Appointed Institution
Last update on
23 August 2024
Total achievements to be successful: 4
Achieved Achievements: 0/4
Achievements on hold: 0/4
Unrealized achievements: 4/4
In progress achievements: 0/4
1.2.1 Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.
1.2.2 Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата
1.2.3 Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.
1.2.4 Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.
1.2 Подобрување на односите со јавноста на судовите
What public problem is addressed by the commitment?
Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. Постои потреба од обнова на линкот односно поврзаноста помеѓу судовите и медиумите со цел враќање на довербата на јавноста во судството и правосудните органи.
Main goal of the proposal
- Подобрување на активната комуникација и транспарентност на судовите со јавноста
- Воспоставување на сеопфатна рамка според која судовите би комуницирале со јавноста и медиумите
- Изработка на Стратегија за отвореност на судството
- Развивање на соработката со Судско-медиумскиот совет
How will the commitment contribute to solving the public problem?
Како заложбата ќепридонесе за решавање на јавниот проблем?
Преку реализација на заложбата се воспоставуваат долгорочни насоки за подобрување на транспарентноста и отвореноста на судството преку воспоставена методологија за комуникација со јавноста.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Заложбата овозможува пристап до повеќе информации, го подобрува квалитетот на податоците и ја подобрува пристапноста до информации за јавноста што означува дека заложбата е важна за транспарентноста со која ќе се приближи и работата на судовите до граѓаните преку навремено информирање
Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information
Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“
Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.
Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на судовите во Република Северна Македонија преку редовно споделување на информации со медиуми и јавноста.
Other included subjects
Institutions
- Центар за правни истражувања и анализи
- Сите судови во РСМ
Organizations
- Здружение на судии
- Судско-медиумски совет