Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
23 август 2024
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 3/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
2.1.1 Развивање на методологија за оценување на претседателите на судовите за односи со јавноста и транспарентност во работењето
2.1.2 Квалитативно дефинирање на бодување на критериумот односи со јавноста и транспарентност во работењето
2.1.3 Подготвување на стандардни оперативни процедури и дефинирање на процесни мапи за вршење на мониторирање на веб-страниците на судовите, односно за оценување на работата на претседателите во делот за односи со јавноста и транспарентност во работењето
2.1 Зајакнување на надзорната улога на Судскиот совет врз транспарентноста на судовите
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Во Законот за Судскиот совет член 92, ст. 1, точка 5 е новина во македонската правна рамка, согласно кој, Судскиот совет цени дали претседателите на судовите доследно се грижат за односите со јавноста. Судскиот совет тоа треба да го врши преку увид во веб-страницата на судовите, односно преку проверка на соопштенијата, одлуките, анализите и извештаите кои се објавени. Судскиот совет, исто така, треба да оценува дали претседателот на судот се грижи за соодветно постапување по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На крај од 2019 година, Судскиот совет донесе и усвои нов Деловник за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија, меѓутоа сѐ уште не е започнато со вршење на надзор над веб-страниците на судовите. За Судскиот совет да ги мониторира веб-страниците на судовите, односно да ја оценува работата на претседателите, треба да се воспостават конкретни процесни правила за таа намена (кој вработен или која организациска единица во рамки на Судскиот совет на РСМ ќе го врши увидот во веб-страниците на судовите, како тоа лице / таа организациска единица ќе го известува Судскиот совет за наодите, како членовите на Судскиот совет ќе оценуваат дали претседателот на конкретниот суд постапил согласно законот или не и слично).
Главна цел на заложбата
- Зајакнување на активната улога на Судскиот совет во следење на обезбедување на транспарентност од страна на претседателите на судовите во односите со јавноста,
- Подготвување на нови акти за внатрешна организација и систематизација на работни места согласно новиот Деловник за работа на Судскиот совет на РСМ
Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?
Како заложбата ќе придонесе за решавање на јавниот проблем?
Заложбата предвидува активности што се целосно во насока на зголемување на транспарентноста на судовите преку воведување на систем на мониторинг на работата на претседателите на судовите во РСМ преку веб-страниците на судовите.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Заложбата овозможува пристап до поголем обем информации и ја подобрува пристапноста до информации до јавноста, со што заложбата се смета за транспарентна.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации
Во врска со целта 16 „Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.
Оваа заложба е важна за подобрување на јавната одговорност на Судскиот совет на Република Северна Македонија преку подобрување на правилата и механизмите со кои ќе се обезбеди одговорност на членови на Судскиот совет и вработените во спроведување на активна улога во обезбедување на транспарентност на судовите.
Други вклучени субјекти
Институции
- Сите судови во РСМ
- Центар за правни истражувања и анализи
Организации
- Здружение на судии