Nap Proposal Type: Заложба
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 0/3
Достигнувања со значителен прогрес: 3/3
Подготовка на методологија и алатки за финансирање на граѓанските организации од општинските буџети и за следење на реализацијата на средствата.
Подготвени се 5 анализи (за секоја партнерска општина поединечно) чија цел беше да дадат насоки како LOD Mетодологија (методологија за јавна, транспарентна и отчетна распределба на средства од општинските буџети во корист на граѓански организации) може да биде прилагодена, институционално прифатена и практично применета од општините во земјава.
Индикатори:Развивање на капацитетите на локалната администрација и на ГО во општините(Куманово, Струмица, Гостивар, Кавадарци и Ресен) за транспарентно финансирање, следење и имплементација на проекти на општината со ГО
Со цел да се зајакнат капацитетите на локалната администрација за ефикасно, транспарентно и базирано на проекти финансирање на ГО од општинските буџети, беа организирани 5 модули на кои учесниците од 5те општини се запознаа со LOD методологијата и сите чекори на проектниот циклус (Project Cycle Management) во согласност со најдобрите практики.
Во рамките на 2та јавни повика за ГО кои беа организирани во текот на 2018 година беа организирани обуки за ГО во секоја од 5те партнерски општини. Целта на обуките беше да им се подобрат знаењата и вештини потребни за подготовка на проекти во рамките на ReLOaD но и при аплицирање на други проекти.
Во 2019 година е објавен нов јавен повик и се организирани обуки за ГО во 5те партнерски општини.
Индикатори:Имплементација на избраните проекти
Одобрени се 22 проекти кои се во тек на имплементација и резултатите ќе бидат измерени во наредниот период.
Индикатори:Подобрување на јавните услуги преку институционална соработка на ЕЛС со ГО
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Развивање на механизам и алатки за транспарентна распределба на средства од општинските буџети за финансирање на проекти на ГО, дизајнирање на грантови шеми, зајакнување на капацитетите на ЕЛС и на ГО за реализација и користење на средствата, мониторирање на процесот.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 7
Остварени Достигнувања: 1/7
Достигнувања кои се на чекање: 0/7
Неостварени достигнувања: 0/7
Достигнувања со значителен прогрес: 6/7
Поставување на електронски информативни табли со податоци за финансиското работење на веб страните на општините Чаир, Велес, Охрид, Струмица, Свети Николе и Валандово
| Достигнувањето е реализирано во целост. Електронските информативни табли со податоци за финансиското работење (квартални извештаи К1, К2 и К3) се поставени на веб страницата indikatori.opstinskisoveti.mk како и на веб страните на 6-те општини (Чаир, Велес, Охрид, Струмица, Свети Николе и Валандово), и тие редовно се ажурираат (на квартална основа). |
Имплементација на дополнителна алатка (по една во 24 општини) заради внесување на иновации во управувањето.
Со цел подобрување на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во работата на општинските совети, а преку набавка на соодветна IT, видео и адуио опрема, се имплементира иновативна алатка – live streaming (пренос во живо) на седниците на советот на официјалните youtube канали, facebook и веб страници во вкупно 13 општини. Во моментов, 11 општини веќе ги пренесуваат во живо седниците на советот (Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Охрид, Чаир, Кавадарци,) Брвеница, Желино, Берово, Битола)
, а до средината на 2020-та година, оваа алатка ќе биде имплементирана и во дополнителни 5 општини (Богданци, Вевчани, Крушево, Кочани и Могила)
). До 3 квартал на 2020 година се планира да бидат имплементирани иновативни алатки во уште 8 општини, со што ќе бидат опфатени сите 24 планирани. Во 7 со ИКТ технологија ќе се подобрат ВЕБ страниците на општините, а во општина Гостивар ќе биде поставен Е-киоск заради подобрување на испораката на јавните услуги.
Индикатори:Поддршка на имплементацијата на проекти во вкупно 24 општини во соработка со граѓаните и ГО
Преку Форумите во заедниците што се оддржаа во Велес, Свети Николе, Валандово, Струмица, Чаир и Охрид, граѓаните од овие општини, заедно со претставниците на локалната власт, граѓанските и младинските организации, бизнис секторот, како и претставниците од образованието и социјалната заштита, ги избраа и веќе се финализирани 6 проекти по еден во секоја од општините.. Проектите, за чија реализација се предвидени 50.000 швајцарски франци за секоја од општините, имаат за цел подобрување на социјалните услуги за најранливите категории граѓани, со кои подеднакво се решаваат потребите на мажите и жените и различните етнички групи.
