Appointed Institution

Contact person

Славица Жерајиќ, Државен службеник SlavicaZerajik@mjustice.gov.mk

Last update on

29 December 2022

Total achievements to be successful: 9

Achieved Achievements: 1/9

Achievements on hold: 2/9

Unrealized achievements: 1/9

In progress achievements: 5/9

Значително

4.3.1 Организирање на работни средби за дополнување на судскиот деловник од страна на МП

  1. Известување на РГ за Судскиот деловник
  2. Одржани повеќе работни средби во  март 2022 на ангажирани експерти од МТСП за подготовка на подзаконските акти во надлежност на МП за семејно насилство (Судски совет, Работно тело во Врховен суд, МП)
  3. Во текот на месеците април, мај и јуни 2022 година по извршените консултации со сите засегнати страни (судови, јавни обвинителства, надлежни институции, граѓански организации, работни групи формирани во МТСП за спроведување на законот) беа подготвени подзаконските акти за собирање на податоци за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства заедно со прилог – Список на податоци за случаите на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство. Овие предлог – правилници се доставени до: Советот за ИКТ во правосудниот сектор, РГ за Судскиот деловник и Работното тело за стандардизација, од каде се очекува да бидат разгледани и одобрени во текот на месеците јули, август и септември 2022 година.
  4. Во месеците јули, август и септември 2022 година предлог – подзаконските акти беа одобрени од Советот за ИКТ и усогласени со мислењето на Секретаријатот за законодавство. Воедно, предлог-правилниците беа доставени на мислење до Врховниот суд на Република Северна Македонија.
  5. Во месец ноември 2022 Врховниот суд даде позитивно мислење за двата правилници и го поздрави воведувањето на посебна евиденција за семејно насилство.
  6. Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.
Proposal goal indicators: 1. Број на дополнувања во судскиот деловник 2. Број на дополнувања во АКМИС системот
Значително

4.3.2 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за судски предмети на семејно насилство

1. Со донесувањето на правилниците со кои се уредува начинот и собирањето на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства ќе започне редовното објавување на податоците за семејно насилство.

2. Министерот за правда на ден 7 декември 2022 година ги донесе двата правилници за посебна евиденција на податоците за семејно насилство во судовите и јавните обвинителства, кои беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.267 од 12.12.2022 година и бр.268 од 13.12.2022 година.

3. Согласно правилниците, податоците се објавуваат на веб страницата на судот/јавното обвинителство на квартално ниво, почнувајќи од првиот квартал 2023 година.

 

Proposal goal indicators: 1. Број на кривични и граѓански предмети; Број и вид на пресуди.
Завршено

4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови

1. Во судовите согласно Годишниот распоред за работа се спроведува пракса на назначување на дежурни судии кои работат и на предмети од оваа област, но нема законска обврска за назначување на посебен дежурен судија кој ќе постапува исклучиво на предмети од семејно насилство. Во кривичниот оддел на овие предмети им се дава приоритет во постапувањето. Во граѓанскиот оддел нема посебно назначени дежурни судии за овој вид предмети, но вообичаено судиите кои постапуваат по вонпарнични предмети постапуваат по истите како итни предмети.

2.  Со цел да се мотивира во секој суд да се обезбеди најмалку еден дежурен судија и судски службеник кои ќе одговорат на потребите, Министерството за правда со допис во месец јули 2022 година до судовите  достави известување за заложбата 4.3. Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство и достигнувањето 4.3.3 Назначување на дежурни судии во сите основни судови. Со дописот исто така се бараше известување на постојната пракса во судовите за ова прашање во последните 3 години.

3. Согласно доставените одговори може да се заклучи дека во судовите редовно се назначуваат дежурни кривични судии согласно Годишниот распоред за работа согласно закон, кои покрај постапувањето по други предмети, постапуваат и по овој вид на предмети. Посебно назначени судии во граѓанска постапка за овој вид предмети нема, бидејќи нема посебна законска обврска, а по предметите постапуваат дежурни судии кои постапуваат по вонпарнични предмети и овие предмети ги земаат во работа како итни согласно предвидените кратки рокови во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјното насилство.

4. За поздравување се одговорите од претседателите на судовите и позитивниот став и одговор кон ова прашање, за предметите секогаш да има дежурен судија, а таму каде што има услови во судот ќе бидат определени дежурни судии кои ќе постапуваат само по овие предмети.

