Национален Акциски План за ОВП (2018-2020)

2018 - 2020

Documents

Accepted proposals

Постигнување на системски промени преку подобрување на колективното знаење за климатски промени

Постои потреба од обезбедување на полесен пристап до информации добиени како резултат на постојната експертиза во државата за климатски промени, особено во академската заедница. Преку размена на знаење и податоци, потребно е да се поврзат партнерите од светот на бизнисот, академијата, јавниот и непрофитниот сектор со цел да се создаде мрежа која преку развивање на […]

Унапредување на пристапот до правда за маргинализираните групи граѓани

На почетокот на 2019 година ќе бидат формирани четири Центри за пристап до правда во рамките на општините Тетово, Шуто Оризари, Делчево и Прилеп кои ќе обезбедуваат правна помош за сите граѓани кои се соочуваат со правен проблем. Овие центри ќе бидат менаџирани од страна на ГОи, а поддржани од општините и Министерството за труд […]

Унапредување на пристапот до правда

Откако ќе стапи на сила Законот за бесплатна правна помош, Министерството за правда заедно со Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе спроведе Национално истражување на првните потреби на граѓаните, со цел развивање на план или стратегија за правно зајакнување во согласност со претходно добиените наоди. Планот, односно стратегијата министерството ќе ја подготви во соработка со […]

До отпорно Скопје преку достапност до податоци

Градовите се ранливи заради големата концентрација на население и изградени објекти на еден помал простор. Но, градовите се и многу зависни од својата инфраструктура: транспортниот систем, комуникациските системи, дистрибуцијата на вода и енергија, системите за одведување на отпадните води и собирањето на отпадот. Концентрацијата на луѓе и добра во градовите и нивната зависност од овие […]

Инклузивен начин на донесување на одлуки за поттикнување на локалниот и регионалниот развој

Во секој од осумте плански региони ќе се спроведе: Одржани 4 форумски сесии и најмалку по една средба на работните групи помеѓу сесиите; Репрезентативна претставеност на институциите и граѓаните (минимум 40 учесници) на форумските сесии; Добро структурирани квалитетни дискусии, со поголем дел од времето одвоено на експертска поддршка, проектни идеи и препораки; Спроведени промотивни активности […]

Подобрување на јавните услуги преку институционална соработка на ЕЛС со ГО

Развивање на механизам и алатки за транспарентна распределба на средства од општинските буџети за финансирање на проекти на ГО, дизајнирање на грантови шеми, зајакнување на капацитетите на ЕЛС и на ГО за реализација и користење на средствата, мониторирање на процесот.

Воспоставување на нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на ЕЛС и на социјалната инклузија

Воспоставување на електронски табли во општините како многу достапен начин за информирање на членовите на советите и воопшто на граѓаните за клучните финансиски податоци од работењето на општината и јавните служби, преку автоматско преземање на кварталните извештаи за реализацијата на буџетот подготвени од страна на општинската администрација и нивна достапност за членовите на советите и […]

Регионални иницијативи за соработка на полето на отворени податоци

Македонија веќе има развиено стандард за мета-податоци кој е имплементиран во новиот портал за отворени податоци. Овој стандард би бил појдовна точка за развој на стандарди на мета-податоци на регионално ниво.

Каталогизација и отварање на податочни сетови во институциите

За да можат да се отворат податоците кај институциите како и да се приоритизира отварањето на податочните сетови, потребно е во секоја институција да се направи каталог на податочни сетови што ги поседува и кои имаат отворен карактер. Анализа на 1-2 истородни податочни сетови од две или повеќе институции, разгледување на можностите за нивно унифицирање […]

Унапредување на транспарентноста во спроведувањето на програмите за вработување и воспоставување на механизам за оценување на влијанието на трошоците од овие програми врз крајните корисници, преку вклучување на граѓаните

Агенцијата за вработување на РСМ во соработка со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) ќе подготват стандардизирана форма на годишни наративно- финансиски извештаи за секоја од активните мерки за вработување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Форматот на извештај ќе значи унифицирање […]

Унапредување на транспарентноста во спроведувањето на здравствените програми и воспоставување на механизам за оценување на влијанието на трошоците од овие програми врз крајните корисници, преку вклучување на граѓаните