До ноември 2019 година беа избрани проекти во дополнителни 9 општини (Центар, Куманово, Брвеница, Гостивар, Желино, Струга, Могила, Кочани и Кавадарци) кои ќе бидат имплементирани во третиот квартал на 2020 година.
Индикатори:Поставување на електронски информативни табли со податоци за финансиското работење на веб страните на нови 18 општини
Во сите 24 општини се поставени електронските табли со податоци за финансиското работење (квартални извештаи). (Чаир, Велес, Охрид, Струмица, Свети Николе и Валандово, Центар, Куманово, Брвеница, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Желино, Берово, Битола, Крушево, Вевчани, Богданци, Могила, Чашка, Тетово, Зрновци и Ѓорче Петров)
Индикатори:Подготовка на Водич и адаптација на ВЕБ страниците на општините од Источниот плански регион за лицата со попреченост.
Достигнувањето е реализирано во целост. Подготвен е Водич за адаптација на веб страни за зголемена пристапност на лицата кој ги проширува и дополнува активностите во 11 општини во Источниот дел на Македонија, а со цел да се добие основен увид во тоа како лицата со попреченост пристапуваат до веб-страниците и како може да им се олесни навигацијата, пребарувањето и прелистувањето на истите. Водичот е наменет за стручните лица, вработени во општините кои имаат обврска за оддржување на веб страницата на општината, со цел да се овозможи соодветно упатство и препораки за адаптација на техничките и содржинските аспекти на вебстраниците на секоја од 11те општини во овој регион. Веб пристапноста се однесува на инклузивната практика на отстранување на бариери кои ја спречуваат интеракцијата со или пристапот до веб-страниците од страна на лицата со попреченост. Кога веб страните се правилно дизајнирани, развиени и уредувани, сите корисници имаат еднаков пристап до информации и функционалност.
http://inkluziva.mk/wp-content/uploads/2019/02/Vodic-za-adaptacija-na-web-strani.pdf
Обезбедена е ВЕБ пристапност со отстранување на бариери кои ја спречуваат интеракцијата со или пристапот до веб-страниците од страна на лицата со попреченост на веб-страниците на општините во Источниот плански регион (Виница, Штип, Делчево, Берово, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и ЧешиноОблешино)
http://inkluziva.mk/wp-content/uploads/2018/12/Izvestaj-za-pristapnost-na-web-strani-final.pdf
Индикатори:Обуки за пристап до информации за лица со попреченост
Спроведени се 6 обуки со вкупно 107 учесници, државни службеници. http://inkluziva.mk/2019/03/01/објавени-инфографици-од-проектот-при
Индикатори:Кампања за правото на еднаков пристап до информации и услуги на локално ниво за сите граѓани.
Организирани се една тркалезна маса со 35 учесници и една јавна дебата, со 32 учесници. Се мониторираат ВЕБ страниците на 11 општини.
Индикатори:Воспоставување на нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на ЕЛС и на социјалната инклузија
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Воспоставување на електронски табли во општините како многу достапен начин за информирање на членовите на советите и воопшто на граѓаните за клучните финансиски податоци од работењето на општината и јавните служби, преку автоматско преземање на кварталните извештаи за реализацијата на буџетот подготвени од страна на општинската администрација и нивна достапност за членовите на советите и за јавноста со помош на контролните табли. Податоците се објавуваат на начин кој што ќе биде разбирлив за членовите на советите кои што не се финансиски експерти, како и за граѓаните. Целта е со поголема информираност, членовите на советите да можат поодговорно да ја вршат контролната функција, како и да донесуваат одлуки врз основа на информации и во тесна соработка и во консултација со граѓаните. Имплементација на проекти кои што ќе го поттикнат инклузивниот пристап во донесувањето на одлуките. Исто така и прилагодување на ВЕБ страниците на општините на потребите на лицата со попреченост, со цел да се овозможи пристап до информации и поголема вклученост и на овие лица во процесите на донесување на одлуки.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 0/3
Достигнувања кои се на чекање: 3/3
Неостварени достигнувања: 0/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Формирање на работна група за отворени податоци на регионално ниво
Во текот на 2021 оваа активност ќе се сроведе во раките на регионални активности во рамките на соработката со РЕСПА и ОВП
Индикатори:Анализа на македонските стандарди за мета-податоци од работната група
Не се отпочнати активности. Директно зависи од 4.2.1.
Индикатори:Изработка на предлог стандарди за мета-податоци на регионално ниво
Не се отпочнати активности. Директно зависи од 4.2.1.