Proposal goal indicators: 1. Број на назначени дежурни судии. Согласно одговорите од основните судови, во секој суд во Република Северна Македонија со Годишниот распоред за работа е распределен најмалку еден дежурен судија кој постапува по овој вид предмети. Оттука, бројот на дежурни судии е најмалку 27.
Значително

4.3.4 Формирање на работна група и организирање на работни средби за ревидирање и дополнување на образци (кривични дела, прекршоци и поплаки) за собирање на податоци од страна на полиција

  1. Во февруари 2022 година формирана е мултисекторска работна група. Постојните податоци во системот (вид и број на кд, подрачје каде е сторено кд, пол, род, сродство и број на жртви; кај прекршоците  и начинот на извршување и дејството ) се очекува да се надоградат со  други податоци согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
  2. Правилник за формата, содржината и начинот на интегрирано прибирање на статистички и административни податоци за состојбата со родово базирано насилство врз жените и семејно насилство ќе биде основа за ревидирање и дополнување на обрасците.
  3. За ова ангажирани се двајца  консултанти од страна на UNFPA (United Nations Population Found). Работната група  има одржано еден on-line состанок  во врска со ревидирање на податоците на кој се договорени обврските за изготвување на Правилникот, како и начинот на комуницирање  кој ќе се одвива и преку електронска пошта. Следен состанок е закажан на 04.10.2022година.

    Исто така, од страна на министерот за внатрешни работи формирана е работна група, во која вклучени се академски професори од Факултетот за безбедност, за изработка на документите кои произлегуваат од предметниот Законот. Досега работната група на МВР за ревидирање на обрасците за податоците има одржано два состаноци во изминатиов период, на кои  изработен е текстуалниот  дел  за обврските на МВР согласно член 28 став 6 од Законот, а ќе биде содржан во Нацрт-Правилникот.

  4. Работната група продолжува со натамошни средби и консултации за финално изготвување на текстот за ревидирање на обрасците за собирање на податоци.
  5. Во месец декември 2022 година завршниот предлог текст на правилникот е доставен на разгледување.
Proposal goal indicators: 1. Број на ревидирани обрасци за собирање на податоци за семејно насилство за полиција
Значително

4.3.5 Посебна евиденција и објавување на податоци за поднесени и повлечени предлози за кривичното дело телесна повреда (чл.130 ст.2); Посебна евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување“

1. Министерството за внатрешни работи согласно најавата, во месец мај 2022 година започна повторно да објавува податоци за семејно насилство, започнувајќи од периодот јануари – март 2022 година. Објавените податоци се водат согласно постојните правилници на локацијата https://www.data.gov.mk/dataset/https-mvr-gov-mk, каде се достапни до јавноста.

2. Во насока на реализација на ова активност, надлежната организациска единица на МВР започна со објавување на податоците за семејно насилство и на интернет страната на МВР (и на https://www.data.gov.mk.). Објавените податоци се водат  согласно постојните обрасци се додека не се ревидираат обрасците за собирање  на податоци.

За првата половина на 2022 година МВР ги бележи следените податоци :

  • 502 кривични дела, (вкупен број сторители 515 и вкупен број на жртви 530) од кои 319 кривични дела телесна повреда(чл.130 ст.2)
  • 208 прекршок (вкупен број сторители 226 и вкупен број на жртви 130) и
  • 1928 поплаки (вкупен број сторители 1950 и вкупен број на жртви 1946)

Со ова, заложбата делумно е постигната, активностите на работната група за подготовка на новите подзаконски акти со кои се зголемува обемот на овие податоци согласно потребите и законот продолжуваат до нивното донесување.

Посебна  евиденција и објавување на податоци во однос на изречена и спроведена итна мерка за заштита „отстранување на насилникот од домот и забрана  на приближување“ се уште не е воспоставена во рамки на министерството.
Proposal goal indicators: 1. Број на кривични дела, прекршоци и поплаки 2. Број на предлози за кривично дело телесна повреда (чл. 130 ст. 2) кои се објавени 3. Број на случаи за изречена и спроведена итна мерка за заштита “отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување“ кои се објавени
Ограничено

4.3.6 Организирање на работни средби и координација со МВР, МП и МЗ за подготовка на образец за собирање и квартално објавување на разделени податоци за семејното насилство од страна на ЦСР, вклучително и детални податоци за бројот на случаи каде што имало потреба, број на поднесени предлози за ПМЗ, број на предлози за изменување, укинување или продолжување на ПМЗ.

