Лице за контакт

Владимир Наумовски, Советник на директорот за информатички развој vladimir.naumovski@crm.org.mk

Датум на последното ажурирање

07 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 6

Остварени Достигнувања: 2/6

Достигнувања кои се на чекање: 1/6

Неостварени достигнувања: 1/6

Достигнувања со значителен прогрес: 2/6

Значително

1.5.1 Објава на податоци за граѓанските организации во отворен формат на порталот на Централен регистар, владиниот портал за отворени податоци

Објавени се податоци за граѓанските организации во отворен формат на порталот на Централен регистар. Бројот на регистрирани здруженија според Централен регистер со состојба од 20.2.2022 г. е 14260.

Објавени се податоци за граѓанските организации во отворен формат на владиниот портал за отворени податоци.

Број на преземања на отворените податоци од:

  • порталот на ЦР: 954 до 7.12.2022 г.
  • владиниот портал за отворени податоци: 13 до 7.12.2022 г.
Индикатори: Број на регистрирани здруженија на граѓани и фондации за кои се објавени податоци во отворен формат (Бројот на регистрирани здруженија според Централен регистер со состојба од 20.2.2022 г. е 14260) Број на преземања на отворените податоци од порталот на ЦР и владиниот портал за отворени податоци
Референци
Значително

1.5.2 Редовно ажурирање на отворените податоци од претходната точка

Редовно се ажурираат отворените податоци на порталот на ЦР. Фреквенција на ажурирање на отворените податоци: на секои 2 седмици.

Индикатори: Фреквенција на ажурирање на отворените податоци: на секои 2 седмици на порталот на ЦР. (Утврдена цел: најмалку еднаш на месечно ниво)
Завршено

1.5.3 Креирање на работна група за утврдување на влезни критериуми и излезните податоци граѓанските организации што ќе ги содржат динамичките извештаи

Утврдени се критериумите за пребарување и излезните податоци (содржината на динамичките извештаи).

Индикатори: Утврдени критериуми и излезни податоци (да)
Завршено

1.5.4 Овозможување на пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)

Овозможен е пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт).

Развојот е завршен во јуни 2022, интерното тестирање и отстранување на грешки е завршено во месец август 2022. Динамичките извештаи се поставени на продукциска околина во октомври 2022 и се спремни за користење, по барање од корисниците на буџетот (централна и локална власт).

Индикатори: Развојот е завршен во јуни 2022, интерното тестирање и отстранување на грешки е завршено во месец август 2022. Динамичките извештаи се поставени на продукциска околина во октомври 2022 и се спремни за користење, по барање од корисниците на буџетот (централна и локална власт). (Утврдена цел: Овозможен пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт))
Ограничено

1.5.5 Обука и писмени инструкции за корисниците на буџетот (централна и локална власт) за користење на динамичките извештаи

Организирана и извршена обука на 29.9. Број на поканети службеници: 38 од 18 државни органи на централно ниво. Број на службеници учесници на обуката: 9 од 5 државни органи на централно ниво.

Се планира обука за службеници од локална власт.

Индикатори: Организирана и извршена обука на 29.9. Број на поканети службеници: 38 од 18 државни органи на централно ниво. Број на службеници учесници на обуката: 9 од 5 државни органи на централно ниво. Број на службеници до кои се проследени писмени инструкции за користење на динамичките извештаи
Незапочнато

1.5.6 Користење на динамичките извештаи за граѓанските организации

Сеуште нема користење на динамичките извештаи со податоци за граѓанските организации.

Индикатори: Број на преземени извештаи со податоци за граѓанските организации

1.5 Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Според Централниот регистар во РСМ има 15.581 регистрирани здруженија и фондации, согласно Законот за здруженија и фондации. Централен регистар согласно член 47 од Законот за здруженија и фондации, а во врска со приоритетот „Граѓанско општество“ од Планот 3-6-9 на Владата на РСМ, објавува листа на граѓански организации во отворен формат (excel), достапна на следниот линк: https://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/gragjanski-organizatsii.

Моментално, информациите кои се објавуваат во рамки на оваа листа се: име на организација, матичен број и контакт меил адреса.

Преку можноста за индивидуално пребарување по име на субјект или матичен број https://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/osnoven-profil-na-registriran-subjekt, за секој субјект може да се добијат и следните информации, без дополнителен финансиски надоместок: ЕМБС; ЕДБ; Целосен назив; Скратен назив; Датум на основање; Правна форма; Правен статус; Адреса; Дополнителни информации (во стечај/во ликвидација); Претежна дејност; Големина.

Согласно член 47 од Законот за Здруженија и фондации, дефинирано е дека во овие регистри се запишуваат: полното име на организацијата и скратеното име ако го има; седиштето; актот за основање; датум на основање; име, презиме и единствен матичен број на граѓанинот и единствен матичен број на основачите; датум на донесување, односно изменување и дополнување на статутот; предвиденото време за кое организацијата се основа; цели и дејности; име, презиме и единствен матичен број на застапникот по закон; податоци за организациски единици (подружници, канцеларија и слично); податоци за статус на организација од јавен интерес; податоци за статусните измени; податоци за стечај и ликвидација; забелешка за започнување постапка за забрана на вршење на дејност; престанок на работа и; број и датум на решение за запишување, за промена на податоци и решение за бришење на уписот во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој Закон.

Можеме да заклучиме, дека во овој момент, без надоместок, меѓу другото не се достапни: актот за основање, информации за основачи и овластени лица, цели и дејности, статус на организација од јавен интерес.

Во рамки на процесите на креирање политики, учеството на граѓанските организации се смета за демократски минимум. За таа цел институциите користат различни методи, меѓу кои и креираат посебни регистри, како на пример Секретаријатот за европски прашања https://www.sep.gov.mk/post/?id=706 или Советот за соработка со и развој на граѓанското општество https://www.nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/4.%D0%9Ebrazec_Registar_GO_0.pdf .

И недржавните актери, кои имаат потреба од пошироки консултации, комуникација и вмрежување користат регистри кои сами ги креираат, на пример Дијалог кон ЕУ https://bit.ly/3wnsQ1O или ЦивикаМобилитас https://civicamobilitas.mk/adresar/.

И меѓународни и меѓудржавни организации често се впуштаат во активности кои имаат за цел да мапираат организации од различни области, на пример УНИЦЕФ https://www.unicef.org/northmacedonia/media/3541/file/MK_MappingCSOsCWD_Report_MK.pdf.

Потребата од создавање посебни регистри (односно бази на податоци за здруженија и фондации), се јавува поради недостаток на пристап до отворени податоци за граѓанските организации кои се евидентирани во Централниот регистар согласно Законот за здруженија и фондации, кои редовно се ажурираат и кои корисниците може да ги пребаруваат по различни основи, за различни цели. Постојните горенаведени регистри што се водат надвор од Централниот регистар тоа не го овозможуваат, се парцијални и непотребно се трошат средства за иста намена.

