Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6

Остварени Достигнувања: 0/6

Достигнувања кои се на чекање: 2/6

Неостварени достигнувања: 4/6

Достигнувања со значителен прогрес: 0/6

Ограничено

Социјално мапирање на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија и воспоставување на база на податоци врз основа на мапирањето.

Првиот состанок помеѓу претставници на МТСП и ЗГ Љубезност беше одржан на 24.10.2018 година при што беше договорено да се почне со активности за мапирање  на територијата на Град Скопје, кои понатаму би се прошириле на целата територија на Р.С. Македонија.

Во таа насока, со цел успешна проекција и реализација на активностите, а пред се точно дефинирање на целните групи кои ќе бидат мапирани, како и начинот на организација на активностите, беа одржани 3 работни состаноци со преставници на релевантните институции и организации од областа, и тоа, покрај МТСП и ЗГ Љубезност беа вклучени претставници од ЈУ Завод за социјална дејност, ЈУ МЦСР Скопје, Град Скопје – Сектор за детска, социјална и здравствена заштита, ЗГ ПАБЛИК, Црвен Крст на Град Скопје, на ден 8.11.2018, 15.11.2018 и 18.12.2018 година.

Имајќи предвид дека од одржаните состаноци произлезе потребата од координација на процесот во рамки на ЈУ МЦСР Скопје, во меѓувреме се одржа состанок помеѓу преставниците на МТСП со директорот и одговорните лица на ЈУ МЦСР Скопје, при што е назначено лице од ЈУ МЦСР Скопје одговорно за собирање на податоците и координирање на актвностите помеѓу вклучените субјекти.

Во интерес на потребата од ефикасно собирање на потребните информации во однос на дефинираните ранливи категории, на ден 1.2.2019 одржан е состанок помеѓу преставници на ЗГ Љубезност, ЈУ МЦСР Скопје и МТСП, при што се дефинирани потребните податоци кои ќе бидат побарани од секој вклучен субјект во процесот, како и формата на самата табела.

Во тек е прибирањето на потребните податоци во соработка со ЗГ Љубезност, Црвен крст на Град Скопје, како и ЈУ МЦСР Скопје и останатите вклучени субјекти во процесот.

13.03.19 одржана е поширока средба на која покрајпретставниците на МТСП и ЗГ Љубезност, присуствуваа и ЈУ МЦСР-Скопје, Црвен крст на град Скопје и град Скопје. Дискутирано е во однос на формата и начинот на внесување на податоци во Excel табелата.

21.03.2019 во просториите на Црвен крст на град Скопје, одржана е уште една работна средба, на која беа присутни и општинските организации на Црвен крст. На истата од страна на Црвен крст е презентиран нивниот модел на прибирање податоци заради усогласување и понатамошно поефикасно координирање на активностите. Во текот на наредниот период се одржани неколку  работни средби помеѓу претставници  на МТСП, ЗГ Љубезност и ЈУ МЦСР-Скопје, во насока на подобрување на функционалноста нa самата база на податоци како и начинот на прибирањето на истите.

Во истиот период е доставен и допис до општините на Град Скопје заради вклучување со свои претставници во понатамошните  активности од заложбата.

Во текот на месец ЈУНИ  направено е усогласување на податоците од базата, корекција на понудените опции во самите зададени параметри согласно со донесениот Закон за социјална заштита, по што финалната табела е дадена на понатамошна надлежност и прибирање на податоци од страна на назначениот претставник од ЈУ МЦСР Скопје.

Следен состанок, во поширок состав вклучително и со претставници на општините, е закажан на 17.10.2019 година на кој ќе биде дискутирано во однос на посточките проблеми околу доставување на податоците до ЈУ МЦСР Скопје. На истиот ќе се дискутира во однос на потребата од поактивно вклучување на сите субјекти на локално ниво, како и можноста за одржување на засебни состаноци и презентации на заложбата кон сите потенцијално собирачи на податоци.

  • Следната средба се одржа на 31.10.2019 во просториите на МТСП во поширок состав со вклучување н и на локалната власт, односно беа присутни преставници од МТСП, Влада на РСМ, Љубезност, Заводот за социјална дејност, ЈУМЦСР, Град Скопје, Општина Центар, Општина Карпош, Општина Аеродром, Црвен Крст и Паблик.

