Appointed Institution
Last update on
20 August 2024
Total achievements to be successful: 3
Achieved Achievements: 0/3
Achievements on hold: 0/3
Unrealized achievements: 3/3
In progress achievements: 0/3
1.2.1 Детектирање на потребните предуслови за јавно објавување на имињата на вистинските сопственици, со можен временски рок на остварување
1.2.2 Спроведување на детектираните предуслови за јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите-понудувачи и на фирмите со склучени договори за јавни набавки, концесии и ЈПП
1.2.3 Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите-понудувачи и на фирмите со склучени договори за јавни набавки, концесии и ЈПП
1.2 Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите-понудувачи и на фирмите што имаат склучено договори за јавни набавки, за концесии (при Министерството за економија) и за воспоставување јавно приватно партнерство
What public problem is addressed by the commitment?
Од 2019 година, РСМ воспостави Регистар на вистински сопственици. Овие регистри почнаа да се воспоставуваат откако се откри дека многу политички-експонирани лица „тајно“ поседуваат фирми кои користат јавни (државни) пари. Информациите за вистинските сопственици веднаш станаа една од најзначајните алатки за борба против корупцијата. Овозможувањето лесен и широк пристап до овие информации е најефикасен начин да се овозможи сите релевантни корисници – од институциите за спроведување на законот до истражувачките новинари и граѓанските организации – да можат да ги користат информациите во борбата против корупцијата. Ова е особено важно за фирмите кои добиваат јавни средства и за кои информациите за тоа кој ги поседува и контролира компаниите се основни за надзор и одговорност. Денес, и покрај неодамнешната пресуда на Европскиот суд, овие регистри се јавно достапни во дури една третина од земјите членки на ЕУ и многу други земји ширум светот. Ова е, исто така, услов поставен и од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) и Светска банка (СБ) за доделување финансиска помош на земјите (каква што користи и РСМ). Јавно објавување на имињата на вистинските сопственици е дел и од резолуцијата на Обединетите нации за оваа материја. Оттука, многу е важно ваквите податоци да бидат конечно јавно достапни и во нашата земја во која, споредено со сите земји од ЕУ каде што овие регистри се јавно достапни, има значително поголема корупција, оттука и поголема потреба од овие информации. Заложбата се однесува на овозможување јавна достапност на податоците за вистинските сопственици, во прво време, за фирмите кои користат јавни средства, односно имаат склучено договори за јавни набавки, за концесии за експлоатација на минерални суровини, договори за концесија на детални геолошки истражувања, како и оние со склучени договори за воспоставување наЈПП. Исто така, во насока на уште поголема заштита од корупција, а согласно светските трендови во оваа сфера, заложбата предвидува објавување на имињата на вистинските сопственици и на фирмите-понудувачи во постапките за јавни набавки.
Main goal of the proposal
1.Каков проблем адресира заложбата?
Постојат мноштво примери дека корумпираните поединци ја искористуваат нетранспарентноста на сопственичките структури на фирмите, било за да склучуваат или за добиваат договори со државните институции така што ги фаворизираат фирмите во кои имаат скриен интерес. Официјалните податоци од светот говорат дека во 70 % од случаите на висока корупција се вклучени компании со анонимни сопственици (за што имаше бројни случаи и кај нас, пред да бидат откриени во истрагите на Специјалното обвинителство и од истражувачките новинари). Недоволната транспарентност во вистинската сопственост на правните лица не само што помага во корупцијата, туку сериозно ги попречува и истрагите и можноста за следење, замрзнување и одземање на нелегално стекнатиот имот и за спроведување на законот. При јавните набавки, корумпираните поединци може да се обидат да ја искористат нетранспарентноста на сопственичките структури за да добиваат тендери, фаворизирајќи ги компаниите во кои имаат скриен интерес. Спротивно, со овозможување сопственичка транспарентност, властите и сите други заинтересирани страни ќе можат да ги откријат вистинските сопственици кои стојат зад понудувачите на тендерите, а од друга страна ќе биде потешко и за корумпираните службеници да манипулираат со процесот на набавки за лична корист. Ваквата транспарентност поттикнува фер конкуренција и ги обесхрабрува корумпираните актери да ги користат сложени сопственички структури за да ја прикријат својата вклученост во зделките. Дополнително, комбинацијата од транспарентност на вистинската сопственост и на јавните набавки ја подобруваат севкупната одговорност на процесот на набавки, овозможувајќи идентификација на потенцијалните судири на интереси и гарантирајќи дека договорите се доделуваат врз основа на заслуги, а не преку фаворизирање или поткуп.
2. Кои се причините за проблемот?
Недоволната транспарентност во вистинската сопственост на правните лица остава простор за коруптивни активности при склучувањето на договори за јавни набавки, за концесии за експлоатација на минерални суровини, договори за концесија на детални геолошки истражувања, како и оние со склучени договори за воспоставување ЈПП.
How will the commitment contribute to solving the public problem?
1.Што е досега направено за да се реши проблемот?
Со неколку последователни активности спроведени во последните неколку години се создадени предуслови за конечно решавање на споменатиот проблем. Прво, на единствениот Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН) задолжително се објавуваат сите склучени договори за јавни набавки (и нивните анекси). Потоа, исто така на ЕСЈН, во Известувањето за склучен договор, се објавуваат не само имињата на фирмите со кои е склучен договорот за јавна набавка, туку и на сите фирми што учествувале на набавката.
