Appointed Institution

Last update on

22 August 2024

Total achievements to be successful: 2

Achieved Achievements: 0/2

Achievements on hold: 0/2

Unrealized achievements: 2/2

In progress achievements: 0/2

Незапочнато

1.3.1 Координација и договарање за начинот на спроведување на заложбата и на потребните технички предуслови за тоа

Proposal goal indicators: Постигнат договор и конкретно техничко решение за објавување на договорите за концесии на интернет страната на Министерство за економија и за ЈПП на ЕСЈН
Незапочнато

1.3.2 Јавно објавување на договорите за концесии и за воспоставување на ЈПП

Proposal goal indicators: Договорите јавно се објавуваат

1.3 Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно приватно партнерство

What public problem is addressed by the commitment?

Заложбата подразбира задолжително јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување на ЈПП, онака како што се јавно достапни и договорите за јавни набавки. Концесиите, јавните набавки и ЈПП се трите основни видови на јавни договори на државните институции со приватниот сектор. Иако кај нас, сè уште, овие три видови јавни договори не се унифицирани во смисла на тоа постапките за нивното склучување да се водат од едно централизирано место, како на пример Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), сепак станува збор за истородни договори. Оттука, неопходно е како што се достапни договорите за јавните набавки, истата таа транспарентност да се овозможи и за договорите за концесиите и за ЈПП. Во смисла на концесиите, барем во текот на реализација на оваа заложба, се мисли на договорите за концесии за експлоатација на минерални суровини и договорите за концесии за детални геолошки истражувања кои ги склучува Министерството за економија.  Заложбата се однесува на јавно објавување на овие договори на интернет-страницата на ова министерство. Во однос на договорите за воспоставување на ЈПП заложбата се однесува на објавување на договорите во рамки на ЕСЈН. Имено, на ЕСЈН се објавуваат огласите за воспоставување ЈПП. По примерот на јавните набавки, заложбата подразбира да се објавуваат и склучените договори за ЈПП во делот на „документи“, одделно за секој склучен договор. На овој начин, иако заложбата ги опфаќа министерствата, општините како и јавните и државните претпријатија основани од нив, всушност го опфаќа само Бирото за јавни набавки бидејќи споменатите институции треба да ги достават до ЕСЈН за објавување и склучените договори (како што тоа го прават со договорите за јавни набавки).

Main goal of the proposal

1. Каков проблем адресира заложбата?

Иако спаѓаат во иста група договори меѓу приватниот сектор и институциите од јавниот сектор, договорите за концесии и за ЈПП не се објавуваат јавно како што е тоа случај со договорите за јавни набавки. Со ова за еден значаен сектор кој, меѓу другото, е и еден од најподложните на корупција, граѓаните, граѓанските организации, новинарите, дури и државните институции на коишто тоа им е неопходен податок, немаат пристап до деталите за тоа што е договорено, особено околу обврските на концесионерите. Од друга страна, има бројни примери за злоупотреби на овие договори. Со тоа што не се достапни договорите, не само што се оневозможува следење на нивното соодветно спроведување, туку на еден начин и се поддржува корупцијата бидејќи се држат во тајност вакви значајни информации. Иако постои обврска и според Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, договорите за концесии не се јавно објавени. Ист е случајот и со договорите за воспоставување ЈПП. И за двата вида договори, во јавноста преовладува мислење дека се генерално коруптивни, што ги ограничува и евентуалните натамошни инвестиции на бизнис секторот преку овие два вида договори. За разлика од Северна Македонија, во светот, токму концесиите и ЈПП се значаен инструмент за привлекување странски инвестиции и за економски развој, придонесувајќи со 2 до 3 процентни поени во годишниот пораст на бруто домашниот производ на земјите.

2. Кои се причините за проблемот?

Се чини дека во основата на проблемот е човечкиот фактор, односно немањето волја за објавување на овие договори. Имено, Министерството за економија и сега објавува документ во затворен пдф формат за доделените концесии за минерални суровини, со основните податоци за околу 370 вакви концесии како: име на концесионерот, адреса, електронска пошта, времетраење на договорот, датум на склучување на договорот, суровина, локалитет на концесијата, општината во која се наоѓа и опфатената површина во километри квадратни. Како и да е, меѓу јавно објавените податоци нема ниеден податок за надоместот што се плаќа за концесискиот простор, било фиксниот надомест по километар квадратен или променливиот, за количината на експлоатираната суровина. Исто така, не се познати ни условите што ги има концесионерот со договорот за концесија, што ги прави овие договори целосно невозможни за каква и да е јавен увид или контрола во нивното спроведување. Слична е ситуацијата и со договорите за воспоставување на ЈПП. На ЕСЈН се објавуваат огласите за ваквите договори, но не и информации за склучените договори, ниту самите договори, иако станува збор само за неколку годишно.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

1. Што е досега направено за да се реши проблемот?

