Даниел тест предлог

Has not been reviewed
What public problem is addressed by the commitment?

тест

Main goal of the proposal
тест
How will the commitment contribute to solving the public problem?
тест
Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information
тест

Documents

Contact person

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 3/3

In progress achievements: 0/3

Незапочнато

Предвидена постапка во планот за јавни набавки за 2021 година и обезбедени средства од донација

Предвидена постапка во планот за јавни набавки за 2021 година и обезбедени средства од донација

Proposal goal indicators: Подготовка на технички спецификации и тендерска документација Објавена постапка за јавна набавка
Незапочнато

Имплементација на софтверско решение

Имплементација на софтверско решение

Proposal goal indicators: Избран економски оператор, склучен и спроведен договор
Незапочнато

Полнење на системот со податочни сетови

Полнење на системот со податочни сетови

Proposal goal indicators: Број на креирани податочни сетови Количина на информации обработени во соодветен формат и ставени во системот

Изработка на on-Line портал за отворени податоци за полесен пристап до информации за граѓаните

What public problem is addressed by the commitment?

Собранието препознава дека отворените податоци можат да придонесат за транспарентноста, отвореноста и учество на јавноста во работата на закондавната власт.

За таа цел Собранието ќе креира софтверска алатка за податочни сетови.

Main goal of the proposal

Системски онлајн пристап до податочни сетови од законодавната власт, за подобар пристап и пребарување од јавноста.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Софтверската алатка ќе овозможи:

 -отворање на податочните сетови во компјутерски читливи формати;

-продуцирање податочните сетови во своето секојдневно работење и хронолошки информации

-објавување на метаподатоци за податочните сетови;

-зголемување на вклученоста на корисниците преку повторно користење на податоците (re-usage)

Why is this commitment relevant to OGP values?

Contact person

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 3/3

In progress achievements: 0/3

Незапочнато

Финансиско спроведување на заложбата

Финансиско спроведување на заложбата

Proposal goal indicators: Предвидување на средства во буџетскиот циркулар Донесен буџет за 2022 година Донесен план за јавни набавки за 2022 година со предвидената постапка
Незапочнато

Административно спроведување на заложбата

Административно спроведување на заложбата

Proposal goal indicators: Објавени постапки за јавни набавки Спроведен договор со економски оператор
Незапочнато

Учество на граѓаните и организациите на граѓанското општество во законодавниот процес

Учество на граѓаните и организациите на граѓанското општество во законодавниот процес

Proposal goal indicators: Број на поднесени иницијативи преку системите Број на иницијативи разгледани од пратениците Број и вид на граѓански организации кои учествувале во работни тела, надзорни и јавни расправи.

Платформа за предлози и иницијативи од граѓаните до законодавната власт и регистар на граѓански организации

What public problem is addressed by the commitment?

Собранието има своја веб страна за информирање на јавноста. За директно вклучување на граѓани на следниов линк постои можност да се контактира со претседателот на Собранието. https://www.sobranie.mk/kontaktiraj-so-pretsedatelot.nspx

Дополнително, за комуницирање со пратениците граѓаните можат да го користат следниов линк од веб страната на Собранието

https://www.sobranie.mk/prashaj-go-pratenikot.nspx

Предвидувањето на оваа заложба е системски да се подобри пристапот со прием и достава до пратениците на идеите од граѓаните и НВО. Во вториот дел за регистарот на граѓански организации ќе се адресира проблемот на поканување на НВО на настаните од законодавниот процес, без политички влијанија на изборот на НВО-та, и со подеднакво информирање на сите НВО што се во системот за настан, закон и слично на кој може да учествуваат.

Main goal of the proposal

Да се генерира системски онлајн пристап за граѓаните да доставуваат идеи до нивните претставници.

Системски пристап на НВО во законодавниот процес.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Активноста за изработка на платформа за предлози и иницијативи вклучува надградба на постоечките (претходно опишани) можности за контакт и комуникација со пратениците, промовирање на можностите за јавноста, администраторски решенија за прибирање на предлозите, доставување и водење евиденција на процеси по преЗаложбата се предлага за изработка на алатка за учество на граѓани во законодавниот процес.