Дополнително, моментално на листата на граѓански организации, евидентирани се разновидни форми на граѓанско здружување, од здруженија, комори, спортски друштва, навивачки групи, здруженија на возачи, здруженија на пензионери, жени и сл. Без дополнителни информации за секој од субјектите не е возможно да се направи проценка на структурата на граѓанското општество.

Главна цел на заложбата

1. Унапредување на транспарентноста на граѓанското општество;

2. Унапредување на инклузивноста во процесите на креирање и следење на јавните политики, преку можноста за тематско, географско или друг тип на таргетирање на граѓанските организации;

3. Соодветно дизајнирање на политики за развој на граѓанското општество, имајќи ги предвид спецификите на субјектите регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации;

Намалување на административниот товар врз здруженијата во процесите на аплицирање за финансиска поддршка кај јавни и приватни донатори.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

1. Проширување на отворените податоци за граѓанските организации со податоците достапни од индивидуалното пребарување достапни како постојни услуги

Проширување на податоците што Централниот регистар ги објавува за граѓанските организации во отворен формат (Листа на граѓански организации) бесплатно на веб локацијата http://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/gragjanski-organizatsii со сите податоци кои се јавно и бесплатно достапни преку услугата Основен профил на регистриран субјект (http://www.crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/osnoven-profil-na-registriran-subjekt).

Податоците ќе се добиваат од тековната – моментална состојба на Регистарот на здруженија и сојузи, Регистарот на фондации и Регистарот на организациони облици на странските организации (3-те дефинирани во Законот за здруженија и фондации) и ќе се ажурираат најмалку еднаш месечно.

Со проширување на податоците ќе се  овозможи филтрирање преку пребарување по различни основи, на пример според седиштето, правна форма, големина и др., односно по секој од достапните податоци, што ќе ја зголеми нивната употребна вредност. Имајќи предвид дека за податоците е одговорен Централниот регистар, истите ќе бидат ажурирани и комплетни. Регистрите кои моментално ги водат другите државни институции и недржавни актери, се парцијални (само со информации за организации кои се регистрирале за нивните потреби) и без одржливи механизми за ажурирање на податоците.

Овие информации ќе послужат на самото граѓанско општество, на донаторите и меѓународните организации, кога тие организираат консултативни процеси или имаат потреба да дисеминираат информации. Исто така, поради јавната достапност на овие информации, процесот на аплицирање за финансиска поддршка (јавна и приватна), ќе може во одредена мера да се олесни административно.

2. Овозможување пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)

Иако Централен регистар нуди бесплатен пристап до информации за државните институции, видно е дека дел од институциите не се информирани за можноста, а на дел од нив не им е од корист форматот во кој се достапни информациите за граѓанските организации, па затоа тие се одлучуваат за креирање и користење на свои регистри на здруженија и фондации, често креирани на основа на тематска определба на организациите, како што е погоре дадениот пример од СЕП и Советот за соработка со и развој на граѓанското општество.

Со овозможување на пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за здруженијата и фондациите на институциите корисници на државниот буџет (централна и локална власт) ќе им се овозможи директен и авторизиран пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци.  Податоците во извештаите ќе се добиваат од тековната – моментална состојба на Регистарот на здруженија и сојузи, Регистарот на фондации и Регистарот на организациони облици на странските организации (3-те дефинирани во Закон за здруженија и фондации) врз основа на определени влезни критериуми (филтри), како на пример: географски по седиштето на субјектот, организационен облик, големина, по клучен збор од целите и сл.

Конечното утврдување на влезните критериуми и излезните податоци ќе се одлучи во инклузивен процес, во работна група составена од претставници на ФООМ како предлагач на заложбата, претставници на ЦР, Влада – Одделението за соработка со граѓанските организации, Совет за соработка со и развој на граѓанското општество. Со можноста за пристап до ажурирани податоци, кои може да се обработуваат согласно интересот на институцијата која ги користи, институциите ќе можат да го зголемат опфатот на организации со кои комуницираат, да ги информираат и да ги вклучуваат во тековните консултативни процеси.

Конечно, развојот на политиките за граѓанско општество е цел сама по себе. Владата има оформено Совет за соработка со и развој на граѓанското општество и има донесено, односно подготвува нова Стратегија за развој на граѓанското општество. Меѓутоа дизајнирањето на квалитетни политики, зависи од достапноста на квалитетни податоци. Моменталниот формат во кои се достапни податоците за здруженија на граѓани не се доволно употребливи и корисни при креирањето на политики.Овозможување на бесплатен пристап до податоци за граѓанските организации  значително ќе ја олесни работата и на Советот во овој аспект.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Врска со Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020:

Во Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 е предвидена МЕРКА 12: Зголемување на достапноста и дисеминацијата на јавните податоци за регистрираните граѓански организации во Централниот регистар на Република Македонија.

Во рамки на оваа мерка, предвидени се две активности 12.1.Подобрување на базата на регистрирани граѓански организации во Централниот регистар,  каде треба да бидат проширени јавно достапните информации за регистрираните граѓански организации 12.2. Подобрување на правната рамка за постапките за добивање на потребните информации од Централниот регистар со цел јавно финансирање на проектите и програмите на граѓанските организации.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Генерален секретаријат на Владата на Република Северна макеонија - Одделението за соработка со граѓанските организации

Организации

  • Центар за граѓански комуникации


Лице за контакт

Ели Чакар, Државен советник elicakar@gmail.com

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 3/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Завршено

1.4.1 Единиците на локалната самоуправа учествуваат во спроведувањето на мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност

Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2021 година (да) линк

Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2022 година (да) линк

Индикаторите се остварени

Индикатори: Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2021 година (да/не) Спроведено истражување и објавен извештај од истражувањето за 2022 година (да/не)
Завршено

1.4.2 Унапредени знаења за транспарентност и отворени податоци преку одржување на обуки со претставници на општините

Број на одржани обуки за претставници на општините (две обуки) прва обука линк и втора обука линк)

Број на претставници на општините кои учествуваат на обуките (61 претставник)

Индикаторите се остварени 

Индикатори: Број на одржани обуки за претставници на општините (Таргет; најмалку 2 обуки) Број на претставници на општините кои учествуваат на обуките (Таргет: најмалку 20 учесници)
Завршено

1.4.3 Обезбедување на директна поддршка на 30 ЕЛС (преку фасилитатори) за унапредување на нивната транспарентност и отвореност

Број на објавени податочни сетови во отворен формат од 30 ЕЛС (Таргет: 5 податочни сетови од секоја општина) – таргетот е надминат, објавени се по 6 податочни сетови од општина) – над 280 податочни сетови објавени од 50 општини https://data.gov.mk/organization/

 

Индикаторите се остварени

Индикатори: Број на објавени податочни сетови во отворен формат од 30 ЕЛС (Таргет: 5 податочни сетови од секоја општина)

1.4 Унапредување на пристапот до информации и бројот на објавени отворени податоци во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС)

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Транспарентноста и отвореноста на ЕЛС сеуште е на ниско ниво. Повеќето ЕЛС во Република Северна Македонија не ги објавуваат сите податоци и информации кои се нивна законска обврска. Исто така, повеќето општини не објавуваат податоци во отворен формат. ЕЛС немаат информации точно со кои податочни сетови од отворен карактер располагаат. Знаењето и свесноста за отворените податоци, како и бенефитите кои тие ги носат, е на многу ниско ниво кај локалните службеници но и кај граѓаните и кај локалните граѓански организации. Потребно е да се зголеми свесноста за отворените податоци кај сите чинители во процесот.

