат и со надзор на тоа што другите власти спроведуваат.

Со оглед на тоа што станува збор за програмирање на петтиот циклус на Акцискиот план кон ПОВ, Собранието како законодавна власт во својот уставен капацитет за надзор над органите на извршната власт до сега не спровел надзорна расправа. Националниот ПОВ план е документ на извршната власт кој го предлага МИОА и го усвојува Владата.

Засегнат од оваа заложба е Собранието, затоа што значи практицирање на уставни надлежности на законодавната власт.

Други засегнати се и сите органи од извршната и судската власт кои предлагаат мерки во националниот ПОВ план.

2. Кои се причините за проблемот?

Спроведувањето на надзорна расправа треба да даде отчет и информирање на пратениците за спроведувањето на активностите од националниот ПОВ план.

Дополнително, самото програмирање на ваква заложба дава предвидливост и на надзорните расправи во Собранието. Имено, законодавецот во Законот за Собранието веќе предвидел дека на институтот координација, координаторите на политичките партии со претседателот на Собранието прават годишен план на надзорни расправи во Собранието.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Собранието, со оглед на тоа што е вклучено во ПОВ преку сопствен акциски план, во рамки на процесот на ко-креација на документот е вклучено на ниво на работна група од пратеници, претставници од парламентарните политички партии, вработени во службата на Собранието, партнерски меѓународни и домашни граѓански организации. Понатаму во однос на конкретните заложби постојат и работни подгрупи.

Значи што се однесува до сопствениот Акциски план Собранието е запознаено и го спроведува истиот.

За принципите и природата на ПОВ, делумно се информирани пратениците во рамки на разни настани за промоција на активности и на партнерството. Работната група се информира само за акцискиот план на Собранието, така да подетално координаторите или пратениците не се запознаени со заложбите на другите власти и органи.

2. Какво решение предлагате?

Заложбата предвидува организирање на надзорна расправа во едно од работните тела, со сите чекори предвидени согласно Деловникот на Собранието.

Надзорната расправа ќе даде информации за пратениците за тоа што прави државата во врска со националниот ПОВ план, но исто така и во форма на излагања, сведоци ќе може и да се спознаат проблемите степенот на реализација, водачи во спроведување итн.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Какви резултати би сакале да постигнеме? Какви промени во знаењето, вештините и капацитетите сакаме да постигнеме? Какви промени во однесувањето, системите и практиките сакаме да создадеме?

Резултатот од оваа заложба е директен и индиректен.

Директни резултати се вклучување на законодавната власт во својот надзорен капацитет.

Информирање на пратениците за ПОВ.

Индиректни резултати се предвидливост на користењето на институтот надзорна расправа во Собранието во врска со други теми и политики.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Во спроведувањето на заложбата, надзорната расправа е отворена за јавноста.

Дополнително ќе биде емитувана на собранискиот ТВ канал.

Медиумите исто ќе имаат можност директно да присуствуваат.

Јавното отворање на спроведувањето на политиките го прави парламентот ангажиран во следењето на работата на извршната и судската власт во делот на спроведување на ПОВ.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Присуството на јавноста на надзорната расправа предизвикува поголем интерес и кај пратениците.

Информирањето на пратениците со информирање на јавноста и граѓаните директно и изворно може да се запознаат со тоа што се работи.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

 

Other included subjects

Institutions

  • Јавен сектор

Organizations

  • Приватен сектор


Last update on

22 August 2024

Total achievements to be successful: 1

Achieved Achievements: 0/1

Achievements on hold: 0/1

Unrealized achievements: 1/1

In progress achievements: 0/1

Незапочнато

Предвидени достигнувања

Proposal goal indicators: Формирање на советот за собраниски канал Ангажирање на надворешни експерти во советот Донесување на програмата за работа Изработка на содржини за емитување Екипираност и обучување на кадарот Ангажирање копродукција

2. Информирање на јавноста преку собранискиот ТВ канал

What public problem is addressed by the commitment?