Индикатори:Регионални иницијативи за соработка на полето на отворени податоци
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Македонија веќе има развиено стандард за мета-податоци кој е имплементиран во новиот портал за отворени податоци. Овој стандард би бил појдовна точка за развој на стандарди на мета-податоци на регионално ниво.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6
Остварени Достигнувања: 6/6
Достигнувања кои се на чекање: 0/6
Неостварени достигнувања: 0/6
Достигнувања со значителен прогрес: 0/6
Каталогизација и објавување на каталозите со податочни сетови на порталот за отворени од минимум 10 институции
На порталот data.gov.mk се објавени 28 каталози на http://www.otvorenipodatoci.gov.mk/. Минимумот од 10 институции е постигнат за што е известено во претходниот извештај. Се работи за континуирана активност и нема да се престане со објавувањето на каталози на податочни сетови од нови институции.
Индикатори:Отварање на минимум 2 податочни сетови по институција, за институциите за кои е направена каталогизација на податочните сетови
На порталот data.gov.mk, податочни сетови, со вкупно 251 податочен сет со учество на 55 организации. Минимумот од 20 податочни сетови (по 2 од институција) е постигнат за што е известено во претходниот извештај. Се работи за континуирана активност и нема да се престане со објавувањето на на нови податочни сетови од институциите кои веќе се на порталот како и од нови институции.
Индикатори:Стандардизација на структурата на истородни податочни сетови врз основа на анализа на 1-2 истородни податочни сетови од различни институции
Подготвена е стандардизација на 6 податочни сета и тоа :
1. Список на вработени лица во институцијата
2. План за јавни набавки
3. Буџет
4. Извршување на буџет: Извештај за планирани и птрошени средства по ставки
5. Склучени договори по јавни набавки
6. Структура на вработени во институцијата
Индикатори:Предлог структура за објавување на податочен сет и објавување на стандардизирани податочени сет од институциите кои се дел од анализата.
Подготвена е предлог структура за објавување на 6 податочни сета и тоа :
1.Список на вработени лица во институцијата
2.План за јавни набавки
3.Буџет
4.Извршување на буџет: Извештај за планирани и птрошени средства по ставки
5.Склучени договори по јавни набавки
6.Структура на вработени во институцијата
Индикатори:Организирање на работилници и презентации со инволвираност на органи на државната управа, невладиниот сектор, универзитетите и малите и средни компании (минимум 5 работилници)
Организирани се работилници и презентации за офицерите за отворени податоци од институциите. Се организираат и индивидуални работилници за институците кои имаат потреба од помош при отварањето на податоците со кои располагаат. Во план е организирање на работилници и презентации за невладиниот сектор, универзитетите и малите и средни компании. Министерството за информатичко општество и администрација и Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, до сега има спроведено вкупно три обуки за отворени податоци од овој вид на кои присуствуваа 63 учесници од 28 државни институции https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/3049 Се работи за континуирана активност.
Индикатори:Организирање на хакатон
Подготвителни активности ибеа отпочнати но порати COVID 19 се одложени на неопределно време.
Индикатори:Каталогизација и отварање на податочни сетови во институциите
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
За да можат да се отворат податоците кај институциите како и да се приоритизира отварањето на податочните сетови, потребно е во секоја институција да се направи каталог на податочни сетови што ги поседува и кои имаат отворен карактер.
Анализа на 1-2 истородни податочни сетови од две или повеќе институции, разгледување на можностите за нивно унифицирање и доставување на предлог структура на податочниот сет во кој институциите би ги објавувале овие податоци.
Зголемување на свесноста на институциите, граѓаните, бизнис заедницата, невладиниот сектор, како и сите други чинители во процесот на отварање и реискористување на отворените податоци, како и придобивките кои граѓаните и малите и средни претпријатија можат да ги имаат од отворањето на податоците.
Поголема прегледност при приоритизацијата и отварањето на податочните сетови како и можност за анализа и компарација на истородни податочни сетови од различни институции како и поголема свесност за отворените податоци:
- Граѓаните бараат од институциите отворање на податоците
Малите и средни претпријатија, и универзитетите креираат апликации со отворени податоци кои им користат на граѓаните.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 2/2
Неостварени достигнувања: 0/2
Достигнувања со значителен прогрес: 0/2
Подготовен и јавно достапен наративен-финансиски извештај за програмско и буџетско известување за секоја од активните мерки за вработување од Оперативниот план за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ
Зружението ЕСЕ на 09.01.2019 година до АВРСМ достави предмет: Препораки за унапредување на содржината на годишните извештаи за работењето на АВРСМ, подготвени во рамки на процесот на Отворено владино партнерство 2018-2020 година.
Во насока на поголема транспарентност и отчетност, АВРСМ го зголеми обемот и квалитетот на податоците кои се презентираат во годишниот извештај, но и воопшто го зголеми и обемот на информации и податоци кои ќе се публикуваат на нејзината веб страна.