Истражувањето преку Индексот на отвореност за 2020 година, спроведено од Фондацијата Метаморфозис, покажа дека локалната власт исполнува  40% од индикаторите за отвореност. Оваа просечна оцена укажува на ниско ниво на посветеност на општините на исполнување на принципите на отвореност.

Постои потреба од обезбедување на полесен пристап до информации за работењето на локалната власт, поттикнување на инклузивниот пристап во донесувањето на одлуките и објавување на поголем број на податочни сетови во отворен формат.

Главна цел на заложбата

Подобрени услови и зголемени капацитети за поголема транспарентност и отвореност на локалната власт. Објавени минимум по 5 податочни сетови во отворен формат во секоја од 30 ЕЛС.

Подобро разбирање на концептот на отворени податоци на локално ниво од страна на сите чинители во процесот, како и зголемување на нивната свесност за придобивките од отворените податоци.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Со цел да се добие информација за нивото на отвореност на ЕЛС ќе се спроведе мерење на работата на сите единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија во однос на принципите на транспарентност, пристапност, ефикасност и интегритет, преку Индексот на отвореност. Врз основа на направената проценка ќе бидат дадени препораки за подобрување на транспарентноста и отвореноста во работењето на ЕЛС.

Со цел да се подобри знаењето за концептот на отворени податоци и да се унапреди транспарентноста на локално ниво ќе бидат спроведени обуки за претставници на општините и за граѓански организации.

Со цел да се објават повеќе информации, документи и отворени податоци од страна на ЕЛС, ќе бидат ангажирани фасилитатори за поддршка на општините за објавување на повеќе информации и подготовка и објавување на податочни сетови во отворен формат.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Активностите ќе се спроведат во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество имплементиран од Фондацијата Метаморфозис, во соработка со МЛС и ЕЛС.

Заложбата е поврзана со остварување на целите од Стратегијата на отворени податоци.

За успешна реализација на активностите потребна е блиска соработка со ЕЛС.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој, врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа.

Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво. Со оваа заложба ќе се подобри пристапот, употребата и искористеноста на информациите и податоците од јавен карактер.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за информатичко општество и администрација

Организации

  • Фондација за интернет и општество Метаморфозис


Лице за контакт

Маја Петковска Лесес, Државен советник maja.petkovska@gs.gov.mk

Датум на последното ажурирање

05 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 0/2

Достигнувања со значителен прогрес: 2/2

Значително

1.3.1 Креиран посебен дел (таб) за „јавни набавки“ на веб-страниците на институциите (договорните органи)

Во насока на исполнување на оваа заложба, Владата на РСМ на Четириесеттата седница одржана на 19.04.2022 година,  ги задолжи сите буџетски корисници и им укажа на јавните претпријатија основани од државата, и на акционерските друштва во државна сопственост, а им препорача на единиците на локалната самоуправа , да креираат посебен дел (таб) на своите веб страници за „ јавни набавки” и да ги објават документите наведени во заложбата.

 

Индикатори: Процент од институциите имаат креирано посебен дел на своите веб-страници за „јавни набавки“ (Таргет 50%) (Според последниот извештај на МИОА од регистарот на вработените во јавниот сектор, во земјата се активни 1332 јавни институции)
Значително

1.3.2 Се објавуваат на веб-страницата на секоја институција (во делот за „јавни набавки“) следниве информации и документи: - годишен план за јавни набавки (со сите измени и дополнувања); - огласи за јавни набавки (линкови од објавите од ЕСЈН); - известувања за склучени договори (линк од објавите од ЕСЈН); - склучените договори за јавни набавки и - известувања за реализирани договори (линкови од објавите од ЕСЈН).

Од извршениот мониторинг до сега ваков таб креирале 120 институции. Процесот е тековен и ќе продолжи во континуитет.

Индикатори: Процент од институциите кои ги објавуваат редовно основните податоци за своите јавни набавки (Таргет: 50%)

1.3 Објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Основните податоци за трошењето на јавните пари преку тендерите се достапни на владиниот портал Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Основната намена на овој портал е спроведување на јавните набавки меѓу државните институции и фирмите. Порталот е наменет за лицата за јавни набавки во институциите и фирмите, кои се претходно обучени за негово користење. Оттука, транспарентноста на податоците за јавните набавки не е првенствена функција на овој портал. Со тоа, основните податоци за трошењето на парите на граѓаните преку јавните набавки остануваат тешко достапни за поширокиот круг на граѓани и други заинтересирани страни и за разлика од други земји, граѓаните немаат брз, едноставен, лесен и разбирлив увид во начинот на трошење на јавните пари.

Две последователни истражувања на Центарот за граѓански комуникации за степенот на информираност на граѓаните за трошењето на јавните пари преку јавните набавки спроведени меѓу 400 испитаници од целата земја, во 2017 и 2019 година, покажуваат дека со преземање одредени слични мерки, процентот на граѓани кои сметаат дека имаат доволно информации за начинот на кој институциите ги трошат јавните пари преку тендери се зголемил од 6% на 20%, само за три години. И во двете истражувања дури по 98% од граѓаните одговориле дека информациите што сега  ги имаат за овие трошења ги добиваат од веб-страниците на институциите и од медиумите. Оттука, неопходно е институциите да мораат да објавуваат повеќе информации за овие трошења на своите веб-страници, како места на кои граѓаните најчесто ги бараат и очекуваат да ги добијат овие информации.

Во претходните два акциски планови од ОВП беа спроведени заложби и активности како предуслови за оваа заложба. Прво беше изработена листа на информации како минимум стандард за транспарентноста во јавните набавки, а потоа Бирото за јавни набавки овозможи нова функционалност на ЕСЈН со која се креираат кратки линкови од објавите на ЕСЈН кои можат да се искористат за објавување на тие информации и на сајтовите на институциите. На овој начин секоја институција објавите на ЕСЈН може брзо, лесно и едноставно да ги објави на својата веб-страница каде на едно место ќе бидат достапни сите основни информации за нејзините јавни набавки. Имено, во профилот на секој локален администратор регистриран на ЕСЈН се додадени “HTML” тагови за “iFrame” кој ги содржи  информациите за планираните набавки, огласите, известувањата за склучен договор и известувањата за реализиран договор за тој договорен орган. Овие “HTML” тагови потребно е да се копираат и да се вметнат во веб сајтот на институцијата.

Главна цел на заложбата

Заложбата опфаќа обврска за институциите/договорните органи утврдени во  член 9 од  Законот за јавни набавки да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници за „јавни набавки“ и таму, на едно место, да ги објавуваат следниве информации и документи: годишен план за јавни набавки, огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН), известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН), склучените договори и известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).