  1. Формирана е широка работна група и  3 подгрупи со претставници од надлежни институции , граѓанскиот сектор, МТСП како носител на законот е координатор на активностите кои се преземаат со цел усогласување на начинот на собирање на податоците.
  2. Ангажирани се експерти преку проект поддржан од UNPFA со цел зајакнување со управување со податоците https://www.mtsp.gov.mk/
Proposal goal indicators: 1. Број на реализирани работни средби за подготовка на образецот 2. Број на засегнати страни вклучени во процесот на подготовка на образецот
References
Ограничено

4.3.7 Посебна евиденција и квартално објавување на податоци за бројот на случаи на семејно насилство, како и детални податоци за бројот на предлози за изрекување, менување или укинување на ПМЗ

  1. МТСП води интерна квартална збирна статистика со следните белези: новоевидентирани жртви на СН, пол, возраст, тип на насилство, доставени барања за ПНЗ до суд, изречени ПНЗ од суд, кои ќе бидат разгледани и за новите евиденции согласно новите подзаконски акти

 

Proposal goal indicators: 1. Број на предмети за семејно насилство 2. Број на предмети во кои имало изрекување, менување или укинување на ПМЗ
Значително

4.3.8 Донесување на насоки за задолжително редовно објавување на податоци за семејното насилство од страна на полиција и ЦСР

  1. Процесот е поврзан со донесување на подзаконските акти согласно активностите од 4.3.4, 4.3.6 и 4.3.1
  2. Подготвен е протокол, кој во месец декември 2022 е во фаза пред донесување.
Proposal goal indicators: 1. Број на средби/состаноци за донесување на насоки (упатства) за редовно објавување на податоци за предмети за семејно насилство 2. Број на стручни лица вклучени во процесот на донесување на насоките (упатствата)
Незапочнато

4.3.9 Креирање на електронски систем за собирање и размена на податоци од страна на ЦСР, судови, полиција и здравствени установи, во однос на привремени мерки за заштита од семејно насилство.

Електронскиот систем треба да се овозможи откако ќе заврши процесот на претходните активностите од заложбата. По донесувањето на подзаконските акти и воспоставувањето и спроведувањето на евиденциите во соодветни обрасци преку кои се собираат исти податоци во повеќе институции, со цел нивна размена треба да се креира решение со кое ќе се овозможи лесно и ефикасно електронско собирање на податоците.

Proposal goal indicators: 1. Број на тестирања 2. Број на технички измени и дополнувања 3. Број на предмети во кои биле изречени, сменети или укинати ПМЗ

4.3 Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство

What public problem is addressed by the commitment?

Недостаток на транспарентност и отчетност кај надлежните институции кои се вклучени во системот за заштита од родово базирано насилство врз жени и  семејно насилство, што придонесува за неефективна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство во подолг временски период.

Немањето на посебна и соодветна евиденција за случаите народово базирано насилство врз жени семејно насилство  е системски проблем кој оневозможува тековно следење на состојбите, утврдување на трендови и соодветно планирање на политики и закони за превенција и заштита на жените кои претрпеле семејно насилство. Отсуството на ваков систем оневоможува идентификување на специфичните проблеми со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство во нивниот пристап до правда, што резултира во усвојување и применување на закони и политики кои не овозможуваат ефективна заштита од семејно насилство.

Иако семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година и надлежните институции имаат законска обврска за водење на посебна евиденција за случаите на семејно насилство, во пракса изостанува редовното водење на посебна евиденција и информирање на јавноста за состојбите со семејното насилство.

Во Глава 4, чл. 28  од Законот заспречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство е наведена обврската за воспоставување на посебна евиденција за предметите на родово базирано насилство врз жени и семејно насилство од страна на надлежните министерства, институции и ЕЛС. Законот предвидува и обврска за МТСП за пропишување на форма и содржина на образец за собирање на информации помеѓу надлежнисте институции во согласност со Министерот за внатрешни работи, Министерот за правда и Министерот за здравство. И покрај ваквите законски обврски, во пракса изостанува соодветен систем за собирање на податоци и нивно редовно објавување од страна на наведените институции.