Во делот на препораките кои се однесуваат на Активните мерки за вработување Секторот за активни мерки и услуги за вработување Табелата 1: Планирани наспрема потрошени средства за спроведување активните мерки и програми за вработување во 2018 година предложена од ЕСЕ ќе ја користи како вкупна табела за сите активни мерки, како прилог на Извештајот.
Во однос на подобрување на транспарентоста во делот на финансиското работење на веб страната на АВРСМ јавно e достапен и документот Финансиски показатели на АВРСМ за 2018 и 2019 година во рамки на годишниот извешај за работата на АВРСМ.
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија активно работеше на спроведување на заложбите од Акцискиот план за отворено владино партнерство 2018-2020 и во годишниот извештај за работата на АВРСМ за 2018 и 2019 година вклучи дополнителни информации во вид на анекс документи со цел зголемување на транспареноста и отчетноста во работењето.
Индикатори:Воведена методологија за мерење на влијанието на трошоците врз крајните корисници за минимум една активна мерка за вработување од оперативниот план за вработување и подготвен Извештај со препораки за планирањето на програми/мерки за наредната буџетска година.
Оваа заложба не започна со реализација.
Постои иницијатива во преформулирана верзија која би имала поголем ефект врз крајните корисници да биде редефинирана во новиот Национален акциски план за отворено владино партнерство 2021-2023 година.
Индикатори:Унапредување на транспарентноста во спроведувањето на програмите за вработување и воспоставување на механизам за оценување на влијанието на трошоците од овие програми врз крајните корисници, преку вклучување на граѓаните
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Агенцијата за вработување на РСМ во соработка со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) ќе подготват стандардизирана форма на годишни наративно- финансиски извештаи за секоја од активните мерки за вработување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Форматот на извештај ќе значи унифицирање на параметрите за наративно известување на ниво на институција, а во себе ќе содржи податоци за тоа што институцијата има направено и постигнато со трошоците направени во тековната година соодветно на целите, резултатите и активностите предвидени со програмата. Исто така ќе обезбеди финансиско известување и ќе содржи податоци за тоа колку средства се планирани и потрошени на ниво на активност и по извршител на буџетската програма. Овие извештаи институцијата ќе ги објавува на својата интернет страница во текот на вториот квартал од тековната година за претходната година.
Агенцијата за вработување на РСМ ќе селектира минимум една активна мерка за вработување од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за која во периодот на имплементација на овој акциски план, во соработка со ЕСЕ, ќе се развијат механизими/методологии за мерење на влијанието на трошоците од истата врз крајните корисници. Вака развиениот механизам/методологија ќе се пилотира на идентификуваната пилот буџетска програма/активна мерка за вработување (спроведувањето на процесот на оценка и комуникацијата со крајните корисници ќе се спроведе во соработка Здружението ЕСЕ). За таа цел ЕСЕ ќе развие и спроведе еднодневна обука за презентирање на чекорите за оценување на влијанието на буџетските трошоци врз крајните корисници на јавните услуги. Дополнително, овој процес ќе овозможи идентификување на реалните потреби и приоритети на крајните корисници кои понатаму ќе помогнат на институцијата во процесот на планирање на идните активности. По завршувањето на периодот на пилотирање, институцијата ќе ги вклучи резултатите од спроведениот процес на оценување во планирање на буџетот и активностите за пилот програмата/активната мерка за вработување за 2021 година, ќе ја усвојат развиената методологија и ќе ја аплицираат и на други активни програми и мерки за вработување.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 0/2
Достигнувања со значителен прогрес: 2/2
Подготвен и јавно достапен наративен-финансиски извештај за програмско и буџетско известување за секоја од куративните и превентивните програми од буџетот на Министерството за здравство
Јавно објавени на веб страната на министерството за здравство 20-те Извештаи за програмско и буџетско известување за куративните и превентивните програми за зравствена заштита за 2018 година.
Индикатори:Воведена методологија за мерење на влијанието на трошоците врз крајните корисници за превентивната буџетска програма: „Програма за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија”
| Во тек е дефинирање на точен датум за одржување на обука за презентирање на чекорите за оценување на влијанието на буџетските трошоци врз крајните корисници на јавните услуги. Обуката ќе биде одржана од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), а на истата ќе присуствуваат претставници од невладиниот сектор кои се корисници на наведената превентивна програма и одговорното лице за планирање и реализирање на програмските активности на програмата. |
Унапредување на транспарентноста во спроведувањето на здравствените програми и воспоставување на механизам за оценување на влијанието на трошоците од овие програми врз крајните корисници, преку вклучување на граѓаните
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Министерството за здравство во соработка со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) подготвија стандардизирана форма на годишни наративно-финансиски извештаи за секоја од превентивните и куративните буџетски програми за 2017 година и истите се објавени на веб страницата на министерството. Во текот на наредниот период ќе се продолжи со иницијативата за објавување на годишните извештаи за реализација на програмските активности за секоја од превентивните и куративните програми за здравствена заштита.