За регистарот на граѓански организации, идејата е да се дефинира процес на преглед и избор на нво за учество на работните тела, јавни и надзорни расправи.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Програмирани средства во буџетот на Собранието од 2.000.000 денари за софтверска надградба

Проектирана вредност од 840.000 денари за регистар на граѓани обезбедни од донација на ПСП

Contact person

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 3/3

In progress achievements: 0/3

Незапочнато

Донесување на измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи

Донесување на измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи

Proposal goal indicators: Прашање на политички договор и консензус меѓу партиите
Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Proposal goal indicators: Објавена постапка за јавна набавка
Незапочнато

Олеснување на користењето и обезбедување континуитет на употреба

Олеснување на користењето и обезбедување континуитет на употреба

Proposal goal indicators: Инсталирање и обука

Дигитална безбедност преку дигитални потписи за пратеници и собраниската служба

What public problem is addressed by the commitment?

Прашањето за работа од далечина беше наментнато од корона пандемијата. За таков тип на работа освен потребната ИКТ опрема, за процесните дејствија согласно деловникот се појави потребата за дигитална авторизација. Ова е регулирано со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и освен набавката на дигиталните сертификати опфаќа и софтверски прилагодувања и други барања кои произлегуваат од законот заедно со обука за целните групи.

Main goal of the proposal

Активноста се предлага со цел да се придонесе кон дигитализација на аспекти од работата на Собранието кои барат физичко присуство за авторизација/потпишување документи. Наместо тоа со предложената активност се става можност за користење на дигитален потпис.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Заложбата се предлага за обезбедување и користење на дигитални токени за електронски потписи за пратениците и собраниската служба. Доколку не може да се учествува физички на пленарна или на седница на работно тело, процесно дејствие пратеникот да може да прави од далечина.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Активноста ќе се спроведе имајќи ги во предвид, и условено со, соодветни измени и дополнувања на Деловникот на Собранието во врска со можноста пратениците да ги користат дигиталните токени за електронски потписи.

Проектирана вредност од 1.800.000 денари со средства од донација.

Contact person

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 1

Achieved Achievements: 0/1

Achievements on hold: 0/1

Unrealized achievements: 1/1

In progress achievements: 0/1

Незапочнато

Финансиски административно и оепративно спроведување на заложбата

Финансиски административно и оепративно спроведување на заложбата

Proposal goal indicators: Спроведена постапка за јавна набавка, склучен договор и инсталација на софтверско решение

НАБАВКА НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ПРЕВОД ОД ГОВОР НА ТЕКСТ

What public problem is addressed by the commitment?

Препознавањето на говор е важно за да се примени во автоматизирањето на транскрипцијата на собраниските седници и седници на комисии, како на македонски така и на албански јазик. Дополнително има можности да се овозможи титлување на живи преноси.

Синтеза на говор може да овозможи преточување на законски текстови во аудио фајлови за инклузија на лица со оштетен вид.

Main goal of the proposal

Активноста се предлага со цел автоматизирањето на транскрипцијата на собраниските седници и седниците на комисии.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Решението ќе овозможи  преточување на законски текстови во аудио фајлови, со што ќе ги направи материјалите подостапни за лицата со оштетен вид.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Проектирана вредност од 2.000.000 денари ќе бидат обезбедени или како донација или во буџетот на Собранието за 2022 година.

Appointed Institution

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 0/4

Achievements on hold: 0/4

Unrealized achievements: 4/4

In progress achievements: 0/4

Незапочнато

Дефинирање на каталогот на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите согласно претходната пракса на објавување на информации на судскиот портал, барањата за пристап до информации од јавен карактер и веќе достапни анализи за транспарентност и отвореност на судство

Proposal goal indicators: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до судовите во РСМ
Незапочнато

Подготовка на индивидуални проценки за усогласеност со дефинираниот каталог на отворени податоци и стандардизиран квалитет и обем на информациите за секој суд

Спроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно.

Спроведување на неопходните подобрувања и објавување на отворени податоци и информации со стандардизиран квалитет во согласност со проценки направени за секој суд одделно.