Судовите и ЈО не водат посебна евиденција за граѓанските и кривични предмети за родово базирано насилство врз жени  и семејно насилство во постоечкиот АКМИС систем, ниту пак редовно објавуваат податоци за предметите од ваков вид и постапувањето од страна на судиите. Постои и различна пракса на заведување на граѓанските постапки за привремени мерки за заштита по различен основ од страна на судовите. При распределувањето на предмети за семејно насилство кај одреден судија, постоечкиот АКМИС систем не овозможува судијата да биде информиран за останатите судски постапки кои се водат за истиот случај (што е потребно за донесување на соодветна пресуда). Истовремено, не постои можност за пребарување на судски пресуди по основ на семејно насилство на веб страната суд.мк Во новиот Закон[1]е предвидена обврска за судовите и ЈО за водење на посебна евиденција за родово-засновано насилство врз жените и семејно насилство, врз основа на претходно подготвен образец од страна на Министерот за правда.

МВР не објавува податоци за предметите на семејно насилство регистрирани како кривични дела, поплаки и прекршоци. Значајно е да се напомене дека пред 10тина години МВР имаше позитивна пракса на квартално објавување на податоци за предметите на семејно насилство (за период од три месеци) на ниво на сектори за внатрешни работи. Паралелно, не постои регистер за сторители на семејно насилство кој би ги информирал стручните лица од институциите кои се вклучени во постапувањето во предметите за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство.

ЦСР нема соодветен систем за собирање на податоци и нивно објавување во јавноста. На веб страната на МТСП можат да се најдат податоци само за пријавените случаи во месец мај и јуни 2020 година, меѓутоа податоците се доста општи и не овозможуваат подетален приказ на состојбите со семејното насилство во државата и преземените дејствија за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство од страна на ЦСР. Дополнително, последните извештаи за работата на ЦСР објавени од Заводот за социјални дејности беа од 2015 година. Дотолку повеќе, што самиот Завод имаше констатирано дека ЦСР не води соодветна евиденција на предметите на семејно насилство, односно постои раликапомеќу податоците кои се добиени преку базата ЛИРИКУС и прашалниците за постапување доставени од ЦСР.

Дополнително на ова, јавноста нема пристап до информации за изречените и спроведените привремени мерки за заштита од семејно насилство, кои претставуваат превентивен механизам кој директно влијае на намалувањето на стапката на семејно насилство во општеството.

Заради наведените проблеми, неопходно е подигнување на транспарентноста и отчетноста на надлежните институции, преку воспоставување на соодветен систем за собирање на податоци, размена на податоци помеѓу стручните лица и редовно информирање на јавноста за состојбите и трендовите во однос на родово базирано насилство врз жени  и семејното насилство

[1]Чл.29 и чл. 30 од Закон за спречување и заштита на насилство врз жените и семејно насилство, Сл. Весник бр. 08-524 /1 од 27.01.2021 година.

Main goal of the proposal

Основна цел е воспоставување на посебна евиденција за предметите на семејно насилство од страна на сите надлежни министерства и институции вклучени во системот на заштита.

Покрај зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите, оваа заложба суштински ќе придонесе за зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, со оглед на тоа што континуираното собирање на унифицирани податоци ќе овозможи утврдување на специфичните правни потреби на жртвите, односно ќе послужи како основа за идно планирање, имплементарирање, следење и проценување на политиките, законите и практиките на ова поле.

Притоа, значајно е да се нагласи дека предлозите за подобрување на системот за собирање и објавување на податоци за семејно насилство се подготвени врз основа на искуството на жените кои претрпеле семејно насилство, како и искуството на практичарите од надлежните институции.

Во делот кој следи образложени се заложбите и очекуваните резултати.

