Датум на последното ажурирање

20 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

Подготовка на процедура за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ

Taа ги уредува следните компоненти:

  • Објавување на следни средби на владините претставници најмалку седум дена однапред, со стандардизирани информации за најавата;
  • Објавување на информации од средбите согласно стандардизиран формат на записник/белешки во рок од 5 работни дена по одржување на средбите;
  • Објавување на следни владини седници со распоред на седници седум работни дена однапред, заедно со агенда за седницата.
Индикатори: Подготовка на процедура за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ која ги уредува следните компоненти: - Објавување на следни средби на владините претставници најмалку седум дена однапред, со стандардизирани информации за најавата; - Објавување на информации од средбите согласно стандардизиран формат на записник/белешки во рок од 5 работни дена по одржување на средбите. - Објавување на следни владини седници со распоред на седници седум работни дена однапред, заедно со агенда за седницата.
Незапочнато

Спроведување на процедурата за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ

Индикатори: Спроведување на процедурата за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ.

1.1 Унапредување на транспарентноста на владините седници и средби

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Целта на заложбата е унапредување на транспарентноста на владините седници и средби, бидејќи граѓаните укажуваат на постоење на голем ризик за корупција поврзан со интегритетот на Владата при носење одлуки, што би се намалил преку зголемување на транспарентноста на владините седници и средби на владините претставници, односно Претседателот на ВРСМ  и министрите.

За таа цел, треба да се обезбеди задолжително водење и објавување календар на средби на владините претставници, односно Претседателот на ВРСМ и министрите со информации за лицата со коишто се закажани, односно остварени средбите, а кој ќе биде достапен и ажуриран најмалку седум дена однапред, со времето на одржување и темата. Дополнително, календарот на средби треба да биде придружен со белешки, односно записник од одржаните средби, според претходно утврден унифициран ред на содржина.

Во поглед на унапредување на транспарентноста на владините седници, потребно е да биде објавен календар (најава на седниците), односно ќе биде објавен дневниот ред на  владините седници. Неопходно е, во насока на унапредување на транспарентноста на седниците, дневниот ред да биде објавен најмалку седум работни дена однапред пред нејзиното одржување. Покрај тоа што овие активности ќе влијаат на унапредувањето на транспарентноста на Владата, дополнително ќе придонесат кон зголемување на довербата на граѓаните кон институциите, подобрување на интегритетот на Владата, како и намалување и искоренување на корупцијата што е од суштинско значење за зголемување за заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување.

На крај, преку овој пристап со најава на календарите на владините претставници, проследени со белешки од средбите, како и објава на дневните редови за владините седници однапред, ќе се зголеми ефикасноста на работата и на владините служби и на Владата, бидејќи се очекува да се намали обемот на барања за пристап до информациите.

Главна цел на заложбата

1.Каков проблем адресира заложбата?

Заложбата се однесува на детектираниот ризик за корупција поврзан со интегритетот на Владата при носење одлуки, што би се намалил преку зголемување на транспарентноста на владините седници и средби. Паралелно на тоа би се зголемила довербата на граѓаните во институциите и нивната надзорна функција како главен коректив на работата на извршната власт. Регионалниот Индекс на отвореност (https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/procenka-na-dobroto-vladeenje-vo-severna-makedonija-i-regionot-preku-indeksot-na-otvorenost-sobranie-i-izvrshna-vlast-merenje-za-2021/) неколку години по ред го нотира овој проблем дека владините седници не се навремено најавени со придружни агенди најмалку еден ден пред одржување на седницата, како што и седум години по ред предупредува дека документите што се разгледуваат и дискутираат за време на седниците на Владата треба да се објавуваат заедно со агендата согласно меѓународните практики.

2.Кои се причините за проблемот?

Клучна причина за овој проблем е тоа што јавноста нема навремен и целосен увид во дневниот ред (и документите) или информации кои се дискутираат и разгледуваат за време на владините седници, поради што перцепцијата на граѓаните е дека одлуките се носат на нетранспарентен начин и за лични или партиски цели. Последните неколку години се забележува тренд на задоцнето објавување на агендите и записниците на владините седници на веб-страницата на Владата, додека документите или информациите кои се разгледуваат или дискутираат на седниците до сега не биле јавно објавени.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1.Што е досега направено за да се реши проблемот?

Агенди за следните владини седници се објавуваат на порталот е-Влада кој не е достапен за пошироката јавност. На календарот на веб-страницата на Владата се објавени информации за изминатите средби и владини седници, но не и за тие што следат. Дополнително, на веб-страницата на Владата задоцнето се објавуваат записници од седниците.

2. Какво решение предлагате?

Преку спроведување на заложбата ќе се воведе процедура за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ во насока на поголема транспарентност на работата на Владата и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите. Процедурата ќе ги уреди следните постапки: 1) Објавување на следни средби на владините претставници, Претседателот на Владата и министрите, најмалку седум дена однапред, со стандардизирани информации за најавата; 2) Објавување на информации од средбите согласно стандардизиран формат на записник/белешки во рок од 5 работни дена по одржување на средбите; и 3) Објавување на следните владини седници со распоред на седниците седум работни дена однапред, агенда за седницата.

3. Какви резултати сакаме да постигнеме со спроведување на оваа заложба?

Преку воспоставувањето и спроведувањето на процедурата за водење и објавување календар на веб-страницата на ВРСМ, целиме кон постигнување на поголема транспарентност на работата на Владата и со самото тоа зголемување на надзорната улога на граѓанскиот сектор и довербата на граѓаните кон институциите.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
  1. Како заложбата ќе ја промовира транспарентноста?

Засегнатите чинители пред сè ќе имаат навремен и целосен пристап до информации за средбите и седниците на владините претставници согласно што ќе им овозможи навремено и информирано да ја практикуваат својата улога на надзорници на работата на власта и да реагираат согласно потребата.

  1. Како заложбата ќе помогне да се поттикне одговорноста?

Јавното обезбедување на информации поврзани со владините седници и средби заедно со документите и записниците, ќе ѝ овозможи на јавноста навремено и информирано да реагира и да бара одговорност од страна на владините претставници доколку има (не)усвојување на спорни документи или информации кои одат спротивно на интересите на граѓаните.

  1. Како заложбата ќе го подобри учеството на граѓаните во дефинирањето, спроведувањето и следењето на решенијата?

Заложбата има клучна цел да обезбеди процедура за континуирано и навремено информирање на засегнатите страни за владините седници и средби преку што јавноста ќе може навремено и информирано да реагира и да бара одговорност од страна на владините претставници доколку има (не)усвојување на спорни документи или информации кои одат спротивно на интересите на граѓаните. На овој начин граѓаните стануваат посвесни и поинформирани за работата на Владата преку осознавање на редот и информациите кои се процесираат за време на владините седници и средби.



Напишете коментар