Целта е граѓаните да имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат парите преку јавни набавки (околу 900 милиони евра годишно) така што институциите ќе ги објавуваат овие информации на своите веб-страници кои, пак, се првата точка на која граѓаните ѝ пристапуваат кога сакаат да се информираат за некоја конкретна институција.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ги зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи да разберат како и за што се трошат нивните пари и да влијаат за користење на јавните средства за нивните потреби.

Со тоа што објавувањето на овие информации е брзо и крајно симплифицирано и може да се направи само со копирање на “HTML” таговите од ЕСЈН и нивно вметнување во веб сајтот на институцијата ќе се надминат и сегашните проблеми на немање доволно стручен ИКТ кадар во институциите и преоптовареност на лицата за јавни набавки бидејќи за објавување на информациите не е потребна посебна стручност и не одзема време.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на ова заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи потребната функционалност на ЕСЈН за креирање и брзо и лесно преземање на линковите од објавените информации и нивно поставување на сајтовите на институциите веќе постои. Кај другите институции треба само креирање на посебен таб (тие што немаат) за што не се потребни посебни финансиски средства. Единствено ќе бидат потребни дополнителни буџетски средства кај оние институции кои сега немаат свои веб-страници за да ги креираат.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Биро за јавни набавки

Организации

  • Центар за граѓански комуникации


Лице за контакт

Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Сектори во службата на Собранието parl.inst@sobranie.mk

Датум на последното ажурирање

12 мај 2023

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 0/2

Неостварени достигнувања: 2/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Незапочнато

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Финансиско и административно спроведување на заложбата

Индикатори: Обезбедени средства Спроведена постапка за јавна набавка Склучен договор со економски оператор
Незапочнато

Обезбедување на административни капацитети

Обезбедување на административни капацитети

Индикатори: Објава на оглас за ангажирање на 7 собраниски службеници

Целосно функционален собраниски тв канал

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Собранието има сопствен телевизиски канал на кој може да ја информира јавноста проактивно за тековните процеси во живо или со снимки. Работењето на собранискиот канал има институционална организација преку функционирањето на Советот на собранискиот канал. Собранието смета дека каналот е ресурс преку кој може подобро да ја запознае јавноста за својата работа и да ја зголеми гледаноста.

Главна цел на заложбата

Активноста се предлага со цел да се зголеми гледаноста на Собранискиот ТВ канал преку реформа на каналот,  преку содржините што ќе ги нуди од работата на Собранието и преку дефинирана програмска шема со модерна опрема и обучени луѓе.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Заложбата се предлага за реформирање на Собранискиот ТВ канал.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

Проектирана вредност од 15.529.000 денари со средства обезбедни од Швајцарската конфедерација.



Лице за контакт

Владимир Наумовски, Советник на директорот за информатички развој vladimir.naumovski@crm.org.mk

Датум на последното ажурирање

07 декември 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 2

Остварени Достигнувања: 0/2

Достигнувања кои се на чекање: 1/2

Неостварени достигнувања: 1/2

Достигнувања со значителен прогрес: 0/2

Ограничено

1.1.1 Договорен е критериумот за објавување на вистинските сопственици за договорите за јавни набавки, за начинот на спроведување на заложбата и за потребните законски и технички предуслови за тоа

ИНДИКАТОРИ:

Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки. Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста.

Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови.

Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.

Индикатори: Постигнат договор за критериумот (вредносен праг) за кои договори ќе се објавуваат вистинските сопственици за договорите за јавни набавки (да, без вредносен праг). Ќе се објавуваат податоци за секој договор без разлика на вредноста. Постигнат договор за конкретното техничко решение за автоматско преземање на податоците за вистинските сопственици од Централниот регистар на ЕСЈН (делумно). Утврдни се техничките предуслови, односно утврден е начинот на објавување, конкретната веб локација на ЕСЈН, како и начинот размена (преку веб сервис) на податоците меѓу ЦР и БЈН. Техничкото решение (надградбите на ЕСЈН и системи во ЦР) ќе се конкретизираат, паралелно со утврдување на законските предуслови. Во процес е верификација на алтернативно решение со Агенцијата за заштита на лични податоци, бидејќи во постојната законска регулатива нема законски основ за објавување на податоците.
Незапочнато

1.1.2 Објавени се имињата на вистинските сопственици на субјектите кои се носители на договорите за јавни набавки

Индикатори: Број на склучени договори според договорениот критериум (вредносен праг на договорот) за кои се објавуваат вистинските сопственици

1.1 Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

На 27 јануари 2021 година и во Република Северна Македонија се воспостави Регистар на вистински сопственици за да се зголеми транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и да се исполнат меѓународните и стандардите на ЕУ за борба со перење пари и финансирање тероризам. Правните лица имаа рок до 27 април 2021 година, без надомест, да ги пријават податоците за вистинските сопственици.

Како дел од засилените мерки за отчетност и одговорност за кризната помош што им ја доделуваат на земјите за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, ММФ побара од земјите на кои им доделува помош (меѓу кои и РСМ) да спроведат неколку заштитни механизми, меѓу кои и јавни информации за вистинските сопственици на фирмите кои добиле тендери од државата. Иако барањето за овие информации дојде како резултат на одговор на корона-кризата и зголемените ризици од корупција, сепак, тоа станува стандард во јавните набавки на многу земји во светот.

Досега, воспоставување на ваков механизам во РСМ не беше можен, поради непостоењето на Регистарот на вистински сопственици. Од друга страна, јавните набавки во земјата постојано се поврзуваат со широко распространета корупција и  злоупотреби, сомнежи за договарање на фирмите и создавање вештачка конкуренција со што не може да се гарантира дека се добива најдобра вредност за потрошените пари. И во последниот извештај на Стејт департментот за Климата за инвестирање во Република Северна Македонија се наведува корупцијата (и непотизмот) во јавните набавки како проблем за инвеститорите.

Транспарентноста на податоците од овој регистар овозможува поврзување на податоците за тоа кој го поседува правното лице, кој го контролира и кој има крајна корист од него. Ова помага да се сузбие корупцијата, да се намалат инвестициските ризици и да се зголеми доброто управување.

Главна цел на заложбата

Заложбата вклучува јавно објавување на информација за вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки, во делот каде што се објавуваат Известувањето за склучен договор и Договорот за јавна набавка.

На овој начин дополнително ќе се спречи корупцијата, односно јавни пари да завршуваат во приватни џебови на функционери; ќе се открие и спречи незаконско договарање на фирмите во јавните набавки и ќе се спречи привидна конкуренција на тендерите од фирми на исти вистински сопственици. Од друга страна ќе ѝ се овозможи на јавноста да ја следи рационалноста во трошењето на јавни пари; детектирање на т.н. црвени светла за корупција и ќе се поддржи одговорноста во трошењето јавни пари.

Како заложбата ќе допринесе во решавањето на јавниот проблем?