Собранието ќе ја продолжи реформата со целосна функционалност на собранискиот канал. Информирањето на јавноста преку собранискиот канал мора да биде квалитетна, навремена, редовна, предвидлива, преку неедитабилна содржина преноси во живо и пренос на снимки од пленарни седници и комисии совети и други активности, но и преку дизајн и продукција на сопствена содржина од собраниското ТВ студио. Општата цел на оваа заложба е да се зголеми гледаноста на ТВ каналот или индиректно зголемено информирање на јавноста за законодавната агенда.

Main goal of the proposal
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Комуницирањето со јавноста на законодавната власт преку сопствен телевизиски канал е класично решение за комуникација со камера и звук во живо или со снимка.

Во оваа смисла Собранието работеше на модернизација на собранискиот канал, преку измени и дополнувања на Законот за Собранието, со набавка на модерна опрема каде беа инвестирани 250.000 евра и вработување на професионален персонал од 7 луѓе.

Спроведување на заложбата ќе овозможи сопствена содржина и продукција на функционален ТВ канал како начин на комуницирање на Собранието со категорија на граѓани кој на овој начин се информира за Собранието (паралелно со веб-страницата, социјалните мрежи или прилозите од медиумите на националните телевизии).

Модернизацијата и дигитализацијата во општеството низ годините направи промена да граѓаните се информираат главно од националните телевизии, а многу помалку од собранискиот ТВ канал за она што се случува во законодавниот дом. Според некои испитувања постои една категорија на повозрасни граѓани кои повеќе го следат собранискиот тв канал, и поголем дел од помлада популација кои на поинаков начин се информираат.

  1. Кои се причините за проблемот?

 

Причините за ова одат кон лесно достапните модерни начини на информирање преку телевизиите а посебно преку интернет порталите и врзаните вести од порталите кон социјалните мрежи. Точното информирање е важно и заради борбата со лажните вести и делумните и необјективни информации.

Падот на гледаноста на собранискиот ТВ канал се поврзува и со квалитетот на самото емитување кое заради неинвестирањето низ годините заостанува.

Недостатокот од сопствена програма како дебатни емисии, законодавни вести и слично ја прави програмата неатрактивна кога нема директен пренос од седница или снимки од работни тела.

How will the commitment contribute to solving the public problem?
  1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Оваа заложба е продолжување на заложбата од претходниот ПОВ акциски план на Собранието 2021-2023.

Опремувањето на студиото со модерна опрема за емитување беше приоритет и предизвик за службата да го опише и спроведе како проект кој вклучува и опрема, и работи и простории.

Дополнително, неопходни беа измени во правната рамка, и во таа смисла се спроведоа дополнувања на Законот за Собранието каде се утврдува поблиску работата и надлежностите, годишната програма за работа, годишен план за видот и содржината на програмите, односот со МРТВ, финансиски и инвестиционен план, уредувачката одговорност итн.

Работата на студиото е неопходно врзана и со професионален персонал, затоа според Актот за систематизација на службата на Собранието беа предвидени нови позиции, и се распишуваше оглас во два наврата за 7 празни места.

  1. Какво решение предлагате?

Заложбата предвидена овде ќе овозможи развој на конкретна програма за работа на собранискиот канал, заедно со формирање на советот на собранискиот канал кој треба да ги одобри сите документи. Советот на собранискиот канал е законска обврска дека ТВ каналот на законодавецот го управува заедно и мнозинството и опозицијата. Согласно законот, советот го раководи потпретседател на Собранието од редот на опозицијата, заедно со пратеници од мнозинството и опозицијата, претставник на МРТВ но и можност за именување на надворешни експерти со право на збор без право на глас.  Дополнително на тоа, ќе треба да се развие содржина за комуникација со јавноста, која ќе се изработува самостојно и/или со ко продукција, со вклучување на повеќе организациони единици. Во оваа смисла очекуваме да се развијат дневни законодавни вести, предвидливост на програмата, законодавни бриф/кратки мултимедијални содржини во објаснувачка улога за предлозите за гледачите и слично, дебатни емисии меѓу пратениците итн.

  1. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Општ резултат на заложбата е предложените решенија да се спроведат и собранискиот канал да функционира. Индиректен резултат треба да биде зголемување на гледаноста на собранискиот ТВ канал. Начинот на кои се информираат граѓаните постојано се следи од Институтот за демократија Социетас Цивилис во соодветни анкети и истражувања, и тие податоци ќе се земат како релевантни низ годините за да се следи трендот на гледаноста. https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2022/07/A4_ENG-ANKETA-2022.pdf

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Спроведувањето на заложбата ќе значи предвидливост на дневната агенда на собранискиот канал (може и неделната).