Proposal goal indicators: Веб портал со стандардизирани информации и податоци за јавноста
Незапочнато

Подобрување и прилагодување на содржината на судскиот портал за користење на лица со оштетен вид, со овозможување на аудио верзија на начелни правни мислења, правни мислења и сентенци на Врховен суд на РСМ.

Proposal goal indicators: Воспоставена text-to-speech (текст-во-глас) алатка на веб страната на ВСРСМ

Подобрување на електронскиот судски портал на РСМ (www.sud.mk)

What public problem is addressed by the commitment?

Воведувањето на електронскиот Судски портал на РСМ (www.sud.mk) во 2017 година се очекуваше да придонесе за поголема транспарентност на судовите, но сѐ уште постојат големи разлики помеѓу квалитетот и обемот на податоците достапни за судовите.  Информациите кои што се објавуваат на веб-страници за секој суд не се унифицирани, не се објавуваат и ажурираат редовно и не сите податоци се објавуваат во отворен формат. На пример извештаите на судовите и биографиите на судиите не се унифицирани, ниту сите може да се најдат на веб-страниците, а во некои случаи се и нејасни. Неконзистентноста при селективната објава на податоците доведува до сомнеж за прикривање на самите податоци што се објавуваат, што директно влијае на довербата на граѓаните во судството како трета гранка на власт во државата. Дополнително,  судовите не се проактивни во споделување на информации поврзани со имотната состојба на судиите, па кај биографиите на судиите не се достапни линкови до страната на ДКСК каде што се објавени имотните состојби за секој судија. Не сите судови имаат објавени податоци за информациите од јавен карактер што треба да се достапни (лице за информации од јавен карактер, меил /телефон), а нема ниту редовна пракса на објавување на податоци којшто некој веќе ги побарал со пристап до информации од јавен карактер. Отвореноста е неопходна за подигнување на довербата на јавноста во судиите, судовите и целиот правосуден систем како и за сфаќањето на јавноста за тоа кој и на кој начинот се  спроведува правдата од страна на судовите. Притоа, отвореноста е една од главните компоненти на легитимноста на судскиот процес и причина поради која јавноста има доверба во работата и одлуките на судовите. Судскиот портал не e прилагоден за користење од страна на корисниците со оштетување на видот.

Main goal of the proposal
  • Овозможување стандардизирани и унифицирани информации и податоци за судовите и судската пракса и зголемување на бројот на податоците во отворен формат поврзани со судството.
  • Проширување на обемот на податоците достапни во отворен формат на порталот.
  • Зголемување на обемот и подобрување на квалитетот на податоците и информациите кои се објавуваат.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Зголемениот обем, подобрениот квалитет и редовното ажурирање на податоците кои се дел од судскиот портал доведува до воведување на нова практика во македонското судство која наложува транспарентна и отчетна но пред се видлива работа судовите за граѓаните на РСМ.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за подобрување на јавната одговорност на сите чинители во судство преку подобрување и зголемување на обемот и квалитетот на податоците на судскиот портал.

Appointed Institution

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 0/4

Achievements on hold: 0/4

Unrealized achievements: 4/4

In progress achievements: 0/4

Незапочнато

Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата

Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.

Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.

Proposal goal indicators: Усвоена Стратегија за отвореност на судството од страна на ССРСМ

Подобрување на односите со јавноста на судовите

What public problem is addressed by the commitment?

Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно  да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. Постои потреба од обнова на линкот односно поврзаноста помеѓу судовите и медиумите со цел враќање на довербата на јавноста во судството и правосудните органи.

Main goal of the proposal
  • Подобрување на активната комуникација и транспарентност на судовите со јавноста
  • Воспоставување на сеопфатна рамка според која судовите би комуницирале со јавноста и медиумите
  • Изработка на Стратегија за отвореност на судството
  • Развивање на соработката со Судско-медиумскиот совет
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Преку реализација на заложбата се воспоставуваат долгорочни насоки за подобрување на транспарентноста и отвореноста на судството преку воспоставена методологија за комуникација со јавноста

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на судовите во Република Северна Македонија преку редовно споделување на информации со медиуми и јавноста.