Транспарентноста во јавните набавки се смета за главна алатка за намалување на корупцијата и за овозможување на фер и конкурентен натпревар меѓу фирмите. Транспарентноста значи јавно достапни информации за целиот циклус на јавните набавки за да ги направи набавките одговорни. Меѓу овие информации спаѓаат и информациите за тоа кој стои зад компаниите што добиваат државни тендери. Притоа, не се мисли само на директорите и одговорните лица, туку на вистинските сопственици кои се крајни корисници и кои ја контролираат фирмата. Овие информации досега не беа познати, ниту расположливи не само за фирмите кои добиваат јавни тендери, туку воопшто за сите фирми во земјава. Со креирањето на Регистарот на вистински сопственици и со јавното објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите, се овозможува оваа информација да биде позната и за економските оператори кои добиле тендери, односно склучиле договори за јавни набавки. На тај начин ќе се делува пред сè превентивно во спречувањето на корупцијата, но исто така ќе може да се откријат и спречат коруптивни зделки во јавните набавки. Иако е задолжително лицата кои се вклучени во доделување договори за јавни набавки да изјават немање интерес во секоја постапка или ако имаат да се повлечат од одлучувањето, сепак тоа се прави само во однос на познатите лица на компаниите (директор, сопственик и сл.). Но, надвор од оваа превентивна мерка остануваат вистинските сопственици кои до сега не беа ни познати. Со оваа мерка ќе се спречи компаниите кои имаат вакви судири на интереси воопшто да конкурираат на тендерите, но и доколку тоа се случи, полесно да се открие постоењето на тој судир и да се спречи коруптивното дејство. Се очекува оваа заложба да влијае позитивно и врз зголемување на конкуренцијата, односно да овозможи влез и на други фирми во јавните набавки што неминовно доведува до зголемување на квалитетот на набавките и подобрување на јавните услуги. Истовремено, на овој начин се поддржуваат отчетноста и доброто владеење на институциите бијдеќи јавно се објавуваат податоците и за вистинските сопственци на добитниците на тендерите.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?
Дополнителни информации

За спроведување на оваа заложба не е потребен дополнителен буџет бидејќи станува збор за автоматско преземање на постојни информации од ЦРРСМ и нивно објавување на владиниот сајт за јавни набавки ЕСЈН каде што веќе постои таква техничка можност.

Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој -Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори и Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп. Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните.

Други вклучени субјекти

Институции

  • Министерство за финансии
  • Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија

Организации

  • Центар за граѓански комуникации


Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 3/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 0/3

Завршено

Обезбедување на слободен пристап до ревидираниот национален инвентар на стакленички гасови (серија на податоци од 1990-2019г)

На страницата www.klimatskipromeni.mk, достапни се податоците на националниот инвентар на стакленички гасови (до 2014-та година).  Во мај 2020-та се очекува во рамките на Третиот Двогодишен Извештај да се ажурират податодоците до 2016-та година и до крај на 2020-та година да бидат готови податоците до 2018-та година.

Индикатори:
Референци
Завршено

Отворање и редовно ажурирање на податоците од анализите за ублажување на климатските промени

Сите податоци поврзани со подготовка на националните политики за климатски промени се објавени на националниот портал за отворени податоци http://www.otvorenipodatoci.gov.mk/. Истите редовно ќе се ажурираат.

Индикатори:
Референци
Завршено

Развивање на специфично сценарио кое ќе го одразува потенцијалот за ублажување на активностите превземени од приватниот сектор

Подготвено во рамките на Третиот Двогодишен Извештај, до мај 2020-та и Ревидираниот национален утврден придонес  (Ревидираниот NDC).

Индикатори:

Постигнување на системски промени преку подобрување на колективното знаење за климатски промени

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Постои потреба од обезбедување на полесен пристап до информации добиени како резултат на постојната експертиза во државата за климатски промени, особено во академската заедница. Преку размена на знаење и податоци, потребно е да се поврзат партнерите од светот на бизнисот, академијата, јавниот и непрофитниот сектор со цел да се создаде мрежа која преку развивање на иновативни производи, услуги и системи, ќе поддржи решенија кои можат да доведат до системски промени.

1
1
Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Датум на последното ажурирање

15 април 2022

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 5

Остварени Достигнувања: 0/5

Достигнувања кои се на чекање: 0/5

Неостварени достигнувања: 0/5

Достигнувања со значителен прогрес: 5/5

Значително

Обуки за вработените во 14 Ромски информативни центри за обезбедување правна/параправна помош (пристап до правда)

МТСП во соработка со ФООМ ќе обезбеди континуирани обуки за параправници за вработените во РИЦ-ри кои беа планирани да се одржат во средина намај 2019 година. Со цел креирање на соодветна програма која ќе одговара на потребите на вработените во РИЦ-ри, обучувачите подготвија прашалник со кој се детектираа потребите и предизвиците во нивната досегашна работа. Обуките сеуште не се одржани поради нецелосната систематизација за вработување на лицата во РИЦ-ри, која се очекуваше да биде финализирана во првата поливина на 2020 година.  Целосната систематизација на вработените во РИЦ-ри  ќе ја обезбеди нивната институционализација и одржливост на постоечките форми за пристап до правда во заедницата.

Индикатори:
Значително

Формирање и одржување на Центри за пристап до правда во 4 општини (Прилеп, Делчево, Шуто Оризари, Тетово) за сиромашните и маргинализирани групи на граѓани

Освен првоотворениот Центар за пристап до правда во општина Шуто Оризари,  отворен е и вториот Центар за пристап во Прилеп, каде локална ГО соработува со локалната самоуправа и МТСП.

Во тек се разговори за формирање на уште два Центри за пристап до правда во рамките на општините Тетово и Делчево кои исто така ќе обезбедуваат правна помош за сите граѓани кои се соочуваат со правен проблем. И овие центри ќе бидат менаџирани од страна на ГОи, а поддржани од општините и МТСП.

Индикатори:
Референци
Значително

Обука за вработените во Министерството за труд и социјална политика

По неколку подготвителни координативни средби за дизајнирање на соодветна програма која ќе одговара на потребите на учесниците, во јули 2019 година се одржа семинар за Правно зајакнување.

Семинарот беше наменет за вработените во МТСП и во Центрите за социјална работа, со цел на интерактивен начин и преку споделување на примери на учесниците да им се доближи концептот на правно зајакнување како и правните услуги базирани во заедницата. Содржината на семинарот се подготвуваше заеднички со претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда, Правната клиника при Правен факултет – УКИМ, Скопје, преставници на ГОи и претставници на Фондацијата Отворено општество – Македонија – лица кои досега биле учесници на Курсот за правно зајакнување при Централноевропскиот универзитет, Будимпешта.

Индикатори:
Значително

Учество во меѓусекторско креирање на политики за правно зајакнување со други засегнати министерства, институции и локални самоуправи на национално и локално ниво

Поширока меѓу-секторска соработка овозможува сеопфатен развој на рамката за правно зајакнување, па оттаму претставува и клучна улога во процесот на институционализација и одржливост на концептот за правно зајакнување и услугите обезбедени од ГОи на локално ниво.