Воспоставениот формат на извештај ќе значи унифицирање на параметрите за наративно известување на ниво на институција, а во себе ќе содржи податоци за тоа што институцијата има направено и постигнато со трошоците направени во тековната година соодветно на целите, резултатите и активностите предвидени со програмата. Исто така ќе обезбеди финансиско известување и ќе содржи податоци за тоа колку средства се планирани и потрошени на ниво на активност и по извршител на буџетската програма. Овие извештаи институцијата ќе ги објави на своите интернет страници во текот на првата половина од тековната година за претходната година.
Министерството за здравство ќе селектира минимум една превентивна или куративна буџетска програма во соработка со ЕСЕ,ќе се развијат механизими/методологии за мерење на влијанието на трошоците од истата врз крајните корисници. Вака развиениот механизам/методологија ќе се пилотира на идентификуваната пилот буџетска програма (спроведувањето на процесот на оценка и комуникацијата со крајните корисници ќе се спроведе во соработка Здружението ЕСЕ). За таа цел ЕСЕ ќе развие и спроведе еднодневна обука за презентирање на чекорите за оценување на влијанието на буџетските трошоци врз крајните корисници на јавните услуги. Дополнително, овој процес ќе овозможи идентификување на реалните потреби и приоритети на крајните корисници кои понатаму ќе помогнат на институцијата во процесот на планирање на идните активности. По завршувањето на периодот на пилотирање, институцијата ќе ги вклучи резултатите од спроведениот процес на оценување во планирање на буџетот и активностите за избраната пилот програмата за 2021 година.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2
Остварени Достигнувања: 0/2
Достигнувања кои се на чекање: 0/2
Неостварени достигнувања: 0/2
Достигнувања со значителен прогрес: 2/2
Зголемување на бројот на институции кои ја користат можноста за автоматско превземање на податоците од ЕСЈН со цел објавување на годишните планови за јавни набавки (и нивните измени и дополнувања), на огласите за јавни набавки, на известувањата за склучен договор и на склучените договори, на своите интернет-страници, континуирано, како што овие документи се објавуваат на ЕСЈН.
БЈН во јуни 2018 година направи надградба на ЕСЈН со која се овозможува автоматско објавување на огласите и известувањата за склучени договори за јавните набавки на интернет –страниците на институциите и со циркуларно писмо ги извести сите договорни органи дека во профилот на секој локален администратор регистриран на ЕСЈН се додадени „HTML“ тагови за „iFrame“ кој ги содржи информациите за огласите и договорите за тој договорен орган. По поставување на овие „HTML“ тагови во веб-сајтот на институцијата (или ако немаат своја, на веб-сајтот на институцијата под чија што надлежност работат) автоматски се прикажуваат податоците од објавените огласи за јавни набавки и известувањата за склучени договори заедно со копија од склучениот договор објавени на ЕСЈН. Целта на ваквата надградба на ЕСЈН е да се автоматизира процесот односно со поставување на дадените „HTML“ тагови на интернет страниците на институциите еднаш, да се прикажуваат податоците за јавни набавки по објавување на оглас или известување за склучен договор на ЕСЈН. Податоците кои се прикажуваат на веб-сајтовите кај договорните органи се освежуваат еднаш дневно.
Индикатори:Зголемување на бројот на институции кои ја користат можноста за автоматско превземање на податоците од ЕСЈН со цел објавување на известувањето за реализиран договор на своите интернет-страници, континуирано, како што известувањето се објавува на ЕСЈН.
Во новиот Закон за јавните набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.24/19), кој стапи на сила од 01.04.2019 година се предвидува задолжително објавување на плановите за јавни набавки како и задолжително објавување на известувањата за реализирани договори на ЕСЈН. Согласно на тоа, предвидена е нова надградба на системот која на истиот начин ќе овозможи автоматско објавување на плановите за јавни набавки заедно со сите измени и дополнувања на планот, како и автоматско објавување на известувањата за реализиран договор на веб-сајтовите на институциите по поставување на дадените „HTML“ тагови.