Appointed Institution

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 4

Achieved Achievements: 0/4

Achievements on hold: 0/4

Unrealized achievements: 4/4

In progress achievements: 0/4

Незапочнато

Дефинирање на каталогот на податоци согласно претходната пракса, историјат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и одржаните консултации

Дефинирање на каталогот на податоци согласно претходната пракса, историјат на барањата за пристап до информации од јавен карактер и одржаните консултации

Proposal goal indicators:
Незапочнато

Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет

Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет

Proposal goal indicators: Намален број на пристигнати барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на РСМ
Незапочнато

Подготовка на водич и воспоставување на алатка за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ

Подготовка на водич и воспоставување на алатка за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ

Proposal goal indicators: Зголемен број на поднесени претставки од граѓаните на РСМ преку веб страната на Судскиот совет на РСМ и намален број на отфрлени претставки поднесени од страна на граѓаните
Незапочнато

Имплементација на идентификувани потребни софтверски подобрувања на веб-страницата на Судски совет на РСМ

Имплементација на идентификувани потребни софтверски подобрувања на веб-страницата на Судски совет на РСМ

Proposal goal indicators: Нов простор на веб страната со повеќе информации за медиумите и за начините на поднесување претставки до ССРСМ

Подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за функционирање на Судскиот совет

What public problem is addressed by the commitment?

Судскиот совет на РСМ има двојна улога кога станува збор за транспарентноста на правосудниот систем. Од една страна тој има активна улога, односно треба да ја мониторира транспарентноста и отвореноста на судството. Од друга страна тој се јавува како пасивен субјект кој треба да исполни законски обврски со цел да постигне транспарентност.

Законот за Судскиот совет на РСМ предвидува обврски за Советот на својата веб-страница задолжително да објави податоци околу: изборот на неговите членови (член 14 и член 25), обработените квартални и годишни извештаи за работата на судството (член 36, ст. 1, точка 14), записници од своите седници (член 39), одлуките донесени во повторената постапка (член 72, ст. 5), своите годишни извештаи.

Според некои понови анализи, достапноста на Судскиот совет на РСМ се оценува слабо, односно се констатира дека Судскиот совет нема добри канали за комуникација со граѓаните и со медиумите. Не постои водич за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб порталот и не постои водич за медиумите. Обврските на Судскиот совет кои произлегуваат од претставките од граѓаните се регулирани со Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Сепак на веб страната на Судскиот совет не можат да се најдат никакви информации за поднесување или одговор по претставки од граѓаните на РСМ.

Принципот на транспарентност е исто така на ниско ниво бидејќи освен добри оценки во поглед на достапните информации за организациската структура, се оценува дека не постојат политики за јавни набавки и не се објавуваат информациите поврзани со спроведените јавни набавки.

Судскиот совет е имател на информации согласно Законот за слободен пристап. Тоа значи дека тој е должен да ги исполнува обврските кои произлегуваат од тој Закон.

Main goal of the proposal
  • Зголемена достапност и квалитет на информациите со кои располага Судскиот совет, и олеснување на пристапот на граѓаните за поднесување претставки до Советот.
  • Стандардизирање на квалитетот и обемот на податоците кои задолжително треба да ги објават судовите.
  • Воспоставување на стандарди и начин на објавување на податоците на веб-страницата на Судскиот совет.
  • Полесен пристап за покренување жалби и претставки од граѓаните преку веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
  • Подобрување на функционалноста на веб-страницата на Судскиот совет на РСМ.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Заложбата директно влијае на пристапот до информации, отчетноста на институциите но и на учеството на јавноста во работата на судовите преку овозможување на стандарди и процедури за објавување на податоци и воспоставување алатки за поднесување на поплаки и претставки од страна на граѓаните на РСМ.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на Судскиот совет на РСМ преко подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за неговото работење.

Appointed Institution

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 3/3

In progress achievements: 0/3

Незапочнато

Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на претседателите на судовите од страна на ССРСМ
Незапочнато

Квалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето

Квалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (Правилник, Процедури) за оценување на веб страните на судовите од страна на ССРСМ
Незапочнато

Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за вршење на мониторирање на веб-страниците на судовите, односно за оценување на работата на претседателите во делот за односи со јавноста и транспарентност во работењето

Зајакнување на надзорната улога на Судскиот совет врз транспарентноста на судовите

What public problem is addressed by the commitment?

