Appointed Institution

Contact person

Сусана Новакоска, Полициски советник во ООЈСП при МВР susana_novakoska@moi.gov.mk

Last update on

12 May 2023

Total achievements to be successful: 3

Achieved Achievements: 0/3

Achievements on hold: 0/3

Unrealized achievements: 0/3

In progress achievements: 3/3

Значително

4.1.1 Зголемување на обемот на информации помеѓу полициските службеници во насока на постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку организирање на обуки за сензибилизација на полициски службеници

1.1 Во однос на прикажување на сензибилизација на полициските службеници при постапувањето со ранливите категории на лица вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги, во 2022 година обучени се 842 полициски службеници преку девет едукативни активности на теми:

“Примена на Етички кодекс за однесување на работниците во МВР„(https://mvr.gov.mk)„ Подигање на свеста на полициските службеници за полициска етика” “Современи предизвици за полициски интегритет„ “Соработка меѓу граѓанските организации и институции во решавање на случаи на родово-базирано семејно насилство„“Обезбедување на родово сензибилни услуги за поддршка на лицата кои претрпеле насилство„ “Превентивно полициско работење, почитување на основните човекови права при полициско постапување„  “Стручно усовршување на полициските службеници за нивно професионално и законско постапување при лишување од слобода, приведување и употреба на средства за присилба„ “Идентификација на деца жртви на  сексуална експлоатација” и “Мулти-професионална превенција на родово насилство.„

 

1.2 Полициските службеници работните задачи ги извршуваат на високо професионално ниво, кое континуирано го надоградуваат со едукативни активности и на тој начин постојано се зголемува процентот на обученост.

1.3 Полициските службеници знаењето го применуваат преку објективен, непристрасен и еднаков третман кон сите граѓани (вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги). Притоа, согласно подзаконскиот акт подобрување на ефектот од работењето раководителот постојано го следи работниот процес, професионалната етика, како и примената на стекнатото знаење од спроведена обука на полициските службеници. Меѓутоа примената на знањето се проценува и од задоволството на физичките и правни лица во однос на остварување на правата.

Proposal goal indicators: 1.1. Број на обучени полициски службеници 1.2. Процент на полициски службеници кои преку обуките го зголемиле своето знаење 1.3. Процент на полициски службеници кои известиле дека го применуваат знаењето од обуката во секојдневната работа
Значително

4.1.2 Зголемување на обемот на информации помеѓу вработени лица во затворите во насока на постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку организирање на обуки за сензибилизација на вработени лица во затворите

2.1 Во однос на зголемување на информираноста на затворските полицајци при постапувањето со сексуалните работници и лица кои употребуваат дроги, во 2022 година обучени се 155 лица. Едукативните активности за сензибилизација произлегуваат од содржината на осумте обуки, од кои две основни обуки за нововработени (запознавање со природата на работата во установите и Кодексот за однесување на затворскиот персонал во КПУ/БПУ https://www.pravda.gov.mk);  пет обуки во однос на ревидирани Стандардни оперативни протоколи (Протокол за претрес на лица  лишени од слобода и простории, Протокол за употреба на средства за присилба, постапка во случај  на спречување на бегство на лице лишено од слобода, Постапка за извршување спровод вон установата, Протокол за спречување на бунт и антикорупциски мерки во затворите), како и Обуката за правда на децата (малолетни лица  кои се на издржување мерка притвор).

2.2 Затворските полицајци работните задачи ги извршуваат на високо професионално ниво, кое континуирано го надоградуваат со едукативни активности.

2.3 Затворските полицајци стекнатото знаење го пренесуваат преку објективен, непристрасен и еднаков третман кон сите ранливи категории на затвореници (вклучувајќи ги и сексуални работници и лица кои употребуваат дроги). Притоа, примената на знаењето во текот на работењето постојано се надгледува од раководното лице, но истовремено стекнатото знаење се проценува и затворените лица во однос на остварување на правата и погодностите.

2.4 Вкупниот број нововработени лица со соодветно образование во сите казнено поправни установи  заклучно со  првиот квартал 2023 година  вработени се 104 лица.

Proposal goal indicators: 2.1. Број на обучени вработени лица во затворите 2.2. Процент на учесници кои преку обуките го зголемиле своето знаење 2.3. Процент на учесници кои известиле дека го применуваат знаењето од обуката во секојдневната работа 2.4. Број на нововработени лица со соодветно образование
Значително

4.1.3 Пристап до информации на адвокати и обвинети преку кои полесно ќе се докажува прекршување на човекови права преку воведување на задолжителен аудио и видео запис во по една полициска станица во секој град на територијата на РСМ за време на распит, а првенствено во Скопје, Гостивар, Струмица, Охрид и Гевгелија.

3.1 Во однос на пристапот до информации од одржан распит во полциски станици, на подрачјето во Скопје има 11 простории за сослушување на странки опремени со видео запис, од кои во функција се ставени девет простории.

Исто така  под  видео запис се  просториите за распит во  Полициските станици:  Гостивар, Тетово, Прилеп, Кичево, Куманово, Велес, Струмица,  Штип,Радовиш, Делчево и Берово.

Proposal goal indicators: 3.1. Број на полициски простории опремени со аудио и видео опрема (таргет: минимум 5)

4.1 Унапредување на заштитата на сексуалните работници и лицата кои употребуваат дроги

What public problem is addressed by the commitment?