Оваа надградба е поставена на ЕСЈН во Јануари 2020 година. На договорните органи регистрирани на ЕСЈН повторно им беше испратено циркуларно писмо во кое беа известени за новата надградба и детално упатство за начинот на поставување на линковите на нивните веб страници или веб страниците под чија надлежност работат
Индикатори:Можност за објавување на основните информации за јавните набавки на интернет-страниците на институциите (договорни органи во јавните набавки)
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Бирото за јавни набавки да им препорача на сите договорни органи во земјата што спроведуваат јавни набавки во согласност со Законот за јавни набавки и коишто се регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки да ги објавуваат на своите интернет-страници (или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под
чијашто надлежност работат) следниве, основни, податоци за јавните набавки (самостојно или како линк до веќе објавените документи на ЕСЈН) и тоа: годишен план за јавни набавки со измените и дополнувањата, огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор за јавни набавки, известувањата за реализиран договор за јавни набавки и склучените договори за јавни набавки.
Инаку, станува збор за веќе постојни документи коишто се објавуваат на ЕСЈН кој, пак, првенствено е портал за фактичко спроведување на јавните набавки, а чиишто корисници се самите договорни органи и фирмите, односно економските оператори. Со објавување на овие документи и на своите интернет-страници, се овозможува поширока транспарентност, а со тоа и отчетност и одговорност на институциите што трошат јавни пари и полесен увид во тоа трошење за оние чиишто пари ги трошат, односно граѓаните.
Оттука, заложбата предвидува едноставно објавување на овие документи на интернет-страниците на институциите како линк кој ќе води до веќе објавените документи на ЕСЈН, со што целата постапка на објавување ќе биде брза, кратка и едноставна и нема да бара поспецифични компјутерски вештини.
Достапност на 100% од основните податоци за јавните набавки на институциите на нивните интернет-страници (или на интернет-страниците на институциите под чијашто надлежност работат) од 01.01.2019 година натаму, што ќе придонесе за зголемување на интегритетот и поефикасно искористување на јавните добра.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3
Остварени Достигнувања: 3/3
Достигнувања кои се на чекање: 0/3
Неостварени достигнувања: 0/3
Достигнувања со значителен прогрес: 0/3
Анализа и креирање на база со тековни податоци за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија и нивно ажурирање на 15 дена
Платформата Open Finance е завршена. Предлог Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој е во надлежност на Министерството за правда, за да се отстранат правните пречки за реализација на оваа заложба е донесен на 22 мај 2019 година. Измените стапиаја во сила на ноември 2019 година. Конретно за измената што ја засега Министерство за финансии е изгласан амандман на 21 мај 2019 година и е во сила од мај и се додека не стапи во сила новиот закон на 30 ноември.
Индикатори:Анализа и креирање на база со тековни податоци за извршувањето на буџетите на единиците на локалната самоуправа и нивно ажурирање на 15 дена
Предвидено е активностите да бидат имплементирани во текот на времетраењето на заложбата.
Индикатори:Подготовка и пуштање во употреба на веб апликација “Отворени финансии”
Платформата Отворени финансии е завршена. Донесени се измените во предлог Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој е во надлежност на Министерството за правда, со што се отстранија правните пречки за реализација на оваа заложба. Во прилог е линкот од платформата за отворени финансии: https://open.finance.gov.mk/mk/home
Индикатори:Отворен трезор
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Заради зголемување на транспарентноста и поголемо приближување на информациите за трошењето на буџетот на РСМ кон граѓаните и сите заинтересирани страни, а воедно и за искористување на податоците за аналитички, научни и истражувачки цели Министерството за финансии се одлучи на отворање на податоците кон јавноста и нивна поголема достапност. Со оваа заложба Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републикански институт ќе госпроведе концептот на “Отворен трезор” односно “Отворени финансии” како дел од транспарентноста за трошењето на Буџетот на РСМ.
Податоците што треба да се презентираат преку системот “Отворени финансии” ќе бидат извлечени од постојниот информациски систем за финансии со овозможување на размена на податоци на ниво на база на податоци помеѓу новото решение и постојниот информациски систем. Апликацијата ќе понуди:
– опција за пребарување на податоци по одреден временски интервал, период и по одреден датум и тоа по име / физичко или правно лице или буџетски корисник,
– податоците ќе се објавуваат во машински читлив формат согласно Законот за користење на податоци од јавниот сектор,
-,,Според член 7 став од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер – назив и сметка на налогодавач (буџетски корисник), расходно конто и назив, програма и назив, износ, назив и едиствен даночен број на примач ( само правни лица) и назив на примач ( само име и презиме кај физичките лица”.
-,,Според член 7 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер објавените лични податоци во врска со информациите од ставот 2 на овој член се достапни две години, од денот на објавата.”