Локалните власти во 12 општини, во согласност со Националната стратегија за интеграција на Ромите, на седница на Совет во секој општина одделно, изработија и усвоија оперативни планови за правно зајакнување како составен дел од Локалните Акциски планови за интеграција на Ромите.Вклучувањето на правното зајакнување како официјална компонента во претходноспоменатите документи претставува основа според која, општините и ГОи на локално ниво ќе го исполнат критериумот, врз основа на партнерство, за можни идни апликации на повици од МТСП согласно новата законска можност за обезбедување средства за давање социјални услуги вклучувајќи го и правното зајакнување. Имено, новиот Закон за социјална заштита предвидува обезбедување на социјални услуги од страна на општините преку обезбедување на парични средства од централниот буџет кои ќе се доделуваат по спроведена постапка по објавен јавен повик при што постапката ќе се спроведува врз основа  на локалните програми на општините.

Основањето на Центар за пристап до правда во општините Шуто Оризари и Прилеп, претставува уште една можност за меѓусекторско креирање политики врз основа на партнерство меѓу општините и локални ГОи.

МИОА, МП и МТСП се дел од Националниот Совет за Целите за одржлив развој (ЦОР), каде ЦОР 16.3 претставува еден од 5-те стратешки приоритети, па оттаму и ова е значајна соработка која претставува меѓусекторско креирање на развојни политики за правното зајакнување.

Индикатори:
Значително

Подготвен извештај за обезбедени услуги од страна на вработените во РИЦ за секоја година одделно

Оваа активност ќе се реализира откако ќе биде извршена комплетна систематизација на вработените во РИЦ-ри, по што би биле во можност да подготват извештај за обезбедените услуги.

Индикатори:

Унапредување на пристапот до правда за маргинализираните групи граѓани

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

На почетокот на 2019 година ќе бидат формирани четири Центри за пристап до правда во рамките на општините Тетово, Шуто Оризари, Делчево и Прилеп кои ќе обезбедуваат правна помош за сите граѓани кои се соочуваат со правен проблем. Овие центри ќе бидат менаџирани од страна на ГОи, а поддржани од општините и Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе обезбеди континуирани обуки за параправници на вработените во Ромските информативни центри.

Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе обезбеди обука за вработените во Министерството за труд и социјална политика со цел јакнење на капацитетите на вработените за концептот за правно зајакнување и неговата поврзаност со ОВП.

Од заложбата се очекува:

– Формирани  центри за пристап до правда во 4 општини кои ќе им овозможат на граѓаните полесен пристап до правни и параправни услуги и полесно остварување и заштита на правата

– Градење на капацитетите и вештините на вработените во Ромските информативни центри преку 3 обуки за параправници

– Зголемен  пристапот и квалитетот  (scaling) на правните услуги за сиромашни и маргинализирани групи граѓани  во 14 општини. Освен со обезбедувањето на правни услуги, нивното правно зајакнување ќе биде постигнато преку активности за правно описменување и мобилизирање за преземање самостојни акции за застапување.

-Јакнење на капацитетите на вработените во Министерството за труд и социјална политика за да се обезбеди одржливост на заложбата.

– Подготвен извештај за обезбедени услуги од страна на вработените во РИЦ за секоја година одделно.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 9

Остварени Достигнувања: 0/9

Достигнувања кои се на чекање: 0/9

Неостварени достигнувања: 0/9

Достигнувања со значителен прогрес: 9/9

Значително

Усвојување на Законот за бесплатна правна помош

Законот е донесен во мај 2019 година, а започна со примена од 1ви октомври 2019 година.

Индикатори:
Значително

Спроведување на национално истражување на правните потреби на граѓаните

Оваа активност ќе се реализира во соработка со Совет на Европа. Целта на соработката е да се избегне преклопувањето со иста активност која е веќе дел од тековен проект кој Министерството за правда го имплементира во соработка со Совет на Европа.

Во смисла на невденото во рамки на проектот  изготвен е Преглед на пристапите и модалитетите за изработка и спроведување на проценка на правните потреби во Северна Македонија кој е доставен на одобрување до Министерството за правда.

Индикатори:
Значително

Подготовка на Национален план (стратегија) за правно зајакнување

Во  втората половина на месец декември 2019 година  се одржа воведна обука за правно зајакнување на вработените во Министерство за правда и Подрачните одделенија за обезбедување на бесплатна правна помош. Учесниците на обуката подетално  беа  запознаени со концептот на правно зајакнување како и со предизвиците од досегашната работа и примена на Законот за бесплатна правна помош. По оваа обука и останатите веќе предвидени обуки за јакнење на капацитетите на вработените, предвидени согласно проектните активности на Совет на Европа , ќе може да се започне со процесот за подготовка на Национален план (стратегија) за правно зајакнување.

Индикатори:
Значително

Следење на спроведувањето на законот преку развиена методологија и подготовка на анализа за оценка на капацитетите на одделенијата

Се предвидува активноста да биде спроведена во периодот кој следи земајќи го предвид фактот дека е потребно да отпочне примената на истиот па да се врзи анализа и оценка на капацитетите на подрачните одделенија. Оваа активност ќе се осмисли и реализира согласно надзор и насоки од Раководителот на одделението за обезбедување на бесплатна правна помош при Министерството за правда.

Воедно, Фондацијата Отворено општество – Македонија ангажираше консултант кој разви методологија за следење на законот. Следејќи ја методологијата беа испратени барања за информации од јавен карактер до сите подрачни одделенија на Министерството за правда и беа добиени податоци за имплементација на законот во периодот октомври-декември 2019 година. Дополнително, ќе бидат доставени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до подрачните одделенија, Министерството за правда, основните судови, Управниот и Вишиот управен суд, а со цел прибирање на податоци за спроведување на законот во периодот јануари-декември 2020 година. Податоците ќе бидат обработени и искористени за подготовка на Извештај за спроведувањето на Законот за бесплатна рабна помош. Овој извештај се очекува да биде подготвен до мај 2021 година.

Индикатори:
Значително

Учество во меѓусекторско креирање на политики за правно зајакнување со други засегнати министерства, институции и локални самоуправи на национално и локално ниво

За реализирање на активноста констатирано е дека е потребно да се формира тим во рамки на Министерство за правда кој ќе учествува во спроведувањето на оваа и другите активности. Тимот ќе биде составен од  претставници на Министерството за правда, кои заедно со претставници на Фондацијата Отворено општество – Македонија, други граѓански организации и релевантни институции, ќе работат во насока на заедничко  креирање на соодветни политики за пристап до правда/правно зајакнување.

При Министерството за правда ќе се формира работна група која во пратнерство со граѓанските организации, ќе изработи план за следење на имплементацијата на Целите за одржлив развој. Поконкретно, согласно анализата на прибраните податоци врз основа на утврдена листа со индикатори за следење на имплементацијата на потцел 16.3 – Владеење на правото на меѓународно и национално ниво и еднаков пристап до правда за сите, ќе работи на секој индикатор одделно.

Дополнително во 2021 година ќе биде објавена упте една анализа за имплемнтацијата на потцел 16.3. со цел да се направи споредбена оценка на имплементацијата на оваа потцел во однос на 2018 година.