Основната цел на полицијата во едно демократско општество е почитување и заштита на основните човекови слободи и права на сите граѓани, недискриминација и почитување и штитење на човечкото достоинство. Меѓутоа, во многу случаи полицијата во своето постапување ги прекршува правата на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници. Лицата кои употребуваат дроги често пријавуваат случаи дека врз истите бил вршен незаконит претрес од страна на полициски службеници, дека биле малтретирани во полициски станици, биле изложени на тортура (присилувани да признаат дека сториле некое дело, за да можат полициските службеници да поведат постапка против тие лица), нечовечко и/или деградирачко постапување, не им биле соопштувани нивните права во полициска станица, врз истите била употребувана прекумерна употреба на сила од страна на полицијата во полициското постапување, а како последица од тоа, лицата кои употребуваат дроги се здобиваат со телесни повреди. Покрај тоа што лицата кои употребуваат дроги се изложени на тортура од страна на полицијата, истите се изложени на тортура и во затворите. Сексуалните работнички пак, често пријавуваат дека полицијата не постапува по нивно пријавување на случаи на насилство и дека трпат разни форми на насилство од страна на полиција. Она што исто така се јавува како сериозен проблем е фактот што ниту полицијата, ниту јавното обвинителство не пристапуваат кон темелна истрага во случаи кога се работи за сексуални работнички, а посебно недоволно ги истражуваат случаите на фемицид на сексуалните работички.

  • Дискриминација, нееднаков третман и прекршување на човекови права на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници од страна на полиција.

Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 85% од лицата кои употребуваат дроги и 62% од сексуалните работници пријавиле барем еден проблем со полиција:

– 69% од лицата кои употребуваат дроги и 49% од сексуалните работници се соочиле со противзаконит претрес, профилирање и сл. од страна на полиција,

– 65% од лицата кои употребуваат дроги и 41% од сексуалните работници се соочиле со физичко или психичко малтретирање од страна на полициски службеници (навредување, омаловажување, тепање и сл.),

– 37% од лицата кои употребуваат дроги и 20% од сексуалните работници се жртви на злоупотреби на службена положба од страна на полиција (злоупотреба на лични податоци, уцена и сл.),

– 47% од лицата кои употребуваат дроги и 27% од сексуалните работници се соочиле со неосновано приведување, задржување на или лишување од слобода,

– 33% од лицата кои употребуваат дроги и 28% од сексуалните работници се соочиле со одбивање од страна на полицијата да евидентира или да поведе истрага за пријавено дело/проблем,

  • Полицијата не постапува по пријави на лица кои употребуваат дроги и сексуални работници,

Врз основа на истражување за анализа на ставовите на сексуалните работници за потребите од промена на законската регулатива за сексуалната работа во Македонија, само 1,3%  од сексуалните работници одговориле дека очекуваат или добиле помош од полиција, што се должи на непостапување од страна на полиција, дискриминаторски третман и злоупотреба на службена должност.

  • Тортура и деградирачко постапување врз лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници во затворите.

Врз основа на истражување спроведено од страна на ХОПС за правните проблеми и потреби со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници на територија на Република Северна Македонија, 92% од лицата кои употребуваат дроги и 60% од сексуалните работници се соочиле со  најмалку еден проблем при издржување на казна затвор.

Main goal of the proposal

Главна цел на заложбата е сензибилизација на полициските службеници и вработените лица во затворите во постапување со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници преку обуки.

Очекувани резултати:

  • Постапување од страна на полицијата по пријавени случаи од лица кои употребуваат дроги и сексуални работници.
  • Еднаков третман од страна на полицијата и вработените лица во затворите кон лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.

Зголемена доверба во полицијата кај лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.

How will the commitment contribute to solving the public problem?

Преку воведување на обуки за полициски службеници и вработени лица во затворите за работа со лица кои употребуваат дроги и сексуални работници ќе се зголеми сензибилноста на полицијата и вработените лица во затворите при постапување со овие две заедници. Лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници ќе имаат еднаков третман како и сите граѓани, со тоа кај нив ќе се зголеми довербата во полицијата, што ќе резултира со поголем број на пријавени случаи.

Воведувањето на задолжителен аудио и видео запис во полициските простории за време на распит ќе придонесе за поефикасно решавање на случаите и елиминирање на тортура, нехумано и деградирачко однесување  кон лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници.

Употребата на технички средства за аудио и видео снимање е уредено и во членот 93-а од Законот за полиција каде е предвидено дека  полицијата, при преземање на дејствија во рамките на полициските овластувања, да употребува технички средства за аудио и видео снимање, со цел обезбедување на снимен материјал за начинот на кој се презема дејствието од страна на полициските службеници.

Употребата на технички средства за аудио и видео снимање е регулирана и со други закони и овие технички средства веќе се применуваат во судовите и јавните обвинителства.

Покрај постоечките закони, од  мај 2021 година ќе се применува и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој исто така со мерките за заштита на жртвите од ревиктимизација ги задолжува надлежните институции, исказот на жртвата во полициска станица и јавно обвинителство да се земе со користење на видео и тонски записи.

Why is this commitment relevant to OGP values?
Additional information

Врска со Правилник за обука во Министерството за внатрешни работи; Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016 – 2020 година; Национална стратегија за развој на пенитенцијалниот систем 2015 – 2019 година.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување еднаков пристап до правда за сите. Со мерките од оваа заложба ќе се придонесе кон сузбивање на дискриминација, нееднаков третман и прекршување на човекови права на лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници од страна на полиција.

Other included subjects

Institutions

  • Ministry of Justice

Organizations

  • Здружение ХОПС - Опции за здрав живот, Скопје


Leave a Reply