– опција да се оневозможи објавувањето на одредени трансакции или да се модифицираат пред објавување, како што се покривање на името и презимето со “Непознато лице (UP)” или исклучување на сите или некои од трансакциите на одредени буџетски корисници кои се сметаат и се класифицирани како доверливи. Таквите исклучувања може да се направат од
-,,Сетот на податоци ,,Трансакции” се однесува наподатоци кои се аналитички, односно че бидат прикажени трансакциите од кои може да се добијат информации за: назив на буџетски корисник од кој е извршено плаќањето, видот на трошокот согласно економската класификација, примач на средствата, на кој ден е реализирано плаќањето итн. Сетот на податоци,,Буџетски корисници” се однесува на податоци кои се во агрегирана форма и даваат информации за трошењето на буџетските средства по буџетски корисник, програма и екномска класификација.”)
Ова решение покрај тоа што ќе служи како алатка која овозможува категоризација на податоци од трансакциските бази на податоци, порталот ќе дозволи податоците да бидат поставени според спецификациите за трошење на буџетски корисник во различен формат и од други бази на податоци, при што агрегираните податоци ќе прикажуваат споредба на одобрениот буџет и буџетот извршен на корисничко ниво, во различен временски период, но секогаш ограничен со индивидуална фискална година (од 01.01.YY до 31.12.YY). Исто така ќе се генерираат разновидни компаративни прегледи, на пример, најголемите потрошувачи (на ниво на фискална година) или тошоците на одреден буџетски корисник или група корисници, по ставка, по период итн.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
08 ноември 2021
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 1
Остварени Достигнувања: 0/1
Достигнувања кои се на чекање: 0/1
Неостварени достигнувања: 1/1
Достигнувања со значителен прогрес: 0/1
Воспоставен механизам за консултација при донесување на законите и приоретизирање на законите кои ќе бидат предмет на антикорупциска проверка на легислативата.
За да да може да може да се оствари ова достигнување потребно е да се екипира одделението за антикорупциска проверка на легислативата при ДКСК. ДКСК сеуште не располага со доволно човечки ресурси за ефикасно функционирање на ова одделение.
Во соработка со ИДСЦС обезбедена е поддршка за спроведување на оваа активност во 2020. Имено, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на Државната комисија за спречување на корупција“ поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија , преку имплементаторот ИДСЦС ќе спроведе четири анализи за антикорупциска проверка на легислативата. Сеуште не е познат бројот и кои закони ќе бидат опфатени, ниту обемот на тимот кој ќе работи на анализата.
Индикатори:Соработка со граѓанскиот сектор за антикорупциска проверка на легислативата
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
ДКСК и граѓанските организации ќе развијат механизам за соработка во консултативните процеси при носењето на законите како и во процесот на избор и приоретизација на законите кои се веќе донесени, а ќе бидат предмет на антикорупциска проверка на легислативата. ДКСК во согласност со Методологијата за антикорупциска проверка на легислативата ќе ги избира и ќе ги приоретизира законите кои ќе бидат предмет на проверка врз основа на општи критериуми или поединечни случаи. Поединечните случаи се однесуваат на сознанија или пријави и укажувања од граѓанското општество, за ризиците од можна корупција и судир на интереси во одредени законски одредби или во одредена правна област, информација за нацрт-закон што бил изложен на силно лобирање од страна на интересните групи итн.
Граѓанските организации и нивните мрежи треба да се проактивни и поактивни во оваа фаза –како преку учествување во работни групи, потоа на ниво на консултации, кога може да испраќаат коментари во име на групите кои ги застапуваат, но исто така и преку укажување до ДКСК и давање препораки за измена на законодавството.
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Одговорна институција
Датум на последното ажурирање
05 декември 2022
Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5
Остварени Достигнувања: 0/5
Достигнувања кои се на чекање: 5/5
Неостварени достигнувања: 0/5
Достигнувања со значителен прогрес: 0/5
2.2.1 Ревизија на содржината на анкетниот лист
Со новиот закон за СКСИ се овозможуваат барањата наведени во заложбата. Имено согласно со одредбите од новиот ЗСКСИ анкетниот лист и изјавата за интереси се спојуваат во еден Образец за пријавување имотна состојба и интереси. Согласно со член 119 став 5од новиот ЗСКСИ ДКСК во рок од 60 дена од денот на нејзиното конституирање ќе ја пропише формата и содржината на новиот образец за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно новиот закон е предвидено Образецот да се доставува до ДКСК електронски и во печатена форма.
Државната комисија за спречување на корупцијата во Јуни 2019 година, со експертска помош, ја утврди содржината на новиот Образец. За негова формална примена потребно е изготвување на софтверско решение за електронско пополнување и доставување на образецот.
Индикатори:2.2.2 Анализа на функционалните пропусти на Регистарот на избрани и именувани лица
Пристап до Регистарот на избрани и именувани лица е овозможен, меѓутоа постојат низа недостатоци кои практично ја усложнуваат или прават недоволно корисна неговата функција.
