Партнерскиот однос помеѓу Владата и граѓанскиот сектор е клучен за добро владеење. Преку вклученоста и активното учество на засегнатите страни, Владата има пристап до нови извори на идеи, информации и ресурси кои се важни во процесот на креирање на политики, донесување на одлуки и испорака на квалитетни јавни услуги.
Основната цел на ПОВ е градење на јавни институции кои ќе бидат транспарентни, ќе овозможат учество, ќе бидат отчетни и ќе одговараат на потребите на граѓаните.
Најзначајната придобивка од оваа иницијатива е обврската на јавните институции при подготовка и спроведување на заложбите кои се дел од националните акциски планови за ПОВ да ги вклучат граѓнските организации и граѓаните и да соработуваат со нив
Во јавните институции и надвор од нив има луѓе кои истрајно и посветено работат на иницирање на одредени реформи, кои што преку востановените процеси не се идентификуваат како значајни и неможат да се реализираат.
ПОВ дава можност ентузијастите од јавите институции и надвор од нив, заеднички да работат на спроведување на промените.
Овој дел на порталот дава едноставна можност за вклучување и активен придонес на сите кои сакаат посветено да придонесат кон промена во работењето на јавниот сектор и да воведат нови практики кои имаат позитивно влијание врз живот на граѓаните.