На тој начин однапред ќе нуди календар за заинтересирани граѓани да следат.

Едукативна содржина ќе едуцира граѓани за законодавната власт.

Дебатни емисии ќе соочува ставови и аргументи.

Законодавниот бриф ќе дава објаснување на предлозите.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Самото присуство во јавен медиум помага врз чувството за одговорност за она што се прави и зборува.

Спроведувањето на активноста директно ќе се следи со квалитетот на програми на собранискиот ТВ канал.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Како дел од програмските активности, ќе постојат кратки информативни прилози за граѓаните, како на пример за како да дојдат во Собранието и да се пријават за отворен ден, како де се пријават за учество на едукативни активности (детски парламент, имам став) итн.

Other included subjects

Institutions

  • Assembly of the Republic of North Macedonia
  • NDI
  • Македонска радио телевизија

Organizations

  • Institute for Democracy "Societas Civilis" Skopje
  • Center for management with changes


Last update on

22 August 2024

Total achievements to be successful: 2

Achieved Achievements: 0/2

Achievements on hold: 0/2

Unrealized achievements: 2/2

In progress achievements: 0/2

Незапочнато

Квартално известување на координација за истекување на мандати или за рокови за назначување на нови мандати во тела кои ги основа Собранието.

Proposal goal indicators: Квартално известување на координација за истекување на мандати или за рокови за назначување на нови мандати во тела кои ги основа Собранието. Создавање на работна група за опис на сите тела и органи кои ги основа Собранието како и други назначувања. Спроведување на јавна набавка доколку решението бара нова софтверска алатка  за да биде достапно на веб-страницата. Спроведување на договор Дигитализација и објава на веб-страницата
Незапочнато

Создавање на работна група за опис на сите тела и органи кои ги основа Собранието како и други назначувања.

Proposal goal indicators:

1. Регистар на регулаторни тела основани од Собранието

What public problem is addressed by the commitment?

Освен законодавната, надзорната и претставничката функција, Собранието има и голема улога во формирање на разни регулаторни тела, агенции и органи, кои директно се одговорни за својата работа пред законодавецот. Почнувајќи од основањето, до именувањето на раководни лица во нив, членови на надзорни и/или управни одбори и слично, одобрување на нивните годишни програми за работа, годишните финансиски планови па се до следење на нивната работа и усвојување на годишните извештаи за работа, Собранието има своја улога во работењето на овие органи. Актите и документите што овие органи ги доставуваат до Собранието во моментот се достапни како точки, односно примени материјали во соодветни работни тела и се достапни на системот е-парламент и веб-страницата www.sobranie.mk. Со заложбата сакаме да се направи исцрпна листа на овие тела, кои сега се водат од службеници како локално зачувани листи во Комисијата за прашања на избори и именувања.  Заради тоа, Собранието ја препознава важноста да направи целосно достапен инвентар на овие органи, областите на дејствување, мандатите на раковoдните лица и сите придружни документи кои влегуваат и по соодветна постапка излегуваат од Собранието во форма која е јавна, достапна, пребарлива, дигитализирана за користење и информирање на граѓаните, граѓанските организации, академските институции итн.

Main goal of the proposal
  1. Каков проблем адресира заложбата?

Процесот на приближување кон законодавството на Европската унија донесе многу сфери каде што експлицитно се бара органи и тела кои во својата работа би дејствувале независно од извршната власт. Ова е важно за тие сектори и дејности да се ослободат од влијание во нивното работење, и води кон формирање на една цела регулаторна сфера во многу области кои директно се под авторитетот на законодавната власт, каде и мнозинството и опозицијата имаат улога да ги следат и контролираат во нивното работење. Спроведувањето на заложбата како што е опишана ќе даде проактивно информации за јавноста во дигитална форма, кои се тие органи и тела, кои се именуваните раководни лица, со какви мандати со целокупен сет на податоци за нив. Со тоа се очекува да се намали перцепцијата на јавноста за начинот на нивното работење, на разбирањето дека независно работење се однесува на функционирањето и давање на услуги и дека сите се дел од единствениот административен простор во државата кои одговараат пред суверената законодавна власт и граѓаните. Дополнително ќе даде навремени информации за оние раководни места за кои е задолжително објавување на оглас од Собранието за граѓаните да знаат и евентуално заинтересираните да аплицираат. И на крајот, уредување на ваква листа, ќе ги намали барањата за пристап до јавни информации согласно закон, од оваа сфера до Собранието, со оглед на тоа што проактивно ќе бидат достапни тие информации.