Пристапот до податоци е ограничен во однос на пребарувањето и прегледноста на регистарот. Пребарувањето по збор во полето означено со „Пребарај обрасци“ е овозможено само за име и презиме. Пребарувањето со користење дел од името на институција не е овозможено преку опцијата „Пребарај обрасци“.
Регистарот на избрани и именувани лица нема „историја на промени“ која дозволува преглед за почетокот и крајот на извршувањето на функцијата на секое избрано и именувано лице. Постоењето „историја на промени“, односно историски податоци за промените на информациите за секој од записите, овозможува анализа на промените кои настанале, а исто така овозможува оценување на веродостојноста и актуелноста на податоците за одреден запис.
Во регистарот не се имплементирани аналитички извештаи кои можат да ја олеснат работата на одделението за аналитика.
Нема можност да се зачува целата база на податоци со цел да се прави компјутерска анализа/ обработка на податоците.
Регистарот не е достапен во формат на отворени податоци.
Со поддршка на USAID NMSI , ангажиран е експерт кој во консултација со ДКСК изготви анализа за практичната примена на Регистарот и неговата функционалност.
Индикатори:2.2.3 Доработка на регистарот
Потребно е редизајнирање на Регистарот на избрани и именувани лица и механизам за следење на неисполнетите обврски од страна на институциите. Досегашната пракса укажува дека ДКСК не го користи дадениот мандат за поттикнување и поведување постапка за санкции на институциите кои не ги исполнуваат обврските. Затоа потребно е ДКСК да развие механизми за следење на неисполнување на обврските што произлегуваат од надлежноста за водење на Регистарот на избрани и именувани лица. Исто така ДКСК да преземе чекори за надградба на апликацијата на регистарот и да обезбеди можност за користење на тие податоци од страна на правни или физички лица за создавање нови информации, содржини, апликации или услуги. Исто така во регистерот е потребно да се имплементираат аналитички извештаи кои можат да ја олеснат работата на одделението за аналитика.
Врз основа на анализата е констатирано дека е потребно изготвување на нов Регистар на избрани и именувани лица, наместо надградба на постојното софтверско решение.
Индикатори:2.2.4 Ставање во функција на електронско пријавување на ревидираниот анкетен лист.
За ставање на функција на електронското пријавување на имотната состојба и интересите потребно е изготвување на ново софтверско решение во кое ќе се имплементираат законските измени и ќе придонесе за спроведување на ефективна анализа на поднесените обрасци како и проверка на податоците од електронски поднесените обрасци преку системот за интероперабилност. Со помош на ова софтверско решение ќе се олесни работата на одделенијата за имотна состојба и судир на интереси кои преку ова софтверско решение ќе можат да ги вршат своите проверки електронски и во поголем обем поради пристапот до базите на повеќе институции опфатени од системот за интероперабилност.
Сепак за развивање и инсталирање на новото софтверско решение неопходно е исполнување на неколку предуслови: обезбедувањеили адаптација на соодветни простории на ДКСК каде би се инсталирала новата ИТ опрема на која би се инсталирало и новото софтверско решение за електронско пополнување на Образецот за имотна состојба и интереси.
Индикатори:2.2.5 Воспоставување на систем за постојано објавување на анкетните листови, вклучително со историски податоци во отворен и компјутерски читлив формат.
Со изготвување на новото софтверско решение за електронско поднесување на обрасците на надворешните корисници (било кое физичко или правно лице) ќе им овозможи детален преглед на обрасците за имотна состојба и судир на интереси со историски преглед кои ќе можат да ги превземат во електронска или печатена форма. Бидејќи обрасците ќе се поднесуваат електронски, времето за обработка и објавување на веб страницата ќе се скрати значително.
Индикатори:2.2 Унапреден механизам за следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица
Кој јавен проблем се адресира со заложбата?
Врз база на спроведена анализа на антикорупциското законодавство, а поаѓајќи од веќе постоечките информации на ДКСК но и на граѓанското општество, ќе се направи ревизија заради надоградба на функционалноста на регистарот. Тоа ќе биде основата за квалитативна проверка на пополнетоста на Регистарот во надлежност на ДКСК. Во меѓувреме, ДКСК ќе ја стави во функција врската меѓу електронското пријавување на анкетни листови, објавувањето на истите и регистарот. Дополнително, ДКСК со измените на ЗСК ќе создаде законска основа за редефинирање на содржината и начинот на доставување на анкетниот лист. ДКСК со други надлежни институции како УЈП, АВРСМ, Катастар, ЦРСМ, КХВ, МВР ќе го стави во функција системот на интероперабилност, како една од алатките за систематско следење на имотот за време на вршење на функцијата.