Министерството за здравство во соработка со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) подготвија стандардизирана форма на годишни наративно-финансиски извештаи за секоја од превентивните и куративните буџетски програми за 2017 година и истите се објавени на веб страницата на министерството. Во текот на наредниот период ќе се продолжи со иницијативата за објавување на […]

Можност за објавување на основните информации за јавните набавки на интернет-страниците на институциите (договорни органи во јавните набавки)

Бирото за јавни набавки да им препорача на сите договорни органи во земјата што спроведуваат јавни набавки во согласност со Законот за јавни набавки и коишто се регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки да ги објавуваат на своите интернет-страници (или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат) следниве, основни, податоци […]

Отворен трезор

Заради зголемување на транспарентноста и поголемо приближување на информациите за трошењето на буџетот на РСМ кон граѓаните и сите заинтересирани страни, а воедно и за искористување на податоците за аналитички, научни и истражувачки цели Министерството за финансии се одлучи на отворање на податоците кон јавноста и нивна поголема достапност. Со оваа заложба Министерството за финансии […]

Соработка со граѓанскиот сектор за антикорупциска проверка на легислативата

ДКСК и граѓанските организации ќе развијат механизам за соработка во консултативните процеси при носењето на законите како и во процесот на избор и приоретизација на законите кои се веќе донесени, а ќе бидат предмет на антикорупциска проверка на легислативата.  ДКСК во согласност со Методологијата за антикорупциска проверка на легислативата ќе ги избира и ќе ги […]

2.2 Унапреден механизам за следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица

Врз база на спроведена анализа на антикорупциското законодавство, а поаѓајќи од веќе постоечките информации на ДКСК но и на граѓанското општество, ќе се направи ревизија заради надоградба на функционалноста на регистарот. Тоа ќе биде основата за квалитативна проверка на пополнетоста на Регистарот во надлежност на ДКСК. Во меѓувреме, ДКСК ќе ја стави во функција врската […]

Мапирање на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци

Воспоставување на механизми за координација на активностите за поддршка на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост, со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија, преку кои ќе се обезбеди: – воспоставување на евиденција на лица и семејства, – мапирање на потребите од социјална заштита, – расположивите и […]

Основните податоци за регистрираните субјекти во Централниот регистар на РСМ да станат јавно бесплатно достапни на интернет-страницата на ЦРРСМ

Следните основни податоци за субјектите: ЕМБС, назив, адреса, правна форма (организационен облик), датум на основање, големина, статус (активен/неактивен/во постапка на утврдување/избришан), дополнителни информации (во стечај/во ликвидација) и дејност (шифра и опис) регистрирани во Централниот регистар на РСМ треба да бидат јавно бесплатно достапни на интернет страницата на институцијата. Податоците ќе можат да се добијат со […]

Проактивно објавување, унапредување на електронскиот пристап и зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права за слободен пристап до информации од јавен карактер

Имателите на информации од јавен карактер да ги објавуваат проактивно и редовно на своите интернет-страници сите информации кои се индикативно наведени во ЗСПИЈК, како и информациите кои веќе ги имаат дадено како одговор на барање за пристап, додека оние иматели кои немаат свои интернет-страници, тоа да го прават на интернет-страниците на институцијата под чијашто надлежност […]

Подобрување на учеството на граѓаните во законодавниот и надзорниот процес на Собранието

Граѓанско учество во законодавниот процес. Зајакнување на надзорната функција на Собранието и остварување на законодавната функција на Собранието.

Целосно функционален Собраниски ТВ канал

Реформа на собраниски тв канал.

Подобар пристап до информации

Лесно пребарлива интернет страница.

Зајакнување на собраниската служба за да може собранието да одговори на зголемените одговорности, преку пополнување на испразнети места и обука на службениците

Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно спроведената функционална анализа и донесување на годишен план за генерички и специјализирани обуки на државните службеници.

Зголемување на финансиската транспарентност на Собранието на Република Северна Македонија

Буџетски транспарентна законодавна власт преку буџетска автономија на Собранието, објавување на собранискиот буџет и извештаите за негово извршување во лесно пребарлив и достапен формат. Детализирање на буџетот на шест цифри и објавување на планот за јавни набавки на Собранието.