Заклучоци:

  1. После секоја поголема активност од страна на било која организација, податоците за доставената донација веднаш да се пратат до одговорното лице во ЈУМЦСР
  2. Excel – табелата празна од страна на одговорното лице при ЈУ МЦСР-Скопје, да се достави како формат до сите вклучени субјекти во овој процес со цел истите да ја пополнуваат и навремено да ја доставуваат.
  3. Од страна на ЗГ Љубезност да се направи посета на сите општини, со цел презентација на excel –табелата, кратка обука за начинот на пополнување и содржината на податоците, за да комплетно се достават до одговорното лице при ЈУ МЦСР-Скопје.
  4. Собирањето податоци како и мапирањето и во следниот период ќе се продолжи со исто темпо.
  5. Согласно Законот за заштита на лични податоци да се разгледа правната можност односно потребата од потпишување на писмена изјава на записник од нивна страна при мапирање на истите на терен , за да се користат нивните податоци во интерес на остварување на правата од Законот за социјална заштита.
  6. Со оглед на тоа дека сме ограничени со временската рамка за спроведување на заложбата истите активности треба да се отпочнат веќе наредниот период односно најдоцна од средина на месец Ноември.

 

– Средба во Општина Карпош 28.11.2019

– Средба во Општина Центар 02.12.2019

– Средба во Општина аеродром 19.12.2020

На средбите е:

презентирана заложбата

презентиран екселот

дискусија околу пополнувањето

 

  • Средба во Државен завод за статистика 17.01.2020

Присутни Директорот Апостол Симовски со четворица од тимот и по еден преставник од Љубезност, МТСП и ЈУМЦСР Скопје, во продолжение резултатите:

Искажана импресија заради нашата определба како работна група, да ги запознаеме со заложбата, плановите и да побараме нивна поддршка во процесот на креирање на Регистарот за бездомници и социјално загрозени.

Искажана потреба за постоење на ваков Регистар како дополнителна алатка во детектирањето на Бездомниците при реализирање на пописните активности,

Детектирањето на „Фантомите“  на терен и евидентирањето во оваа база на податоци, а веднаш потоа и решавањето на нивниот статус со вадење на документи, ќе го олесни процесот на попишување на истите.

Понудена поддршка во делот на подобрување на алатката со вметнување на сите корекции кои претходно ги разгледувавме, споделување на Шифрарник за да може соодветно да се кодираат дел од податоците, понуди преставник од IT секторот на ДЗС како преставник во работната група во целиот процес и секоја друга потреба за поддршка што ќе произлезе во следниот период од самиот процес на креирање на Регистарот.

 

  • Со почетокот на пандемијата, од Март до Јули 2020 год. немавме никакви средби на усогласување и подобрување во процесот, освен продолживме со мапирање на терен, запазувајки ги сите мерки и протоколи со настанатата ситуација.

 

  • Средба на ZOOM 17.07.2020 на преставници од Љубезност, МТСП, ЈУМЦСР, ЗСД, ДЗС, ГРАД СКОПЈЕ како и од приватната IT компанија ГРАБИТ од Скопје со цел преставникот од Грабит се запознае со заложбата со детектирање на сите сугестии од сите чинители, за да може да ни помогне во пишување на апликативен текст со соодветен IT вокабулар, за да можеме во следен период да аплицираме на повици за изработка на софтверско решение за Регистерот.

 

  • Средба во просториите на Љубезност на преставници на Љубезност, МТСП, ЈУМЦСР и ЗСД каде што преставниците од ЗСД (Завод за социјална дејност) ги изложија своите сугестии и забелешки за да се вметнат во самата Ексел алатка за истата да се подобри.

 

  • Средба во просториите на ДЗС (Државен завод за статистика) на преставници од Љубезност, МТСП, ЈУМЦСР, ЗСД и ДЗС, каде што преставниците од ДЗС ги споделија своите сугестии и забелешки за да се подобри Ексел алатката.

 

Во следниот период операторот од ЈУМЦСР треба да ги земе во предвид сите сугестии и забелешки од сите чинители и да ги имплементира во самата Ексел алатка. Исто така во следен период, потоа да се направи средба со работната група за да се презентираат сите настанати промени и согласно можностите треба да се направи повторна средба со компанијата ГРАБИТ, со цел да им се дадат сите потребни информации за да можат да го концепираат текстот за идно аплицирање

Индикатори:
Незапочнато

Склучување на меморандуми за соработка помеѓу засегнатите страни и спроведување на Обуки за мапирање на социјален простор - Преставници од Центри за социјална работа, Општини, НВО.

Не се отпочнати активности.

Индикатори:
Незапочнато

Мапирање на расположивите ресурси за давање на услуги на ранливи групи во локалната заедница.

Предвидено е активностите да започнат од 01.2020

Индикатори:
Ограничено

Координација на активностите помеѓу месно надлежните Центри за социјална работа, Општините, НВО во насока на детектирање на потребите на целната група и соодветно упатување и обезбедување на потребните услуги на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија.

Започнати активности за координација на активностите само во рамки на територијата на Град Скопје и прибирање на податоци за детектирање на потребите на целната група. Имено, согласно последниот состанок, ЗГ Љубезност започна со посети на општините и здруженијата со цел презентација подетална на самата заложба , со кратка презентација на Excel – табелата која како уникатен формат треба да се пополнува со податоци и тоа во општина Карпош, Центар ,Аеродром, а побарана е средба и во општина Кисела Вода.

