Скопје, 01 јуни 2023
Врз основа на член 3 став (2) алинеја (5) и (6) од Решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година бр. 16-1046/1 од 04.03.2022 година, Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, согласно одлука на седницата одржана на 17.05.2023 година објавува
Јавен повик
за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, на седницата одржана на 17.05.2023 година утврди Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „ Партнерство за отворена власт” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.
Јавниот повик треба да овозможи консултации со јавноста и пријавување на засегнати страни за учество во процесот на консултација и креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година и вклучување во работни средби за една или повеќе приоритетни области (Борба против корупција, Развој и користење на дигитални технологии, Унапредување на активностите за климатските промени, Правно зајакнување и пристап до правда, Партиципативно донесување на одлуки и граѓанско учество, Отворено Судство и Отворен Парламент), во периодот на ко-креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.
Во процесот на консултации и ко-креирање на новиот акциски план, пријавените учесници ќе можат да дадат свој придонес во идентификување и приоретизирање на клучните проблеми во горенаведените приоритетни области и предлагање на решенија за нивно надминување.
Учесниците својот придонес можат да го дадат преку учество во работни групи за консултација, по претходно утврден начин и динамика на работа. Временската рамка и активностите се достапни на следниот ЛИНК .
Учесниците потребно е да осигураат дека ставовите и потребите на локално ниво ќе бидат соодветно презентирани и застапени.
Пријавувањето за учество во процесот на консултација и ко-креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година се врши по електронски пат, преку следниот ЛИНК.
Рокот за поднесување на пријавите е 14.06.2023 година.
Министерство за информатичко општество и администрација