Во Законот за Судскиот совет член 92, ст. 1, точка 5 е новина во македонската правна рамка, согласно кој, Судскиот совет цени дали претседателите на судовите доследно се грижат за односите со јавноста. Судскиот совет тоа треба да го врши преку увид во веб-страницата на судовите, односно преку проверка на соопштенијата, одлуките, анализите и извештаите кои се објавени. Судскиот совет, исто така, треба да оценува дали претседателот на судот се грижи за соодветно постапување по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

На крај од 2019 година, Судскиот совет донесе и усвои нов Деловник за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија, меѓутоа сѐ уште не е започнато со вршење на надзор над веб-страниците на судовите. За Судскиот совет да ги мониторира веб-страниците на судовите, односно да ја оценува работата на претседателите, треба да се воспостават конкретни процесни правила за таа намена (кој вработен или која организациска единица во рамки на Судскиот совет на РСМ ќе го врши увидот во веб-страниците на судовите, како тоа лице / таа организациска единица ќе го известува Судскиот совет за наодите, како членовите на Судскиот совет ќе оценувааат дали претседателот на конкретниот суд постапил согласно законот или не и слично).

Main goal of the proposal
  • Зајакнување на активната улога на Судскиот совет во следење на обезбедување на транспарентост од страна на претседателите на судовите во односите со јавноста,
  • Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно новиот Деловник за работа на Судскиот совет на РСМ
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Заложбата предвидува активности што се целосно во насока на зголемување на транспарентноста на судовите преку воведување на систем на мониторинг на работата на претседателите на судовите во РСМ преку веб страните на судовите.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на Судскиот совет на Република Северна Македонија преку подобрување на правилата и механизмите со кои ќе се обезбеди одговорност на членови на Судскиот совет и вработените во спроведување на активна улога во обезбедување на транспарентност на судовите.

Appointed Institution

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 3/3

In progress achievements: 0/3

Незапочнато

Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи

Подготовка и усвојување на Методологии за воедначени обрасци за годишни извештаи

Proposal goal indicators: Усвоена Методологија и останати прописи (правилник, упатство, урнек) за воедначени обрасци за годишните извештаи на судовите во РСМ
Незапочнато

Подготовка на урнек на извештаи за судовите

Упатство за пополнување на извештаи за судовите

Подобрување/унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците

What public problem is addressed by the commitment?

Во Стратегија за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) се констатира дека формата на годишните извештаи на работа на судовите, Судскиот совет и на Врховниот суд се нееднакви, што создава проблеми во однос на јасноста, разбирливоста на извештаите, особено во делот на статистичките податоци поради несинхронизираност на податоците. Најголем дел од судовите водат статистика за бројот на примени, решени и предмети во работа која во значителна мера се разликува од статистиката на Судскиот совет за овие судови. Затоа, неопходно е да се униформираат и стандардизираат сите извештаи (месечни и годишни) што ги подготвуваат судовите и судските институции.

Иако рокот за надминување на оваа состојба согласно акцискиот план за спроведување на Стратегијата беше јануари 2018 г. истите наоди може да се најдат и во независните анализи направени во 2020 г.

Main goal of the proposal
  • Извештаите на судовите се унифицирани и даваат целосна квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите
  • Потребно е да се подготви и донесе Методологија за воедначени обрасци за годишни извештаи, за потоа да се подготви соодветен образец на извештаи за судовите кој што ќе биде следен со детално упатство за нивното пополнување.
How will the commitment contribute to solving the public problem?

Воведувањето на методологија на униформирани образци за воедначено пласирање на информации и податоци во јавноста пред се ќе доведе до конечна синхронизација на податоците со кои располагаат правосудните институции. Досегашната пракса на прибирање и систематизација на различни статистички податоци за судовите во РСМ ќе се замени со воедначен пристап и образец за собирање и објавување на овие податоци.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на судовите на Република Северна Македонија преку подобрување и унифицирање на структура на извештаите на судовите и квалитетот на податоците, со што на јавноста ќе и се овозможи целосна  квалитативна и квантитативна информација за работењето на судовите.