Натаму, Државната комисија за спречување на корупцијата воспостави и јавно го објавува Регистарот на избрани и именувани лица. Но, сите овие и други решенија, се само парцијални и не ја остваруваат до крај својата замисла – да бидат моќна алатка за спречување и откривање на корупцијата. Она што недостига се јавно достапни податоци за сопственоста на фирмите за да може да се вкрстат сите овие податоци и да се спречи злоупотреба на јавните средства.
Со минатиот Акциски план за Партнерството за отворена власт 2021-2023 (НАП за ПОВ) се направи обид да се започне со овој процес со усвојување на заложба за објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите што добиле договор за јавна набавка. За жал, заложбата, иако беше признаена како една од најдобрите заложби на светско ниво од страна на Секретаријатот на ПОВ, не беше спроведена главно поради аспекти поврзани со заштита на личните податоци. Имајќи предвид дека напорите за остварување на заложбата не престанаа, сега се прави обид да се овозможи дополнително време за, наводно, потребните законски измени за да може заложбата да се реализира, но кон неа се вклучуваат и сличните договори на јавните набавки, како што се концесиите и договорите за воспоставување на ЈПП.
2. Какво решение предлагате?
Со предложеното јавно објавување на името на вистинските, односно крајните сопственици на фирмите ќе се овозможи вкрстување на податоците од неколкуте јавно достапни бази и на тој начин ќе може да се направи целосна проверка на избраните и именуваните лица – дали се затскриени за фирми кои добиваат тендери и концесии, односно државни договори користејќи ја позицијата и функцијата на која се избрани или именувани.
Сепак, проблемот ќе се реши само делумно, бидејќи во земјава исто така не се јавно достапни ниту податоците за регистрираните сопственици на фирмите, со што Северна Македонија е меѓу 15-те земји во светот во кои се плаќа надомест за добивање на оваа информација за фирмите (информација од октомври 2023 година, УНОДЦ). За ова постоеше заложба во минатото, со која се направија јавно достапни одредени основни податоци за фирмите, ни не и името на сопствениците на фирмите, како што е тоа во речиси сите земји од светот. Ова останува да биде проблем за целосно откривање на поврзаноста на фирмите и за спречување и откривање на корупцијата, кој треба да се реши во иднина. Со јавна недостапност на овој податок, на еден начин, се овозможува корупцијата бидејќи се спречува нејзиното откривање до кое би дошло доколку овие податоци се јавно достапни.
Исто така, како проблем останува и тоа што сите овие податоци не се во форма на отворени податоци и со тоа нивното користење останува отежнато, што само оди во прилог на корумпираните.
Во блиска перспектива, податоците и за сопственоста и за вистинската сопственост на фирмите треба да станат целосно јавно достапни за да се овозможи нивно пошироко користење (на пример поврзување со податоците за имот, за пресуди, итн.). Успешни примери за ваква употреба на податоците има во Франција, Обединетото Кралство, Кенија, Малезија, Украина итн.
3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?
Со јавното објавување на имињата на крајните или вистинските сопственици на фирмите ќе се овозможи искористување на целосниот потенцијал на овие податоци во борбата против корупцијата и криминалот. Имено, тоа ќе овозможи проверка на податоците од споменатите јавно достапни регистри и бази на податоци што може да доведе не само до откривање на корупција, туку уште повеќе до нејзино спречување. Се смета дека самиот факт што овие податоци ќе бидат јавно достапни ќе ги одвраќа оние што имале намера за злоупотреба на јавните средства, да го сторат тоа, бидејќи ќе се зголемат шансите да бидат откриени.
Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information
1. Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?
Заложбата всушност ќе значи историско отворање на податоците од Регистарот на вистински сопственици, кои сега се достапни само преку официјална процедура и плаќање надомест. Со спроведување на заложбата, овие податоци ќе бидат јавно отворени со што ќе станат лесно достапни за сите заинтересирани страни, како што се граѓаните, граѓанските организации, медиумите и др.
2. Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?
Транспарентноста на имињата на крајните корисници на правните лица ќе им овозможи на граѓанските организации, медиумите, граѓаните и на сите други заинтересирани страни да го зголемат надзорот врз јавните институции, а со тоа и притисокот за поодговорно работење. На овој начин, не само што ќе е откријат евентуалните политички злоупотреби во искористување на јавни пари за приватна корист, туку ќе се делува на спречување на вакви појави во иднина, со што директно ќе се влијае врз зголемување на одговорноста на јавните институции во трошењето јавни пари.
3. Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?
Имајќи информации и постојан увид во тоа кои се вистинските сопственици, односно крајни корисници на фирмите, со истовремено достапни и други важни податоци како – кој ги добива тендерите и концесиите, ќе им овозможи на граѓаните да се вклучат поинтензивно во борбата против корупцијата. На тој начин, граѓаните, наместо само како пасивни набљудувачи и дел од проблемот, ќе можат да ја играат својата општествена улога на активни чинители во борбата против корупцијата, и заштита на своите сопствени средства.
Other included subjects
Institutions
- Ministry of Economy
- Ministry of Finance
- Central Registry of the Republic of North Macedonia
- Public Procurement Bureau
Organizations
- Center for civil communications