Во подолг временски период, во јавноста има недостиг на информации за работењето на разни органи, комисии, агенции, регулатори и слично. Недостигот на информации често е поврзан со јавен настан каде медиумите ги повикуваат овие органи и се развива јавен дискурс за нивното работење дека се независни и имплицитно со тоа дека не одговараат никому.

Значи засегнати страни се граѓаните во најширока смисла но и посебно професионални организации кога бараат информации. Индиректно цело тоа е поврзано и со надзорната улога на Собранието над овие тела и органи каде се јавува како основач.

  1. Кои се причините за проблемот?

Причините за проблемот се поврзуваат во комуникација на ново усвоено законодавство во последните две децении, кое што резултираше со многу тела и органи со различни надлежности. Јавноста сака да знае за овие тела, назначувањето на нивните раководни лица итн.

How will the commitment contribute to solving the public problem?
  1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Информациите за точките на дневниот ред за седниците на Собранието се достапни на веб-страницата www.sobranie.mk. Доколку се бара нешто од аспект на регулаторните тела, се бара по седниците и точките на дневен ред, или во полињата за пребарувања, но не може да се идентификува единствена листа на сите нив, и информации за сите нив на едно место. Дополнително, Собранието има портал за отворени податоци каде како податочни сетови има многу информации но, овие конкретно од заложбата не се дел од истиот.

  1. Какво решение предлагате?

Достапноста на овие информации дефинирани во заложбата може да биде предмет на посебен регистар на такви податоци каде детално би се опишале и би биле достапни на www.sobranie.mk. Алтернативно, може да биде дел од податочен сет во порталот за отворени податоци https://data.sobranie.mk/en/.  Зборуваме за дигитални форми на податоци заради тоа што сега и да има исцрпна листа не е јавна и не е на едно место. Проблемот ќе се реши целосно, затоа што ќе биде дадена исцрпна листа на се што постои. Податоците ќе може да се пристапуваат од веб-страница директно, не мора да се бара пристап до јавни информации.

  1. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Постоењето на детален регистар како прво ќе овозможи полесно следење на мандатите на именуваните лица, и Собранието ќе можи во рок да објавува повици за именување на местата кои истекуваат. Тоа ќе ја подобри предвидливоста и ефикасноста.

Дополнително, граѓаните ќе добијат преглед во реално време што се постои, дали од аспект на задолженијата на Собранието е преземено дејство, потоа што се како информација и извештај се нуди од регулаторните тела.

Пратениците во реално време би имале информација докoлку во јавноста и медиумите се појави некаква состојба дали конкретно надлежен е орган кој е директно одговорен пред Собранието а не пред извршната власт итн.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

1.Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Спроведувањето на заложбата ќе значи обработка на информации за кои граѓаните ќе ги знаат во реално време, кои ќе бидат достапни електронски, пребарливи и ќе се објавуваат на проактивна основа без потреба од барање за пристап до информации или обраќања до Собранието.

2.Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Со објавувањето на податоците, индиректно се подобрува предвидливоста, особено од аспект на истекување на мандатите, постапка и рокови за нови назначувања итн.

Со регистарот директно се обезбедуваат информации за пратениците за вршење на нивните уставни права и должности.

3.Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Спроведувањето на заложбата ќе вклучи професионални организации кои имаат претходни анализи на темата. Дополнително во процесот на ко креација и консултација индиректно се информира за другите можности од веб-страници или други софтвери за други информации. Со јавноста  на регистарот очекуваме и повеќе интерес кај граѓаните во форма на законодавна идеја или прашање до овластен предлагач (пратениците).

Other included subjects

Institutions

  • Јавен сектор

Organizations

  • Невладин сектор