Лице за контакт

Надица Јосифовски, Државен советник nadica.josifovski@mioa.gov.mk

Датум на последното ажурирање

24 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 4

Остварени Достигнувања: 0/4

Достигнувања кои се на чекање: 0/4

Неостварени достигнувања: 4/4

Достигнувања со значителен прогрес: 0/4

Незапочнато

Спроведена кампања за промовирање на услугите кои граѓаните можат да ги добијат по електронски пат, наместо на шалтер. (Активноста ќе биде вклучена во редовните советодавни активности на АПРЗ, а информациите дистрибуирани до земјоделците и преку подрачните единици на МЗШВ и преку АФПЗРР)

Спроведена кампања за промовирање на услугите кои граѓаните можат да ги добијат по електронски пат, наместо на шалтер.

(Активноста ќе биде вклучена во редовните советодавни активности на АПРЗ, а информациите дистрибуирани до земјоделците и преку подрачните единици на МЗШВ и преку АФПЗРР)

Индикатори: Број на објавени и споделени информации за достапни е-услуги на uslugi.gov.mk во рурални средини - Број на реализирани е-услуги преку порталот uslugi.gov.mk на годишно ниво
Незапочнато

Воспоставена локална мрежа на мобилни посредници за промовирање и посредување во пристап до Порталот uslugi.gov.mk

Воспоставена  локална мрежа на мобилни посредници за промовирање и посредување во пристап до Порталот uslugi.gov.mk

Индикатори: Број на мобилни посредници за користење на е-услуги по општини - Број на добиени е-услуги преку Порталот uslugi.gov.mk
Незапочнато

Изработена „Анализа и попис на услуги во сектор земјоделство, шумарство и водостопанство со приоретизација на услуги, како и внесување на податоци“ и внесување и верификација на идентификуваните услуги во Каталог на услуги (согласно Законот за електронско управување и електронски услуги)

Изработена „Анализа и попис на услуги во сектор земјоделство, шумарство и водостопанство со приоретизација на услуги, како и внесување на податоци“ и внесување и верификација на идентификуваните услуги во Каталог на услуги (согласно Законот за електронско управување и електронски услуги)

Индикатори: Број на нови услуги внесени во Каталогот од страна на МЗШВ - Број на објавени информации за услуги од МЗШВ на Порталот uslugi.gov.mk - Број на нови е-услуги достапнина Порталот uslugi.gov.mk - Број на дигитализирани услуги во секторот земјоделство и рурален развој (таргет 10)
Незапочнато

Развиен курикулум за едукација на граѓани за основни дигитални вештини наменет за рурални и маргинализирани средини (основна компјутерска писменост- зоом, интернет итн.) и спроведување на обуките

Развиен курикулум за едукација на граѓани за основни дигитални вештини наменет за рурални и маргинализирани средини (основна компјутерска писменост- зоом, интернет итн.) и спроведување на обуките

Индикатори: Број на спроведени обуки во рурални средини на годишно ниво - Број на обучени граѓани во рурални и маргинализирани средини -Број на превземања на материјалите за обуки

Достапни е-услуги во руралните средини

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Немање информациjа за постоење на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk (Порталот) и сите податоци достапни на него; немање доволно дигитална писменост на локалното население за користење на е-услугите на Порталот; немање доверба во институциите и доверба во електронското комуницирање.

Одолговлекување на времето и квалитетот на добиената услуга , пример, за една потврда од општина дека вашата инвестиција е во согласност со стратегијата на ЛЕР и дека нема влијание врз загадувањето на животната средина одите 10 дена по ред и на крај може да се случи да ја добиете со погрешни податоци, што често пати земјоделците ги чини и неодобрување на инвестицијата. Голем број на примери ги имаме во Пелагониски регион, поточно во Кривогаштани. Внесување на погрешни податоци од страна на службениците што пак често пати резултира и со губење на финансиска поддршка, пример, субвенции итн., особено во делот на внесување на податоци и парцели за имотот и културите кои што ги има земјоделецот особено при електронско аплицирање за субвенции кои што го прават тие поради тоа што земјоделците не знаат, а тоа го прават за над 90.000 земјоделци кои што најчесто се јавуваат 10 дена пред истекот на рокот, или пак општините внесуваат погрешни податоци за лицето или земјоделското стопанство и тоа оди во недоглед; преголема зависност од службениците во локалните институции; многу повеќе време и средства трошат жителите во руралните средини во однос на оние кои што живеат во урбаните средини итн.; гледано од аспект на земjоделците и руралното население кои што се земени како целна група за да се образложи проблемот, иако ваквите услуги нема да ги користат само земjоделците туку и воопшто локалното население, а тоа го потврдува и последното направено истражување на терен на Рурална Коалиција – Дел од ваквите изјави или ставови може да ги најдете и во последното истражување на РК – Анализа дигитализација.pdf станува збор за евидентирани повеќе од 170.000 семеjниземjоделски стопанства кои што имаат повеќе пати во текот на годината потреба од услугите наведени погоре, како што се субвенции, аплицирање за јавни повици од ИПАРД и програмата за рурален развој каде што ви се потребни меѓудругото М1/М2, уверение за платени даноци, потврди од општина за усогласеност на инвестицијата со ЛЕР, потврди за стечајна, ликвидациона постапка, тековна состојба, потврда дека не е изречена забрана за вршење на должност или дејност итн.Имено, наjголемиотброj на документи, односно услуги кои што се наведени погоре се бараат при аплицирање за субвенции, понатаму аплицирање за финансиска поддршка од Програмата за рурален развоj каде што се овозможуваат инвестиции за модернизирање на земjоделските стопанства и за унапредување на руралниот развоj, при што станува збор за искористување на средства во износ поголем од 200 милиони евра годишно. Исто така, ваквата документациjа е потребна и при аплицирањето за ИПАРД програмата што пак е многу важно, бидеjќи директно влиjае на процентот на искористеност на ИПАРД програмата.

Главна цел на заложбата

Главната цел на заложбата е доближување на Националниот портал за е-услуги до граѓаните од руралните средини и зголемување на довербата и сигурноста во електронската комуникација со институциите

Резултати:

  • Зголемена информираност на граѓаните во локалната заедница за порталот gov.mk

Зголемени знаења и вештини на руралното население за користење на е-услугите достапни на Порталот uslugi.gov.mk

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Преку зголемувањето на достапноста и искористеноста на е-услугите во руралните средини, не само што се придонесува кон решавање на јавниот проблем туку во исто време се придонесува и кон унапредувањето на процесот на дигитализација на општеството, а да при тоа ниту еден граѓанин не биде изоставен. Исто така, преку зголемената употреба на е-услугите се зголемува и довербата во институциите,а и воопшто во државата, и во исто време се подобрува и квалитетот на живот во заедницата. Исто така, реализацијата на ваквата пак заложба, ќе го забрза  процесот на дигитализација на услугите кои што ги даваат и општините, а ќе се зголемат и капацитетите и знаењата на локалното население со воведувањето на посебен курикулум за унапредување на знаењата и вештините за дигитализација и се придонесува кон остварување на Дигиталната агенда и стратешките насоки на оваа тема утврдени на национално ниво.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Ваквата заложба е во согласност и придонесува кон реализацијата на приоритетите и целите предвидени во неколку стратешки документи и тоа: Стратегијата за транспареност на Владата на РСМ 2019-2021

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките на оваа заложба се придонесува кон унапредување на знаењата и вештините на  граѓаните за обезбедување на електронски јавни услуги на брз и начин.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство

Организации

  • Рурална коалиција


Напишете коментар