Недела на отворена власт 2026: ТВ дебата „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“

Posted on

Во рамки на Неделата на отворена власт 2026 година, денес на Собранискиот канал се одржа телевизиска дебата на тема „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“, посветена на отвореното владеење, партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор, учеството на граѓаните и градењето доверба во институциите.

На дебатата учествуваа: Гордана Гапиќ-Димитровска, државен советник во Министерството за јавна администрација и Национален координатор за Партнерство за отворена власт, Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации и ко-претседавач со Советот за Партнерство за отворена власт, Данче Даниловска-Бајдевска, програмски директор во Фондацијата Метаморфозис и координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт и Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија.

Во рамки на дискусијата беше истакнато дека отвореното владеење претставува континуиран процес што бара активна соработка, транспарентност, отчетност и реално учество на граѓаните во процесите на креирање политики.

Учесниците се осврнаа и на значењето на Партнерството за отворена власт како механизам за унапредување на отвореноста, инклузивноста и отчетноста на институциите, како и на потребата од континуиран дијалог и партнерски пристап во подготовката и спроведувањето на јавните политики.

Дебатата уште еднаш ја потврди важноста од заедничко делување на институциите, граѓанскиот сектор и јавноста во насока на градење поотворени, поинклузивни и поодговорни институции.

Дебатата може да ја погледнете на следниот линк.

Leave a Reply