Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

09 јуни 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 2/2

Значително

Подготвен и јавно достапен наративен-финансиски извештај за програмско и буџетско известување за секоја од куративните и превентивните програми од буџетот на Министерството за здравство

Јавно објавени на веб страната на министерството за здравство 20-те Извештаи за програмско и буџетско известување за куративните и превентивните програми за зравствена заштита за 2018 година.

Значително

Воведена методологија за мерење на влијанието на трошоците врз крајните корисници за превентивната буџетска програма: „Програма за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија”

Во тек е дефинирање на точен датум за одржување на обука за презентирање на чекорите за оценување на влијанието на буџетските трошоци врз крајните корисници на јавните услуги. Обуката ќе биде одржана од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), а на истата ќе присуствуваат претставници од невладиниот сектор кои се корисници на наведената превентивна програма и одговорното лице за планирање и реализирање на програмските активности на програмата.

Унапредување на транспарентноста во спроведувањето на здравствените програми и воспоставување на механизам за оценување на влијанието на трошоците од овие програми врз крајните корисници, преку вклучување на граѓаните

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Министерството за здравство во соработка со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) подготвија стандардизирана форма на годишни наративно-финансиски извештаи за секоја од превентивните и куративните буџетски програми за 2017 година и истите се објавени на веб страницата на министерството. Во текот на наредниот период ќе се продолжи со иницијативата за објавување на годишните извештаи за реализација на програмските активности за секоја од превентивните и куративните програми за здравствена заштита.

Воспоставениот формат на извештај ќе значи унифицирање на параметрите за наративно известување на ниво на институција, а во себе ќе содржи податоци за тоа што институцијата има направено и постигнато со трошоците направени во тековната година соодветно на целите, резултатите и активностите предвидени со програмата. Исто така ќе обезбеди финансиско известување и ќе содржи податоци за тоа колку средства се планирани и потрошени на ниво на активност и по извршител на буџетската програма. Овие извештаи институцијата ќе ги објави на своите интернет страници во текот на првата половина од тековната година за претходната година.

Министерството за здравство ќе селектира минимум една превентивна или куративна буџетска програма во соработка со ЕСЕ,ќе се развијат механизими/методологии за мерење на влијанието на трошоците од истата врз крајните корисници. Вака развиениот механизам/методологија ќе се пилотира на идентификуваната пилот буџетска програма (спроведувањето на процесот на оценка и комуникацијата со крајните корисници ќе се спроведе во соработка Здружението ЕСЕ). За таа цел ЕСЕ ќе развие и спроведе еднодневна обука за презентирање на чекорите за оценување на влијанието на буџетските трошоци врз крајните корисници на јавните услуги. Дополнително, овој процес ќе овозможи идентификување на реалните потреби и приоритети на крајните корисници кои понатаму ќе помогнат на институцијата во процесот на планирање на идните активности. По завршувањето на периодот на пилотирање, институцијата ќе ги вклучи резултатите од спроведениот процес на оценување во планирање на буџетот и активностите за избраната пилот програмата за 2021 година.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Напишете коментар