По успешно спроведување на планираните активности за координација на територија на Град Скопје, предвидено е активностите да се прошират на целата територија на државата.

Индикатори:
Незапочнато

Тест период на имплементација, мониторинг на активностите и тековно одстранување на евентуални аномалии.

Предвидено е активностите да започнат од 09.2020

Индикатори: Периодично ажурирање на податоците во базите на податоци (на 6 месеци).
Незапочнато

Редовно ажурирање на базите на податоци во однос на детектираните потреби и обезбедени услуги.

Предвидено е активностите да започнат од 09.2021 Периодот на периодично ажурирање на податоците во базите на податоци да се намали најпрво на 3 месеци/потоа на 1 месец.

Индикатори:

Мапирање на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Воспоставување на механизми за координација на активностите за поддршка на сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци во ризик од социјална исклученост, со фокус на бездомниците на територијата на Република Северна Македонија, преку кои ќе се обезбеди:

– воспоставување на евиденција на лица и семејства,

– мапирање на потребите од социјална заштита,

– расположивите и потребните ресурси за помош и поддршка на загрозените граѓани/семејства, за ублажување на состојбата на сиромаштија,

– координирање на активности помеѓу ЦСР, општинската администрација, бизнис заедницата, здружението Љубезност и други засегнати страни заради евидентирање на лицата, обезбедување на соодветни услуги, а кои се однесуваат на обезбедување на храна, облека, парична помош и сместување на бездомниците, и останата поддршка на социјално загрозените семејства и поединци,

– размена на податоци и информации за преземени активности.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 2/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Завршено

Утврдување обврска за ЦРРСМ да ги направи слободно и отворено бесплатно достапни основните податоци за регистрираните субјекти (ЕМБС, назив, адреса, правна форма (организационен облик), датум на основање, големина, статус (активен/неактивен/во постапка на утврдување/избришан), дополнителни информации (во стечај/во ликвидација) и дејност (шифра и опис).

На предлог тарифата на ЦР, која беше одобрена од управниот одбор и во посебен член беше утврдено основните податоци за регистрираните субјекти согласно оваа заложба да бидат бесплатни односно без надоместок, Секретаријатот на законодавство имаше забелешки и членот по нивно укажување мораше да изостане од финалниот текст на тарифата. И покрај тоа, ЦР ќе ја спроведува одлуката на управниот одбор, односно основните податоци за регистрираните субјекти, согласно оваа заложба, преку новиот веб портал на ЦР ќе бидат бесплатни, односно без надоместок.

Индикатори:
Завршено

Изработка на софтверско решение интегрирано и достапно преку интернет страницата на ЦРРСМ за овозможување на пребарување на 100% од регистрираните субјекти, според ЕМБС или според дел од назив на субјектот, а кое ќе резултира со пристап до основните податоци за бараниот субјект: (ЕМБС, назив, адреса, правна форма (организационен облик), датум на основање, големина, статус (активен/неактивен/во постапка на утврдување/избршан), дополнителни информации (во стечај/во ликвидација) и дејност (шифра и опис).

Изработката на нов веб портал (софтверско решение) на Централниот регистар, преку кое ќе се овозможи и пребарување во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (ги содржат сите регистрирани субјекти) и добивање на основните податоци за секој субјект бесплатно, односно без надоместок, во целосна согласност со заложбата, е завршено и истиот во месец октомври 2020 е поставен во продукциска работа. Новиот веб портал на ЦР е јавно достапен на следната веб локација http://www.crm.com.mk, додека  до основните податоци за одреден субјект (Основен профил на регистриран субјект) може да се пристапи преку менито „Отворени податоци“ или директно на следната веб локација: http://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/osnoven-profil-na-registriran-subjekt .

 

Индикатори:
Референци

Основните податоци за регистрираните субјекти во Централниот регистар на РСМ да станат јавно бесплатно достапни на интернет-страницата на ЦРРСМ

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Следните основни податоци за субјектите: ЕМБС, назив, адреса, правна форма (организационен облик), датум на основање, големина, статус (активен/неактивен/во постапка на утврдување/избришан), дополнителни информации (во стечај/во ликвидација) и дејност (шифра и опис) регистрирани во Централниот регистар на РСМ треба да бидат јавно бесплатно достапни на интернет страницата на институцијата. Податоците ќе можат да се добијат со внесување на ЕМБС или преку помошен критериум за пребарување дел од називот на субјектот.

Согласно 5-тата ЕУ директива Beneficial Ownership податоци за сопствениците на субјектите ќе бидат јавно достапни со донесување на новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кој предвидува нов регистар на крајни сопственици (физички лица). Според моменталните планови регистарот треба да биде функционален во рок од 12 месеци од донесување на Законот и подзаконските акти, односно во втората половина на 2019 година. За законот се надлежни Министерството за финансии и Управата за финансиско разузнавање.