Како што е напоменато, иако во доменот на јавните набавки постепено се зголемуваше транспарентноста и достапноста до јавноста на голем број информации и документи поврзани со тендерите, ваквиот тренд не беше следен и за другите два вида договори, како што се концесиите и ЈПП, ако станува збор за слични договори. Делумно и поради ова, но и поради застарените регулативи, и во двете области не се искористени целосните потенцијали што ги нудат, особено за привлекување инвестиции и за економски развој, не само на национално ниво, туку и во рамките на локалните средини. Имаше обиди состојбата да се подобри со други иницијативни, ни и тие беа неуспешни. Во однос на концесиите, како резултат на заложба во Акцискиот план за ПОВ 2016-2018 година, на веб-страницата на Министерството за економија се објавува регистар на концесии за минерални суровини, но тој не ги вклучува и склучените договори. Што се однесува за ЈПП, на ЕСЈН се објавуваат само огласите за ваквите договори и тендерските документации, но таа можност не се користи за да се објават, на истото место, и известувања за склучените договори, како и самите договори, како што е тоа случај со јавните набавки.

2. Какво решение предлагате?

Што се однесува до ЈПП, проблемот ќе биде целосно решен, бидејќи ќе се искористи веќе постојната можност – на ЕСЈН да се објават и склучените договори за ЈПП, во делот каде што и сега се објавуваат информации за ЈПП, како што се огласот и тендерската документација.

За концесиите, ова е само делумно решение, бидејќи договорите ќе се објават на веб-страницата на Министерството за економија, каде што се објавуваат основните информации за концесиите. Делумно, затоа што за концесиите е потребно, во иднина, да се пристапи кон целосно електронско решение, како што е ЕСЈН и затоа што не се опфатени сите концесии, туку само оние за минерални суровини и за експлоатација. Но, објавувањето на договорите за овие концесии ќе значи прв чекор кон транспарентност и на другите договори за концесии што ги склучуваат и другите институции, што може да следува во наредните НАП за ПОВ.

3.Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Заложбата всушност ќе значи заокружување на транспарентноста на јавните договори (јавни набавки, концесии, ЈПП) што е од огромна важност за да може да се овозможи јавен увид во овие договори и јавна проверка дали тие го штитат јавниот интерес. Сите овие договори се меѓу најподложните на корупција и со ова ќе се овозможи нејзино откривање, но и спречување и тоа со директна улога на граѓаните и граѓанските организации. Со заложбата всушност ќе продолжат напорите на Министерството за економија за зголемена транспарентност на доделените концесии.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

1. Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Со заложбата се постигнува значаен напредок во транспарентноста во сферите на концесиите и ЈПП. Заложбата за јавно објавување на овие договори е во иста линија со предвидените мерки во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, како и со препораките на Државниот завод за ревизија во Извештајот од извршената ревизија на Основен буџет на РСМ за 2022 година, во насока на тоа и општините да ги имаат договорите за концесии доделени за нивните територии.

2. Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Со тоа што договорите за концесии и за ЈПП ќе се направат достапни и ќе се стават на увид на јавноста и на сите заинтересирани групи, ќе се зголеми значително отчетноста на јавните институции. Со тоа, заложбата ќе придонесе и за зголемување на довербата во јавните институции и од страна на јавноста и на потенцијалните инвеститори во овие две области кои сега сè уште се одвиваат под превезот на нетранспарентност и сомнежи за корупција.

3. Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Имајќи ги деталите од договорите, особено за финансиските и другите аспекти и условите по кои е доделена концесијата, граѓаните можат да оценат дали е договорот добар или лош за јавните ресурси, како што се минералните суровини, или дали и како е заштитен јавниот интерес во договорите за ЈПП. Знаејќи го тоа, граѓаните може и да спречат евентуални штетни договори, што значи нивно директно учество во унапредување на состојбите.

Other included subjects

Institutions

  • Public Procurement Bureau
  • Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење

Organizations

  • Center for civil communications


Leave a Reply