Индикатори:
Значително

Подготвен извештај за обезбедена правна помош за секоја година одделно

Активноста се спроведува континуирано и согласно законските обврски.

Индикатори:
Значително

Спроведување на кампања за правно зајакнување на граѓаните

Дел од активноста е реализирана во рамки на кампањата за запознавање на граѓаните со концептот на правно зајакнување на граѓаните спроведена од страна на Фондацијата Отворено општество – МакедонијаВо соработка со Совет на Европа Министерството за правда започна со спроведување на кампања за запознавање на граѓаните со правото на бесплатна правна помош. Кампањата е во тек и во изминатиот период беа објавени информации во пишаните и електронските медиуми, како и во неколку телевизиски гостувања.

Индикатори:
Значително

Организирање на сесии за правно зајакнување на граѓаните

Во соработка со подрачните одделенија на Министерството за правда, адвокати, правници и параправници, граѓанските организации кои обезбедуваат правни сервиси во задницата ќе започнат со организирање на сесии за правно зајакнување на граѓаните. Сесиите опфаќаат теми од интерес на граѓаните: работни односи, извршување, заштита на жртви од родово базирано насилство, социјална заштита и сл.

Индикатори:
Значително

Поддршка за одржување на постоечките бази на податоци и веб страницата www.pravnozajakni.mk која содржи информации за сите облици на правна помош и еднаков пристап до правда за сите граѓани.

Предвидено е активноста да се спроведе од почетокот на 2020 година. Беа разгледани можностите за нејзино реализирање па за та цел во Министерство за правда се планира изработка на софтеврско решение за движење на предметите за бесплатна правна помош со кое ќе се опфатат и постоечките бази на податоци со кои располагаат ГО (миграција на податоци).

Во рамките на ова достигнување беше реализирана средба со претставници на Министерството за правда и вработени во IT секторот на министерството на која беше презентирана веб страницата www.pravozajakni.mk и дата базата развиена од страна на граѓанските организации. Во моментот се разгледуваат можностите за достапност на содржините од оваа веб страница,на веб страницата www.pravnapomos.mk/ која за сега содржи информации само за бесплатната правна помош

На почетокот на 2020 година склучен е договор со фирма-изведувач која треба да го  иизготви софтверското решение за движење на предмети за бесплатна правна помош. Одржан е иницијален состанок со претставници на истата по што е започнато со изведување на работатаврз основа на техничката спецификација.

Индикатори:
Референци

Унапредување на пристапот до правда

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Откако ќе стапи на сила Законот за бесплатна правна помош, Министерството за правда заедно со Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе спроведе Национално истражување на првните потреби на граѓаните, со цел развивање на план или стратегија за правно зајакнување во согласност со претходно добиените наоди. Планот, односно стратегијата министерството ќе ја подготви во соработка со ГО и даватели на БПП, параправна помош и други модели на правни услуги. Министерството за правда во партнерство со ГОи ќе ги финансира и одржува постоечките бази на податоци и веб страницата www.pravnozajakni.mк  која содржи информации за сите облици на правна помош и еднаков пристап до правда за сите граѓани. Понатаму, во соработка со ГОи министерството ќе развие методологија за оценка на капацитетите и квалитетот на дадената бесплатна правна помош од страна на подрачните одделенија, како и методологија за следење на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош, како и спроведување на кампања со цел подигање на свесноста кај граѓаните за правото на бесплатна правна помош.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Одговорна институција

Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 3/3

Значително

Обезбедување на слободен пристап до серии на податоци во различни сектори со кои располага Град Скопје и неговите јавни претпријатија: транспорт, енергија, води, ерозија, зеленило, климатски промени и др.

Реализацијата на оваа активност е завршена во значителен степен. Се евидентираа сериите на податоци кои можат да се отворат и кои се во надлежност на секторот за животна средина во Град Скопје, се подготвија соодветни каталози и се поставија податоците на порталот за отворени податоци. Овие серии ќе се ажурираат или надополнуваат со нови до крај за датумот наведен во заложбата 08.2020. Останатите серии на останатите сектори во рамките на градот, како и на Јавните претпријатија ќе следат до крај за датумот наведен во заложбата 08.2020.

Индикатори:
Значително

Активно вклучување на граѓаните во креирање на најмалку две решенија/јавни услуги кои ќе ја зголемат отпорноста на Град Скопје

Реализацијата на активноста е во тек. Со поддршка на СкопјеЛаб и УНДП се работи на три решенија/услуги:

  1. Редизајн на зелени јавни површини

Целата иницијатива се занимава со идејата дека ако сакаме децата и младите, како и родителите и старите лица да имаат здрав начин на живот, мора да им обезбедиме урбани простори дизајнирани и осмислени за нивната физичка и психолошка благосостојба.

За таа цел Град Скопје во соработка со СкопјеЛаб во август 2018 година започна Дизајн предизвик: „Редизајн на зелени јавни површини во градот Скопје“. Преку ко-дизајнирање со граѓани и заинтересирани партнери, оваа иницијатива имаше за цел да изнесе концепти што ќе ги задоволат потребите на граѓаните и ќе го одразуваат нивниот животен стил.

Со помош на етнографско истражување (интервјуа и набљудување) и онлајн анкета со граѓани, кои се спроведоа во периодот Август – Септември 2018 год, Скопје Лаб разработи 7 детални концепти кои се базираат на разеленување, уредување и разубавување на просторот. Подготвените концептите, беа објавени на медиумите на градот и Скопје Лаб со цел уште еднаш да се слушне мислењето на граѓаните пред да се помине на уредување а воедно и да се обезбеди транспарентност во процесот.

За имплементација на концептите Градот Скопје обезбеди одредена сума на буџетски средства а дел поддршка се доби и од приватниот сектор.

Моментално градот е во фаза на набавка на архитектонски решнија по предложените концепти за 7те локации.

  1. Градовите од иднината

Со поддршка на УНДП, СкопјеЛаб на 21 и 22 март организираше дводневна работилница „Градовите од иднината“, фокусирана на Скопје, во рамките на која 85 претставници на повеќе од 40 институции идентификуваа поголем број предлози за решенија релевантни за оваа заложба.

Како резултат на работилницата, Градот во соработка со Скопје Лаб започна да работи на демонстрацискиот проект “Future Cities of South East Europe”.

Проектот е стратешка системска иновација и управување со процес во служба на остварување на нашите заеднички цели за урбана трансформација, и е дизајниран да биде тесно усогласен со проектите за здрави и чисти градови.

Мисијата на која се работи е инклузивна, просперитетна и нула-емисиона трансформација на 15+ соседства (делови од општини) во едни од најдобрите места за живеење, работење и посета до 2025 година во најмалку 5 градови во Југоисточна Европа т.е. трансформација на најмалку 3 делови од општини по град.