Слободна достапност на основните податоци наведени во описот на заложбата за 100% од регистрираните субјекти во ЦРРСМ почнувајќи од 30.06.2019 година, што ќе придонесе за унапредување на транспарентноста, одговорноста и отчетноста на владата и ќе го унапреди животот и работењето на граѓаните.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Други вклучени субјекти

Институции

  • Централен регистар на Република Северна Македонија

Организации



Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 3/3

Значително

Редовно проактивно објавување на информациите од јавен карактер на интернет-страниците на имателите на информации

Центарот за граѓански комуникации ја објави анализата за Активна транспарентност 2019 година, по претходно изготвена индикативна листа преку која се изготви анализата за активната транспарентност на 97 иматели на информации од Владата на РСМ и министерствата, како и од општини во РСМ.

Индикатори: - Изработка на индикативна листа на информации од јавен карактер што институциите треба проактивно да ги направат достапни на своите интернет-страници (или на интернет-страниците на институциите под чијашто надлежност работат) - Задолжително објавување на сите информации од јавен карактер на интернет-страниците на имателите на информации (или на интернет-страниците на институциите под чијашто надлежност работат) - Следење на исполнување на обврските на институциите преку т.н. Индекс на активна транспарентност што го изработува Центарот за граѓански комуникации
Значително

Унапредување на електронски пристап до информациите од јавен карактер

Постоечката електронска веб-страница (платформа за овозможување на електронски пристап до информациите од јавен карактер – https://slobodenpristap.mk/), воспоставена  од Фондацијата Отворено општество – Македонија, по воспоставена соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, е предадена во нејзина сопственост. По предадената сопственост на платформата се пристапи кон нејзино унапредување согласно новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер во рамки на активностите во проектот IPA II „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација“, каде што согласно активностите предвидени со овој проект оваа активност ќе биде имплементирана.

Индикатори: -Развој на методологија за унапредување на постоечката електронска веб-страница (платформа) за електронски пристап до информации од јавен карактер - Воспоставен електронски систем за пристап до информациии и преземен од имателите на информации на користење - Развој на прирачник со обуки за имателите, како и промоција на платформата за користење од граѓаните со што ќе се поедностави пристапот до информациите
Референци
Значително

Зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права за пристап до информации од јавен карактер и зголемено користење на правото од страна на граѓаните

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одржа девет обуки како активност за спроведување на кампањата за зголемување на свесноста на граѓаните за нивнитее права за пристап до информации од јавен карактер и зголемено користење на правото од страна на граѓаните. На обуките граѓаните беа запознаени со основите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и нивното право да бараат информации со кои располагаат институциите во нивните општини. На обуките беа поделени и едукативни материјали кои беа изготвени од страна на Здружението ЕСЕ и Комисијата за ЗПСПИЈК.Средбите беа реализирани во следниве места:

– Шуто Оризари- две обуки 27 март

– Св. Николе на 28 март

– Виница, с. Црник (Пехчево) и Делчево на 29 март

– Тетово на 3 април

– с.Дабиле (Струмица) на 5 април

Индикатори: - Развивање на план за спроведување на кампањата (идентификување на општини и населени места каде кампањата ќе се спроведува; развивање на содржина која ќе им биде презентирана на граѓаните и формат за јавна презентација; воспоставување на соработка со локални граѓански организации во идентификуваните општини; воспоставување на механизми за мерење на влијанието на кампањата) - Спроведување на кампања и мерење на ефектите од истата

Проактивно објавување, унапредување на електронскиот пристап и зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права за слободен пристап до информации од јавен карактер

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Имателите на информации од јавен карактер да ги објавуваат проактивно и редовно на своите интернет-страници сите информации кои се индикативно наведени во ЗСПИЈК, како и информациите кои веќе ги имаат дадено како одговор на барање за пристап, додека оние иматели кои немаат свои интернет-страници, тоа да го прават на интернет-страниците на институцијата под чијашто надлежност работат.  Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), ќе развијат и спроведат теренска кампања за информирање на граѓаните за нивните права за пристап до информации од јавен карактер. Со воспоставување на функционална платформа за овозможување на електронскиот пристап до информациите од јавен карактер, ќе се олесни процесот за испраќања на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и одговор по истото. Преку овој онлајн систем (платформа) секој заинтересиран граѓанин ќе може да испрати барање за информација од јавен карактер до имателите кои лесно ќе ги пронајде на платформата. Предноста на платформата е во тоа што сите информации кои се дадени се јавно објавени и може да бидат пристапни за секој, што значи ако еднаш информацијата е дадена од имателот, преку оваа платформа, ќе се намали обемот на работа во институцијата во случај кога друг барател би бил заинтересиран за истата.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?