Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

23 август 2024

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4

Остварени Достигнувања: 0/4

Достигнувања кои се на чекање: 0/4

Неостварени достигнувања: 4/4

Достигнувања со значителен прогрес: 0/4

Незапочнато

1.2.1 Подготовка на методологија и/или упатства според кои судовите би комуницирале со јавноста и начините на нејзино информирање со цел да опфаќаат бројни теми како што се изготвување на годишни извештаи, подготовка на годишни планови, како и формат во кој тие ќе бидат објавени.

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

1.2.2 Спроведување консултативни средби со медиуми и останати лица како директни корисници на Методологијата

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

1.2.3 Подготовка и донесување на нов сеопфатен Прирачник/Насоки/Правилник за односи на судството со медиумите.

Индикатори: Усвоена Методологија и останати прописи (Упатство, Правилник) за комуникација со јавноста на судовите во РСМ
Незапочнато

1.2.4 Изработка на Стратегија за отвореност на судството како 5-годишен документ придружен со Акциски план, така што ќе бидат систематизирани сите напори за зголемување на транспарентноста и целокупната отвореност на судството.

Индикатори: Усвоена Стратегија за отвореност на судството од страна на ССРСМ

1.2 Подобрување на односите со јавноста на судовите

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Во институционалната рамка и практикување на вистинската транспарентност и отвореност на судовите, се појавуваат бројни проблеми и предизвици. Судовите, немаат ресурси, ниту знаење да ги исполнуваат релевантните норми на Судскиот деловник за односи со јавноста. Судиите не се стремат редовно  да комуницираат со јавноста на директен начин преку прес- конференции, интервјуа, електронски медиуми и сл. Постои потреба од обнова на линкот односно поврзаноста помеѓу судовите и медиумите со цел враќање на довербата на јавноста во судството и правосудните органи.

Главна цел на заложбата
  • Подобрување на активната комуникација и транспарентност на судовите со јавноста
  • Воспоставување на сеопфатна рамка според која судовите би комуницирале со јавноста и медиумите
  • Изработка на Стратегија за отвореност на судството
  • Развивање на соработката со Судско-медиумскиот совет
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Како заложбата  ќепридонесе за решавање на јавниот проблем?

Преку реализација на заложбата се воспоставуваат долгорочни насоки за подобрување на транспарентноста и отвореноста на судството преку воспоставена методологија за комуникација со јавноста.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?

Заложбата овозможува пристап до повеќе информации, го подобрува квалитетот на податоците и ја подобрува пристапноста до информации за јавноста што означува дека заложбата е важна за транспарентноста со која ќе се приближи и работата на судовите до граѓаните преку навремено информирање

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Врска со Цел 16 „Мир, правда и силни институции“

Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Таргет 16.10 Да се обезбеди пристап до информации од јавен карактер и заштита на основните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори.

Оваа заложба ќе придонесе за зголемување на отвореноста на судовите во Република Северна Македонија преку редовно споделување на информации со медиуми и јавноста.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Центар за правни истражувања и анализи
  • Сите судови во РСМ

Организации

  • Здружение на судии
  • Судско-медиумски совет


Напишете коментар