Град Скопје ги избра следните приоритети за работа:

  • Квалитетот на воздухот во нашите градови да влезе во рамки на препорачаните граници на Светската Здравствена Организација до 2023;
  • Постигнување приближно нула емисии на стакленички гасови до 2030 година преку циркуларна економија;
  • Еднаков пристап на сите членови на нашата заедница до пристојно домување, здравствена заштита, образование, мобилност, храна, вода, зелени и живи јавни места, безбедни и продуктивни можности за работа;
  • Намалување на влијанијата на топлината и поплавите врз нашите заедници од година во година.
  1. Редизајнирање на услуга за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена

Препознавајќи ја потребата од значително подобрување на пристапот и начинот на управување со цврст отпад градот реши да преземе чекори кон подобрување на оваа состојба. Земајќи ја предвид комплексноста на процесот, првичниот фокус на овој предизвик е подобрување на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена.

За да се дојде до соодветни и ефективни решенија Скопје Лаб ја користеше методологија на Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) кој го има корисникот во основата на својот процес. Со ова се овозможи иницијално да се мапираат сите тесни грла на постоечкиот процес на испорака на услугата и да се идентификуваат потребите и очекувањата на граѓаните и давателот на услугата. Пристапот подразбира ко-креирање со крајните корисници како и сите засегнати страни што ќе треба да обезбеди полесно да се дојде до поефективни решенија.

Резултати:

  • Предлог редизајн на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП КХ придружена со визуелизации
  • Изработена драфт ИСО процедура за управување со кабаст отпад за ЈП КХ согласно редизајнирата услуга
  • Предлог идеи за подобрување на информираноста и едуцираноста на граѓаните во поглед на кабастиот отпад придуржени со визуелизации
  • Идентификувани предлози за подобрување на законската рамка за поефектувано справување со кабаст отпад, оптимизација на ресурси и поттикнување на циркуларна економија
  • Изработен концепт за отворање на центар за преработка на мебел и други кабасти предмети за поддршка на занаетчиите
  • Изработен концепт за отворање на центар за донирање на мебел на социјално загрозени лица/семејства “Сакај Ме”

Во следниот период ќе се помине на фаза на имплементација односно финализација на предложените решенија од страна на ЈП КХ и Скопје Лаб.

Со цел еефективна имплементација се очекува Град Скопје и ЈП КХ да вложат одредени средства и ресурси.

Индикатори:
Значително

Организирање на хакатон кој ќе им овозможи на граѓаните врз основа на отворените бази на податоци да креираат решенија за одржлив и отпорен град Скопје

Идентификувани се можни партнери за оваа активност, и во рамките на владините институции, јавни претпријатија но и приватниот сектор. Планирано е хакатонот да се одржи кон крајот на оваа година, кога ќе се отворат повеќе серии на податоци релевантни за оваа заложба.

Индикатори:

До отпорно Скопје преку достапност до податоци

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Градовите се ранливи заради големата концентрација на население и изградени објекти на еден помал простор. Но, градовите се и многу зависни од својата инфраструктура: транспортниот систем, комуникациските системи, дистрибуцијата на вода и енергија, системите за одведување на отпадните води и собирањето на отпадот. Концентрацијата на луѓе и добра во градовите и нивната зависност од овие инфраструктурни системи, ги прават градовите ранливи.

Во Градот Скопје живее 1/3 од населението во Република Северна Македонија, а напливот на население од регионот и пошироко создава многу големи дневни миграции. Ова предизвикува проблеми во опстојувањето на градот како систем, новите потреби на населението тешко се задоволуваат, а функционирањето е отежнато. Градот во своите ресурси е ограничен и вложува големи усилби за справување со бројните проблеми, што го потврди пресметаниот еколошки отисок, кој е крајно неповолен.

Имајќи предвид дека успешноста на политиките и мерките кои се креираат на локално ниво, зависи меѓу другото и од расположивоста на примарни податоци собрани на терен кои овозможуваат да се согледа фактичката состојба, во текот на изминатите години Градот Скопје поддржа подготовка на серија студии кои помогнаа да се идентификуваат главните причини и проблеми, како и можностите за акција. Како резултат на тоа, Градот Скопје располага со големи бази на податоци, кои не секогаш се користат соодветно/доволно.

Отпорно Скопје е предизвик за здружена акција, која ќе го  трасира патот со мерки и акции во следните години за градење на капацитети за урбана отпорност и подобрување на квалитетот на животот на неговите граѓани.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?


Датум на последното ажурирање

08 ноември 2021

Вкупно достигнувања кои треба да се остварат: 3

Остварени Достигнувања: 0/3

Достигнувања кои се на чекање: 0/3

Неостварени достигнувања: 0/3

Достигнувања со значителен прогрес: 3/3

Значително

Избор на модератори, претставници од граѓанскиот сектор. Модераторите ќе бидат избрани од страна на Центрите за развој на планските региони, со поддршка на надворешен консултант, од листата на форумски модератори во ЗЕЛС.

Сите активности се завршени. Избрани се модератори од граѓанскиот сектор кои што поминале низ процесот на сертифицирање од страна на ЗЕЛС. Реализирана е обука во сите 8 Центри за развој на планските региони за спроведување на процес на консултација. Идентификувани се целните групи кои што треба да бидат поканети и да учествуваат на форумските сесии со цел да се обезбеди соодветна претставеност во секој плански регион.

Индикатори: - Обука за Центрите за развој на планските региони за спроведување на форумските сесии. - Избор на клучни локални партнери. Модераторите заедно со Центрите за развој на планските региони ќе бидат одговорни за регрутација на учесниците на форумите. Оперативната група е одговорна за повикување на учесници на форумот, согласно предлогот даден од проектот и нивните познавања на регионот, користејќи различни алатки
Значително

Организирање на 4 форумски сесии во секој плански регион. Користејќи го форумскиот пристап форумот ќе започне со детектирање на клучните проблеми и решенија, подготовка на предлог проектите и избор на проекти кои ќе бидат предложени за финансирање, пред Советите на планските региони.

Организирани се по 4 форумски сесии во секој плански регион за  подготовка на проектни концепти.

Индикатори:
Значително

Имплементација на избраните проекти

Одобрени за финансирање и се реализирани  8 инвестициски  и 8 иновативни проекти за 2019 година во  сите плански региони,.

Индикатори:

Инклузивен начин на донесување на одлуки за поттикнување на локалниот и регионалниот развој

Кој јавен проблем се адресира со заложбата?

Во секој од осумте плански региони ќе се спроведе:

  • Одржани 4 форумски сесии и најмалку по една средба на работните групи помеѓу сесиите;
  • Репрезентативна претставеност на институциите и граѓаните (минимум 40 учесници) на форумските сесии;
  • Добро структурирани квалитетни дискусии, со поголем дел од времето одвоено на експертска поддршка, проектни идеи и препораки;
  • Спроведени промотивни активности во регионите;
  • Воспоставени неформални и формални партнерства помеѓу интересните групи;
  • Развиени повеќе проектни идеи;
  • Дадени препораки на институциите и истите земени во предвид;

Имплементирани одржливи проекти со видливо социо-економско влијание на заедницата.

Зошто оваа заложба е релевантна за вредностите на ОВП?