  1. Дополнен е АКМИС системот во судовите со воведување на посебна евиденција за случаите на семејно насилство, со разделени податоци за жртвите на семејно насилство со цел:
  • редовно објавување на податоци за бројот и видот на предмети, податоци за жртвите по регион (град/село), етничка припадност;
  • информирање на судиите за различните судски постапки поврзани со ист случај на семејно насилство кои се водат или воделе пред надлежниот суд (на пр. судија кој постапува во граѓанска судска постапка за изрекување на ПМЗ да добие информација за паралелното водење на кривична постапка за истиот случај);
  • доделување на сите граѓански постапки поврзани со семејното насилство кај ист судија, на пр. постапката за развод на брак, доделување на деца и постапката за изрекување на ПМЗ;
  • редовно објавување на кривичните и граѓански пресуди за заштита од семејно насилство и воведување на можност за пребарување по клучен збор „семејно насилство“;
  • редовно објавување на јавно достапни податоци за бројот и видот на поднесени барања за ослободување од судски такси и трошоци во постапката; број и вид на одобрени ослободувања; висина на ослободување од судски такси и трошоци во постапките.
  1. Зголемена е отвореноста на судот преку назначување на дежурен судија (и дактилограф) за изрекување на ПМЗ за време на викенди и празници.
  2. Унапреден е постоечкиот систем за собирање на податоци за семејното насилство во ЦСР и полиција, со разделена статистика за жртвите и редовно обезбедување на јавно достапни податоци за семејно насилство.
  3. МВР да ги ревидира и дополни постоечките образци (кривични дела, прекршоци и поплаки), со цел собирање на подетални податоци за семејно насилство и квартално објавување податоци во однос на: бројот на кривични дела прекршоци и поплаки; основните информации за жртвата (место на живеење град/село; ниво на образование; работен статус; етничка припадност); основни информации за сторителите на семејно насилство. Да се воведе посебна евиденција и објавување на податоци за трендовите во однос на повлечените и повторно поднесените предлози за кривично гонење за кривичното дело „телесна повреда“, чл. 130, ст. 2 од КЗ. Исто така да се воведе посебна евиденција и објавување на податоци за бројот на спроведени итни мерки за заштита од страна на полиција „отстранување на насилникот од домот и забрана за приближување на домот“
  • Да се воведе регистер на сторители на семејно насилство со цел информирање на стручните лица од институциите кои постапуваат во случаите на семејно насилство;
  • ЦСР квартално да објавува податоци за случаите на семејно насилство, разделени податоци за жртвите, бројот и видот на обезбедени мерки за заштита по региони (град/село) и етничка припадност;
  • ЦСР да воведе посебна евиденција за случаите каде има потреба од изрекување на ПМЗ и редовно да објавува податоци за бројот на овие случаи, бројот на поднесени предлози до судот и изречените ПМЗ; да издава потврда дека има потврда за изрекување  на мерките за жртвата да може сама да поднесе предлог до судот.

5. Воспоставен е електронски систем за собирање и размена на податоци од страна на ЦСР, судови, полиција и здравствени установи, во однос на предложените, изречените, укинатите, сменетите или продолжените привремени мерки за заштита од семејно насилство.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Воспоставувањето на посебна евиденција за случаите на семејно насилство во секоја надлежна институција директно ќе придонесе за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите. Воспоставениот систем за собирање на податоците ќе овозможи редовно следење на состојбите, соодветно утврдување на потребите на жртвите и планирање на државните политики и закони базирано на докази.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Потребен/обезбеден буџет за спроведување на заложбата

Значајно е да се нагласи дека за реализирање на предложената заложба не се потребни буџетски средства.

Имено, за надоградувањето на постоечкиот систем за собирање на податоци во ЦСР, полицијата и судовите (заложба 1,3 и 4) потребно е иницирање на внатрешни процеси во надлежните министерства, односно утврдување на образците и нивно користење во пракса.

Реализирањето на заложба 2, односно назначувањето на дежурен судија за постапување во случаи на семејно насилство за време на викенд или празници е веќе воспоставена пракса во дел од основните судови и потребно е истата да се примени од страна на останатите.

Врска со други владини програми, Националниот развоен план или други секторски / локални планови

Заложбата е целосно во согласност со националните стратегии и програми кои ја регулираат родовата еднаквост на меѓународно и регионално ниво. Во согласност е со акциониот план за имплементацијата на ратификуваната Конвенција на Совет на Европа за превенција и заштита од насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска Конвенција).

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите.

Врска со Стратегија за борба против корупција, Целите за одржливиот развој на ОН и друго.

Водењето на посебна евиденција и редовното објавување на податоци за семејното насилство директно придонесува за имплементацијата на Цел 16 Таргет 16.3. Владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите. Имено, за следење на имплементацијата на оваа одржлива разавојна цел во државата неопходно е редовно водење на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани, вклучително и жените кои претрпеле семејно насилство. Овие податоци треба да послужат за подготовка на национален план за имплементацијата на Цел 16.3., односно план за унапредување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани.

Здружение ЕСЕ и Коалиција Маргини со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) во изминатите неколку  години активно работат на забрзување на процесот на имплементација на 16 Таргет 16.3 од страна на Владата. Во оваа насока, дел од активностите за застапување се насочени кон воспоставувањето на систем за собирање на податоци за состојбите на ранливите групи на граѓани.

Other included subjects

Institutions

  • Ministry of Information Society and Administration

Organizations

  • Association for emancipation, solidarity and equality of women


Leave a Reply